ја да си се пофалам,(пошто човек ако не се пофали исто као да не напраил ништо нели ) дека после пауза од два месеца си почнав пак да идам на вежбање ама беше фатило ептем ладното луге мои мрзневме у салата и си реков дај малце одморче,па си почекав да си се стопли убаво па сеа пак у офанзива..до летото има да станам атлета а за диети неможам да ви зборам пошто нема шанси ја да бидам на диета,абе у 12 саат вечерта ке ми текне и ке си се налапам саламче мајонезче сиренце и викам еј од утре ке пазам на јадењето аха да бе од утре и после тоа ке си кркнам нешо блачко.. срека шо имам 5 -6 кила вишак и нема некоја причина за тревога,ама не дај боже да станат повеке ја на диета незнам .затоа морам да вежбам да трошам.тики ова мојов пост да не испадна морална не-подршка
Што убаво ми тргна, и оваа недела запрев. Ме сотреа ова хотеливе и ресторани, таква беше неделата, иако не би требало да ја кривам неделата, пошто никој не ми стави нож под грло и не ме тераше да јадам, нели Добро е што помина, следната ќе се вратам во ритам, а оваа барем не се здебелив, иако уште не ми е јасно како успеав на волку јадење. Само од ова алкохолот во вечерните часови никако да куртулам... навечер чашка винце (па втора, па трета...) кога во друштво, кога сама, ми претставува невидено задоволство.
Леле јас де ке ја почнам УН , де таа ефективна 7 дневна диета Само си ветувам и никако да почнам. Почнав со броење калории и добро ми оди, барем претпазлива сум што и колку јадам, а не како пред тоа гнетам се како стока. Барем не трупам непотребни калории од невнимание, еве пример чоколатцата на Витанова ги обожавам сите ама секогаш се фаќав за тие од 140 калории , сега ги јадам тие зелените од праска, 75 калории значи скоро на пола. А претходно никогаш не ми ни текнало на тоа Или кога видов чаша кока кола 105 калории се запрепастив, нема шанси сега да се напијам.И така малку по малку се собирало. И се мерев имам симнато 3 кг, ама нискичка сум и ми се познава малкуцка . А и скоро цела недела леб не јадам, јадам пример риба и салата, стек и салата, супа и сл и за чудо ич немам апетит. Ама сега ми иде колоквиумска и некако малаксувам, немам енергија ич иако спијам многу. Ама морам до екскурзијата, значи уште цел месец да симнам уште барем 5-6 и морам
Од вчера почнав со вежбање пупу да не ми се уроци држете среќа така и да продолжам . Сега за сега почнав да намалувам од ручекот и вечерата, од доручекот не можам мртва гладна сум насабајле. Вчера за вечера поминав само со чаша јогурт. Денес за ручек не знам што да правам , за вечера ќе имам чинија гравче без леб со салата, за ручек компирчиња ќе си испечам најверојатно. И нема да јадам благо
Девојки да се пофалам дека поради постот(од денес веке 6та недела)сум ослабена 5 кила,на мое огромно изненадување,тоа би му дошло просек 1 килограм неделно!инаку исхраната ми се базира на јаглехирати леб и маслинки имам изедено ехехееееј,и ниту еднаш не сум осетила криза,а студирам и работам и цел ден сум под притисок.Има еден фактор што го сметам за клучен во губењево на тежината-вечерам исклучиво само супа јадам претежно интегрален леб,за доручек јадам посни печива и пити со зелка па тие се покалорични и ми даваат сила за цел ден.Секоја чест на "вежбачките" гледам Ве има во голем број,јас само пешачам по неколку км секој ден и така.поздрав и со лесно и успешно на сите желни за S и М size!
јас од утре морам,како и да е ке си ги вратам старите кила,а одвај се спасив.....многу ми се јаде па во последно незнам што е ова.......
Jас и така не јадам многу, повеќе сум на лесна храна, како печен спанаќ,чинија грав-грашок без леб... некогаш варени јајца, месо ептен ретко, скоро ич, благо никако (освен вчера со дузи направивме по некој грев у слаткара ) леб исто не јадам Jогурт пијам по 2 чаши на ден па може сум лизнала се немам мерено оддамна, ми рикна старата вага, на дигиталната немам батерија последниот пат бев некаде 61 Hе е којзнае колку, сум била и 67 Cамо тешко оди леле, порано што убаво ми беше, абре лесно си слабеев, како стареам тешко оди сега повеќе пешачам, па се надевам дека до мај барем 4-5 килца ќе симнам.
ај нека ти се простени гревовите во слаткарница чедо божјо, но да не се повтории.. АААммиинн!!! И читам си почнала да стареиш на 21 година сакаш во депресија јас да паднам оти сум 23? ц ц остај шала на страна муабетот друго ми беше, јас не мислам туку сигурна сум дека имаш ослабнато, ако вистина ова што го збориш, и уште информација за тебе ако си благар, и за време на диета може да јадиш сладолед и чоколада, ама попомалку знаеш нели нема да се здебелиш
Чисто информативно, Лудото нема што да слабее, ама она е уверена дека има. Јас грешев вчера, ама таа е виновна, ме наведе да јадам Нутела торта. :geek: И така. Од средина на мај поинтензивно дружење во темава, денес ручав од кај Вили.
Jaс ја почнав денес седумдневната диета, ми се смачи веќе од УН, а и не осеќам резултати. Може па и зошто почесто ја прекршувам. Ми рекоа дека ептен сум била ослабена, ама јас ич не се осеќам така. Ќе ја држам диетава за пред свадба, па после ќе видам како ќе биде.
Јас незнам каква диета почнав, нешто слично на онаа со месата( ама малку изменета јадам овошје и зелнчук). Пијам вода ко луда, во живот волку вода не сум испила. Денес малку ми се слоши зошто од сабајле не јадев, ама после надоместив со супа, мефце и салата и МНОГУ МНОГУ ВОДА! Јас ќе ве дружам додека не симнам минимум 15 кила, така да се почесто ќе ме гледате
И јас ви се приклучувам...до сега имам намалено 3 кг, со здрава исхрана, без чоколадо без маснотии и многу течности - 1,5 - 2 литри на ден. од следна недела почнувам со аеробик и третмани за слабеење (паралелно) па мора да има резултати....ако нема од сето ова ќе си купам ново тело ајде ајде можеме...се замислувам летово на плажа
Мене денес ми беше успешен десетти ден како сум на диета. Не јадам леб, внесувам минамално благо колку да не ми падне шеќерот,а тоа е најчесто мед или чоколада за готвење. Не јадам ништо пржено. Се држам само на мусли, салати од свеж зеленчук или овошје. Исто така конзумирам варени јајца, пилешко месо, супа, риба, компир-салата, манџи со телешко во минимални количини. Секој ден џогирам по час и половина, но планирам да го зголемам времето бидејќи имам доволно кондиција, правам вежби, правам стомачни,а сега ќе почнам да одам на фитнес. Пијам по две шолји зелен чај на ден. Не велам дека немам кризни моменти кога сакам да го изедам целиот фрижидер, некогаш дури и солзи ми доаѓаат од што сум гладна но не попуштам. Ќе си ја вратам старата килажа. Не дека сега сум којзнае колку дебела, напротив, идеалната тежина ми е за 5 килограми повеќе од она што сум сега, но имам желба да го намалам стомачево и да се затегнам добро. На секоја храна што ќе ја допрам во рака морам да видам колку калории има. Можам да кажам дека внесувам на ден помалку и од 1000,а вечерта ги трошам со џогирање и брзо одење. Ми треба поддршка или некои препораки за храна која би ми одговарала.
Приметувам дека времево многу ми влијае на расположение ама и на апетит Еве се расипа времево - јас сум нерасположена и без воља за диетка и вежбање Кризирам додека е грдо времево ама додека да се разубави ќе се мотивирам со вакви рибки
Епа и јас ке ви се придружам зошто сакам пак да си се вратам на работа со вежбање и да си скинам макар 10 килца Сега сум 60. ама кога ке ми лани овај период колку само вежбав и вежбав.. И верувале или не за 2 месеца симнав 15 кила Сега морам исто со толкава мотивација да продолжамм Ве поздравувам и се читаме!