Ништо и од медицинскава ... толку мака 2-3 кила само почна и да ми се лоши од шо ми се јаде. Ќе барам некои апчиња со диети што не ја бива не ја бива. Ептен се разочарав
А зошто не пробаш со УН диетата, не се изгладнуваш а слабееш. Таа е повеќе правилна комбинација на храна, одколу диета. Јас не би ризикувала да пијам апчиња, кој знае што глупости содржат.
Сања не се меша со ништо лененото семе, диетава е од нутриционист ја осетив одма, слична на мојата, море и скоро иста Јас пијам прво една лажица ленено масло, па после вода 300 со 3 јајца од препелница или како беше, па после 2 јаболки и еден филџан семки од тиква. Исто после ручекот кој е во 16h вода 3 саати не се пие, и додека јадиш вода не требе да пииш. Овошје само до 16h, после 16h зеленчук, свежи салати и супи од коцка во неограничени количини.
епа и јас нешто слично правам, само без лененото семе и семките, другото исто. ми се смачи веќе од секакви диети ова барем знам дека само позитивно може да ми се одрази кај се продава ленено масло и колу е?
Конечно се решив дека слабеењето не е брзанка. Ќе си слабеам по кило неделно, до Нова Година сакам 11 кила да симнам. Веќе ослабев 2 кила за 3 недели, што и не е некое големо достигнување ама сепак боље ишта него ништа. Од денеска до Нова Година од 1200-1500 калории и се надевам дека за наредниве 11 недели ќе успеам да се симнам од 61 на 50. Ќе репортирам секоја недела, ветувам и ќе ве читам за да се инспирирам!
Е, па и вие се сакате одеднаш. Не се ставиле 15 кг одеднаш, нели ?! Не знам зошто се малтретирате со некои строги диети и се прегладнувате за џабе. Еве Анушка убаво кажува што јаде, како јаде, кога јаде... Пробајте да ја следите, ем е најадена, ем слабее. А апчиња, медицински диети, зелки, тикви, според мене, се глупости. Мене телово, конечно ми се заблагодарува на исхраната што му ја давав долго време. По речиси година и пол, еве, слабеењето не запира.
Ви се придружувам во клубот "Бавно и здраво слабеење" почнав од вчера па ќе ве известам за една недела
Девојки, јас имам 15кг и повеќе за симнување.Сакам да прашам дали некој ја користел програмата на д-р Бибан http://www.8ka.com.mk/programadrbiban/3 ... -d-r-biban?Колку сте задоволни,дали делува итн. бидејќи колку што знам и доста скапа била посетата на тој програм,ама ако е добар тогаш да соберам некој денар.
Eве и детска поддршка, преслатки се маливе бре http://www.youtube.com/watch?v=rBoj_JfA ... re=related
Најпрво подршка за сите оние што сакаат да ослабат како мене. Имам цел до Нова Година минус 10 . Почнав со УН диета 1 месец го издржав водениот ден и резултат минус 4 но потоа бевме на викенд и крај за диетата. Сега почнувам моја диета т.е. мусли за доручек јаболко за ужина ручек манџа без леб и толку нема вечера нема благо нема леб . Уз диетта многу вода и чај и 2 пати месечно воден ден па ке видиме како ке биде ке ви пишам
УН Диета Јас забушавам, наголемо не знам што ми е. Изгледа зимава е крива, облеката ни го крие салцето па се опуштивме
Репортирам. Не се придржував до диетата со броење калории, но решив да сменам бидејќи не ми одговараше. Сега се откажав од благото, грицките и прежниците, а пополека ќе се откажувам и од лебот. Од денес сум апсолутно посветена на губење на вишокот килограми и не запирам дури не се ослободам од овие вишок 10.. Не се мерам до 18 Ноември и се надевам дека ќе се изненадам. Инаку драги феминки, најдов еден толку мотивирачки сајт што сум пресреќна! http://helpmegetthin.tumblr.com/ се надевам дека ќе ви помогне. Заедно послаби.
УН Диета Да да,баш така,секако дека ќе забушаваме овој период, таков е,баш за гоење аххахахаха,тешко нас ајде ќе има надеж и сила без откажување инаку,за во оваа диета,и ја искрено многу забушавав,ама пак имав резулатите,не беа големи грешки
УН Диета Не да лаже облеката лаже и тоа како ама мора да се опраиме до нова година од понеделник и јас се вклучувам во тимот бавно ама трајно слабеење, доста беше гладување