Јас сум многу кг А малку см. Но барем намалив нешто некој кг , за што многу се радувам. Е сега, ми треба уште. Денес ,среда, 14.10 БМИ 28.4. Не мора да ми е скрос идеален но сакам да намалам околу 6-7кг. @malerozna тоа е многу амбициозно за мене , за две недели 3 кг, со оглед дека стагнирам. Но убацив пешачење 2-3 неделно, толку можам, па секако нема штета од тоа. Уплатив и кај Ана Стојанова овој месец, нз дали ќе терам ама па нека стои да гледам некој рецепт и вежба па да се инспирирам башка. Со среќа на сите
Јас реков тагирај во среда и сега се накркав бургер со помфрит за да тргне работата. Ама ај нека се угоде. Моментално 30.8 БМИ Во мај бев скоро 35, значи иде надолу ама многу споро. Од јули навака стагнирам. Количински јадам многу малку, ама јадам тоа што не треба, шеќер, бело брашно, бел ориз. Тоа + инсулинска резистенција едноставно не иде. Ајде за атер на старото друштво од темава ќе дадам се од себе пак да отстранам процесирани шеќери од исхрана. Се читаме следна среда со извештај.
Ајде стигна и 15ти октомври, прв ден диета @Estranged @mareane @bertold ја допишувам во групата на диеталки Вчера си останав доследна на зборот, само супата што јадев сабајлето. Попладне почнав малку да се тресам и каснав бејкролс пица Исто ко пица да јадев, јбг Вечера вода Сабајле за појадок вода и чај Вагата вика 69.2кг Дал је могуче? Е сега, ми дојде денес, мака ќе се мачи деновиве со јадење Можам слободно слон да изедам
@malerozna thank you, и јас како @Estranged се накркав и може да ја почнеме диетата. Висока сум 154-155 см и срам ми е да кажам колку килограми имам, меѓутоа на вагата не и е и таа во моментов вели 75.2кг. Додуша со оглед на тоа дека скоро година дена сум дома и фрижидерот цело време ми е на изволте се чудам како немам и повеќе. Инаку во принцип, кога сум држела диета намалувањето на килограмите ми одело ок, ама проблемот секогаш бил дури да се натерам да почнам. Но сега е крајно време, а и вака мотивирана заедно со вас мислам ќе ми биде полесно.
Вчера си каснав смоки Гледавме филм до доцна Амааа само пола пакетче, се воздржав Не верувам дека останав во кал дефицит.
Хммм Не е спектакуларен почетоков, но не се откажувам. П: чиа и овесни во вода, пола банана, 6-7 малини 5-6 капини пола лажиче мед и младо лажиче путер од кикиритки. Р: бургер ама пола, го дојадов од домашните , шо значи пола се опростува. Две турски , едно Макијато, без шеќер. Слабо пиев вода реално Вечера во план краставици салата. Возев денес долго, другиот дел од денот имав состаноци, така што за физичка активност немаше време. Одиме понатаму
Д: :баварско ѓеврече Р:стек и малку компири и салата 3 кафиња со малку шеќер. Не дека ќе издржам нешто подолго и че намалам ама барем ќе пробам да се контролирам повеќе