^ Никако овошје навечер, ниту леб. Подобро нешто зеленчук или млечни производи, на пример една чаша јогурт ќе те среди.
Темава фатила прашина, и тоа баш пред нова година. Се прашувам дали се работи за кревање раце, или пред нова година не треба поддршка, диетите лизгаат како подмачкани? Јас пред нова година ослабев 3 кила, па сега од комплименти носот ми е во облаци Ама уште некое не ќе е на одмет. Лани кога сменив работа се здебелив 6-7 кила во рок од месец-два, и цела година си ги носев, со благи варијации од +- 2, ама пак се враќав на кобната цифра. Значи и 3 кила и не се нешто спектакуларно, ама ако станат 6 - ехее, кој ќе ме гледа
Еве јас за празниците ставив 3 кила сигурно (се плашам да се измерам) и сега сакам да ги симнам што може побрзо. Официјално се пријавувам во групата на феминки на кои им треба поддршка
Teмава фати прашина за да не ни се расипат руските салати Кој да ги фрла, мастраф се трошел Јас јавно и се заблагодарувам на Анушка, зашто цврсто ме држи и ми дава подршка да се шлангирам Додуша лебот уште ми е на страна, не јадам, ама деновиве кифлички едно друго, така да не важи. Планирам и месечевата да ја држам, еве сега на 9ти таман, и ќе вежбам. И ќе престанам да кукам. Eдит, не е фер иначе, Ариел, многу си убава вака заслабната Што си стегнала телцеее
Се погледнувам во огледало..работава собери сотмак па ќе те собере огледалото...Се шалам до толку не..но поправена сум.И готово решавам па морам на диета...лесно на тие кои се убиваат во јадење а имаат таков организам што ни грам не се дебелеат...да бев на нивно место ќе си живеев во свет во кој немаше да се тргам од храна ни за миг.Како и да е ко што реков...УБЕДЕНА И РЕШЕНА готово на диета...ма ни леб нема да јадам...и штета кога во тој момент ми замириса на печено крцкаво пиле кое мојата вредна баба го правела дури и во оние маги кесички со зачини што чоек да пукне нема да им одолее...па дури испекла и компири и кашкавалче над нив...Па и ги нагласува кифличките од минатите денови и дека од преубава руска салата останало....и сега паѓам во криза..што да одберам? И нормално...ма ајде...од утре на диета
И на мене ми треба поддршка да ослабам .Имам вишок на стомакот,и стрии по нозете,само три килца да ослабнам,нема да е лошо.Ќе ја држам месечевата диета,па да видам дали ќе ми успее.Мајка ми ме тера стално да јадам,многу е паничарка да не се разболам од нешто,па сега додека е на одмор мора да ја слушам .Сакав да прашам ако држам строга диета дали тоа ќе ми влијае на притисокот,затоа што имам низок притисок и ми е страв И секако,поддршка од мене до сите оние кои сакаат да ослабнат,посебно по празниците
Еве јас од понеделник почнувам со “диета“ т.е. поише е режим на исхрана Без благо, тесто, грицки и газирани сокови. 2 литра вода во денот плус зелен чај, и планирам два пати во месецот да ја применувам онаа месечавата диета. Точак имам дома и справа за стомачни... Можно е и на пилатес, аеробик или зумба да се запишам нешто такво пошто овој пат сум баш сериозна. Плус тоа што за секое симнато кило ке добијам 10 евра и за 10 кила iphone 4s Еееепа мора да се уозбилиме и лето иде башка Па девојки која е спремна од понеделник да држиме заедно повелеле поддршка ќе си бидеме
Јас на форумов пишав многу пати дека ќе држам диета ама не ми успеа!! А, планирав да почнам деновиве и еве утре ке си купам се што ми е потребно и од понеделник заедно со повеќе сили ќе ги совладаме килограите
Нели како што иде редот Нова година, ајде на слабеење Е сега годинава сум дефинитивно решена да се ставам во ред ( што би рекла мајка ми), па ајде да видам дали ќе си најдам партнери. Еве го мојот план: 1) Вежбање - затоа што многу брзо ми здосадуваат курсевите решив дома да вежбам и тоа зумба и тае бо и тоа најизменично. Дополнително, ако можам да вклопам во распоредот од факултет би сакала и да почнам редовно да трчам низ маало (кај ми е интересно, плус ептен филмски ми е ) 2) Скали наместо лифт 3) Зелен чај - го обожавам, а ме мрзи да го правам. Морон! Во секој случај ќе се потрудам редовно да го пијам 1 литар минимум. 4) Месечева диета - ќе жртвувам по еден ден, имам пробано и беше успешно на времето 5) Исхрана - е сега тука ми е најголемата дилема. Лично никогаш не ми успеало она Ај ќе јадам од се само умерено. Мене ми треба ограничување ( и тоа строго, со оглед на тоа што покажува вагата). Ме интересира има некој во план да држи некоја диета?
Ајде луѓе, држете ми среќа да издржам до крај со диетава што ја почнувам од утре Планирам да ја држам медицинската, да симнам нешто што сум качила за време на празнициве А, сега поздрав, одам да јадам нешто, од утре нема јадење
Јас празниците ги поминав ок, се одвиканв од храна, особено од вкусовите на кои сум навикната со постот, и последниве две недели кога дополнително внимавав што и колку јадам. Само веќе една недела речиси стагнирам, а мислам дека тоа се должи на забавениот метаболизам. Морам итно да си набавам ленено масло. Кога ќе ми текне на ленено масло сабајле на гладно ! Ама ајде, ќе издржам уште две недели построго, после ќе биде полабаво.
Понеделник - полна месечина, ајде кој е за да ја пробаме Месечевата диета . Јас досега никогаш не сум ја пробала : http://www.femina.mk/%D0%B4%D0%B8%D0%B5 ... D0%B0-2012
јас сум за мене не ми е тешка бар не ми беше кога ја држев и после еден ден држење на диетава ми беше многу послесно да намалам со јадење , не јадев после 19:00 јадев све и тоа гледав да јадам побавно и помалце и не дека не јадев благо јадев само го избегнував колку можев повеќе и секоја вечер правев по 60-70 стомачни и неколку вежби за нозе и ослабев 5 кила за еден месец...
И јас сум овде, и претходно ја имам држано оваа диета и имаше некакви резулати. А и можам да издржам да не јадам еден ден !
И јас утре ќе ја држам диетава па да видиме резултати И ќе одам утре на зумба да се запишам со другарка ми и од вторник режимот на исхрана и така, ајде девојки да видиме која ќе издржи утре и која колку ќе симне Good luck
Ја некако позитивно се наелектризирав денес, па решив меѓу другиве промени на кои се одлучив да се стаам на некоја диета додека трае распустов,малце од малце да се вшмукам Вака коа ќе си пишам тука си потврдувам нели себеси дека ќе бидам упорна у одлукава и нема да се фатам за чоколадото утре од сабајле