УН Диета И ја исто од утре! Ке се подржуваме обавезно!! Дај боже овој пат да успеам,навистина ми треба поддршка! Поздрав
УН Диета Појадок: кафе без шеќер и две јаболчиња. Диетата може да започне. И слушајте лански фармерчиња, не се опуштајте многу кај и да е ќе ви влезам и многу убаво ќе ви биде
УН Диета Диетата продолжува Од денес построго и без прекршувања втор циклус почнувам денес,нови 4 дена
Првиот ден завршува успешно, воопшто не се осеќам гладна ко да не сум на диета за појадок јадев јаболки за ручек 2 јајца и салата од домати и за вечера едно јајце и салата. Како е кај вас женски??
Веќе ви стана јасно дека јас со здравиот режим расчистив од пред речиси 3 месеци. Желбата за слабеење стои, но не и мотивацијата. Проблемот е во третосменската работа, оттука и малата количина на сон и можност за здрава исхрана. Лоша е темпираноста, па појадок, ручек и вечера секој ден ми се во различно време, не ретко и се поклопуваат некои од нив, оттука и оброкот може да биде преобилен. Ако има некој некаква идеја како дебелово дете да се храни здраво, а воедно да не даде отказ, би му била бескрајно благодарна.
Малце зезнав. Си вратив едно кило, а треба да симнува. Денеска после 5 месеци каснав чоколадо, веќе нема да ми се случи тоа. Од утре почнувам со 0 леб, 0 благо, 0 кифли, 0 грицки...Ќе јадам само грозје, чорби и никако месо. Можно е ориз, печен компир, ама друг луксуз не. Зеленчук многу. А од вежбање ни в нема. Како изгубив 8 кила, а сеа 3 не можам(((
Јас го најдов решението за овој проблем - немање време - престанав да јадам во Скопје, преживувам на викенди во Велес. Како Слим Шејди станав. Колку лицемерно е да пишуваш на темава со полна уста.
Ауч! Сликиве ми се толку мотивирачки, ептен се реални, отворете сите на кои ви треба поддршка, не ви треба дополнителна поддршка освен решеноста, прочитајте ги текстовите на сликите само! http://helpmegetthin.tumblr.com/tagged/thinspo_quote браво за феминката што го открила сајтов или блог што и да е
Бек ту д фјучр. Застанав сабајле на вага, и дамла ме удри. Огледалото лаже, заради пливањето. Се оформувам, ама не слабеам. Да биде полошо, другарка ми врачи покана за свадба. Страв ми е да го пробам фустанот што планирав да го носам. Имам помалку од 3 недели - или ќе влезам во него, или ќе купам нов На страна од се, се чувствувам некако мотивирана, без да знам за свадбава, онака, ми дојде. Од друга страна знаејќи што се' ме чека следните 2-3 месеци, не сакам да се надевам дека ентузијазмот ќе ме држи долго. Ќе пишам пак за 2-3 недели
Доколку сакаш да ослабеш а неможеш заради смените единствено решение ти е здрава храна во намалени количини. Јас мислам да си спремаш од дома и да си носиш на работа lunch packets. Така ќе ја контролираш и количината и квалитетот на храната. Со среќа. Мене денес втор ден, не се чуствувам гладна но самиот факт дека неможам да јадам благо и грицки во текот на денот се надевам дека ќе покаже ефекти.
Искрено, се препотувам од помислата дека секој мој ланч пакет мора да биде лепчесто граден. Лебот отсекогаш ме оформуваше како говедо. Најголемиот проблем ми е во неправилно разместување на видот на оброците поради различното време за оброкот секој ден. Се надевам ќе ископам некоја диета за вработени во интернетов. И секако, солидарно ќе ја споделам.
Јади јади јади јади...оп! 5 килца си качив! И шта ќу да радим сад? Пак сум на дие..пардон,блага промена на исхраната,и се надевам дека ќе си ослабнам јас до Нова Година. Важно ќу да ве извештавам почесто сега. Ама неможам да се мотивирам да вежбам.
Тешко е многу со трета смена да искомбинираш здрава исхрана. Кога ќе станеш негде попладне , па си буден цела ноќ се се пореметува. Јас кога одев трета смена избегав да јадам ноќта или пред да легнам. Не знам што да ти кажам, стварно е каша-попара така. Ај може ќе најдеш нешто по нетот. Јас пак реков ќе бидам на диета, ама пак не бев, ова зимава ме убива во поим, ми се грицка само нешто, а и ја немам волјата што ја имав летоска. Сега еве решив (пак) да се поридржувам до УН, трет ден ми е денес, вчера јадев варен ориз и супа, денес не знам, макарони може само со кечап и тоа е. Само не знам до кога.
ЕЕ вака,јас имав околу 65-6 кг некаде април месец годинава сето тоа резултат на зимата и нонстоп дома ...И оттогаш пошто постојано се жалев колку сум дебела на дечко ми преку глава му дојде, ми даде најубава мотивација да почнам да се решам да симнувам по некое килце.Преку ден кога требаше да се трча на кеј ме мачеше ненормално ногу.Зошто тогаш немав кондиција и смрт ми беа деновите ама нонстоп ми викаше:срам да ти е гледај колкава си се напраила , иде лето ќе идеме на одмор ти вака планираш да идеш? И додека го трчавме кругот ми зборуваше нема време еве го јуни иде ќе те срам да излезеш не па нешто кратко да облечиш, сите другарки ми биле слаби вежбале и они се спремале за лето ...Леле колку сум се нервирала томачни ме тераше да правам неможев воздух да зеам и така околу 2-3 недели на игралиште и погаш ауу луѓе плачев и го трчев кругот и после му бегав да си седнам ама кога ќе ме стигнеше по 40 стосле ме остави сама да видам шо ќе напраам.Таа мотивација верујте мнг ми значеше прво започнав да не внесувам брза храна, леб , и газирани сокови и благо , ми успеа цела недела тоа да го изджам и таман бев загреана на сестра ми матурска .. знаете што се деси нели. ааа после кога си а фанав на инат, лето иде време нема и почнав најпрво со Аеробик вежби.На цд ги имам траат околу 2 и пол часа и на крјаот завршуваат со обични вежби за раце нозе задник итн.. Цело тоа е поврзано и нема одмор , интересно е не се досадни вежби оти на некој начин како играње е не се обични вежби.И распоредот ми беше вака еден ден аеробик , наредниот ден од ју тјуб вежби обични и се така најизменично.А да, тука вклучив некои диети дека толку бев загреана ама мораше , ја применував онаа диета за 3 дена - 3 кг после една за 20 дена и така ама ногу главно беше: газирани сокови , грицки , благо и брза храна СТРОГО НЕ !!!И еднаш седиме така собрани кај мене у стан и ајде што ќе јадеме и ајде пици и каков остар поглед ми испарти дечко ми ауу не се осмелив уште еднаш.Упорна многу бев и со аеробикот одев и на теретана .. и на крајот резултатите беа od 67 кила на 52 ... до небото скокав !! цело лето беше така и еве го сега иде зима качив некаде до 56 ама ништо не е тоа еве денеска пак почнав со аеробикотттт ногу фала до негооо ! Spoiler океј,не беше моја иницијатива да почнам да вежбам малиов ми кажа дека сум здебелена пак Со среќаа и упорност многу!!!
Еве и вториот ден издржав како што треба и стварно се осеќам супер, дури имам грижа на совест што сум толку најадена. Сакам и да вежбам ама немам ама баш ни малку време да посветам дома на вежбање а што останало за аеробик или теретани. Правам навечер стомачни по 100 ама незнам каков ќе ми биде резултатот, затоа што метаболизмот ми е страшен ќе ги зголемувам стомачните со тек на време и нема да се откажам.
Девојки, зашто толку се измачувате со диети, кога вежбањето дава побрзи, поздрави и подолготрајни резултати.Знам дека знае да фаќа мрза, ама 3 мои другарки успеаја да намалат по 10 кила за 4-5 месеци, со мали корекции во исхрана и си продолжија да вежбаат.Сега да ги видиш како манекенки се, стегнати, слаби, нема ни да помислиш дека некогаш имале вишок. Внимавајте на исхраната да, ама вежбањето е секогаш решение.Ако ништо друго две девојки со иста килажа, од која едната вежба, а другата не, не изгледат исто.
Јас сепак ќе си купам нов фустан за свадба. И онака одамна не сум си купила Се ежам на самата помисла на строги диети. Си ветив дека нема веќе да држам такви, и нема веќе УН. Мора да расчистам со благото, и повеќе овошје и зеленчук. Јас почнав на работа да си носам јадење, па и салата, а некогаш и таму си правиме, имаме кујна. Не за друго, туку ми се здосади јадењето од околните пекари и продавнички. Ама барем внимавам тоа што го носам да биде ок. Исто така кога одам на терен си правам сендвич, да не се хранам со сникерси на бензински. И од оние холандските вафли се откажав, ме здебелија 3 кила за 1 месец. Е да, по 1000 калории дневно само од нив.