Не знаев кај да прашам па ај тука. Има ли некоја користено од тие едни ко фластери што се лепат за слабеење биле демек? Има ли фајде од нив или како ленти за депилација може да се искористат само?
Ги рекламираа на тв-шоп, демек ги лепиш на тебе, па тие така делувале на посебен начин. Мислам дека се рекламен трик за безнадежните луѓе кои не можат да ослабат, кои од очај фрлаат пари на се` и сешто само за да ослабат. Овие не се нови, ама досега немам слушнато ниту еден да каже позитивни продобивки од нив. Вежбањето, пешачењето, здравата храна се единствени сојузници во борбата за витко и здраво тело.
Зошто секогаш кога ќе решам да се ставам на диета, секогаш мислам на јадење и јадам повеќе од кога било-а особено благо?
Toa што е забрането, секогаш е послатко. Затоа, не прави диети и не се ставај себе си на искушенија и внатрешен немир, туку јади си се`, ама количински помалку. Јас сум слаба и така си ја одржувам линијата - јадам се`, ама количински помалку. Ако претерам со нешто, тогаш следното јадење ми е помало количински.
ве молам многу ве молам сите ве молам итно да ми кажите некој лек за губење апетит оти јас неможам да прекинам да јадам, ќе пукнам уште малце а пак јадам и гладна сум и прејадена во исто време, и ова го пишам со сладоледот во устата, и сварно неможам да прекинам се ми е премногу вкусно лиги ми течат, не сум во пмс, ама цела недела сум стрвна качив 2 кила за 5 дена уффф помагајте готова сууум лелеее се е премногу вкусно, дури комбинирав ајвар и еурокрем ааааааааааа
дефинитивно најдобрата диета за жал е стресот :/ пред 3 недели ми се случи трагедија во кругот на блиски пријатели и од тогаш сум ослабната 4 кила, а не ни помислив на диета, или пак да си забранувам да јадам.. едноставно ти се одјадува.. :/
епа тогаш де пратите некој страшен линк, или напишите нешто морничаво страшно, или гнасно, па да се стресам, да ми се одјаде, оти јас ако продолжам вака ќе станам како трудно глувче
ЗЕЛЕН ЧАЈ -толку заситува, ја регулира столицата, го забрзува метаболизмот, антиканцерогено дејствува,добар е за органите за варење... Што сакаш подобро. Пробај
Баш денеска се мерев и сум ослабена 2 килца можеби не е многу но ми е потик за понатаму, се надевам до лето ќе стигнам до посакуваната тежина
Ич не сум карактер значи.Имав 5кг максимум за симињање.За месец ипол 2кг симнав.Сабајле јадам јаболко околу 12 јадам кисело млеко,дома или не ручам или јадам салата со туна,јајца или некое мевце варено.Ама навечер знам да грицкам и тоа почесто.Леб едно макс две парчиња дневно и тоа црн Нутри.Благо преки недела ич.За викенд обично јадам се.Ама бавно иде.Овие 3кг мислам никогаш нема да ги симнам
и мојот е 10 кг месечно но сепак без благо и се тоа не би можела.па затоа секогаш се ослучувам на кратки диети.
Многу се нервирам кога таман ќе помине се во ред преку ден и навечер како по навика ќе уништам. Мора да грицнам нешто, да лизнам нешто од стрвост! Незнам како да се откажам од оваа навика..преку ден издржувам еве цела недела и нешто ја држам диетата на ирена, ама на неколку пати ми се случува ова, и после ми е криво.
Senjorita.Lombardi, доколку си се изгладнувала подолг период или пак си била на диета, самиот мозок ти е веќе програмиран да ти бара се и сешто од храна, и ти незнаеш од што попрво да каснеш, едноставно уживаш во тие моменти. Незнам колку често ти се случува вакво прејадување, но доколку имаш најмалку 2 пати во неделата такви испади, наречени волчја глад, внимавај но на добар пат си да се здобиеш со нарушување во исхраната како компулстивно прејадување или сл. Сите сме свесни дека изгладнувањето воопшто не не води кон успех, ама сепак се лажеме по брзите диети. Тоа е тоа, пусти жени, све за лепота
Денеска ми е 8ми ден од диетата на Жан Митрев (слична на УН диета само без благо) и до сега имам намалено само 1кг а имам 25кг вишок Ве молам помогнете ми и дајте некој совет плус како да ги намалам килограмите побрзо. Немам услови за физичка активност бидејќи одам на работа и се враќам дури во 17ч. Чекам да се разубави времето па да возам велосипед. Инаку ме интересира дали може со скокање јаже да придонесам до побрзо топење на мастите? Фала многуууу
/\ Со скокање на јаже можеш да придонесеш за слабеење, само гледај да го комбинираш и со други вежби. Не пократко од 40 мин. Тоа што идеш на работа до 17час. и немање услови и бла бла не е никаков изговор за невежбање. 3 дена во неделата по 1 час можеш да издвоиш.
Фала marija.hana.una Знам дека барам изговори за невежбање, ама дефинитивно морам да почнам со нешто. Скокањето јаже ќе го комбинирам со стомачни вежби, а кога ќе се разубави времето ќе почнам и со возење велосипед па ќе ви пишам за резултатите