Слабеење до лето Ахх, јас не сакам коцки на стомак до толку. Грубо ми е некако. Доволно ми е стомакот да го направам како онаа рибицата што ја постирала Ема.ск Многу секси е бре! Рамно стомаче и сосем малку мускулчиња доволно ми е. Тргнав и на вежбање, ама исхраната да ја контролирам малку потешко ми оди Совет некој како да се воздржувам од храна што дебелее? Не сакам да слабеам, можеби само малку -2 до 3 килограми,ама побитно ми е да спречам дебелеење, зошто гледам овој зимскиот празничен период почнал да се познава на мене
Слабеење до лето Јас имам мисија да си го приберам задничево и да го затопчам малку пошто ми фаќа кривини. Во суштина, стомакот не ми е проблем, рамен ми е ко даска, затоа пак лав хендлес имам исто така, кои УЖАСНО ме нервираат, ама пустион степер во Борис Трајковски ме изнамачи... крв проплакав. Мене ме нервира што секој месец, од 4 недели, јас сум две недели подуена ( пред добивање) со ненормален апетит и си качувам малку по малу, и после..се спласнувам како сува слива и си го гледам целулитот. Значи нема добра варијанта. Почнав да вежбам, сакам да си го средам задниот дел на нозете, задникот и спојлерчињата, за другите делови немам некоја замерка... Ама споро е пустото... Башка не се оди секој ден во теретана, туку секој втор, пошто иначе Урко ќе ме викате за некој месец На пример сега... МИ СЕ ЈАДЕ МИ СЕ ПЛАЧЕ. Факинг 55 килограми...
Слабеење до лето Не,ама ако уз неа си ставиш сиренце, мевце...е тогаш не е нискокалорична. Полна е со Б витамини и добра е за стомакот (столица), Ме иритираат вакви теми, прво беше слабеење до Нова Година а сега и до лето. Се додека не се свати дека треба да се сменат навиките за исхрана и физичката активност - немора да се вежба бар да се пешачи секој ден по некој км, без рестрективни диети и што ти јас знам, и го ставиш организмот во ред тогаш и телото ќе ви биде благодарно. А сите останати диети, рестрикции, пилули имаат краткотраен ефект и уште полошо јо-јо ефект
Слабеење до лето Јас правам стомачни на тренинзи, ама се решив сега и дома пак да почнам да си правам. До неодамна си правев по 100 секоја вечер и тоа наеднаш без прекини, не ми е проблем да направам..проблемот е да се решам И супер ми беше кога си правев ама нешто прекинав.Еве од денес пак почнувам а исто ја држам и УН диетата до летото сакам да се затегнам, таман со време а не во 5 за 12. Јас во принцип не сакам да бидам на диета туку постојано настојувам да се хранам здраво. И за целулитот исто решив да го "отепам" доста му беше мандатот, се масирам секоја вечер со гел од бршлен. Се надевам ќе си ја подобрам формата таман до јуни некаде ќе има коцки..абе незнам шо се срамат овие моиве плочки па толку им е тешко да излезат на виделина
Слабеење до лето Абе што сте такви...јас па се нервирам некој кога ќе рече,да се смени начинот на исхрана.Мислам ... duuuuh! како да не се знаело тоа,ама муабетот е што сите се демотивирани од муабетот,ЗАСЕКОГАШ!Затоа мора да се има временски интервал во кој си викаш,е од тогаш до тогаш и крај...ама после самото си се наметнува одржувањето ако бидеш успешен во мисијата (добро,освен ако не е некој што пати од емоционален глад).А плус,менување на начинот на исхрана не значи и слабеење,значи можеби само подобрено здравје.
Слабеење до лето Таква што вклучува многу протеини,воопшто јагленихидрати и ќе те однесе до лудило и тоа кравјо,така што ќе јадеш како крава откако ќе завршиш со неа,а плус бара и дополнителни суплементи и додатоци,протеински шејкови,кои чинат околу 3000 месечно.
Слабеење до лето zatoa ke si pazime vo tekot na cela godina i so hrana i so vezbi i nemame gajle za vo leto.Ama.... A za brzinsko slabeenje do leto ovosje, salatki i dobro potenje.Jas zapocnav so ovie aktivnosti, zosto samo zaDekemvri kaciv 5 kg i bese alarmantno, ama sega se vrativ vo normala.
Слабеење до лето Те молам кажи ми како ослабна 20 кг за 2 мецеци!!!И јас сакам така, ако не толку барем нешто од нешто!!! Ти благодарам однапред!!!
Слабеење до лето Од неделата ослабнав 2 кила ама пак ништо зошто стомакот ист ми е напапчен... само во нозе слабеам а во стомак се дебелеем it's not fair
Слабеење до лето ^^Па веројатно јадеш храна што те надувува, или пак кога јадеш, не џвакаш, само голташ. Затоа и имаш подуено стомаче. А некогаш е и до генетиката, едноставно таков ти е стомакот и тоа е тоа.
Слабеење до лето Здраво девојки!!! И јас имам во план да ослабам до лето 10-15 кг зошто со дечко ми идеме на одмор во Италија а неможам да си дозволам Италија со вишок килограми Ви посакувам мнооогу мнооогу успех на сите и кога имате некои совети пишете ги!!! Поззззз
Слабеење до лето па баш јадам бавно и џвакам по стопати , а до пред 2 лета ( 2009) имав рамно така да можам да имам рамно
Слабеење до лето Сум качила 3 килограми Ах, готово, од утре почнувам помалку да се хранам, таман онака понеделнички Еве, си давам предизвик до лето вакво стомаче да имам: или вака нешто: Во јуни ќе ставам мои слики, да видиме дали сум го остварила предизвикот
Слабеење до лето Пресреќна сум (можеби некому ќе му изгледа смешно), 2 недели како припазувам на исхраната, утрово се мерев -3 кг сум. Доручекот (околу 9 часот) го започнувам со шолја зелен чај (нормално без додатоци), после 1/2 час подготвувам 5-6 големи лажици овесни снегулки со 1/2 канче кисело млеко. Накај 12 часот јадам некое овошје (портокал, јаболка). Околу 16 часот ручекот, она што имам подготвено и за син ми и сопругот, само без леб, или ако е некоја лесна манџа (леќа, грашок) земам едно парче леб, за подолго време да ме држи сита. 19-20 часот земам пак едно овошје и толку до утредента не јадам ништо. Овие 2 недели некако апетитот ми беше намален, и покрај сите торти (за мојот, роденденот на синчето), баклави, немав желба за благо (за среќа). Од денес продолжувам уште 2 недели, ако ослабам уште 3 кг, супер ќе биде, ама за да се вратам на тежината пред да родам, ми требаат сигурно уште 3-4 пати по 2 недели да внимавам (околу 10тина кг. треба да намалам). Ама не се откажувам, 2 год. поминаа јас никако да ослабнам, срам да ми е
Слабеење до лето ^Зашто да ни биде смешно??? Па тоа е успех што си го постигнала и големо БРАВО за тебе Јас само можам да ти посакам да истраеш и да успееш да си ја оствариш целта И еве пак да се пофалам, од утре ја почнувам диетата од 20 дена (т.е. 19 де, без благото ) Wish me luck!
Слабеење до лето Може да ми кажете каква храна подујува? знам дека тестенини и храна која создава гасови но има ли и уште нешто што помага...затоа што незнам веке од што мислам дека немам проблеми со подуеност затоа што и од сабајле ист ми е стомакот, ама па јас могу тешко се дебелеам ептен ако претерам 1 кило ке качам, а стомакот цело време ми е ист подуен...може ли да е од гасови ?