Јухууууу Една недела 2 кила помалку. Се чувствувам полесно. Не дека се придржував многу на режимот што си го поставив, но сепак внимавав на исхраната.
За две недели само 2 кила.....значи кило на недела....сакам побрзо да оди ама тоа е, барем е добро за мотивација....
Една недела се спремав да почнам режим и никаде... Кај ми отишла упорноста? Денес конечно се средив психички и започнав. Ова моево е повеќе прочистување од безброј празнични отрови и малку топење вишокот 2-3кг. Џабе ми беше вежбање ако не се средам со исхраната. Па, мојот режимски план: Поручек - комбинација од овес, ленено семе, суво грозје, малку цимет и млеко со ниска масленост (плус задолжително зелен чај) Ручек - што и да има дома, само со 1 парче интегрален леб нутри со сончогледови семки (плус зелен чај) Вечера - исклучиво протеини (јајца/јогурт/пилешко/туна... плус салата свежа од зелка) ова таман по вежбање... Комбинација со секојдневно вежбање има да даде резултати па уп* веќе, доста е нездрав живот :geek: Има вака да се препотвам Ајде женски, гуд лак на сите нас
Девојки ќе ми бидете ужасно потребни од утре. Јас собрав храброст, конечно се решив, направив список што се ќе ми треба за диетата на Жан Митрев за првите 5дена, па утре одам да се снабдам и почнувам. Штета што немам вага, за да можам да се следам, но битно ми е да се познаам по алиштата. Веќе една недела пија чај криколина лукс, убаво е ,прочистува навистина, ама мене единствениот проблем ми е околу стомакот, незнам од каде се појави, од каде излезе тоа чудо но, знам дека ме излудува Затоа од утре, заедно со чајот почнува и диетата, така да, чекам поддршка од Вас
Леле немој, ја се зезнав со кирколината. На почетокот стварно делуваше, протеруваше, ама потоа организамот ми стана отпорен и дури и подоцна пробав со две кесички чај, и ништо. Цревата ми станаа мрзливи, неможев да одам по вц Стигнав до апчиња.
http://www.zaljubi.com/index.php?u=dijeta&h=hrana Eве ви едно супер калкулаторче, да си пресметувате калории во храната од пиперка до леб, за се има пошто немало тука за благо http://www.dijeta.net/tablice/slatkisi.htm
Една недела, две кила помалку. Јас задоволна. Не држев не знам ти каква диета, само пазев да не јадам навечер после 7. Доручек, ручек и нешто лесно ако ми се пријаде. А навечер финта сум развила, а ме фати криза за јадење а чај си правам. Од денес почнав и да џогирам, си се изненадив на кондицијата, топ ми е.
Пред една година и јас сакав да ослабам, не многу некои 3-4 кила ми беа вишок. Не бев физички активна воопшо. Едина активност ми беше школо-дома и обратно дури некогаш и тоа ме мрзеше па идев со такси (инаку школото ми е на 20 минути пешки од дома, збориме за средно школо, каде ретки се оние на кои им е вака близу). Ама еден ден решив - почнав да одам во теретана, се зачленив и тој тренерот цело време ме форсираше, ми кажуваше што да јадам и многу ми помогна. -Еднаш му реков: "а некогаш смеам да каснам малку смоки, чипс?" A тој ми вика смоки? Какви смоки? Знаеш колку време треба да трчаш на лента да ги стопиш САМО нив? Пола саат. Па ти види дали ќе јадеш. Кога бев дома јадев здрава храна - манџи, овошје, а кога бев во школо да не јадам глупости таму си купував Бејкролс. Тој воопшто не дебелее, некогаш јадев и по 3-4дневно. Сето ова вроди со многу плод и си дојдов до посакуваната тежина, па дури ослабев и повеќе од што очекував. А се си мислам дека проблемите со тежината се резултат на бавниот метаболизам и треба да се оди на тоа да се забрза. Мислам дека тој е вистинскиот пат кон слабеењето. Со среќа девојки
Еве и јас сум на диета веќе една недела и можам да си кажам дека не ми е воопшто тешко добро се држам. Но сакам да ве прашам дали режимот на исхрана ми е добар. Бидејќи одам на училиште таму јадам бејкролс, дома кога се враќам ручам кај 2-3 часот (тоа што има за ручек со 1 праче леб) и потоа за вечера или краставица или ништо. А во меѓувреме пијам зелен чај и многу вода .. Па како ми е режимот дали е многу јадењево ... длабоко сум уверена дека ќе ослабам овајпат !
и официјално и мене ке ми треба вашата подршка.... иако после толку години иста килажа оваа година односно од како се вработив си ставив 6 килограми плус. Очигледно сум остарела или ми остарел метаболизмот па и овие калории што ги внесувам му се многу , па редно е да почнам да ги намалувам калориите, како што правев и порано. Но она што прво ке го направам е ке си купам нови патики (оти на стариве веке им поминал векот) и ке се зачленам -искрено се мислам помеѓу зумба и пилатес се надевам ке ми посакате добредојде
Не секогаш тие апчиња се ефективни...т.е во никој случај не се... изгубените килограми честопати се враќаат со текот на времето дури и се наголемува килажата
леле режимот на исхрана си го практикувам се уште,не јадам леб само по две лебчиња од нутри на ж.лукс ,али физичката активност ми е на минимално ниво,орбитрекот само прашина собира веке 4 месеци. Не дека не сакам,ама веќе 4 месеци работам двократно и немам енергија,навечер кога си идам гледам да си легнам за да не вечерам, а физичка активност сакам,ама немам енергија ,кажете нешто за повеке енергија
женски има некој сеа скоро пијано ајворов сируп?за резултати да кажи јас планирам да го почнам па пишете кој колку е задоволен
jas piev letoska ama ke umresh od glad i ne bi ti go preporacala zosto mn brzo se vrakaat kilogramite t.e duplo jas se zafrkanav mn ,i moja bratu4etka go piese oslabe ama posletoa 10kila ka4i i sea nemoze da gi simne nikako metabolizmot krsh i se napravi nemoj ne ja drzi
Same here. Уморот од работа и недостигот на енергија ме уништува и мене, па ми преостанува да се насочам само кон намалување на внесот на храна. Пробувам да вежбам на орбитрек, и веднаш чувствувам болки во колената, кои траат само за време на вежбањето. Неиздржливи се, па мора да вежбам со паузи, по што не верувам во некој ефект. Јас терам со Иреновата диета, наутро јаглехидрати, за ручек тежнеам да не мешам јаглехидрати и белковини, а за вечера белковини. Нормално, и количината на внесеното следам да не е обилна. Се надевам на позитивни резултати кај сите.
Од минатата недела само 1 кило...споро ми оди некако...можеби ќе беше побрзо да идев во веце редовно...а и за џабе вака слабеам кога цревата си остануваат подуени...офф незнам веќе што да правам
Одамна ве немам посетено на темава...како сте? до кај сте со диетите?? Јас завршив со диета сега сум во борба да ја задржам килажата....Ама тешко оди,не дека сум попраена ама пак со оглед на изминативе празници...али тоа..иде пролет,убаво време..па ке можеме повеќе да бидиме мотивирани...Со среќна на почетничките за слабеење..
Aаааааnd I'm back. Почнувам посериозно, морам ова зимсково сало да направам да го снема. It's enough. Доста е веќе јадење, преку глава ми е. А токму тоа ми треба за да си се фатам за диетата. Веќе неколку дена ја држам УН, ама ја прекршувам со топлото-ладно. И вчера и денес само салата јадев, ништо друго. Ама ова благово ме убива. Како и да е, има време до мај, до тогаш морам да сум цакум пакум. Од 27ми ми почнува постот, а тогаш ќе си почнам со друг режим на исхрана којшто веројатно ќе биде само марула и туна. Ама отом потом. И така девојки, јас почнувам, па кој е за ајде.
Лелеее сродна душа . Неможам од тоа топло-ладното да се оттргнам.Уфф...Се ставив и јас на диета од вчера,сабајле овошје,после месо и салата за вечера демек нишо,кога оп,топло-ладно на врата! Леле морам да се оттргнам од тоа благото,физички сум доста активна,уште благото да го исфрлам и готово