Почнав со броење калории, се запрепастив кога си избројав отприлика колку калории сум внесувала претходно... Не јадам количински премногу но многу благо, чипсови. Од кога пишав овде еве веќе ми е 3 ден како пазам. Плус почнав да пешачам
Јас да ве поздравам, стигнав до целта 61кг. Не е невозможно!!! Се осеќам супер. Во текот на слабеењето си ги запишував калориите и чекорите во ексел табела и подоле е слика од неделните просеци и како ми се движела тежината во овие неколку месеца. Сега доаѓа фазата одржување. Мислам дека нема да јадам благо и грицки како и до сега или ќе биде сведено ептен на минимум, на пример еднаш во месецот или еднаш во двете недели.
Еднаш до два пати во месецот мора cheat meal, за здрава психа. Многу фитнес икони тоа го прават. Само број си дневни внесени калории, да имаш внес околу 1600-2100 за одржавање.
Само внимавање на внес на калори ,и внесувње повише течности, активнос пешачење еден вид ново хоби кое пополека ќе ве трасформира, и нкогаш нема откажување колку и мали да се резултатите и неприметливи не застнуваме, секоја трасформација трае подлг период , дур се адптрира телот, не доѓа ништо брзо, мене ми се деси слично , од активности да забравам дека го преминувма нивот , пред 4 години кога видов 99к аларм и со труд многу напор од секое поле за 3 години се вратив на 80 и сега после 4 години ја одржувма килажата 77 до 80 комција си давам, ама автомобилот ги заменив со велосипед за места низ градов го заменив , така да се може само труд и војничко не отажувењеее
Претежно јадам повеќе протеини јајца ,јогурт,пилешки стек.Скроз исфрлив бел леб ,јадам црн само со некоја манџа или омлет.Почнав и повеќе салата да јадам што не беше така претходно, не сум се откажала од ништо ,но се со некоја граница и благо знам да изедам нешто и сладолед некогаш,но претежно протеинска исхрана.
Дај ми некој совет како го припремаш пилешкото те молам. И пржено и печено ми испаѓа секогаш суво, конкретно за пилешки гради зборам. Ми се згади веќе.
Најчесто го правам во фраер или скара само со малку вегета, ништо друго не ставам.Во фраерот на 10-12мин на 200' ,на мене ми се допаѓа .
Ќе ми се качи ли холестеролот ако секој ден или преку ден по 3 јајца дневно? И зошто во некои диети жолчките се исфрлаат , ако може некој да ми каже?
Не би требало. Зависи од човек до човек, но 90 % нема да ти направи проблем. Иначе од таа причина, многу луѓе се плашет од истото и ја исфрлаат жолчката бидејќи всушност таму се наоѓа околу 200mg холестерол, а белката е чист протеин. Ако имаш проблеми со срце, тогаш се препорачува помала доза, и/или избегнување на жолчка. Знам луѓе што јадат 7-10 цели јајца во ден и немаат проблем.
Најубавао пилешкот малку поразличен фкус , нешто празличен и норамално со помалку калорои на пареа , се става на посебна решта ,и дури секо месо на пареа има дриг шмек..
2 - 3 недели како сум на диета, исфрлив на цело леб, благо, сокови, компир, ориз, тестенини, грицки, единствено кафето со млеко не го откажав - пијам по повеќе во денот. Можно ли е заради него да немам резултати??? Јадам претежно овошје и зеленчук за доручек, риба/јајца/грав/грашак/месо ( поретко) за ручек, и вечера пак овошје или зеленчук.
50ти ден, -8кг. Имам уште 5-6 кг за слабеење ама градите ми се растопија и не можам да се помирам. Кога се дебелеам се оди во стомакот а со слабеење први на удар градите.
Браво Ти ги прочитав последниве неколку мислења во темава и ми стои дека имаме некои сличности во односот кон храната, па ме интересира како се измотивира, и повеќе како стана доследна на начинот што го тераш? keep it up
Почнав премногу да се здебелувам и приметив дека почнав да немам желби за дотерување за ништо само гледав да се прикријам. Исто сфатив дека мојата врска со храната не е во ред. Јадев и кога не бев гладна затоа што да јадам и да гледам филм ме правеше среќна но сфатив дека тоа е многу лошо. Си реков стоп и започнав со диетата. Врската со храната ми се поправи веќе не јадам на сила, секогаш сум најадена а слабеам.
Ако оваа недела целиот резултат не отиде низ вода,добро ќе биде.Значи после броење калории симнати преку 10 кгр.јадење протеинска храна,стрес околу организирање важен настан и кога помина се оваа недела не знам што не изедов.Мислам само на благо живеам,вагата е сеуште на моја страна,да се вратам веќе во ред од утре.
И јас ве дружам. Исфрлив благи работи и грицки пред една недела. Друго се си јадам во нормала. Од утре ќе припазувам и на калории. Планирам исто помалку преработена храна, повеќе протеини, храна богата со растителни влакна. Имам доста рецепти од програмите на кои сум била па од таму ќе се инспирирам. Од пијалоци само вода и кафе. За мотивација си купив тесни панталони М. Кога ќе ми се комотни сум ја постигнала целта.
Здраво девојки, да ми препорачате некоја добра мобилна апликација за внесување оброци и броење калории? Ја користев myfitnesspal но откако го сменаа интерфејсот воопшто не ми се свиѓа. По можност бесплатна да биде. Благодарам.