Браво за тебе, ама искрено, мене дечко ми ако ми пререче дека сум дебела и дека иде лето а јас нема да смеам да се соблечам, кога ќе му ја шутнам една дебела клоца, хамбургери од Вили сосе вилењаци ќе му играат пред очи. Мислам, се океј, си ослабела и сето тоа, но треба да го направиш ти ако го сакаш, а не затоа што дечко ти сакал.
Добро е, две од трите новостекнати килограми како последица од вафлите си отишле... Уште едно, па да продолжам каде што застанав
Браво за тебе, ама искрено, мене дечко ми ако ми пререче дека сум дебела и дека иде лето а јас нема да смеам да се соблечам, кога ќе му ја шутнам една дебела клоца, хамбургери од Вили сосе вилењаци ќе му играат пред очи. Мислам, се океј, си ослабела и сето тоа, но треба да го направиш ти ако го сакаш, а не затоа што дечко ти сакал. [/quote] хаххаха имаш право, ама јас бев повеќе крива цело зимо му се жалев секој ден, и јас самата се почувствував колку сум досадна.Тој никогаш не ми прирече за мојот изглед тогаш ниту ми рече дека сум дебела (негираше така кога му викам..знаете ние женските секогаш се жалиме нешто ) или такво нешто, секогаш позитивни комплименти нормално ...ама кога запнав да трчам тоа беше голема мотивација навистина , тоа сакав да кажам начинот на кој ми помогна и сега се чувствувам одлично. Spoiler п.с. Ми кажа уште тогаш дека не му е сеедно кога ми зборува така ама ногу фала
http://pinterest.com/ddebo/fitness-inspiration/ многу инспиративен сајт. Не сум се мерела, но изгледам подослабната! Јеј ми!
Брат ми правеше палачинки, и пред носот ми ги стави ако не побегнев на комјутер ќе полудев, цела вечер на нив мислам
62 кг. Уште две. Многу ми е тешко за овие неколку што со месеци ги симнувам. Сите викаат дека ми е доволно слабеење, ама јас уште се чувствувам дебело. Мислам, супер ми е што сега можам да си влезам во фармерки и да изгледам добро, ама уште ми се делеби нозете и газот. Морам да ги стегнам со вежби, ама не ми оди ич тоа вежбањето. А типов е цел мускули, стомачни, ова она, а јас мека целата со дебели нозе...Мислам и тоа ако не ме мотивира....не знам што веќе. Мора да се вежба, веќе никако леб. А па мајка ми готви се нешто што оди со леб...Аман веќе.
Епа девојки што да ви кажам освен секоја чест на оние кои успеваат да одолеат Јас летово ослабнав 9 кг не јадев ништо мрсно, леб и благо одбегнував. Ама лето ко лето повеќе шеташ не ти е паметот во јадењето. А сега? Ми се јаде бе луѓе Не знам дали дека така нагло ослабнав ама сега све ми се јаде! Џабе се мачев. Еве приметив дека сум се поправила 2 кг за месец ипол! Инаку почнав да правам една финта Кога на пример дечко ми ке купува хамбургер и нели кога ке треба да одиме заедно јас не купувам му викам дека не ми се јаде и ке земам еден гриз (нели колку да не пометнам ) Или кога се прави нешто благо земам ептен малку по гризче 2, чипс исо така ке земам малку ама не купувам зашто ако купам луѓе отидов! Ми иде да ги изедам сите сендвичари, слаткарници, пекари и пицерии!!! Од благо јадам чоколадо за кување има едно во КАМ на СЊИССЛИОН мислам дека е од она на еуро...ми се слоши. И така. Па ке видам до каде со финтава
Јас денес се суредив. Претерав малку со благото и изедов неколку компирчиња ама затоа утре за доручек и ручек овошје а за вечера супа. Незнам што се случува ама денеска ми се јаде како да неам јадено 5 дена. Страшно!
Некако многу замре темава а и останатите што беа за диети.Готовo више не слабеете Почнаа славите и сите баталија диети хаха....Ајде кажете што има ново,до каде сте....Јас ја постигнав мојата цел до неkаде -15 кила,па сега сум во фаза на зацврстување на телoто.Оди некако потешко но не се откажувам зимава ке продолжам како и до сега А јас сум тука секогаш да ви давам подршка и совети
Море не поддршка за тие што сакаат да ослабат, туку линч за тие што ќе увезат нови слатки продукти!!! Едвај се откачив од холандските вафли - и ете ти нов предизвик: Моцарт кугли во Кам! Е*ати среќата!
Еве ти од мене едно најголемо БРАВО и уште поголема поддршка да си стигнеш до целта ...Инаку ако не е тајна за колку време и со која диета?
Jас чекам да ни помини славава Митровден ..ај добро посна е ама пак ...бев до пред некој ден на диета ама вчера кренав температура и сакам неќам морав да јадам мајка ми над мене стоеше дури не изедам се што сервира Ама ветувам еве , чесен пионерски збор дека од среда сум си пак на старо
Си спуштив неколку слики за да си ги ставам на десктоп Aма што да правам, стварно се мотивирачки Mи треба голема мотивација за вежбање! За диета, ајде можам, но за вежбње ми е многу тешко Големо БРАВО за сите кои ја постигнале својата цел!!
Петокот бев на вежбање, се ме боли, се изнапотив...И таман решив дека слабеам, вчера јадев свинско и пола чоколадо.Сеа само на вода една недела!
Колку забушавам значи срам да ми е! 63 кила сум се направила! Но сега почнав со џогирање па ќе продолжам да вежбам и да бројам калории, па ќе видиме што ќе се случи. Сакам да имам 53 до 17 декември, па со господ напред. Инаку и јас си симнав од сликите, си ги ставив во фолдер мотивација и си ги гледам кога истата ми треба!
Јас уште си ја држам УН диетата и ми е супер. Малку претерувам за викендите, прекршувам симнав нешто па си се опуштив, ама од утре ќе бидам на построг режим. Утре овошје цел ден да се прочистам од неколкуте глупости што ги изедов овој викенд. Веќе си се навикнав и не ми е тешко. Само напред и не се откажувајте.
Јас од утре дефинитивно почнувам со диета. Периодов ми беше многу тапа,се здебелив 7-8 кила,ама навистина морам да се вратам во нормала.Не се поднесувам со стомак,со целулит воопшто. Нервозата си го направи своето.Додека другите се нервозни обично слабеат а,јас јадам ко свиња,буквално ко свиња.Ај тоа што јадев многу туку и сето тоа беше нездраво.Желудничето мое овошје нема видено.. А ни орбитрекот ме нема одамна видено... Така да од утре почнувам да се хранам на стариот начин,посакајте ми среќа! Сакам да си ги носам тие фармерки без да ми излегуваат спојлерите и стомакот од нив.Сакам да носам тесни блузи.Сакам... Мора да се вратиме во нормала.60 kilos I want you back!
Епа драги мои , конечно ни заврши славата и сега можам да се препуштам на диети . Чекав да заврши овој ден оти неможев да му одолеам на тесно витканите сармички , ама еве помина и тој ден и сега да си стоиме на зборот нали , и пионерски збор дадов
Луѓенцаааааааааааа!!! 7 кила сум ослабната! Не ми се верува, конечно една од моите најголеми цели во животот ми се реализира, и се чувствувам одлично, енергично. Вчера кога бев на контрола кај нутриционистот и кога застанав на вага и го видов резултатот солзи ми надојдија, почнав да скокам, одам надоле, одааааааааааааааам!!! Боже мој фала ти, и секако за мене, за мојата издржливост. Можиме сите само без откажување