Триве минати дена му мавнав корпа на лебот. И ќе се потрудам да го откачам во наредниве месец дена, можда и повеќе. Мене тоа најмногу ми смета Е сега, богами биче рат... Ама можам!
Мене пак не ми смета лебот, не ме дебелее, а ме заситува. Зборувам за 100% интегрален леб. Јас без леб ручек не можам да замислам, освен ако не се тестенини или компири и месо Секогаш сум си јадела леб кога сакам да слабеам и пак слабеам. Мене поголем проблем ми е месото, не сум многу голем љубител а посебно не на вареното месо, а во секоја диета го има. Бидејќи решив да се придржувам до диетата која ми ја препорача Лудото, а во таа диета за ручек треба протеини, овие неколку дена си јадам чорби и супи од варен зеленчук, но со ова и едно парче интегрално лепче И решив првото мерење да го направам на 3 декември, па ќе видиме што ќе каже вагата тогаш
Од утре почнувам со диета, овоа веќе не оде вака. Мечка станав само благо и тестенини јадам Целта ми е 6кг овај месец нели мора за Нова Година да се средеме. Само не решив кој диета да ја држам ако знаете некој ефикасна кажете
Да ти дадам еден предлог И јас исто не поднесувам никакво варено месо, и кога држев диета го правев на тостер.Значи ставаш фолија па месото па пак одозгора фолија, и на средна температура.Можеш да пробаш, мене барем ми беше многу вкусно, а не е мрсно пошо не го пржиш
Јас секој ден си почнувам со диети и никако да си почнам. Најголем проблем ми е времето не сум дома по цел ден ама баш никако не можам да се прилагодам пробав на милион начини и не бива. Ако си продолжам вака можам само да си качам некое килце а не да симнам ....
Да се придружам на клубот Ајде и јас конечно се решив да се ослободам од стомачето и перничињата. Премногу ми сметаат и мразам кога ќе видам како ми штрчат од некоја тесна блузичка или фустанче. Целта ми е да ги намалам колку што е можно до Нова година, па за понатаму верувам дека ќе има уште подобри резултати. Лепчето и благото ми се проблем, но во последно време гледам да ги избегнувам. Внимавам што јадам, наутро внесувам јаглехидрати, стандарден ручек без или со едно парче леб и навечер протеини и салати. Вежбам секој втор ден аеробик. Околку една недела го применувам ова, секако, сеуште нема некои резултати но многу подобро се чувствувам. Конечно се решив и ќе издржам. Еден поздрав и мотивација за сите вас
Гладна сум Грицкам свената краставица и замислувам дека е чоколадце. Ахх, затоа мразам кога седам доцна во ноќта, се нешто ми се јаде
Mене така ноке кога ке ме фака криза,ке каснам малку суво грозје и после не ми се јаде ништо,или чај ,е зелен чај кога ке се напијам веке после не можам да помислам на храна
kolku casi zelen caj mozi da se pie vo denot?i dali e korisen?dali deluva za namaluvanje na tezinata?
Зелениот чај е за забрзување на метаболизмот.И да делува за намалување на тежината со самото тоа што го забрзува метаболизмот,но не гарантира дека само со пиење на чај ке ја намалиш тежината.Ти требаат и други мерки како намалување на исхараната,вежбање и слично.И препорачливо е да се пие по една две чаши во текот на денот,но не да се претера
Јас во средно си бев стандард 49-50, а висока сум 166. Благо јадев како ненормална, на одмор јадев смоки и чоко бисквит, цела ресана и плус онака на главниот голем одмор ѓеврек, бурек или лиснато Од тоа мое благо и по лекари имам одено. Дома моите кога ми купуваа благо секогаш ми носеа цело пакетче Албени или оние Метро и тоа од големите Ама многу се движев, гимназијата ми беше многу далеку, па плус и на други активности одев, одев на танц а кога престанав дома сама си играв. Сум пробувала и да трчам и да вежбам, ама ни едното ни другото не ме препотувале толку добро како танцот, а плус и забавно е. И дојде време да се запишам на факс, и пошто студирам информатика, нон стоп седам со лаптопот и јадам, ич не се движам , сега пак и работа си најдов од дома значи активност=0. Секаде со бус одам, а во соба сме три души немам кај да се свртам а не па да играм. И од 50 се направив над 63 кг Во Мај мислам дека и повеќе имав. Ништо не ме собираше, нови фармерки не сакав да купувам и одев се во едни исти шалвари Ама 4 месеци тврда работа во Америка си го направија своето, ослабев доста, не сум се мерела ама сигурно имав нешто помалку од 55. И се вратив тука, пак стара песна, пак само јади и пред компјутер и се осеќам попраена и стомаче иам И многу ми е страв, никогаш не сум си набивала комплекси дека сум дебела, ама не сакам да ми се повтори истото од Мај, да не можам да влезам во ниедни фармерки. Сега за распустот од 1 месец ќе сум си дома, мајка ми само ме затрупува со храна и ке си лежам пошто ќе биде ладно и ќе ме мрзи да излегувам. И не знам што ми беше поентата со овој пост Почнав демек да пешачам, од факс пешки си идам, на факс јадам јаболко обавезно и гледам лебот да го исфрлам и да не јадам навечер. Инаку, од претходните постови видов дека зборувате за ленено масло, јас си купив денес, па ме интересира кога да го земам ? Пред или после јадење, наутро навечер, кога ? Знам дека ми нема спас, гледам кај ми е грешката. Со што да го заменам благото бе луѓе суво овошје ли,или кажете ми некои апчиња што намалуваат апетит ... Ми треба ќотек мене изгледа
Е немој со апчиња! Пробај со сушено овошје, мене ми е многу убаво суво грозје да го комбинирам со орев или лешник (ме потсеќа на чоколада ). Исто пробај овошна салата со свежо овошје, можеш и јаболки со мед и цимет (исечкани и прелиени- мераци!). Пиј какао или ако многу, многу сакаш чоколада, бар одбери ја таа со над 70% какао (и многу е корисна). Домашни компоти (незашеќерени по можност или со мед). Можеш и со алва некогаш да поминеш- калорична е, ама е посна и здрава. Не знам дали си пробала мед со матичен млеч. Тоа е многу здраво и барем ке знаеш дека кога внесуваш шеќер во организмот, попатно му правиш и голема услуга. Исто и бонжитките ми паѓаат сега на памет (мислам дека тие мн ми помогнаа да го редуцирам благото во исхранава, па сега немам проблем и две недели без никаква слатка да поминам-мед со млеч јадам дневно, обавезно).
Може ке бидам надвор од темата ама сакам да прашам дали некој слушнал дека со расолница или јува како и да се вика се слабеело???? Тоа е многу грозно никогаш не сум пробала ама ако стварно се слабее ке соберам храброст да пијам
Ахх, ни ленено масло, ни расолница, ни јува , ни тикви со расол не помагаат!Ни апчиња, ни средства за слабеење!Инаку сите ке бевме манекенки што јадат по еден до два хамбургера од 7-ца дневно! Од горе наведените расол, јуви, апчиња и слично, може само да се добие дехидратација,несвестица и лоша крвна слика. Пробајте еден по еден да ги отфрлате калоричните продукти,пробајте да внесете некоја физичка активност, макар тоа било и брзо пешачење. А овие залажавки од типот ке ослабам 10 килограми за еден месец????!!!!Ноу, ноу
ајде девојки и јас ви се придружувам... иди нова година па мора малце да се намали некое килце... јас сама си направив диета.....ќе јадам само јаткасти плодови и овошје една недела.... а вака му кажав и на другарками и ослави 3 кила... сега за една недела ќе пишувам да видам дали ќе има резултати и кајмене
Феминкии мн ме интересира дали некој ги има пробано препаратите за слабеење на MEDOBIL ...ај ако пробал некој нека каже резултати дали има PLEESE
Ленено масло најдобро е да се зема наутро, на гладно. Едно лажиче во една чаша сок од цеден портокал. А плус ако земаш и една лажица ленено семе на ден, столицата ептен се регулира. Што се однесува на благото, најдобар супститут е сушено овошје во комбинација со јаткасти плодови. Е сеа да не се претера и од тоа, до 100гр. овошје и 30гр. јатки на ден. И то
Денеска се мерев Резултат е -2 килограми Значи денес ми е 11 ден откако сум на диета, ама некако не ми одговара темпото, сакам побрзо да слабеам Ќе пробам малку построго од денес, па ќе видиме дали ќе има подобри резултати
МyGirl јас мислам дека баш е таман,може и дури многу е 2 килограми за неполни две недели.Мислам,ова од лично искуство,ослабев многу,малку ми свисна кожата и многу време ми требаше да се вратам во нормала. Слабеј си полека,подобро е за тебе Јас сум здебелена 8 кила,не знам веќе колку јадам,си немам мерка,многу сум глупава.Денес сум добра,добро издржав и само му се молам на господ да ми даде сила да си почнам по старо. Денес си добив една шлаканица кога пробав маички,џемперчиња и гледам не ми стојат така убаво,излегло стомачето,рачињата на толкави..Воопшто не ми се свиѓаше одразот во огледалото. Ајде,ќе биде..