Jaс со ова постов ќе се збумбарам. Се сум ненајадена, па јадам глупости, а и леб јадам повеќе. Од утре решив да се дружам само со салати и овошје, не го бива вака инаку.
Девојки да ве прашам како да го намалам стомакот значи сабајле кога станам е 82см а навечер 85см јадам само еднаш малку ретко два пати значи само тој ми е проблем и треба ли да вежбам некако помагајте
да во право си, и јас сум повеќе за ун диетата, но проблемот е во тоа што ја држам 50тина и нешто денови, и резултати имав, до 30тиот ден од тогаш не сум мрднала, а внимавам и тоа многу, вечерам салати, пијам многу вода, не јадам леб воопшто и пак ништо, мислев оваа една недела, до 2 максимум, за малце да мрднам, зашто ова веќе ме утепа, се разочарувам секој ден се повеќе и повеќе како и да е, фала ти за искреното мислење, те поздравувам и јас тебе, и ти посакувам мн изгубени килограми
Едно кило имав симнато од диетата на Ирена за една недела.... И после од диетата нервоза симнав 3 кила за една недела...Апетит за кафе едвај наоѓам, уште не ми е јасно како стојам на нозе со сок и вода. Сакав да ослабам ама не вака.
како од диетата нервоза??? јас не ја држам таа ама ја прочитав и знам каква е, да ја завршам мојата и ќе почнам со таа, не за слабеење туку чисто да имам некој ред во исхраната, иначе диетата е на место, незнам зашто тоа ти се случува, да е некоја од они брзите да разберам ама за оваа чудно е, поздрав до тебе и ти посакувам побрзо да се средиш
a зошто не ја започнеш Ун диетата? ем имас бллаго, ем имаш позитивни резултати, сега не за 2 недели, ама за 2 месеца сигурно
Мој совет - кога јадете секое касавче добро џвакајте го и на секое касафче или две пиете вода.. Јас така не дека сакам да правам него самата душа од натре ме тера и многу сум слаба НИкако неможам да се поправам, моите од дома ме караат дека пијам многу вода па дури и на јадење водата ми го одзема апетитот ПРОБАЈТЕ со ова верувам дека ќе ви биде од корист..!!
и јас би ти го препорачала истото, со оглед на тоа дека имаш 25кг вишок тоа значи дека си јадеш повеќе, а диетава што ја држиш е построга и сметам дека е за оние кои сакаат да симнат кило две три бидејќи и онака јадат количински помалку. со ун диетата мислам дека нема да згрешиш, добро е избалансира, има доста за јадење, постависи цел да ја држиш 1 месец, бидејќи од одма 3 месеци изгледаат недостижни, ќе осетиш резултати и ќе се мотивираш за уште месец плус и после постепено ќе намалуваш и од таа исхрана и ќе успееш
Колку што јас знам диетата на Жан Митрев има јојо ефект, бидејќи е наменета за луѓе кои мораат да ослабат брзо пред операција, после си се враќаат килограмите. Ун-диетата мене ми изгледа најпогодна и не гледајте брзо слабеење, туку ефикасно слабеење. И што и да правите добро е барем малку да имате физичка активност. Не мора да одите во теретана или да трчате, можете дома некои лесни вежби, пола саат е сосема доволно, бидејќи и нагло да ослабнете, кожата ќе ви се опушти и или ќе се занимавате со стрии или целите ќе бидете нависнати. Јас морално си се поддржав, морам режим да одржам најмалку еден месец. Ми требаат -5 кг, така да ја започнав УН. Глад воопшто не почувстував, само одма од прв ден гледам на маса тулумби, торта, кока-кола, динстано месо, топол леб, аргета паштета, мегле павлака. Штом од прв ден не посегнав по вакви работи, нема ни воопшто да посегнам.
Диетата на Жан Митрев е ужас невиден, не само што по завршувањето се враќаат килограмите, туку и жив прегладнет ќе бидеш. Воопшто не ја препорачувам.
За брзо намалување на килограмите би ти ја препорачала диетата со Јаворов сируп, се држи од 7 до 10 дена, толку ја препорачуваат. Во 250мл вода се раствараат 2 лажици лимонов сок, 2 лажици јаворов сируп и малку, ЕПТЕН малку чили во прав. Дневно треба да пиеш од 6 до 12 вакви чаши, и дневно се губат од 1 до 2 ипол килограми, така нешто беше. Многу строга диета е ама доколку ти треба ептен да ги изгубиш тие килограми, почни ја. Цел ден си на тоа, не ми претставува некој голем проблем мене затоа што напитоков ме заситува и дури преку сила пијам и 4 чаши дневно а треба најмалку 6. Ако ја почнуваш, кога ќе ја завршиш не се враќај на нездрава храна почни 2-3 дена со природни овошни сокови, па вметни зеленчук и понатаму можеш и протеини како риба јајца и слично
Јаворов сируп да , но тешко кој може и тешка е ставарно.За брзо слабеење нај добро е супа од зелка лично немам пробано да ја држам но сум го пробала вкусот на зелката. Сум видела резултати кај луге одични се ..... но тешка е за јадење затоа да ти кажам како би била по вкусна додај во неа трошки од соја сојата не е лоша напротив е препорачана во слабеење , и една рака ориз нема ни да се осети на толкава количина.... јас лично ако некогаш се одлучам на таа диета така би правела ....поззз
Диетата на Жан Митрев што ја држам не е онаа фамозната диета од 15 дена . Се држи циклус од 4дена од кои еден е протеински, еден скробен, еден јагленохидратен и еден овошен. Значи слична е на УН диетата со тоа што во оваа диета не се јаде леб и благо и наутро се пие по еден цеден лимон во 200мл топла вода. Воопшто не гладувам со неа, ама сепак претходно кога ја држев имав подобри резултати отколку сега. Денеска ми е 28ден (утре воден ден) и се на се имам ослабнато 5кг а имам уште 20 сигурно за симнување бидејќи сум висока 170цм а моментално имам 83кг . Ако имате некој предлог како да го забрзам слабеењето ќе ви бидам ептен благодарна . Позз
Упорни диеталци и оние што не држат диета да прашам иако мислам дека е можно, можно е за месец дена да се симнат 4 кила?
Лукс, 4кг баш е идеално да ги стопиш за 1 месец,ама онака на здрав начин избегавај брзи диети па јо-јо ефекти. Да си го средиш дневниот режим со повеќе зеленчук, овошје, вода, чајеви и малку вежбање или движење таман ќе ти дојде. Јас пред неколку години за 2 недели имам ослабено 4кг, кога ме фати инает да го сништам скроз вишокот и сето то со интензивно вежбање и без диета, него само намалена и здрава исхрана. Ама, идеално би било баш за 1 месец.
ајде од утре и јас ви се придружувам немам многу вишок. некој си 4 килца. сега се мислам дали да ја фатам редуцираната или УН диета. ке се мислам до утре подршка и од мене до сите..
Зависи колку вишок имаш, нели општо е познато и докажано дека последните 5 кг најтешко се губат...Јас еве сакам да симнам 2/3 кг и никако не ми успева, трајно. Ги симнувам па пак ги качувам и така све во круг. Веќе 2 години варирам. А инаку може да се изгубат 4кг за 1 месец. Колку што сум упознаена со твојот случај, чат пат среќавам килажа во некој твој пост, ако не се лажам немаше многу вишок, и заради тоа ќе се помачиш малце повеќе ама ќе биде Напред кон идеалот