Не сум многу дебела за своја воздрас таман ми е. Не јадам многу чоколади или пак брза храна се гледам да е нешто лесно и здраво. Си држам диети, не користам никакви апчиња или било какви апарати, масажери.. Секоја ден си правам овошна салата. Летото обично во салата ставам сецкана лубеница, јаготки, грозје и јогурт. А зима јаболко и банана(без јогурт), но понекогаш само банана, корнфлејкс и јогурт. Тоа го правам веќе 1 година и си слимнувам по некое килце + секој ден кога одам на училиште по пат си земам по едно јаболко. Си трчам секоја недела, редовно(1 час отприлика некогаш и 2)
Мене неделава не ми оди некако, килажата си е иста, барем вчера кога се мерев беше, ама стомакот ми е некако подуен, незнам зошто Можеби затоа што пред некој ден си каснав повеќе леб и цела недела не вежбам Се нервирам паа Го сакам сонцето и убавото време да ме мотивира.
Уф, денеска многу ми се јаде. Среќа немам ништо дома за јадење, инаку што и да имав ќе го изедев. Сабајле јадев едно јаболко, за ручек печени компири и салата. И сега супа варам. Мада би требало парче овошје да изедам, ама заборавив да купам. Утре едно варено јајце и салата треба да јадам. Пих. Да помине свадбата само па ќе олабавам малку.
Му објавувам војна на демотивирачково време и од утре, после недела дена пауза од диети и вежбање, почнувам повторно со двете Морам да ги симнам уште овие 2 кила што ми останаа, еднаш во животов сакам да ја имам таа идеална тежина и да не се нервирам за стомаков или дека спојлерите ми се познавале Епа девојки ајде, иде лето, ќе треба да се фрцкаме на плажа и низ град
е ајде де, и јас имам уште 2 кг за симнување, ама како да ги симнам? Ја држев УН, за 2 ипол месеца симнав 7, ама имам уште 2... на крајот е најтешко, дај кажувај некоја диета за -2-3 кг... пијам зелен чај, наутро вода со лимон, сите ми викат дека ми е доста, ама сакам да стигнам до 51, а сега сум 53-4... висока сум 162
Јас се мислам на таа ефикасната седумдневна диета бидејќи е малку поригорозна од УН, или пак УН ама без леб воопшто и вежбање 6 дена во неделата поинтензиво. Па ќе видам што ќе испадне.
http://www.femina.mk/%D0%BD%D0%BE%D0%B2 ... 0%BC%D0%B8 http://www.femina.mk/%D0%BD%D0%BE%D0%B2 ... 1%9A%D0%B5 Поголема мотивација од ова незнам! Секоја чест на девојкиве!
Девојки сите кои сакате да ослабите, гледајте и обидувајте се колку можете да ослабнете без некоја одредена диета која ви наложува да јадете само одредени продукти и тоа во одредено време од денот. Значи, намалете со јадењето, трчајте, спортувајте, пијте многу вода, не се оддавајте на диети со определени намирници само. Зарем цело време ке се стискате да не пробате од вкусните колачи на мајка ви, или роденденската торта, или вкусната неделна скара само затоа што диетата ви наложува тој да јадете само портокали, киви и житарици?! И што кога ке прекинете со диетата? Пак ке се вратите на старото темпо на исхрана и ете ги килограмите пак ке нападнат. Мислам дека најдобро е да го научите вие самите организмот на некој ред, без вакви диети.
јас од утре планирам да постам до Велигден, да го прочистам телото од токсини и мрснотии барем на 1 недела, и се надевам на барем -1 кг
како да ослабам 30 кила за 3 месеци морам лето иде ,а плус коа ке ми текне колку имам за симнување се демотивирам што да правам дај те ми совет паника ме фаќа
^ Знаеш како? Ќе почнеш уште од денес, не вечерај после 19 часот на пример и почни нешто да вежбаш, ако неможеш да одиш на аеробик, фитнес вежбај дома некои вежби, има еден куп видеа на Јутјуб. А од утре фино лепо со вежби ќе си продолжиш и држи некоја диета, УН, диетата на Ирена, таа најмногу што ти одговара. И најважно, секој ден ќе си повторуваш дека не можеш преку ноќ да ги изгубиш тие килограми и дека трпението е најбитно. Издржи ти недела-две па после кога ќе почнат килпграмите да се намалуваат тоа ќе ти дава се поголема и поголема мотивација.
Немој да се демотивираш. Не почнувај од утре - почни од сега. Да си почнела порано, сега веќе ќе ги немаше, мора некогаш да почнеш. И најдолгиот пат започнува со првиот чекор. Инаку мене ми е денеска 26ти ден и за прв пат ме фатија кризи за јадење. Уште малку, па ќе одам да вежбам. Никогаш не ми се јаде после вежбање. Најверојатно е дека влегувам во ПМС.
почни со УН диета... мозеби нема да ослабнеш 30 кг, ама ке ослабнеш 15-20, со што ќе си задоволна, вежбај и не губи надеж
Туку јас ништо не правам и неделава ко што ми гледа, стрвна сум многу, си поткаснувам Само да не вратам некое кило додека да ми помине апетитов проклет
Сакав да ве охрабрам, да ви дадам подршка, и некако останав без текст. Целете кон совршенство за да станете најдобри за самите себе, а после за другите. Кога ке решите да држите диета речете си-Сакам да сум срекна,а ке бидам кога ке ослабам. Секој ден нека ви е предизвик исто како да се борите со непријател. Можете да победите. Секој може
Мој совет од лично искуство ви е да не пробувате со тие едномесечни диети, туку да го смените целосниот начин на живот и исхрана. Сакате?
Секој ден последнава недела почнувам со диета и ј прекршувам Значи најмногу ги мразам овие периоди кога ќе ми се врати апетитот и не можам многу да се контролирам Башка и со одењето во вц проблемчиња ми настанаа, зелениот чај само првите 3-4 дена ми делуваше Ама мора јуначки да издржам додека да помине периодов или како што вели сликава ќе мора
Значи вака ... купив прекрасна блуза така убава залепена и ја облеков и секако не ми стоеше како што јас би сакала да ми стои, спојлерчињата и стомачето наѕираат, така да мој предизвик е да ја носам оваа блуза без да се кријам цело време. После велигден повторно стартувам, држете ми среќа. Поздравче до сите