(Морална) Поддршка за сите што сакаат да ослабат

Дискусија во 'Диети' започната од Vampire-Girl, 26 јуни 2010.

  1. Rock.Girl

    Rock.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    48
    Јас сум веќе 5 ден на медицинската .. ме фаќаат кризи за глад ама се трпи. е сега не забележувам никакви резултати тоа ме загрижува :worried: вака се осеќам полесно ама нема уште видливи резултати. Ќе продолжам да ја држам до 15 ден после ќе се измерам па ќе видиме ама сега за сега не ми е нешто охрабрувачко :(
     
  2. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.979
    Поздрави ја Цеце од мене, Анушка. Има нешто што го зборува, има логика, се согласувам. :D

    А јас, ако ви кажам дека ме прашуваат да не сум нешто болна, исцицана сум во лицето. Саатот ми се врти на зглобчето од раката, страв ми е да не ми се лизне, инаку одвај имаше фора да претне. :D Мерам по каишот, сега предизвик ми е да одам дупче поназад. Ме загрижува тоа што на моменти немам енергија да претнам, ако заборавам да јадам или ако немам време. Па ми се вртело после, епа ќе ми се врти. Исто сум за карање, затоа што имунитетот ми е НУЛА, со големи букви! :fubar:

    Тоа ти е, нејадење, нередовно јадење, пешачење еден куп иии... така. Скопјани ако се потрудат да одат малку повеќе пешки, а малку помалку со автобус, како чечкалици ќе станат. :D
     
  3. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.105
    Aаааааааааа некој сака ќотек тука :!:
    Како бе забораваш да јадиш цццц, зошто јас не сум така, ај да се смениме сакаш :lol:
    Немој да си играш со здравјето Дузи, колку паметно пишуваш по форумот а види ја шо праве нцнцн не така, земи мести си аларм да јадиш :P
    Сериозно, не си играј со здравјето, ако забораваш или те мрзи да јадиш леб и ручек, обилно нешто, или готвено, бар секогаш до себе имај си овошје, и јади го тоа па после еднаш кога ќе ти текне јади.
    А ако стварно не бива, па мила моја, ајде кај мене на гости еден месец и одма ќе ти ја сменам состојбата на вагата, резултати охооооо презадоволна ќе бидиш :lol:
    Поззич :)
     
  4. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.979
    А, бе, мене ми одговара моментално, нека иде надоле, само што не е убав начинот, нели. :D

    Овошје појадувам, уште сум упорна со тоа. Ем студентарија, ама не се давам. Па во Веро, милина, сечкан ананас, банани, или пак од тоа грозјенцето. Омилен појадок ми е тоа. Кога имам време, се разбира. Ако немам, појадок ми е макијато. :D

    Лебот одамна не јадам, или го јадам кога нема што друго. Ова друго мислам на асален оброк, барем еднаш дневно ЗНАМ дека МОРАМ нешто да јадам. Неделава, мислам дека воопшто не ни каснав, цимерките го дојадоа лебот. Јас сум ти од тие луѓе што кога јадат ајвар и сирење, подразбираат дека јадат само ајвар и сирење, без леб. :D

    Е, правам грев, еднаш неделно. Во четврток, најчесто немаме ручек, па јадеме или што ќе запржиме, свариме ние, или си купуваме нешто хамбурчесто/тостчесто. Ако се земе предвид дека тоа е еднаш неделно, плус единствениот оброк во денот, не е многу. :!:

    Инаку надоле треба да оди стрелката, не нагоре. :D
    Уште малку, на сета мака, овие останативе килограмчиња се ништо. :wasntme:
     
    На Lux му/ѝ се допаѓа ова.
  5. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.105
    И јас сум студентарија и секако не се даваме.
    Во верото има сечкан ананаааааааааааас :tmi: леле следната недела ама има да одам да си купам, фала шо ми кажа.
    Инаку добро шом сакаш да слабееш и успеваш, јас мислев да не претера затоа ти пишав така :lol:
    Еднаш неделно сега шо си подапнуваш така ништо не е, таман работа, ти секако пак си се пазиш, но јас дека пресна сум, само 2 недели сум, и стрикно до режимот се држам, е сега малку се нервира шо нема мевце некое, на пример телешко само нека има, ама не дава месо, освен стекче утре шо имам.
    Денеска овошјето еве го спрегнав, и после дома коа ќе си одам ме чека гравче во тавче :D
    На здравје нека ни е.
     
  6. Rock.Girl

    Rock.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    48
    Аууу колку ми се јадеше денес ... готова бев да заплакам за храна па и моите готвеа некои крофни убави со чоколадо а јас легнав да спијам :@
     
  7. BeLLaDona23

    BeLLaDona23 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    842
    Допаѓања:
    1.895
    Пол:
    Женски
    Летово буквално се стопив! Мора да признаам дека ослабнав на најлошиот начин. Многу се нервирав, значи премногу, изгубив апетит, јадев по некое залаче дневно, само ме спаси тоа што јадев полновредни проиводи ( месо,јајце) и по некое зеленчуче и тоа со сила, па крвта ми беше во ред. Сега откако ми се подобри мозокот, тоест ми се врати психата - ми се врати и апетитот! Повторно јадам све што ке видам, а баш сакам да извлечам барем нешто добро од депресијата што ме изеде :) :x
     
  8. Rock.Girl

    Rock.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    48
    Девојки помагајте ужасно ми се јаде ама ужасно малку ми фали да станам и а го испрзнам фрижидерот :( а таман почнав да се радувам има некој ефект диетава :D
     
  9. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.105
    Нема да јадите!!! Што ви е бе, каква храна, стисни заби и нема јадење.
    Ние гости имаме, цела куќа на скара соленки мајонез салата мириса на торти а јас заробена со водата во мојата соба и не испаѓам, тоа таму е најголемото искушение за мене !!!
    Како па, ќе бидиме прави мачки а а а а ;)
     
  10. Rock.Girl

    Rock.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    48
    Браво ти се восхитувам! Мене едни крофни што ми мирисаа цела вечер па ми се плачеше за храна а можам да замислам како ти е тебе. Ама ќе издржиме нема јадење, после ние кога ќе си бидеме згодни другите ќе бидат дебели во право си :D
     
  11. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.105
    Ете така, немој да паѓаш по искушенијата, нека ти се појави слика одма како ќе изгледаш кога ќе ослабиш, колку згодна ќе бидиш, без спојлерите на стомак и салцето на гз и бутчињата :lol:
    Денеска имам за ручек ориз и прас, офоффф, едвај чекам да дојде 16h да си ручам.
     
  12. Rock.Girl

    Rock.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    48
    Ај нека ти е на здравје ручекот :D Ќе си испозакачам слики на фрижидерот жими се :D мојот ручек и не е нешто посебно вкусно ама ајде се радувам на вечерата хахах имам уште 8 дена ќе ги издржам па што сака нека е :D
     
  13. mamaHana

    mamaHana Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2011
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    31
    Прво да ве поздравам...нова сум на форумов па прво ве читав (да видам дали ке ми се допадне :D ) па потоа одлучив и да споделувам мислења.Е сега на темава...подршка ми е потребна огромна и тоа.Пред 6 и пол месеци се породив и од згодна женска станав пуничка жена :D Сега сум си на некаква диета божем а и пијам херба фаст ултиматум па видечемо.
     
  14. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.105
    Добре дојде Мама Хана. Ајде со сите сили спрегни се и издржи, за пак да бидеш згодна женска, додека е порано, да си ослабиш, зашо како ќе мине времето, ако не превземеш ништо, утре утре и опа килце по килце, аривидерчи.
    Од каде го зема Херба фастот? Колку пари?
     
  15. macencef

    macencef Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    2.125
    Допаѓања:
    3.170
    Пол:
    Женски
    Најмногу се соглсувам за тоа што велиш, ако се потрудат да попешачат...богами, нема релација во Скопје кога одам да е пократка од половина час пешачење :) А јас ставив пола килце и малку се опаметив, епа нема веке вечера, благо слатко многу, повеке грозје и јаболка, јогурт, па еве доаѓам на некој ред. Инаку не сум за исцрпувачка диета, единствена диета која ми помогнала е диетата со супа од зелка, побарајте ја под името купрусна диета, ама не се дрзи повеќе од една недела. Ако имате некое прашање за таа дите слободно пишете
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  16. mamaHana

    mamaHana Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2011
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    31
    Анушка херба фастот ултиматум го земав во зегин 944 денари 10 апчиња има.Леле леле незнам што ке се прави со килажава :(
     
  17. macencef

    macencef Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    2.125
    Допаѓања:
    3.170
    Пол:
    Женски
    Колку сакаш да ослабнеш?
     
  18. Rock.Girl

    Rock.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    48
    Ауу девојки ... сега ми ставија пред нос 2 парчиња чоколадна торта и ги одбив. Не се препознавам веќе :D
     
  19. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.105
    Денес ми е карактер ден, само овшје до 17h и после супи и зелени салати.
    Само вода пијам и чаеви, стомакот да ми полн, и одам во wc на секои 10 мин.
    А како сум гладна, не сте свесни... желудничето ми е залепено до рбетот, го осеќам :doh:
     
  20. ambasadorka

    ambasadorka Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2011
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    5
    Денеска ми е прв ден со мојот режим на исхрана :D поминав добро не јадев ништо освен тоа што си го напишав сама па ке видиме како ќе биде утре иначе започнав и со фитнес па ќе видиме дали ќе има резултати :D . Иначе добра е идеата за оваа тема барем ќе можеме да се подржуваме едни со други ;)