Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

(Морална) Поддршка за сите што сакаат да ослабат

Дискусија во 'Диети' започната од Vampire-Girl, 26 јуни 2010.

  1. kristii

    kristii Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    1.707
    За да се мотивираш пред се треби да имаш цврста волја,да си одлучна.Тоа е најголема мотивација.Потоа постви си цел сакам вака и вака да изгледам,извај слики од интернет од некои згодни женски ис екогаш кога ке помислиш на јадење погледај ги нив какво убаво тело имаат па ке забораваиш на јадење.А на вечер ако ти се пријади јади,ама јади салата нешто или овошје,и вежбај нешто.Поздрав и се надевам ке не известуваш до каде си со диетата :)
     
  2. Extraordinary.girl

    Extraordinary.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    293
    Допаѓања:
    421
    Луѓенца буцкасти темава стана мртвило. Ако слабејте си ќутенката, важно е да се слабее.
    Денес не можев а да не направам прекршок со толку многу ајвар околу мене. Како и да е, лебот одамна ми е избришан од менито, па нема за еден ајвар да колебам. Е добро сеа, не е исто, лажицата не се џвака ама па си е ајварот вкусен.

    Еве ви една бонус статија од мене
    http://www.idividi.com.mk/stil/zdravje/ ... index.html
     
    На kristii му/ѝ се допаѓа ова.
  3. fatbeautiful

    fatbeautiful Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    58
    Искрено не ги бројам деновите,но се придржувам строго до диетата значи за појадок имам едни како житарки на докторс со јогурт,за ручек што зготвила мама :D :D ама без леб и за вечера јаболка.Трчам,вежбам па се надевам дека ќе имам добри резултати до Нова година :^) НЕ СЕ ОТКАЖУВАМ ! :)
     
  4. Miss.stojanovska

    Miss.stojanovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1
    Девојки, го следам вашиот форум и ги читам вашите постови долго време... сте ми помогнале дури и од самите коментари, на различни теми... но ете од тоа што немам баш време не застанав да се регистрирам... али сега барав нешто слично на мојот проблем и немаше па ете ме и мене дел од вашиот форум...


    Епа вака - Висока сум 173 см и имам 56 кг. Пред една година имав МНОГУ повеќе али решив да преминам на здрава исхрана и на вежбање. Вежбам многу. Ми стана опсесија.
    Се убаво... ми се забрза метаболизмот, се навикнав да не јадам многу, благото ми е онака сосема ограничено али сепак без благо не можам да живеам... Е сега... проблемот е што се немав качено на вага еден месец и кога се качив утрово ми се стемни ! :(

    Па добро... вежбам 4-5 пати неделно (најмалку 4) по еден час до час и половина... ги комбинирам вежбите, некогаш аеробик, некогаш јаже, некогаш справи, некогаш комбинација на сите... Јадам многу малку. Не јадам ништо пржено и немам внесено ни капка масло. Благото е на ниво како и секогаш. Леб не јадам веќе 4-5 години. Се што јадам е или варено или свежо плус јогурт, сирење и мусли и житарки.
    А сепак сум качила еден килограм :( :( :( :( :( ;(

    Сакам да ве прашам ви се случило ли??? Ова ми се случува прв пат за цела оваа година...
    Оние на кои успеав да им се пожалам денеска ми рекоја дека многу вежбам и дека сигурно имам добиено на мускулната маса штом сум добила на килажа. Можно е???
    Имате ли слушнато нешто слично???
    Некоја страна на нет во врска со ова или нешто слично???

    Ве молам... многу сум очајна :( Мислам дека за ова можат да ми помогнат оние кои спортуваат... Ви се случило да загубите на обем а да добиете на килажа??? :worried:
     
  5. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Стојановска, ај малку прибери се и прочитај си го болдираното-си качила едно кило, леле, леле.Тука девојки зборат за 10 и повеќе кила вишок, а сакаш некој да те советува за твоето едно кило.За казна што си се здебелила сега две да ослабеш :fubar: :swear:
     
    На Extraordinary.girl и Elence93 им се допаѓа ова.
  6. Miss.stojanovska

    Miss.stojanovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1
    да но кога вложуваш труд 1 кило и изгледа како 10... на цела мака и претпазливост добивам килограми... а не е ни од надуеност ни од зачувување на течности...
    едноставно само сакам да знам дали е од вежбањето... да го намалам темпото...
    и мислам дека нема врска дали станува збор за 1 или 10 килограми затоа што психички тежат исто, зависи од личноста...
     
  7. Trajche

    Trajche Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 септември 2011
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    9

    Уживај! Си добила здрава мускулна маса, а мастите ги губиш тоа е одлично...нека не ти се опсесија килограмите на вагата, битно е да јадеш здраво да вежбаш и да се чувствуваш добро.
     
  8. N.A.T.A.S.A

    N.A.T.A.S.A Нов член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2010
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    486
    Чим дечко ми вели дкеа сум добра значи навистина сум добра и не лагам да слаабеем иаку би сакала барем 2 кила да слегнам !!!!
     
  9. rainlover

    rainlover Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    969
    Допаѓања:
    633
    Летото си замина, времето залади, ставивме малку повеќе облека на себе, и подзаборавивме на кг.
    Не сум ги заборавила, сеуште ми предизвикуваат грижа на совест!
    Ослабнав 7кг, половината пак си ги вратив.
    Секоја вечер од утре започнувам со режимот на Ирена и утредента пак по старо.
     
  10. n.a.t.t.y

    n.a.t.t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2011
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    763
    Сум ја заборавила темава :D
    Oслабена сум веќе 9 кила, последен пат кога се мерев. Последниве недела-две ми се веќе загрижувачки, не знам што ми се случува. Немам апетит за ништо, за ниедно од моите омилени јадења. Морам да се потсетувам дека треба да јадам, и едвааај нешто ќе бутнам во уста, колку да се рече. Или ќе седнам еднаш во денот и ќе се испонајадам и толку ми е.
    Зошто е вака, немам појма, пробувам да си најдам некое чаре ама не ми бара душата, не можам да јадам. Единствените коментари кои почнав да ги добивам се дека сум претерала, сум почнала да се изобличувам :(
    Не сакав да си признаам, ама веќе е очигледно. Летово бев толку опседната со слабеење и зошто ослабев, сега потсвесно сакам уште и уште и уште. Максимално се искомплексирав и не знам како да си помогнам.
     
  11. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    Види, не би сакала да те плашам, ама има шанса да си анорексична.Луѓето што имаат анорексија долго одбиваат храна за да ослабат, а потоа едноставно организмот не им бара ништо за јадење.Дали гладуваше за време на твоето слабеење? :^)
     
  12. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    Направи си крвна слика па види си ги резултатите. Ако се загрижувачки и здравјето е во прашање е тогаш ќе мораш да преземеш мерки. Јади повеќе пати во текот на ден.
    И малку да те заплашам БА БАУУУУ можеш да си ги искомплексираш и хормоните :) од нејадење :!:
     
  13. n.a.t.t.y

    n.a.t.t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2011
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    763
    Уф девојки, богами ме заплашивте. Не верувам дека стигнала работава до анорексија, ваљда не за волку кратко време :?:
    Не знам што да правам, стварно...цела среќа што мајка ми не гледа дека не јадам, ама еве баба ми денес му кажала на татко ми, осеќам дека ќе бидам многу напнувана деновиве а тоа само повеќе ме нервира :(
    Станата сум од 10 саат и до сега изедов пола тањир боранија и малку марула. Од тогаш се поминати 6 саати, а не чувствувам глад. На времето три часа после последниот оброк рацете почнуваа да ми се тресат и да кризирам, сега ништо. По три пати на ден одам во веце, постојано имам некоја тежина во желудникот како да сум прејадена и не можам да јадам.
    Инаку додека слабеев си јадев редовно, и што се вика никогаш не бев гладна, не можев против гладот. Не знам кога почна ова да ми се случува :worried:
    Дајте ве молам некој совет, што можам сама да направам без да си ја вратам тежината...
     
  14. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.008
    Колку сум лицемерна значи, страшно. :tmi:
    Отвора тема да ве бодри една опасно лабилна диетодржачка со кришката со еуоркрем :worried:
    У петнаесет до десет :o

    Епа спукана сум со Либенце, ме тера на благо де :D

    Туку...вака разбрав.
    Препорака од нутриционист :!:

    Секое утро за појадок да имате на мени:
    - чаша вода со исцеден лимон во неа,
    - две лажици ленено семе,
    - едно средно големо јаболко,
    - семки од тиква една рака.

    До 16 часот, да се конзумира исклучиво само овошје, а потоа следува ручекот.
    После ручек, овошје њет!
    За време на ручекот и после 2-3 часа од ручекот, вода пиење њет!

    Фала на вниманието и пријатно :hai:

    Заборавив: до 16 часот 2 л негазирана вода да се испие.
     
    На vaskatodi и Extraordinary.girl им се допаѓа ова.
  15. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    ^ Ова Цеце го промовира, надолго и нашироко. :D Функционира луѓенца, функционира. Само тоа лененото семе, е тоа е голем проблем. Ама ајде, стисните заби и машки испијте го. ]:)

    А мој совет, да одите повеќе пешки. Барем Скопјани ако одат повеќе пешки, а помалку со автобус, ќе приметат разлика. Од кога сум во Скопје, цело време одам пешадија, па отидов едно дупче поназад на каишот. Си каснував и лепче неделава, морам да признаам. Студентски живот, кога нема што да се јаде, мораш што има да јадеш. :D
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.216
    Допаѓања:
    139.880
    Јас сум за ќотек. Се бара доброволец да ми го удри!

    Никако да се организирам како што треба. Проблем ми е јадењето на работа - заборавам да земам овошје од дома, и таму завршувам со некое тесто. За беља, на 2 чекора од мене се највкусните теста што сум ги пробала :D

    Друг проблем ми се холандските вафли со карамела, кои неодамна се појавија во Тинекс. Ме упропастија, т.е. ме упропастуваат.

    На вага не сум се качила, зошто не сакам. Не дека живеам во одрекување, си го знам телото, и кога ќе се видам во огледало знам колку имам, туку едно време претерав, почнав секој ден да се мерам, па сакам да избегнам нова опседнатост со вагата.
     
  17. Morning.Sunshine

    Morning.Sunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    18
    Кога бев трето одделени имав ни помалу ни повеќе туку 50 килограми :o Бев навистина дебела и имав проблеми,не можев да трчам, брзо се заморував и секогаш заостанував во игрите доколку беа со скокање или трчање :D До 7 одделние мојата тежина одеше во нагорна линија.Е тука пресеков.Почнав да се контролирам колку калории внесувам.И полека полека ослабев.Почнав и да тренирам одбојка.Сега сум 170 висока и имам 50 килограми.Убаво ми е лесно се чуствувам,иако често одстрана добивам коментари дека треба да накачам некое килце.Во себе си велам не знаете вие каква мака си имав јас.
     
    На vaskatodi му/ѝ се допаѓа ова.
  18. princess11ska

    princess11ska Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    64
    Леле девојки, јас колку сакам да ослабнаааам... :worried: Отсекогаш сум имала проблеми со килажата. Цел живот само диети и диети. Мислам дека и водата ме здебелува. Пред 2 години имав 65 килограми, после 6 месечна диета во Вита диет. Ослабнав 20 кг. Се чувствував најубаво, полна со самодоверба, уживав на одам на шопинг и неможев да поверувам дека не морам да прашувам имате фармерки за дебели или немате?! :D Ми здосади еден ден влези во една продавница разгледај културно нема број, влези во друга пак нема, и така цел трговски. И на крај почнав од врата да прашувам дали имаат фармерки за дебели :D Како и да е. Успешно ја одржував таа килажа година ипол. Секако варирав кило, две од време на време ама ништо сериозно. Но... морав да дојдам да работам во странство на една година. Тоа ме уништи 100%. Имам фамозни 87 кг. Тука сум веќе 9 месеци, од почетокот на годината. Првите 2-3 месеци беше супер. Почнав да се дебелеам некаде април месец и во рок од 3 месеци качив многу, премногу. Леле луѓе.. Скарана сум и на вагата и на огледалата. Неможам да се поднесам веќе. Најголемиот проблем е што тука немам услови за диета. Се обидов неколку пати ама џабе е. Што е најтрагично имам дечко во ск. Почнав ужасно да се срамам од него. Ми вика дека не му пречи и се нај ок ама проблемот е што мене ми пречи. За 3 месеци треба да се вратам. Незнам како ке излезам на улица. Многу сум искомплексирана, знам... без судење :) Па дајте некоја диета ако знаете, што не бара многу затоа што не живеам сама ниту пак сама купувам намирници за дома и затоа морам да јадам тоа што јадат и тие или пак дај те ми магично стапче :D Морам да ослабам до декември барем 10кг. ааааааа лудило
     
  19. kristii

    kristii Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    1.707
    Извини вака дирекно ама ова тие само изговор.Нема врска јадењето.Ти можеш да си јадиш што јадат другите ама самта да си поставиш некој ред.Не може никој да ти кажи колку да јадиш.Ке јадиш по малце.Нема никој да те тера да вечераш ако не сакаш,нема да вечераш.Леб сигруно никој не те тера со сила да јадиш,ке го отфрлиш лебот,благо исто.Сигурно имаш време и услов за вежбање,ке вежбаш.Да слабееш не значи да гладуваш.Значи самата ти можеш да си помогниш.А не изговор да ти биди сите јадеа мораше и јас.Не знам колку си висока али за овај период многу варираш.Тоа може да биде штетно и по здравјето. Никакви диети немат да ти помогнат,ако не си помогниш ти самата.
     
    На Hopeful му/ѝ се допаѓа ова.
  20. princess11ska

    princess11ska Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    64
    Не во секој случај никој не ми бута во чинија, меѓутоа јас за жал не сум дома. Незнам дали ти си живеела некогаш во странство сама, без никој што го познаваш па да видиш како тогаш ке дремеш на интернет цел ден со било што во уста. Поентата ми е дека тука депресијата си го прави своето, а за услови стварно немам некои посебни за диета. Патем леб воопшто најадам, а кога јадам тоа е црн леб.