Ќути кај го пробав топлото-кадно, кај се запустев. И така најмногу проблеми си имам со благото, уште ова ми фалеше. Денес јадев три варени јајца со патлиџанче, па до вечер супа само и портокали. Друго и да ми се јаде немам дома, така да раат сум. После ќе удрам зумба една партија и денес денот ќе го истерам некако.
уфф од пред неколку дена девојки и јас почнав со диета хахха колку само тешко ми оди ама ајде морам да издржам барем 5 кила да симнам
И јас се фрлам на диета, доста е јадење веќе, до гуша сум полна со храна, морам мешето да го слизнам до кај мај. Нема да држам некоја посебна диета бидејќи ќе знам дека ќе кикснам негде па како и секогаш тука е мојата диета со минимално јадење колку да се преживеј, доволно внесување на витамини и течности а благо само на сон Иначе денес сум јадена само една кросанка,2 лепчина интегрални за ручек со пиперки некој си и 2 ресанки толку. Не можам наеднаш да го откажам цело благо и да не јадам многу то ќе биди шок за мојот организам зато секој ден помалце и помалце храна и ќе стигнам до целта.(I hope so )
има посебен дел на форумов за таа диета, потражи таму какво искуство имаат феминките со диетата dieti/dietata-na-zan-mitrev-t4474/120.html
^ Во темава доаѓаат или се враќаат такви кои сакаат или такви кои наназад се труделе да ослабат. Доколку некој од вторите ја држел горенаведената диета, а сепак е во темава, значи дека прашањето ми е на соодветно место и ме интересираат постдиетални ефекти (јо-јо, двојно јо-јо...). Ете ти начин за морална поддршка доколку диетата за некого била ефикасна.
до некаде си во право, но секоја диета на различен организам различно делува, затоа може да се јави и некој кому оваа диета и не му делувала, а тоа воопшто нема да биде од поддршка за тие што сакаат да ослабат, затоа ти пишав да прашаш на темата за таа диета што е
Уф, не знаев дека сум била толку мотивирана. Денес само грашок манџа јадев. Ама имам и добра инспирација, си се гледам цело време слабичка во невестински фустан и уште толку рипам. И цел ден зумбам, башка си најдов добри песни, па лесно ми иде. http://www.youtube.com/watch?v=9HtqocGqqoQ Еве ви поздрав со нешто интересно, моето хитче за денсање моментално.
Кумо ако ти текнува јас ја држев диетата на Ирена и од 66 кг. симнав на 58кг, бев презадоволна. После си варирав 58/59 кг.. Сега знаеш дека сум бремена, еве влегувам во 5-ти месец и имам 63 кг. Последниот пат кога се мерев пред да дознаам дека сум бремена имав 60 кг., ама си се опуштив малце, почнав да вечерам и тоа што треба и не треба-тост, пица, палачинки, па домашен мрсен сендвич Мислам дека ако се придржуваш до диетата на Ирена нема да се вратат кг. и кога ќе ја прекинеш, со тоа што барем вечерата да биде според нејзиниот режим на исхрана. После породување и нели после доење, здравје Боже зависи колку ќе се поправам, планирам пак да ја практикувам. Знам дека мене ми помогна и ја препорачувам. Едит-ај да не го бришам постов, сега видов дека прашуваш за медицинската диета на Жан Митрев, ја прочитав пред некој ден и мене ми беше страшна, искрено не би ја пробала.
Mерилин јас ја држев диетата и не ми се вратиле до сега килограмите,а и после диетата почнав помалку да јадам и не сум до сега здебелена
луѓе неделава немам ни пола кило симнато Незнам до што е, немам ни парче плаго каснато цел месец, ни леб, ни ништо, а не се симнав од 50 кила....може затоа што имам малку кила па побавно оди ама пак...очигледно треба уште помалку да намалам и еднаш дневно да јадам
Немој еднаш во денот да јадеш, јади повеќепати помалку, не е убаво да стоиш гладна. Едно јаболко за заситување е подобро одколку ништо да не ставиш в уста. И 50 кила таман се, ја накачив две-три кила и сеа држам диета, па затоа темава ептен ќе ја посетувам. И сега место плочки да правам треба прво да ослабам две кила, па после да се фокусирам на нивно бележење.
незнам се надевам дека е така...не сум на диета некоја со строго определување на оброци од причини што сум во школо и + неможам да си готвам...на сабајле јадам мусли, овесни, корфлекс, какви било житарици ( многу јасно не чоколадни и без шекери) или овошје со баланс јогурт или кисело млеко и за ручек што има дома, без леб ( немам воопшто никаков леб пробано месецов) сеа многу јасно не прженици, ќофтиња итн. и не вечерам...ако ми се јаде до ручек јадам овошје, после ручек ништи и така.....претходниве недели слабеев, ама оваа ништо
Немој да се откажуваш. Продолжи да го практикуваш твојот режим. И јас се хранам слично како тебе. Изгубив 5 кила за месец дена. Сега стагнирам, а треба да симнам уште 3-4. Нема откажување и разочарување. И дури и за вечера ако ти се јаде, немој да гладуваш. Јади зеленчук. Почни со физичка активност, ако веќе не практикуваш. Резултатите се загарантирани.
абе не се секирај продолжи си ама не избегавај оброци јади и вечера ама немој касно незнам сеа во колку легнувиш, ако легнуваш рано не јади после 8 и земи јади почесто ..подели ги оброците и намали уште ако можеш сеа ти си ослабела со јадење одреден број калории и сеа колку што знам треба уште да намалиш за да имаш резултати колку што знам јас по моите искуства ..и совет голем биди малку повеке активна движи се колку моеш поише коа немаш со да праиш мислам во секој можен момент пробај да повежбаш малку незнам стомачни земи напраи ...хихи мене посо од ладново слабо надвор не ми се оди и мн малку сум активна во зима со маки го гледам орбитрекот и ме мрзи да му се качам..за да не забораам да вежбам сеа си напраив планчее посо мн одам во веце често на 20,30 мин на секое одење да не заборавам си праам по 20 стомачни некогаш и по 10 хаха и верувај само за неолку дена одма резултати имаш позз и подршка од мене