Ее, арно вика принцезичка, тешко е кога не си дома да си на диета. Еве, една недела во Скопје, немаш ни В од време за готвење, а кога јадеш, гледаш да е нешто набрзина. Во живот не сум јадела леб ајвар сирење и шунка, неделава двапати го ручав тоа. Да не спомнувам за салати и такви ми ти ствари, тоа е сајнс фикшн. Друго е дома, па салата, па ова имало, па ќе се купи она. Тоа е тоа, мора да се навикнуваме. Ништо, само физичка активност, повеќе овошје, салати, газирано, густи сокови и леб никако... Благо не јадам самоиницијативно, само за специјални прилики. Јас тоа го практикувам. Цимеркиве јадат по три оброка, појадок, ручек и вечера, јас јадам јаболка и нешто како ручек/вечера. По цел ден кога сум на факултет, ќе земам нешто како бејк ролс, или марети... Пробувам да се ставам на построг режим, за да слабеам побрзо, вака само си одржувам ,,витка,, линија. Добро е, во споредба каква бев и каква станав, не смеам да се пожалам.
Цуркички до каде сте со диетите? Темава нешто во последно време стагнира. Јас веќе пола месец не сум се мерела,чекам да дојде 1ви па да видиме ситуација. Инаку ја држам ун,да,ја држам,правам комбинации и со диетата на Ирена,знаете во оние кризни моменти благо кога ќе ми се пријаде,секако,строооого насабајле. Задоволна сум од себеси,се контролирам,има моменти кога помислувам страшно да се најадам,али дигам ручна,стоооој,каде!? А секое сабајле поминувам покрај огледалово во соба и си се гледам,море како подослабена да сум,бутчињата ми се оформиле..Само така продолжи цуци,само така
Не сакам да звучам клише, ама за мене 4 кила се многу. Може и не се многу, ајде ама цел живот се вртам околу 46 кила фин стомак, нозе океј. Летово особено, стомакот ми се направи ко буре. Епа смета, да му се сневидам. Мене ми годеше да се здебелам, и онака цело време стагнирав со тежината ама ова е претеризам. Пуштив голем бардак, цел ми е од Mc Donald's. A за храна не сум карактер, си сакам да си поткаснам и повеќе, фамилијарна пица последниот пат ја изедов ко од шала, Big MC такоџе, дома си каснувам 2 пати, а и навечер ме мами да си поткаснам. Чаре ?! Освен ќотек секако. И вежби за рамен стомак, зошто мислам дека се лажги со опашки. Повеќе се за обликување на веќе рамен стомак. Таков стомак со вежби не се добива баш лесно, а?
Се сложувам со тебе ... вежбите повеќе помагаат за обликување на веќе рамен стомак .. Но мене лично мн ми помагаат грбни и стомачни... Правам 3 серии по 10 грбни и 10 стомачни секоја вечер ... Можеш да пробаш ... Се надевам ќе ти помогнат
уф девојки денес ми е прв ден и успешно помина се надевам дека овој месец ке симнам барем 2,3 килца ))
Јас 2 месеци си бев под режим овошје многу,зеленчук и ручекот ми беше без леб тоа што ќе го зготвеше мајка ми али отидов на одмор и мислам повеќе нема што да кажувам јасно ви е таму како се одвиваат работите со еден збор да кажам џабе внимавав ко после пак си ги вратив килограмите ако не сите пола секако,и сега зимата ке си се топлам со салцето што си го имам
А мене нешто чудно ми се случува. Стагнирам со намалување килажа, ама обемот ми се намалува. Посебно обемот на стомакот. И тоа само што не јадам благо многу и јадам многу овошје и тоа грозје и јаболка. Инаку и не појадувам, само кафе и јогурт, ручек - малку од тоа што има, и вечера нешто лесно, павлака или овошје или некогаш кога ке ме фатат кризи смоки Ова веке ми се допаѓа
Јас сеуште никакви резултати пробав да си направам своја диета да јадам житарки за доручек витанова за ручек затоа што сум цел ден на школо и тоа многу ме пречи и за вечера салата евентуално пилешко и многу вода. Арно ама после една недела бев готова почна да ми се лоши да ми се врти веќе како полудена бев за храна и мајка ми лом ме направи одозгора. Еве сега барам некои поедноставни диети затоа што немам воопшто време за спремање храна а баба да ми спрема тешко Искрено да ви кажам девојки се разочарувам ... веќе немам ни воља да почнам нешто
Па нормално дека ќе ти се лоши, сите работи што ги наброи немаат ни 800 калории, а тоа е премалку за еден ден.Јас би ти препорачала, насабајле да си имаш добар доручек-па дури и да биде помалку нездрав, доручекот е најважниот оброк...На школо мораш да јадеш нешто.Витанова ти е малку, најдобро би било јаболка или банана.Кога ќе дојде време за ручек, ќе си јадеш нормално, тоа што има-манџа, месо, салата...И најважниот дел за слабеењето, не би требало да имаш вечера, значи да не јадеш после 18.Ако не можеш да издржиш, може да изедеш нешто лесно,како супа или салата, никако овошје или тестенини...Секако, знаеш дека мораш да имаш и некоја физичка активност... Уживај и се ќе се среди
Jaс од кога се вратив од одмор реков ќе држам диета. Ама толку беше. Реков само. Оној мојон се збрлаве готвејќи, те ова, те она, па слушнал некој нов рецепт и сега... Мешево џоа тесто ми нарасна. На свадба сме наскоро, па ќе се потрудам да намалам, нема ни во фустанот да ме збере. па може нема ни да отидеме, ќе се изнервирам дека сум дебела, не ме собира ништо и толку е Денес со овошен ден почнав. Јадев до прееска овошје, сега си варам една супичка. Некако се навикнав на јадење и тешко ми паѓа Земав за инспирација да си ги читам постовите од летото, кога сакав да ослабнам за плажа
Оооф незнам веќе многу се нервирам. Имам другарка ќе почне да јаде овошје да пие вода и за една недела како риба станува значи јас сум била сведок на нејзиното слабеење јас абе како да сум болна нешто 1 грам не можам да симнам. Да ослабнам барем 2-3 кила со некоја диета да се мотивирам малку Затоа сакам да почнам нешто што е определено да видам какви резултати ќе има ако и тоа нема резултати е тогаш стварно не знам . Сепак ти благодарам на советите
на ун диета еден месец и ослабев само 3кг... страшно ... воздухот се лепи за мене бее... не знам што ќе правам од утре на построг режим дефинитивно !
Ете ја почнав медицинската .... ама страшно тешко ја издржувам гладна сум мртва гладна ама си реков ќе издржам!!
Уште не можам да ги симнам последните 3 килограми. 8 симнав за месец, а овие три никако. Признавам дека малце претерав со ајватот, ама па ни 100 грама да не ослабам...А телото ми слабее, додуша, а килограмите на паѓаат. Ќе видиме за еден месец. Ќе дојдам до 60 па јана мајка
девојки браво за вашата решителност...читајки ги вашите коментари ме инспириравте и мене да почнам со диетка па до 31.дек да се подосвежиме малку режимот ќе ми биде едноставен,ќе си ја почнам УН диетата бидејќи сметам дека е најздрава и најефикасна,но исто така во комбинација со диетата секојдневно ке практикувам возење на Орбитрек по 20 минути.А да...целта ми е 13 килограми најмалце ...поздрав до сите
Да се пофалам конечно иако требаше тоа да биде да не претерам пред едно два или три месеци , не од друго од што сум заборавена . Па вака, полесна сум за 6 кг . Кога застанав на вага, дури малку и не им поверував баш на очиве, си реков да не ме подлажуваат случајно , ама не било така, вистина било. Досега важно во овие изминати 2 -3 месеци воопшто немам ставено ни еден грам, на мое огромно задоволство. Продолжив да пијам барем по една шолја чај Слим фит од Виталија до денес, можеби од него, можеби и не, но сепак немам накачено. Вежбите малку ги запоставив од обврски, ама сега пак ќе почнам, да скинам барем уште 3-4 кг. Не ќе да е лоша идејава :geek: .
Јас сум полесна за цели 5 кг. И доволно ми е. Се утепувам од вежбање и вода пиење и зелен чај исто, јадам се што ќе ми падне на ум, ете денес сум стока напраена од јадење пример, ама ми е гајле. Јадам и го трошам тоа што ќе го изедам, пошто од храна не можам да се откажам едноставно. Многу пати сум пробала, немам таква дисциплина да можам да гладувам или да јадам нешто што ќе ме засити 30 минути. Како и да е, јас за месец и пол - два ете што постигнав, доста е. Сега потешкото - оддржување.
И јас сакам, и слабеам. Пред 2 недели бев кај Цвета Динева, нутриционистот. Ги направив потребните анализи, и заминав, ми отворија досие, ме измерија, секоја недела на контрола одам и пак ме мерат, колк, раце стомак, се по ред, и секоја недела разговор со Цвета. Убаво ми објасни што е тоа што најлошо ми влијае мене, и на мојот организам, што и како требе да јадам, правилно внесување на течности и воведување во здрав режим на исхрана. Не е диета ова, само што од омилените работи за јадење се збогував, и уште плачам по нив, но променава многу пријатно ми влијае. Промени одма се забележуваат уште првата недела, ослабев 2 кила до сега. Станувам многу посвежа, и со 7 часа сум свежа како 10 порано што сум спиела. Мило ми е што решив да одам до крај, додека не ослабам колку што сакам,и после секако продолжувам уште со ова, здравјето пред се, а Цвета многу ми помага и вечно ќе и бидам благодарна, но пред се, се обожавам себеси што изджувам, зашто јас сум голем гурман и уживам во храната. Бац до сите дами кои слабеат, и немојте да се откажувате!!