Од денес на трчање абееее иччччч више не се онаквам Мора да ослабанам и да добијам кондиција пффф пусто женско ебате пмс
Бравооо! Одлични вести Туку јас значи силом прилике викендо неможам да држам диета, ќе внимавам ама УН диетата неможам да ја држам, малку сум разочарана искрено затоа што добро ми одеше
me interesira za kolku vreme i na koja dieta si bila jas imam psihicki problem golem duri nemozam sega ni da pisuvam pocnav so proteinska a moram do pocetokot na januari da simnam 20 kg ve molam za podrska gi kaciv od lekovi i ne izleguvanje od doma 1.5god i uste nesto sto mislite za soino brasno moze li vo proteinska da go konzumiram kolku sto vidov nema jaglenhidrati pozz
на диета бев од јуни ,всушност го сменив начинот на исхрана,лебот целосно го откажав,си вежбав на орбитрек,и симнав 10 килограми сега облеката што не ми чинеше ми е широка т.е. пак не ми е по мерка ама сега дека ми е широка и сум хепи за тоа ,ама сега имам проблем пошто нема толку свежи работи и некако не можам пак да јадм како летото на вешер јадев љубеница ,сега јадам супа ,но преку ден неможам да се најадам само јогурт на утро и друго не знам што би можела да јадам да ме засити а да не е калорично плиссс хелп некој предлог
Од понеделник поцнувам со диета ама сериозно нема зафрканција мислам да ја поцнам Ун диетата пё ке видиме како ке биде
луѓе помагајте како да ослабнам????како да започнам т.с како да се решам на диета.....не можам да се клам на некоја строга диета........ вервајте ми се плачиииии сакам да ослабам....:/
Па сега имаш друго овошје....јас пример мандарини обожавам. Зеленчук исто има, можеш салати да јадеш. Спанаќ исто јас многу сакам и има повеќе начини на приготвување. Со јогуртот јади житарици, ептен заситуваат, или со млеко. Грашок, леќа, боранија.....
И јас немам одамна пишано на темава. Прво честитки за тие што си ја постигнаа целта и што настојуваат да си ја одржат линијата и со среќа на тие што се во фаза на слабеење. Да си кажам за мене . Од летото до сега сум прилично ослабена и тоа без строги диети, само со физичка активност и малку внимавање на исхраната. За краток период, околу 2 недели, намалив многу. Сега гледам да се одржувам, пешачам постојано, правам некои вежби за затегнување, пак внимавам на храната, но не се потресувам многу ако претерам со нешто - ќе сум повнимателна неколку дена и се се враќа во нормала.
Доколку некој сака да намали или да зголеми килограми, и најважно да не ги поврати изгубените/додадените кг. и крвната слика да биде "кристална" нека ми пише лична порака.
Еве уште еден член во клубот од утре почнувам! Цел ми е -7кг за 2 месеца.. мислам дека е нормално и реално. Е сега ќе треба да се вложи поголем напор за да се справам со искушенијата (особено прва недела од јануари ) ама нема откажување. Ај ќе пишам како ќе ми оди, ќе споделуваме искуства ќе се бодриме Браво за девојките на кои што му оди добро со слабеењето, само напред!
леле девојки јас веќе почнав не сум на некоја одредена диета, тука само намалив со лебот и внимавам што јадам и помалку количински се надевам дека ке има ефекти до нова година
Верувај дека ке има,јас леб не јадам веќе 6 месеци и има резултати доста Ама женски кажете бе што да правам со престојниве празници,па слави ова она.Не можеш на гости да појдиш а да не касниш,страв ми е дека ке си ги повратам килограмите што ги изгубив.
Мене празниците никогаш не ми биле проблем. Чоколадите и слатките работи што ги добивам на поклон ги давам на мојата мала сестра и братучетка, ем они среќни ем јас немам благо за да паднам во искушение. Баш за празниците храната е домашна, и цело време дома има храна па така немам прилика за брза, нездрава храна. Пред да идете на гости јадете дома она што ви е според менито и таму ќе бидете сити. А и нема ништо лошо во една кифла, или некое овошје. Само треба да се воздржите од мајонез салата Ама затоа руска (ваљда вака се викаше) не ми бега. И баничките со праз Значи се наоѓа храна ехееее. Или пак нема јадење дома, а на гости послужете се со мала количина. И не ми е јасно зашто периодот околу празниците теретаната е празна. Нов година е еден ден, бадник со божиќ е 2 дена.....а теретаната е празна еден месец околу нив. Нема потреба. Не сме толку окупирани со празници, да не се лажеме. Вежбајте си редовно и ќе немате проблем. Ако некој ден претерате со јадењето и се осеќате виновно, вечерта во теретана наместо еден час, вежбајте еден и пол. И готово, 15-20 дена се со прашање. You can do it
Ајде и јас да ви се придружам во вечната борба со килограмите Ве дружев претходно по малку, но тогаш само одржавав линија, а сега треба да ослабнам и тоа како. Значи, почнувам со - 65 килограми. Крајна цел - 55/54 килограми. Еве што имам на мени за денес: Појадок - една банана со мааалку еурокрем и кафе. Ручек - чорба со телешки коски. За вечера планирам некоја салатичка да си направам, најверојатно шопска или таратора. Ајде, посакајте ми среќа!
Па ајде нека ти е со среќа .И јас решив да симнам некое килце,само незнам за која диета да се одлучам
Диетата многу ретко помага,и тоа углавно се враќаат сите килограми,понекогаш и повеќе,пошто после толкав период на апстинирање од вашите омилени јадења,има да ви се пријаде ептен многу. Ускратете ја вашата дневна порција на пола,трудете се да внесувате повеќе овошје и зеленчук,комбинирајте го во салати,и соковите скратете ги на вода и цедени,колку можете повеќе. Направете си распоред за вежбање,почнете со пола час во денот,ако имате време може и да го зголемите,и не дозволувајте мрзата да ве победи. Фотографирајте се,испринтајте ја сликата,запишете си колку тежите,обем и сето тоа во една посебна тетратка и ставете ја сликата,и секој ден водете евиденција за тоа колку смалувате,колку отприлика калории сте внеле во текот на денот и одземајте уште од исхраната во однос на тоа. Знам дека ве привлекува тоа што со диетата брзо смалувате поголем број на килажа,но во овој случај е подобро тоа да биде споро,но ефективно. Одвреме на време правете нови слики од вашиот напредок и споредувајте.
А јас па не знам,што те збуни? Па појадокот е најважен,препорачливо е насабајле шеќери да се внесуваат за да му дадат енергија на организмот,во текот на денот се трошат.