Здраво, да се придружам и јас. Сакам да ослабам 2 кила и мојата "диета" е калориски дефицит. Денеска Внесени калории: 1730 Доручек 557 Ручек 688 Вечера 352 Ужина 134 Активност: 10 000 чекора Отприлика 300 калории во дефицит. Целта ми е 1кг на месец да губам, па ќе видиме. Не ми се брза.
Викендов средно шашаво, но не се откажувам. Моментално сум ПМС па можете да замислете дека сум малце бесничка . Денес појадок нутри лепче х2 со грекос млечен намаз две варени јајца и печеница. Две турски кафиња Ручек макарони со сос и сирење без месо. Банана Една шака апетисани Парче црно лебче со семки со грекос намаз и парче печеница. Далеку од добро ама па беше без благотии . Да одам да си легнам ...
Малерозна се јавува на рецепција за рапорт . Тука сум, трпам, гладна сум ко кучка. Ама ПМС веќе поминува, бавно овој пат . Гладна, лаам, ама не касам . Ајде од утре веќе полесно ќе се дише. Бев 71, сабајле 68.5 Чекори, по 12 000 на ден. Добро еееее На толку јадење и чоколади околу мене, релативно се држам до диетата. Си покажува и вагата. Секогаш кога сум на одмор ждерам ко да нема утре . Леб, благо, бисквити и млеко, трилече и нормално пастрмајлии . Затоа сега на вода ќе сум Сега гледам на вагата, цело лето се врткам околу 68. Сега мора на 62 да симнам па Јана мајка Ајде и другите пишувајте, да се врти муабет
Чисто за поддршка и јас денес ви се приклучувам. Еден месец како што сум со сменет режим на исхрана. Децата викаат дека веќе има видливи резултати и дека сум послаба ама не сум се мерела кг, вагата ми е расипана Јас јадам трипати на ден и не скокам оброци. За ова се карам деновиве со неколку луѓе и ми идат сите на нерви што ми викаат дека требало да се јаде двапати, да не се појадува или да не се вечера. А јас јадам како што ми препорачаа две докторки и гледам дека делува. Кога скокам доручек прегладнувам, ме фаќа мигрена, после јадам и што треба и што не треба. Докторката ми рече дека ако не доручкувам и живеам до 1-2 попладне на кафе, дека тоа е изгладнување. Телото работи како со допинг од кофеинот и под стрес (се качува хормонот кортизол) и дека после крашнувам енергетски кога немам сила за ништо и надокнадуваш со храна која обично не е здрава. Па после навечер се што ќе јадам ќе оди во сало, бидејќи организмот знае дека нема да му дадам доручек и ќе си прави резерви. Значи доручек од 7-9ч. Ручек помеѓу 1-3ч и вечера 6-7ч. Седам будна мин. до полноќ и до тогаш не јадам ништо и подобро ми е. Гледам да сум во дефицит со калориите затоа поредовно вежбам и се движам и пазам да не претерам со внес на калории. Мерам и бројам калории во денот (да не се над 2000), но не ревносно, бидејќи отприлика веќе имам осет колкава количина од што да јадам. Мене мн. побитно ми е какви калории внесувам и дали се „празни“ или се квалитетни со витамини и сл. Не јадам леб бел (црн ретко), паста, благо, грицки, сувомеснато, сирења и кашкавали кои се солени (само урда и младо несолено сирење), не јадам пржено и запржено, овошје умерено (ако е со голема количина шеќер, помала количина пробувам и јадам). Не јадам ништо конзервирано. Не јадам сосови и преливи. Пијалок само вода, кафе/чај и цеден сок од лимон, портокал. Комбинирам храни во оброкот и комбинирам оброци во денот. Пр. ако јадам сабајле овес (микс интегрален) со јогурт, семки и јатки и бобинки, за ручек си дозволувам парче ржан леб. Ручекот ми е обично салата, некој зеленчук (тиквица, брокула, морков, карфиол, боранија, грашак) и протеин (месо, риба). Еднаш неделно јадам ориз или компир за ручекот и тој мала количина и варен/печен, не пржен. Вечерите ми се слични како ручекот. Јајца јадам само варени и само белката за вечера бидејќи сум алергична на жолчка (после тренинг) или за доручек. Тогаш ја комбинирам со парче црн леб, пола авокадо, младо сирење или урда. Јогурт и млеко пијам обезмастени, грчки јогурт повремено за промена. За доручек некогаш јадам и чија со путер од кикирики и бобинки и ова го сметам за калоричен и комплетен оброк, после кој комбинирам почист, полесен ручек. Желба за благо имам и тогаш јадам како ужинка овошје со грст јатки или 2 урми. Некогаш си дозволувам две коцки црна чоколада. Мислам дека не може да се постигнат резултати ако се јаде цело време месо со компир и ориз на пример. Тоа ми е тешка комбинација. Пр. стек јадам само со салата и толку (никакви скробови и житарки во комбинација). Ако јадам некое рипче, може да каснам и малку црвен сладок компир испечен или еден варен компир, ама реков тоа еднаш неделно. Според мене не е добар доручек леб со сувомеснато, со мрсни намази и крем сирења, процесирани сирења како зденки (Тоа не ни купувам). Калорични се а штетни се.
Да чкртна и јас Викендот малку претерав но вие 2 дена се нормализирав..Е вечерва каснав 3 тофии бонбони.
Здраво од мене Денес С среда- ден за мерење, кај мене нема промена, исто како прошло среда сум, во ПМС сум, отечена, уморна, но барем немав лаење за јадење . Вчера П Чиа, овес, путер кикиритки, шумско овошје и 1-2 јатки ореви Р гулаш месо со прилог пире салата спанаќ, фета и краставица В кисело млеко краставица со 2 мали парчиња фибро леб две турски кафиња, вода, и една мала круша За денес П 2 јајца, 2 мали и тенки парчиња фибро леб, грчки јогурт и смекои од сончоглед и 1 мало парче фета сирење. Останатите оброци не ми се испланирани се уште, но најверојатно за ручек ќе биде печен пилешки стек со ориз и салата
Добро утро Решив да не се мерам до Нова Година. Вежбам три пати неделно (моментално одам на фит хит тренинзи и баш не се за мене умирам таму, ќе си се вратам на теретана следен месец), ама кога почнав да запишувам што с е јадам преку ден срам ме фати од сама себе. За денес испланирав Д чиа со банана У инстант супа Р стек и салата ако имам време и ориз В кисело млеко со сусам Ми фали леб, два дена не јадам и мислам мртва гладна сум..
Еве сум јас на рапорт едно кило плус ама не верувам зошто се придржавам во дефицит плус треба да добијам плус вежбам и мислам дека градам мускул и затоа не паѓам на килажа. Не се разочарувам, ок само малку, ама нема дефокус и мислам и јас да си се мерам еднаш месечно доста е. Се навикнав вака со фастинг, убаво ми е. пс. Се мерев после 1,5л вода испиено после тренинг. ( се тешам само или?)
Сакам да ви кажам дека ментално сум уморна од диети и режими. Животот во тоа ми помина. Кога ќе се спомне рестрикција јас влегувам во посебна психичка состојба која вика “сега јади колку што можеш зошто од утре нема веќе!“ и бинџам до смрт. И затоа секој понеделник одново се ставам “на ред“. И не знам дали е паметно да продолжам со сила да се измачувам за да постигнам -10 кг. Секогаш можам да се откажам нели. Гледам некои од вас имаат поприземен пристап, бројат калории и се трудат да се физички активни. Дали има ефект така во догледен период или треба многу време? Пошто нели, со малку напор сакаме големи ефекти.
Еве јас од моето искуство, ако почеш калориски дефицит со комбинација со вежбање ќе ти требаат три месеца да почнеш да приметуваш резултати. Е сега збориме за дефицит со кој можеш да функционираш, не да се прегладнуваш. Не е работата не јадам ништо, малку по малку.. ама доследност треба. Всушност се знам теортески ама практично ми се јаде бре, и да не ми се јаде јадам а не треба..
Happy Wednesday! Бми денес 30.1, што е за 0.7 помалку од претходната среда. Појадок: банана и кафе Ручек: ќофтиња, булгур и салата... и едно баунти За вечера допрва ќе се мисли. Ми недостига времето кога можев да се посветам на мерење количини и броење калории ама периодов едвај наоѓам време да јадам. Гледам само количински да јадам помалку од што јадев и се молам да сум во дефицит.
Индекс на телесна маса. Го мериш во пропорции на висина и тежина, спрема тоа те одредува дали си неухранет, нормал, прекумерна тежина и обезност (гојазност) како дебелина класа 1, класа 2 и 3.
Имам слично размислување како тебе во врска со диетите и рестрикциите. Ама никогаш не е добро нештата да се прават на сила или затоа што мора, туку како ти се чувствуваш. Јас ослабев 10 кила со калориски дефицит и пешачење, од 72 на 62, висока сум 172, а ова беше во период од 4-5 месеци. Кога вежбам повеќе ми се јаде и потешко ми е да ослабам, затоа само пешачев и ретко трчав. Исто така, таа храна што ми беше тригер за бинџ ја исфрлив целосно и не ја консумирав во периодот додека слабеев, на пример благо имав јадено 4 пати во тие 4-5 месеци. И знаев дека мора сериозно да си ја фатам работата и нема бегање, тоа е тоа. Исто така ми сметаа тие кг не се чувствував убаво, се чувствував отечено, пополнето, надуено и често кога ќе се погледнев во огледалото ми беше жал како изгледам. Кога почнав да слабеам, тоа почна да се менува и ми се допаѓа(ше) тоа што го гледам повеќе и повеќе. Воопшто не е лесно, ама рецептот за успех е едноставен и вреди секој вложен труд! Инаку, се' уште се навикнувам на мојот нов изглед и не ми е верно дека успеав, после толку неуспешни обиди. Така што од моја гледна точка, да има ефект!!
Има и еден друг момент, ако подолг период се изгладнуваш, повторно е можно да немаш ефект и да не слабееш, оти и на телото му треба внес за да може да го троши. Инаку вчера дека беше за мерење ден никакви промени, но утрово има. Минимални ама има и охрабрувачки ми е особено што не сум во плус земајќи предвид ПМС. Знам ве отеков со ова моево. Порано ПМС не го сеќавав а сеа со годините се повеќе, а и перимено секако е, п аи уште поизразено. Денес предвидено грчки јогурт со семиња (лен сончоглед тиква) и нутри лепче Ручек риба и салата вечера не ми испланирана, ваљда некоја салата, ќе видиме.
Си викам, ќе чекам петок да се премерам, белким ќе паднам под 68. Аха, обавезно Сабајлево 69.8кг. Епа не е фер. Знам дека и благо јадев и ручек и торта и благо кафе, ама како може еден ден да сум 68 а наредниот скоро 70 Јбг. Повеќе среќа наредните денови Денес ќе се обидам многу малку да јадам
Два месеци сум кило горе ,кило доле мене ми иде вагата да ја фрлам.Ај од понеделник повторно само на салата и месо,доста беа и слатки и торти и тесто.
Хеј да те прашам дали беше да ги пробаш третманите од Кенда ? се мислам да уплатам па барам некој да сподели искуство искрео.. после породување тешко ми иде да намалам килажа.