Тие што се поупатени, овошјето и не е така диетално кога се консумира многу(на пример кило во денот без проблем, па плус и навечер), нели?
Не е воопшто диетално кога е килограм на ден. Јас барем така знам и мислам. А мислам и дека е подобро да се консумира наутро , некаде до 14 часот. Не е баш препорачливо навечер или? (нека не поправи некоја девојка ако грешиме). И девојки - не мора да ни вршите пренос на секои 3 мин. од вашата дневна соба. Сега јадев ова.... сега ќе вежбам... сега извежбав... 3 постови еден по друг ... Мислам, јес да е морална поддршка, не и Драго дневниче работава...
После 20тата минута од вежбањето почнуват да се согоруваат мастите, предходно трошиш јаглехидрати Инаку потребен ти е еден час аеробик за согорување на 200/250 калори. Онака во просек, а сепак нели се си зависи од организмот и од интензивноста на вежбите. Со Тае Бо кардио на пример (кој може да се каже е најинтензивен аеробик и најмногу се троши) за еден час трошиш околу 250
Точно женски, после 16 ч, т.е после ручек не се препорачува конзумирање овошје. Уште повеќе што во една од моиве книги на оваа тема вели вака - ,,навечер изедено јаболко (но подразбира било кое овошје), сметајте дека не само што нема корист туку има штета, замислете си скапано јаболко во организмот,, Ова апсолутно не е случај со цедените сокови, тие можат постојано да се конзумираат, бидејќи внесуваме витамини без растителните влакна ...
Еве ви малку мотивација девојки Легнете во вашиот кревет. Сконцентрирајте се на себе си и замислете се во костум за капење онаков, каков што сте. Останете во таа состојба и разгледајте за себе си. Видете како с ечувствувате така, со вашиот моментален изглед и запаметете го тоа чувство. Потоа, замислете се себе си во костум за капење, онака како што сакате да изгледате. Видете како се чувствувате така, со вашиот поакуван изглед и останете подолго со тоа чувство. Запаметете го
1. Се чувствувам како кит. 2. Се чувствувам како риба. Извини, ама освен што ми се пријадоа морски плодови, не ме мотивираше нешто посебно ова. Денес на менито, банана за појадок, кисело млеко за ужина. Ручек - кременадла со патлиџанчиња. Зумба ќе вежбам кај и да е.
Со таков појадок, ти паѓа шекерот во крвта... цел ден мозокот се плаши дека ќе огладни и постојано бара енергија од јх и масти и ја складира во масното ткиво.Нели те ваќа нервоза, ќе огладнеш, ќе ти падне концентрација, ти се јаде благо?
Не баш. Вака вегетирам веќе одредено време, овошје до ручек... па и сум навикната да ти кажам право. Благо одамна не јадам, само за специјални пригоди. Што би требало да јадам според тебе ?
На секој му е потребна различна диета... се прави според твојата телесна тежина, висина и целта која сакаш да ја постигнеш.
Е да, не се дообјаснив овде. Јас фино лепо си скинав 18кг со овој режим, е сега, ми требаше време, ама па гледам дека ако се враќаат, се враќаат 2-3, а не 10. Со намера сум уште малку, ќе одам додека можам. Па ќе видиме до каде ќе стасам.
Јас симнав уште две кила до сега вкупно 12 кила,а ми остануваат уште 3 до крајната цел,и после мора да се борам за да не ги повратам да ги задржам знам дека ќе биди потешко али организмот ми е веќе навикнат на помалце јадење и со вежбите не планирам да прекинам.
Леле девојки очајно ми се става нешто во уста сега јадев диетални конфлекси и сум испила 3 кила вода денес ама проклет ПМС и расположение ми расипа и се
Епа од денес пак си почнав со диетичка . Денеска сум само на една краставица и два солени бејкролса па ќе видеме до кога ќе издржам. Морам,морам да ослабнам и крај,ма колку и да сам гладна ќе истрпам .
Па, првично ја почнав пак од Вита Диет. Ама беше многу напорно, затоа што секој ден требаше да се спремаат јадења, знаеш, малку малтретирање е. Вака, си почнав по мое. Овошје до ручек, вода, за ручек што има, тоа. Леб и благо не јадам, тоа во специјални прилики. За грицки и сокови да не правиме муабет, ама не дека ми фалат тие. Најмногу ми е проблем за суканите работи, кифли, влечени, тегнети... Нема врска. Ако ми се јаде навечер, јадам салата или супа. Вежбам, се трудам секој ден, ама и не секогаш стасувам да си ја одиграм зумбата. И преку еден ден кога го играм, битно добро е. Нема некој брз резултат, што знам, да губам 2-3кг неделно... ама долгорочно гледано не е ни мачно, ни тешко, ни па бара некој голем труд. Се засилив последниве 10тина дена да смкнам повеќе до 15ти септември, па ќе видиме. Оти што знам во Скопје колку ќе имам време да пазам на исхрана и такви ми ти ствари. Студентски живот.
Е да и јас од вчера решив да си почнам пак со моја диета.Не ми се држеше некоја препишана затоа што како што велиш многу е замарање,секој ден треба да имаш подготвено тоа што по распоред се јаде во таа диета итн итн. Само нешто ме интересира на пример ориз,варени компири такви работи без леб можат да се јадат? И што поточно од овошје јадеш ? Пошто нели бананата е бааги калорична.
Па, гледај да не мешаш ЈХ со протеини. Лебот, компири, ориз, тестенини, се ти се тоа ЈХ. Протеини, нели, месо, сирење, млеко... Гледај да не ги мешаш, ако можеш. А од овошје, најчесто јадев јаболка, банани и по некоја мандарина, тук таму. Јасно дека бананите се калорични, ама нема да изедеш едно кило ти. Јадев јас по една за појадок, држи ситост. По некое време, грицнував јаболкце-две, и пиев јогурт. п.с. Една банана има 150-60 калории, максимум.
Мене ме фаќа очајна носталгија за лебче успешно се држам сега за сега ама не знам до кога ке додржам па и ова ајварите како ми мирисаат ама не се откажувам