Неможам да се придржувам кон диети, сама ќе си внимавам решив... Трчам по кеј по 1 час и вежбам, па немам потреба од строги диети... Сакам да прашам за некои страни на кои можам да видам одредено јадење колку калории има... На пример денес за ручек имам сарма, како да видам колку калории ќе внесам... Тенк ју однпред
Јас решив да скинам некое килце уште на почетокот на летото, и не се ставив на некоја ригорозна диета само отфрлив благо, сокови, јадев помали оброци и се немав мерено ама се чувствував ослабено е за време на одморот неможев да одолеам на пивцето,пицата,благото и некако се почувствував малце здебелено. Ми требаше една недела да се разубедам себеси да почнам да си држам ред како пред да одам на одмор и откако во рок од саат време изедов еден куп карамели и половина чоколадо (пусти пмс) решив да продолжам И така веќе недела дена, ама ме колеба и ме копка една моја навика, да пијам по една чаша какао навечер пред спиење, нормална шоља какао, ниту мала ниту голема, и после ми е шубе,незнам зошто се мислам дека тоа влијае,како да се преопседнав со тоа што јадам и што пијам, мада ми е подобро така,некако се чувствувам поубаво, полесно е сега,какаово..да го шутнам ли
На денешното мени,октопод на скара,со лимонче,шопска...И официјално ја почнувам ун! Аааајде со Господ напред.
Минус 7 килограми! Уште 4 до саканата килажа, ама ништо не јадам, немам апетит ич. Ај може од утре да почнам по едно ѓеврече на ден да јадам, страв ми е да не се онесвестам. Инаку цел ден едно кисело млеко и диња едно парче, 2 туски кафиња без шеќер и 2 чаши вода. ДО вечер, ако иам среќа,една чаша бело вино со малку сирење, а ако не излегувам, тогаш само вода. Вчера само четврт чинија макарони, и една чаша бело вино. Претходниот ден, пинџур и едно парче леб, кафе и вода. Пред тој ден, едно мало ѓеврече, и две парчиња пржен црн патлиџан. Ептен малце јадам, се надевам дека ќе ми се подобри апетитот, не дај боже да ми се врати И да, заборавив, секој ден со Rелакс анд тоне, со антицелулитен крем, и многу пешачење. По 6 километри најмалце дневно НА ШТИКЛА!
Ајде сега јас да ви кажам нешто мнооогу ефикасно за слабеење ЧАЈ Направете мешавина од Магденос, Зелен чај и Мајчина душичка и пиете колку што можете повеќе во денот 2-3 кила. Резултатите се многу големи се слабее полека но сигурно и не е грд за пиење чајов. Јас ќе почнам да го пијам (и плус не јадам леб и благо) и се надевам на убави резултати (една познаничка многу ослабе со чајов не можев да ја препознаам за 2-3 месеци) поздрав.
Лелееее, фала на мислењето, ама не не морам да ослабам, стварно, качив некои килограми сега на одмор, и не се трпи, ова.... А добро да ве прашам како можееее Двопек да има 380калории, а бел пченичен леб 230... Па нели е помалку калоричен двопеков, зошто вака, се разочарав.... Јас јез да јадам по едно парче двопек на ден, некогаш и не зависи од ручекот, ама ова паа, ако е помалку калоричен ќе јадам едно парче пченичен леб, ај ве молам просветлете ме што е проблемот
Ништо од моето слабеење. Диетата не покажа резултати, само 3 кг ослабев со неа за двете недели... Е повеќе не моажм: спанаќ-од кој повраќам само кога ќе му се спомене името, јајца и целери повеќе во уста не ми влегуваат. Да ја држам уште еднаш?? Шанса нема!!! Подобро дебела отколку со диети. Сега си почнувам по мое. Сепак секој најдобро си знае сам за себе. Не вечерам, влаго во уста не се става, се вежба до последна капка сила и тоа е тоа. Лебот се сведува на црн во минимални количини. Чисто се сомневам дека некоја диета може да ми помогне. Само внимавање на исхрана е најдобро решение. За конечни резултати први дознавате. Дотогаш се одјавувам од темава...
Ја почнувам Седумдневната диета денес,понеделнички. Жими децата,нема да и бегам лево десно. Само додадов банани на овошното мени Ај нек ми е среќно!
успех,јесссс. За една недела 3 кг па тоа е супер, сега не држам диетата толку строго, ама сепак се надевам на уште 2 3 кг до одмор да намалам. И што е најдоброЧ апетитот ми се намали волшебно. И замислете издржав со половина шопска, една банана и интегрални слатки без шекер и мало пржено лепче цел ден. Ова е супер. Намалив и бројче на облека, од пантолони ХЛ, сега сум на само Л.
Како успеа да намалиш толку за 1 недела, држеше некоја диета или..? ?Јас се изнамачив, 2 недели ми требаа за 1 кг да симнам
kako e mozno 2- kilogrami za dva meseci? jas za dva meseci oslabev samo 5 kilogrami a jadam mn mn mn malku i vezbav kako luda! KAKO? [mod-kirilica:bwzvwfxz][/mod-kirilica:bwzvwfxz]
Држев диета, се вика купрусна диета, значи јас на српски ја најдов на нет. Инаку имав проблем не само со килажа, туку и со огроомеенн апетит. Искрено ти ја препорачувам, бидејќи кај мене ништо не помогнало.
Ух веќе 10 дена не сум ставила скоро ништо во уста а не сум нешто посебно ослабнала.Па добро што метаболизам ќе имав јас ??? Едноставно ми е мака кога гледам како некој си јаде што сака а пак си е слаб а јас кутрата мака мачам да симнам барем некое килце.Ех во овој момент со задоволство би јадела сендвич или пица или било што сладко но морам да се воздржам за жал .Ај останите ми поздравени и со среќа на оние како мене што мака мачат со овие килограмите.
pa jas veke 5-6 meseca не јадам леб воопшто(и да ви кажам право се одвикнав од него)но ни кило не смалив...а очајно ми треба да смалам 7-8 кг. бидејки имам вишок на стомакот...ве молам кажете некоја диета што ви погнала....фала однапред
Срце јас во тие моменти местам кревет пијам чаша вода и легнувам да спијам, знам како ти е осекам и мене мешево како ми кркори па си легнувам.... Мене мн ми е тешко да не јадам после 8 дека останувам до покасно, ама се мора, ем не е здраво ем се дебелее