Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

(Морална) Поддршка за сите што сакаат да ослабат

Дискусија во 'Диети' започната од Vampire-Girl, 26 јуни 2010.

  1. pumpkin

    pumpkin Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    240
    Допаѓања:
    119
    Слабеење до лето

    ^можеби имаш проблем со цревата...Сега да не звучам глупо, ама
    колку ти е редовна столицата? :$
    И не само храната (особено скробна, значи грав, грашак, леќа, боранија, па мислам и пченката и пуканките дека спаѓаат тука, потоа зелка, кикирики, такви ситнурии...), туку и разни сокови, особено газирано, све тоа го дуе стомакот....Е сега, не викам дека кај секого е вака, треба само малку внимание да обратиш на тоа што јадеш и самата ќе си забележиш од што е...Ти предлагам, за да не заборавиш, запишувај се што си изела во текот на денот, и не ја фрлај листата дури и по неколку дена, затоа што не знам колку ти е брз метаболизмот.
     
  2. BlackCat

    BlackCat Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2010
    Пораки:
    521
    Допаѓања:
    202
    Слабеење до лето

    незнам за со цревата ама незнам ни кај да одам за тоа мислам глупо ми е на мајка ми да и кажам ке ми се изнасмее....а за сокови од нова година немам пиено не само газиран туку ни густ сок...само завчера за прв пат пола чаша ама ни до тогаш немав промени....грашокот мислам дека не спага па ни леката зошто ги препорачуваат за стомак ама незнам...
     
  3. Lusija

    Lusija Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Слабеење до лето

    Zdravo Feminki gi procitav vasite komentari za dietite sto gi drzite i jas sum kako nekoi od vas 2 nedeli drzam dieta megutoa nemozev da pocnam odednas da ne jadam tuku se hranam zdravo ne jadam blago izbegnuvam kafe so sheker dorucekot obicno mi se sostoi od parce dvopek i jogurt, a za rucek jadam toa sto ima no bez leb i so mnogu salata posle 7 casot nisto ne jadam megutoa ne gledam nekakvi rezultati i mnogu se razocarav a do leto sakam da simnam barem 10 kila duri resena sum samo da bidam na voda :) dokolku znaete nekoe resenie a da ne e toa pienje apcinja ili shejkovi ve molam napisete.
     
  4. didisi

    didisi Популарен член

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    1.969
    Допаѓања:
    3.683
    Слабеење до лето

    терај си така, ќе видиш дека ќе имап резултати само не може ништо од одма, до летоска че ослабнеш, тоа ти е најправилен начин, со здрава исхрана, само така че ти исчезнат килограмите и нема да се вратат повторно
     
  5. BlackCat

    BlackCat Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2010
    Пораки:
    521
    Допаѓања:
    202
    Слабеење до лето

    хулахоп помага за струкот? јас вртам по 20 мин. дневно некогаш и повеке еве 3 серии по 10мин вртење без престан ке има ли резултати? исто така колку од прилика точак треба да возам....мислам колку км
     
  6. Kicky

    Kicky Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    74
    Слабеење до лето

    Ги прочитав вашите постови но не знам ,.што е најдобро за да се ослебе 2-3 кг....Вежбам веке 1 месец и пол..и нема резултати...аа со исхраната не можам...кога ќе дојдам од училиште се и сешто јадам...и што убаво одморот си ослабев..замислете сите кога се дебелееат...јас си ја одржав тежината ..проблемот е сега после 8 напорни часа доаѓам во 8 дома..и јадам сее... :worried: :fubar: ..абе пропаст....ии плус стомаков ми рамен..но странично гледано..е некако широко...сакам да биде потесно совет???сакам да е како на сликава а мене ми е пошироко... :^)
     

    Прикачени фајлови:

  7. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    850
    Слабеење до лето

    Не сум користела хулахоп за таа намена, ама имам слушнато/прочитано негде дека помага. И нема одредено километража што треба да ја поминеш со точокот :) Почни полека, не се форсирај туку вози колку што можеш да издржиш и постепено зголемувај ја километражата од ден на ден, за да не си ги воспалиш мускулите. Колку повеќе возиш толку полесно ќе ти биде, ќе набиеш кондиција :)
     
  8. claudi00

    claudi00 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    137
    Пол:
    Женски
    Слабеење до лето

    ее луѓе дај кажете што да правам сакам да ослабан не јадам пијам чаеви некакви но никако како да нема ама баш никаков резултат мн сум разоќарана хелпппп
     
  9. pumpkin

    pumpkin Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    240
    Допаѓања:
    119
    Слабеење до лето

    ^Епа зависи колку сакаш да ослабеш, односно колку кила имаш...Факт е дека тие што се послаби, побавно слабеат..Правилата сите многу добро ги знаеме: јадење во умерени количини, без леб и благо, многу течности, и редовна физичка активност...Е сега прашање е ДАЛИ и КОЛКУ ДОЛГО се придржуваме кон тоа...
    Тоа што пиеш чаеви (моја претпоставка е дека е некој од типот Кирколина...се извинувам ако грешам) не мислам дека ќе ти донесе успех самото од себе, односно треба многу пазење...И велиш дека не јадеш...На што поточно мислиш...Па и да јадеш еднаш на ден, нема да има резултати, затоа што организмот смета дека е "оставен на цедило" и дека настапило гладување, па го блокира трошењето на мастите со цел да се заштити...Идеално, според мене, е три пати дневно, со тоа што појадокот да биде овошје.
    Исто така, битно е и како ги комбинираш оброците, на пример не смее да се мешаат јаглехидрати со протеини; најмалку половина час пред оброкот да не јадеш овошје, а некои нутриционисти дури велат и дека овошје не смее после 6 саат, или така нешто беше...
    Значи...има многу фактори кои треба да се имаат во предвид, и да не се повторувам сега, ама сметам дека нема шанса да не се ослабне доколку се придржуваме кон овие основни правила барем 2-3 месеца.
     
  10. Marucu37

    Marucu37 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2011
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    11
    Слабеење до лето

    и јас немам проблеми со стомакот , рамен ми е али многу сум широка и од страните кога облечам некоа потесна маичка ми се познава салото -.- ве молам помогнете кажете некоја ефикасна диета но не многу строга пошто имам само 12 години :(
     
  11. al-vik

    al-vik Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2010
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    110
    Слабеење до лето

    Девојче, пошто имаш само 12 години подалеку од било какви диети, запиши се на аеробик или нешто слично или вежбај дома, твоето тело сега се оформува, можеш многу да си помогнеш со некоја физичка активност.
     
  12. BlackCat

    BlackCat Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2010
    Пораки:
    521
    Допаѓања:
    202
    Слабеење до лето

    а јас баш со стомакот имам проблеми....значи ко на трудна жена ми е :( неможам веке секој ден се нервирам заради него....од минатата недела во бутови имам ослабнато 2 цм....а не дека и пред тоа ми беа дебели слаби ми беа а сега ми се уште послаби , фармерките буквално ми пагаат , а стомакот :( Знам дека таква ми е конституцијата кога имам вишок кг во стомак да ми одат и дека тој најбавно ке ми ослабе , а кај други обратно во нозете, ама јас немам вишок кг...мислам имав 50 сега имам 46 , ги симнав за 2 недели ( а висока сум 159) и според мене мислам дека немам вишок....тогаш од кај сало во стомакот .....мислам дека веке и од прсти ке ми зима само од стомакот не :@
     
  13. al-vik

    al-vik Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2010
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    110
    Слабеење до лето

    Па ти имаш проблем ама не во тежината туку во твојата глава, извини ама имаш 46кг имаш 12 години и се нервираш бараш диети? Баш сакам да видам колку е тоа сало на твојот стомак, сигурно не е ни сало туку повеќе кожа. Дете уживај си во животот додека си млада и не се замарај со глупости.
     
  14. BlackCat

    BlackCat Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2010
    Пораки:
    521
    Допаѓања:
    202
    Слабеење до лето

    знам дека немам во тежината туку имам во стомакот и не дека е многу туку 1 , 2 цм....и имам 14 год.
     
  15. moni24

    moni24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2011
    Пораки:
    189
    Допаѓања:
    121
    Слабеење до лето

    Jas isto taka imav visok kg. se staviv na " dieta " oslabev 15 kg. za 6 meseci gradite mi gi snema malku no so vezbanjese zacvrsnuvaat i se pravat vo muskulna masa (ne skroz) no pomaga :)
     
  16. Sweety-Tweety

    Sweety-Tweety Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2009
    Пораки:
    994
    Допаѓања:
    501
    Слабеење до лето

    Мене не знам што ме спопадна ама од Нова година наваму имав екстремно добар апетит и си јадев се и сешто без да водам грижа за времето кога јадам. Особено навечер знаев да си седнам и така машки и лезетски да си се најадам. Пред 2 недели стапнав на вагата и видов 6 кила вишок. И тогаш почнав да се борам со самата себеси, читав за диетите, па вакви, па такви. И на крај се решив на свој начин на исхрана кој се покажува како успешен. За недела дена имам 2 килограми помалку :rock:
    Значи не јадам леб и благо. За доручек или овошно јогуртче или овошје или евентуално чаша сок 100%. За ручек прво еден голем тањир со салата (само зеленчук) па тек после главно јадење, со тоа што не мешам храна. Значи само ориз или компири, спанаќ со ориз, само месо (по можност печено) или само кисело млеко со сирење, шпагети или макарони само со кечап (без сирење или болоњезе сос), а не како што правев порано и ориз и месо и сирење :!: За вечера, не подоцна од 7 саат јадам пак зеленчук. Пијам вода, чај и кафе без шеќер. Газирани сокови НЕ!
    Воопшто не се чувствувам гладна. И да, пред некој ден бев на роденден и си каснав и тортичка и тоа поголемо парче и воопшто не ми беше грижа.
    Си го спремив и велосипедот за да го шетам на кеј, ама времево ме зезна и сега чекам да се поправи, па да го јавнам.
    Малку поголем испадна постов, ама среќна сум и затоа сакав да споделам со вас.
     
  17. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.765
    Допаѓања:
    23.985
    Пол:
    Женски
    Слабеење до лето

    Еве ме и мене на темава.

    Решена сум да ослабам 5-6 кг. до лето, од пред една недела почнав пијам Вита Голд кафе, се измерив пред малку на вагата покажуваше минус 2 ^_^ .
    Добро знам дека тоа се исфлените течности, мастите да се стопат треба малку повеќе мака. :drunk:
    Ама битно е што мислам дека кафето делува, апетитот ми е за 50% намален, ако не и повеќе.
    Ќе продолжам да го пијам. :!:
    Решив да исфрлам благо и секакви сокови, кафе и чај отсекогаш си пијам без шеќер, пржени работи многу ретко, а и од лебот одамна се откажав. :|
    Се надевам на уште подобри резултати понатаму.
    Ќе ве известувам. :D
     
  18. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    850
    Слабеење до лето

    Сенза, ќе ти пишам јас како се хранев кога сакав да слабеам.

    Појадок: Овошје. Било какво, банана, портокал, јаболка. За мене беше супер бидејќи јас не сум многу гладна кога станувам. И обавезно си пиев кафе, турско со една лажичка шеќер.

    Ручек: Се што ќе ти зготви мајка ти, секаква манџа, па дури и месо. Јас јадев и леб, ама само 1 кришка, а кога во менито имаше месо или компир, не јадев леб.

    Вечера: Вода :D Не вечерував, ама ми се случуваше ептен да огладнам, па тогаш си правев салата, си варев супа понекогаш(од тие инстант супите, бистри што се, имаат околу 50 калории во една порција).

    Вода да пиеш многу, исто ако огладнеш меѓу оброк касни некое парче овошје или зеленчук. Исто така, многу помага да се напиеш чист сок од цеден лимон, веднаш ќе ти го убие апетитот. Благо, сокови, грицки - не. Иако, не смееш строго не да си ставиш во глава, ако ептен добиеш желба касни еден ред чоколадо пример. Мене ми се случуваше барем два пати во неделата да си каснам малку чоколадце :) Исто, јас пиев и многу кафиња, по 4 на ден, ама претежно турско. Го пиев со шеќер.
    Резултатите се загарантирани. Нема веднаш да осетиш, ама за еден месец, најмногу месец и пол таман ќе ги симнеш тие килограми. С
     
    На Hopeful и senza.parole им се допаѓа ова.
  19. Dulce

    Dulce Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2011
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    35
    Слабеење до лето

    јас јадам само овошје и зеленчук, но морам во текот на денот да пробам нешто благо |( ...
    живеам за денот кога ќе се откажам од благото ... инаку и мене ми требаат да ослабнам 5кг ...
     
  20. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Слабеење до лето

    И за тие фамозни 5 кг, ќе јадиш само овошје и зеленчук о.О?
    Со неправилна исхрана уз слабеење си набиваш и намален имунитет.
    [​IMG]