Прв официјален борбен ден. Се мислев за месечева диета, ама со оглед на тоа дека бев болна уште тоа ми фали цел ден ништо да не јадам, па да колабирам. Затоа терав вака: Појадок: хоме-мејд шејк од банана и јагоди (имав замрзнати јагоди, да не мислите будала сум да купувам сега) Ручек: Супа, пола конзерва туна, маслинки, пченкарен леб (1 парче) Вечера: Пченкарен леб (1 парче), малку путер, кашкавал и млеко. Поентата ми беше да ја пробам диетата на Ирена, ама не ми се сркаше само путер па го иблажив со малку леб. И цел ден пијам чаеви, што ми е и вообичаена навика. Ете така. Само да си се изјаснам има да ја бомбардирам темава.
Чај од јагода, чај од јагода, чај од јагода, зелен чај, чај од јагода...и така се до сега кога ме фати ненормална криза и се чудам дали ќе ја пребродам Ама битно другарка ми ми рече дека сум била ослабена :geek: Месечевава ми годи, ме напушти гадниот подуен стомак
Од денес почнав со некоја аткинсова диета(не е строга како класичната зошто стварно не можам) и од утре почнувам со зумба сакам да ослабам некои си 15-20 кила. Колку ке ослабам тоа е прашање ама битно да се почне
втор ден.Сега за сега добро ама и минатата недела така до четвртокот терав .Сега се надевам поголем карактер ќе бидам .Ја држам диетата на Жан Митрев,што би му дошло втор ден од три недели
Трет ден!Само ме плаши ракометот вечер.Друштво,грицки,пиво .Ептен сум друштвен човек то е .Ама се надевам ќе издржам.
Јас сум трет ден од медицинската диета, плус вежбам на орбитрек. Сега засега резултати нормално нема, ама јас се осеќам полна со енергија Планирам да терам дај боже, 3,4 тури со диетава, па ќе ви пишам резултати.
јас сум на ун трет ден .... Денес ке изелгуван низ чаршија да си купам вага а мерење, некој совет каде да барам , каде се продаваат ваги и од прилика по која цена се???
Јас медицинскава не можев да ја поднесам. Не само затоа што се внесува малку храна, ајде не е како за пиленце ама толку кисело млеко, цел живот немав изедено. Ако успееш 3-4 тури секоја чест,ама мислам дека после доста лесно се враќа килажата. Трет ден на редукциона диета, прекрешна вчера со топла пита и денес со падобранец(добро ова доручек ми беше ) . Вчера последен оброк ми беше во 18 часот на што сум посебно горда затоа што навечер ме фаќаат најголеми кризи за храна. Пробав само чај од ѓумбир бидејќи бил здрав, забрзува метаболизам блаблабла ама ми беше одвратен. Затоа најдов финта си мешам зелен чај со малку ѓумбир.
Ете веќе недела сум на диета, само никако неможам да го намалам дуењето......јадев накај 5 и сега , 3 саати покасно се осеќам како пред пола саат да сум се прејала...неможам да излезам по голема нужда, а осеќам дека треба, + имам многу гасови Секое сабајле пијам баланс јогурт, 2 пати дневно зелен чај и 2 литри вода, а се осеќам многу лошо...некој совет?
Не ти е многу да пиеш два пати во денот зелен чај? И јадиш еднаш на ден...Хммм не можам а да не забележам дека водиш некој режим на исхрана мн сличен на мојот од порано. И ослабев мн, ама имав и враќање на килограмите мн брзо...Јас почнав со еден чај од сабајле за слабеење од ТИЕНС, па ќе видам како ќе биде и ќе ти кажам. Инаку скратив само од благо јадење, и повеќе овошје јадам кога ми се јади благо...Не претерувај со диета, можеби ке имаш побавни резултати но посигурни ке бидат. Му треба и на организмот да се навикни на новата тежина се надевам помогнав позз
Јас го имав истиот проблем и ми кажаа овесни снегулки да јадам за доручек, ама мене ми сметаше на желудникот.. а др што ми препорачаа е нутри - интегрален леб со сончоглед на жито лукс, пробај, може и тебе ќе ти помогне
само ручек си јадам, и тоа не којзнае колку, и пак си сум кравичка за стомакот не се секирам многу, лесно можам да го ослабам, ама спојлерчината живот ми кинат ни вежби, ни камен... ХЕЛППП
Здраво девојкиии ) ми се допаѓа темава па викам и јас да ви се придружам се надевам добројдена сум.. :Р имам проблемм сакам многу да ослабнам и ми треба минимум да симнам 10 до 12 кг. амааа незнам како.. идам на диета, ( т.е. во вита диет клуб) и ок е идев летоска.. ослабев и помина летото и се здебелив пак ( и сеаа незнма како да ослабам пакк ќе полудам дајде некоја диета некој совет било што..пагам во депресија ради сето ова.. се мислам да земам некои таблети за слаебење.. некоја од вас со такво искуство? има ли ? поздраавв )
ја најдов по форумов некаде оваа ) добра ми изгледа 1 ден Доручек:овошје или зеленчук а може и комбинирано и чај да се пие. Ручек:макарони со сирење или јогурт. Вечера:супа од зеленчук 2 ден Доручек: овошје или зеленчук а може и комбинирани и чај да се пие Ручек: варен компир со салата Вечера салата 3 ден Доручек овошје или зеленчук а може и комбинирани и чај да се пие Ручек печен компир со една чаша јогурт или кисело млеко Вечера едно парче овошје 4 ден Доручек овошје или зеленчук а може и комбинирани и чај да се пие Ручек 1 варено јајце плус домат\краставица и едно парче сирење Вечера едно парче зеленчук 5 ден Доручек овошје или зеленчук а може и комбинирани и чај да се пие Ручек шпагети со сирење или јогурт Вечера супа од зеленчук 6 ден Доручек овошје или зеленчук а може и комбинирани и чај да се пие Ручек пасиран компир без сол со една чаша јогурт или едно парче сирење Вечера едно парче овошје 7 ден Доручек овошје или зеленчук а може и комбинирани и чај да се пие Ручек пилешко месо или риба со ориз или компир но варен или печен без зејтин Вечера салата за две недели, 10-12кг... Среќно
Дали некој ги употребувал капсулите од зелка-медосан од Био клиника, една колешка ме праша а јас прв пат слушам за нив. Такви вештачки работи не ставам во уста, демек една капсула заменува 10 зелки, па подобро зелки ќе јадам. Ама ако има некој што ги користи нека пише дали има негативни ефекти.
петти ден.Правам мали отстапки од диетата,вчер баш мислам дека внесов околу 1400 калории (максимум),а диетата е мислам на 1000 калории ама тоа е.Денес вагата покажа 2 кг помалце,што и не е така лошо ако земам во предвид дека воопшто не се осеќам гладна.Имам уште 3 кг за намалување ама ептен тешко ми иде.Викендов да припазам малце.Ахххх пуста тежинааа
Од понеделник и официјално почнувам на аеробик. Затоа до недела има да јадам се живо и диво, ама од понеделник на строг режим