Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

(Морална) Поддршка за сите што сакаат да ослабат

Дискусија во 'Диети' започната од Vampire-Girl, 26 јуни 2010.

  1. vesna31

    vesna31 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2010
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    10
    незнам дали може во супава да се стави вагета, дека ептен е грозна само со сол и бибер
     
  2. Viiiiip

    Viiiiip Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    837
    Допаѓања:
    400
    Јас сеуште не сум се качила на вага, но вчера откако облеков едни пантолони кои ужасно ме стегаа претходно и ми излагаа спојлери(БЉАК), вчера ги облеков и дури широчки ми беа и во обем и во нозе... Епааа тоа и ми треба... Мн сум среќна... Оваа мојава диета, јадам во умерена количина, бројам калории, вежбам и трчам, најдобро ми дојде... :* Ви го посакувам истото задоволство и вааас. :D
     
    На ElenI777 и Bebyyy им се допаѓа ова.
  3. shiningstar

    shiningstar Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    623
    Допаѓања:
    308
    Jас не сакам да ослабам, едноставно не ми стои да бидам многу слаба дури страсна сум, сега сум таман малку месе, малку облини, поЧнав да внимавам сто јадам, и само сакам да си ги задржам килограмите сто ги имам, ама со вежбањето сум скарана тоа е лосо, да имасе некој полесен спорт така за да можам да се зацврстам барем . . .:)
     
  4. macencef

    macencef Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    2.125
    Допаѓања:
    3.169
    Пол:
    Женски
    може, стави и вегета :*
     
  5. Dulce

    Dulce Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2011
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    35
    Немам долго пишувано на темава а искрено потребно ми е тоа многу...
    Повторно си ги вратив килограмите кои ги изгубив со многу труд ;( така е кога се занесов...
    Од денес почнувам повторно ... ќе ја намалам исхраната па од 1ви дефинитивно ја почувам УН диетата...
     
  6. Bebyyy

    Bebyyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    0
    Аајдееееее не се разочарувајтееееее никогаш не е касно да се почне поздрав и подобар начин на исхрана кој ке ви стане секојдневие а не глупи диети што се замрате да држите ... не може тоа што се таложело со години да го сименете за месец два иили неколку дена !!!! тие брзи диети имаат јо-јо ефект и џабе правите шокови на организмот Ч) бидете трпеливи јадете умерено спортувајте и се ке се среди Ч)
     
  7. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    822
    Од кога ме снема на фемина
    од оправдани причини :!:
    накачив 5 кг и почнав да комбинирам некој чудни бои на облека. Заклучок фемина ми е инспирација да изгледам поубаво. Време е за промени. Oд денес си се враќам на стариот режим. За доручек си каснав гранола со мед и бадеми, 190 калории во две тенки лентички. ;( . За ручек печен компир и полнета пиперка со сиренце. Секакво сиренце. :sweat: . Ама барем не е крофна и торта ко деновиве. Ќе видиме за до вечер. ;)
     
  8. Lady.Rose

    Lady.Rose Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    51
    Ќе се отрујам! Никако да се издржело на диета повеќе од 3 дена, ни случајно. Од денес еве од овој момент почнувам, бројам калории 1200 на ден и вежбам. Од утре де. Целта ми е до средина на октомври да ослабам 10 кила! Па дај и јас веќе нешто тесно, нешто мини да облечам! :(
     
  9. kristii

    kristii Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    1.707

    А зошто па да држиш диети?? Диетите се напорни и досадни,и ретко кој може да ги издржи целосно. Зошто едноставно не го намалиш лебот,јади по мали оброци,намали го благото.Одреди си некој овошен ден чисто онака за прочистување,вежбај и ке намалиш килограми,јас Во рок од месец и пол на ваков здрав начин намалив доста килограми.
     
    На PetraPanka3 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Lady.Rose

    Lady.Rose Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    51
    Леле блазеси ти, колку намали? Јас па само со диети и броење калории.
     
  11. JoxyTheFreak

    JoxyTheFreak Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    5.566
    Мислам дека некаде пишував за мојот проблем но мислам дека сега СТВАРНО ми треба поддршка.

    Имам 14 години. Доволно за да сфатам каков е денес светот и кои се денешните опсесии и адути доколку сакаш да успееш во животот.
    Дали некогаш сте биле во клуб и сте слушнале како некој рандом дечко/девојка му вели на другар му/другарка и "Види колку добар карактер има типкава/дечково!" ?
    Не.
    Па тоа ме натера да превземам нешто ако сакам да се чувствувам добро во мојата кожа и барем еднаш во животот да видам како е тоа да имаш самодоверба.
    Драги мои,јас на моите 14 години имав вкупно 105 килограми.
    Да,знам дека тоа се 30 кг вишок и не сум горд што стигнав до таму без да помислам на што личам.


    Најголемиот шамар го добив кога и кажав на една типка дека сеуште сум немал девојка.
    Таа буквално изреагира вака: "Што?! Сингл си?! Буахахахахаахахахахаха."
    Но не ја мразам девојката,бидејќи таа ми ги отвори очите.
    И можам да кажам дека сум горд на себе што можам да кажам дека успешно симнав 15 килограми и стигнав до 90 килограми.
    Знам дека сеуште тежината изгледа морбидно но не застанувам овде. Мојата мисија да докажам дека се се може кога се сака продолжува.
    И покрај злобните коментари дека ВООПШТО не се познава дека сум ослабнал 15 кг,исто добив и многу комплименти од моите пријатели и роднини.
    Среќен сум што добив барем малку самодоверба,и можам да одам со крената глава! :)


    Сега,кога сето ова го исфрлив од себе,мислам дека и не ми е потребна некоја голема поддршка,бидејќи оваа недела качив 2кг,но не се разочарувам бидејќи верувам во себе.
    Исто така,добра работа е што можеби конечно ќе носам облека која лично јас ја сакам,а не првата огромна маица-вреќа која ми е таман.

    Се надевам дека наскоро и јас ќе ги видам сите благодети од тинејџерската доба,
    XOXO
    Јокси. :)



    Mислам дека барем малце ги мотивирав тие што сакаат да променат нешто околу надворешниот изглед. Ви посакувам се најдобро.
    Исто така имајте на ум,дека тоа што го правите е за ваше лично добро.


    Ова сум јас,пред да почнам со губењето килограми.[​IMG]
     
    На sweetyears, Marilyn-Monroe, JuLleE и 12 други им се допаѓа ова.
  12. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.029
    Допаѓања:
    4.535
    Пол:
    Женски
    БРАВО ЏОКСИ !!! Вистинска мотивациска приказна ова и мене ме мотивира.

    ЗА жал така е, луѓето ја гледаат надворешноста. Исто и јас така (иако никогаш не сум имала многи вишок килограми) едно време бев бев елегантво преполнета . А во тоа време бев многу успешно дете, на училиште први места земав по сите предмети и конкурси од поезија до математика, бев како водич на најмалите во играорната група, се дружев со најголемите ’’фаци’’ во училиштето, никогаш немав изневерено другарка, само што почнаа моите добро да заработуваат....сето тоа ги бодеше луѓето во очи. И немајки како да ми најдат замерки слушав како ме викаат со погрдни зборови како крава, бишка и стварно имав комплекси некои. СТРав ми беше да одам на шопинг, за фармерки најмачно ми беше , а девојка си сакаш да се дотераш.

    И на крај по принципот на броење калории и вежбање симнав прво 7-8килограми на 16 години и до 18 упте неколку, ама оти не бев ептен дебела никогаш со тие десетина килограми дојдов беа таман. Мислам дека светот околу мене се смени. Сите со други очи те гледаат одма,па уште и стајлингот кога го сменив еден куп додворувачи околу мене имав.

    Не сакам да навредам никого ама прекумерната тежина над 30 килограми (освен ако е од болест некоја не дај Боже) е доказ дека тоа е слаба личност, дека не може да се контролира, дека има порок наречен храна. Сменете ги навиките бе девојки, не ни требаат диети. Не мислете на кратки стази, поставете си наредба сами себе , една година секој ден да вежбаш барем пола саат и да не внесуваш повеке од 1300 калории и ке ги видите резултатите.
     
    На butterfly.93, Doozy и JoxyTheFreak им се допаѓа ова.
  13. macencef

    macencef Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    2.125
    Допаѓања:
    3.169
    Пол:
    Женски
    Инспиративна приказна. Бравос за Џокси :) а кикирика јас не се сложувам со тебе...Едноставно има некои што се покрупни девојки кои не можат против нивната тежина...јас сум една од нив. не е нормално да имаш 30 кг вишок, но сепак јас колку и да пазам не можам да ослабам колку што сакам јас. А ако на некој му се допаднеш вистински, нема да му боде вочи ако имаш некое килце плус. Имам дечко и никогаш не ми рекол ништо за тоа како изгледам, макар што сум пополничка....Сега внимавам што ставам во уста и на долги патеки се надевам на резултати :*
     
    На JoxyTheFreak му/ѝ се допаѓа ова.
  14. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    Eве и јас од понеделник почнувам неможам да купувам нови алишта есенва! Ете тоа ми е терач, инаку ќе одам гола сезонава до тука е дојдена работата.
     
  15. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Браво Џокси навистина се восхитувам на тие луѓе кои имаат силна воља за да го постигнат тоа што го сакат.И да секако дека најважно е тоа да го направиш поради себе а не поради луѓето кои без разлика на се секогаш ќе најдат нешто да критикуваат.Едноставно ме воодушевува фактот што си станал самоуверен и што не дозволуваш злите јазици да ти ја намалат самодовербата.Јас сум сигурна дека ако продолжиш са ова размислување ќе постигнеш се што сакаш и тоа не само во врска со физичкиот изглед.
    Точно е денеска физичкиот изглед е многу битен и иако понекогаш ме нервира фактот што физичката убавина се става пред добриот карактер но пак од друга страна кога изгледаш убаво се чувствуваш поубаво во своја кожа и тоа е факт.И јас мака мачам со вишокот на килограми,имам 20 кила вишок и тоа ме прави многу несигурна и покрај тоа што имам убаво лице но едноставно кога си пополничок тоа не доваѓа до израз.Еве се мачам со диетава но се надевам дека ќе го симнам вишокот на килограми и ќе си ја повратам самодовербата.Го сакам тоа ради лично мене не значи дека ќе бидам посакана,посреќна но сигурно ќе бидам позадоволна од себеси.
     
    На JoxyTheFreak му/ѝ се допаѓа ова.
  16. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.029
    Допаѓања:
    4.535
    Пол:
    Женски
    Во право си дека некој што те сака нема да воочи некое килце плус, ако гледаме така кое машко сака костур покрај него, дури и им се допаѓаат облините. Јас зборував погоре за ептееен прекумерна килажа а не верувам дека на некој му е сеедно дали ке има девојка од 50 или од 100 кила (со полит кон исклучоците). Напишав погоре дека не оправдувам прекумерна килажа освен ако не е од здравствени причини. А тоа што го кажуваш ти е баш тоа, ако има некој здравствени проблеми кои предизвикуваат дебееење или кои заради Х причини не смеат да држат диети, за нив е оправдано да се дебели.Некој може има побавен метаболизам и ке му треба време да слабее ама пак ке слабее. Маченце не е лесно а не е ни здраво да се симнат 30 килограми, ама треба време и трпение и изборот на долгите патеки ти е вистинското решение. Виш ју лак...

    И уште нешто. Претерано ги ценам лугето кои успеале да се спасат од прекумерната тежина. Ако некој можел да се откаже од својот најголем порок=прекумерното јадење, и да ослабе повеке од 30 килограми, верувајте дека тој е способен да постигне многу повеке во животот воопшто , а не само на физичкиот изглед затоа што има цврст карактер.
     
  17. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    Џокси кажи колку е подобро прво за себе да носиш помалку килограми?
    Па тие 15кг, не се малку бре човеку.
    Браво за твојата толерантност да издржиш, за твојата цел која полека полека ја достигнуваш. Сега си многу поблиску до губење на уште толку килограми, штом си почнал со губење, продолжи..
    Па на крај нели е убаво чувството кога некој ти кажал дека си ослабел?
    Дека сега поубаво изгледаш?
    И кога ке отидеш на купување да бараш помал број на панталони?

    Еве добро мотивации, поддршката верувај дека од сите нас ја имаш, само битна е твојата силна волја.

    Ајде и јас да се пофалам,
    за една недела -4кг. УаУ
    Благодарение на стомачниот вирус :tmi:
     
    На JoxyTheFreak му/ѝ се допаѓа ова.
  18. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    Да ви кажам право, најголема мотивација е кога некој мој близок ќе ми скоментира „еееј, што си ослабнала, браво, сега си уште позгодна, ти завидувам, бла, бла, бла“ :wasntme:
    Чудо едно било колку само со неконтролирано гнетење здраво-нездраво се накачуваат килограми, тешки за забележување, ама мачни за носење :worried: Цело лето се трудев да се хранам здраво, за да можам да се навикнам и да си ја одржувам совршената тежина(по моја замисла, не сакам да станам преслаба, не ми стои) и се чувствувам прекрасно што речиси ја исфрлив од употреба мојата отровна пасија- тестенините :$ Значи, јас јадев само месено, месено, месено, а сега од една топла кифличка ми станува тешко кога ќе ми текне оти желудников ми се зацементирува :doh: Јадам, не велам не, ама со исав и со дополнително потење отпосле :wasntme:
    Како ќе го навикнеш организмот, така и ќе ти бара :)

    И да, благодраност до Лилит, зашто кога и да ми замириса на нешто слатко и топло за јадење, ми текнува на нејзините постови во кои докажува цврст карактер и упорност за задржување на телото во совршена форма, и сфаќам оти е во право. Иако некогаш треба и искушението да е посилно :wasntme: Па луѓе сме :D
     
    На JoxyTheFreak, Lilit, kristii и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    РАААААААААААПОРТ! :D

    Си земав за цел да се спастрам додека не се преселам во Скопје, :D оти после, сите светци ќе треба да ми помагаат. :x

    Денеска на менито :wasntme:

    Појадок - Грозје плус тие на виталиа, житариците

    Ручек - Грашок, со малку мевце, колку да замириса.

    Сега изедов едно парче од едно глупаво благо и се нервирам, ама ајде. Вежбав и на орбитрек. Со сите сили, феминки, феминковци и светци, од утре напред. :D :D
     
    На JoxyTheFreak му/ѝ се допаѓа ова.
  20. kristii

    kristii Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    1.707
    Мразамммм мразаммм и мразаммм ПМС :devil: Ми се чини ке цркнам за јадење,што се немам прејадено денеска од и што е најтрагично од 3 сатот па се досега.овие два дена јадам ко нерномална,а како ке ги намалам килограмите што ми останааа....не ми се ни9 вежба ни ништо.Башка то не можам да појдам по голема потреба :@ :@ :@ Што да правамм????? :@