јас не ни умеам тие вишок течности да ги симнам морам да ја сватам сериозно работава ова веќе вака не бива. На последната крвна слика пред месец што ја праев на гладно шеќерот и маснотиите беа крш. Морам стварно да фатам ред
Јас цело време бев свесна дека сум во плус (и тоа добар) и се исто ми беше.Ќе имав грижа на совест кога ќе се прејадам и утредента пак по старо.Засега издржувам одлично и сум ослабната 6кгр.за месец и некој ден .Последната недела сум во стагнација и се трудам да не ја забележувам вагата,бидејќи се може да појде низ вода .
Шест кила за еден месец е топ резултат, бравос. Каква ти е исхраната од прилика? Колку калории внесуваш и дали вежбаш?
Претежно јадам јајца (пржени,варени,омлет),пилешко месо ,јогурт,овесни каши,салати некоја манџа некогаш ,туна црн леб.А богами знам и мало парче торта да изедам во 10 дена еднаш.Не вежбам а калории околу 1200 до 1400 отприлика.И нив не ги бројам стрикно од око пишувам и го прашувам cat gpt .
Ми се чини дека душа оставив таа ден додека постев за велигден ми се чини дека најдобро се осеќав. Малку јадев доволно ми беше и имав добра енергија. Сега мислам ако не јадам ќе паднам во несвест. А не јадам количински многу
Мене ова ми е рекордот оваа година. Сакам да се истуркам и до 25к ама ќе видиме, треба многу време и енергија. Вака можам само за викенди, а во работни денови правам по неколку илјади дневно отприлика, но и во теретана 3 пати неделно сум. За викенди сум околу 10тина илјади најчесто. Баш е напредок бидејќи зимата особено бев до стадиум да ме праша апликацијата дали сум жива. Сега не можам да седам премногу, со исклучок само првите два дена на добиено кога најмалку чекори имам од цел месец ofc.
Хелоу Ова ми е осма недела во калориски дефицит и без благо и грицки и бел леб, а од газирано пијам зеро кока кола. И правам 16:8, односно 16 саати не јадам, а 8 јадам. И најмалку 10 000 чекори. Не тренирам(за жал ). Ослабев околу 5.5кг за овој период, а вкупно од март навака околу 7.5кг. Добро се осеќам. Треба да одам во шопинг за нова гардероба. Уште 1.5кг ме делат од мојата цел. Не ми се верува. За околу 2 недели планирам постепено да почнам да се враќам на моите maintenance калории. Да додавам по 50 калории на ден, на неделно ниво. Па, до почеток на август да стигнам до калории за одржување. Ќе видиме како ќе испадне.
Oктомври 2025: 86,7 кг Денес: 71,9 кг, во обеми минус 10-15цм Цел: 68 кг последниве месец,два стагнирам и мај ми беше прилично out of routine и за вежбање и за исхрана. Лето ми е најтешко да се одржувам, ама се надевам ќе продолжам да бидам активна
168cm Ама имам круша тип градба (широки колкови, горе сум потесна) и со помалку од 68кг изгледам преслабо а сакам облините да си ги задржам
Може е оф топик, ама малку да си поплачам и да добијам мала морална поддршка. Почнав со вежбање и слабеење со 61-2 кг и сега сум 58. Пресреќна сум со резултатите. Имам уште 2-3кг да ослабам и крај. Арно ама, пред очи гледам како ми се топат градите заедно со се стомакот. Ме боли душата, многу ме правеа да се чувствувам секси. Спремна бев на ова и го очекував, зошто горниот дел од телото е кај што ми оди салото најмногу (гради, обем и рамења), ама пак не ми е лесно и си викам, зошто да се откажувам од едно нешто за да добијам друго нешто. Ама не стопирам макар и скрос да се стопат.
Ако ти е за утеха, исто. Купив помал број на градници пошто тие што ми чинеа со 90кг после на 70+ ми беа големи. Сфатив дека не сум држела добра цицка, туку сало сум држела. Исто и газот, не бил глутеус туку сало. Друга работа е што не секогаш мора да значи дека се губи цицка, туку и самиот обем, и мастите од грбот и "мишелинките" од страните кога ќе се стопат, дури и градите да останат исти, пак визуелно ќе изгледаат помали.