Не знаев каде поточно да прашам за совет,па мислам дека вие би ме советувале каде е мојата грешка.Епа вака значи скоро цел живот сум на некои диети не сум дебела но доколку не држам некоја диета(а ги имам држено скоро сите што ги имате напишано) или не се припазувам на исхраната мојот организам е склон на брзо дебелеење. Но во последниов период покачив некое кило и маки мачи да ослабнам некако премногу тешко ми оди тоа.Би ме посоветувале со диета но верувајте јас не јадам речиси ништо и не можам да ослабнам,дури кога сум на диета јадам повеќе. Јадам еднаш во денот,не доручувам,јадам само за ручек максимално што јадам е 2 парчиња леб или пак јадењето го јадам без леб и обавезно јадам салата.Благо не јадам никогаш,и пак не можам да се пофалам дека сум слаба односно дека ја имам идеалната тежина која што одговара со мојата висина. Покачив 7кг и никако да ги симнам а не знам ни самата како се здебелив овај режим на исхрана го практикувам скоро цел живот.Бидејќи ми беше смачено да бидам секој ден на диета и да се припазувам што ќе јадам, решив храната која што дебелее да ја исфрлам и да го прилагодам организмот кон здравата храна.Порано тоа ми дејствуваше а сега не.Би ви била благодарна доколку споделите некој совет за мојот проблем.
Прасе е комплимент. Свиња е вистинскиот збор! Самокритична сум си, и си признавам, јадам ко Цацко . Безмозочна сум, кои маки ги видов од аткинсо, ослабев и пак се поправив. Е за ќотек сум. Ем болна, ем дебела. Од понеделник, тревопасна ќе станам, како Лудото . Марула му е мајката. И зелка . А утре ќе јадам, оти од понеделник на гладување ќе сум .
Aјде ќе се дружиме, јас сум на диета, со другарка ми ќе трчаме на кеј јас од петок, ме убеди,таа многу ослабе од трчање па да се надеваме на добри резултати Jуле и која диета ќе ја маваш мори? Kај и да одиме ние, пак тука се враќаме Tоа е, за греотка сме си
Судена ни е темата . Диета, некоја тревопасна . Наутро ќе јадам овошје, за доручек овошен јогурт или салата, за ручек дома што има и салата и за вечера салата, јогурт или супа. Плус ќе вежбам. За 3 недели барем 5 кг треба да ослабнам.
па и јас така правам, дома што се кува тоа јадам, а најчесто грав грашок многу спанаќ се кува, економска криза, по некое месо, пилешко, ама печени батаци кокошки тоа не јадам, така да ги рипам Jогурт се давам, по 2-3 чаши пијам од оној со 45 калории, т.е филџани за кафе овошје капут-не јадам, салата за вечера веќе ја сонувам и тоа е воглавно, без ништо не ми е тешко ко што ми е тешко без благооооо
ах јас ова празнициве ке ми качат некое килце а цела година се мачев за да дојдам до оваа тежина,салати ич,течности слабо,а пак физичка активност јок јок,шо ке беше ова од мене залежвање
Јади сушено овошје, благо е и по изедени 3-4 парчиња ти ја убива желбата за благо. Има и од wellness едни интегрални колачиња, мене ми се преубави. Исто и едни на јафа интегрални со портокал и темно чоколадо. Ги обожавам. Не си забранувај ништо туку наоѓај си замени. Зашто онака е многу потешко и поголеми се шансите да се откажеш.
^ Или некоја житарка, од оние на Виталија или Бонжита може. Јас се поправив од јадење на благо. Еднаш дневно имам нормален оброк, останатото се сведува на слатки и чоколада. Па затоа еднаш дневно ќе си зимам од оние житарките на Виталија што се, барем поздрави се и понекалорични. Туку овошниот јогурт се препорачува за појадок и колку би ме држел до 16 часот, бидејќи до тогаш сум на работа па само појадокот ми е проблем
Уште едно изгубено кило. Девојки, не се откажувајте и не заборавајте дека најголемата инстпирација и мотивација сте самите вие ! Не вежбам за да задоволам некој друг, туку да се задоволам самата себе ! Се среќа !
да да, ама не е дека и не се калорични овие Jас се мислам мед да си купам, една лажичка ме заситува. A плус и здрав е. или една бонжитка колку да се каже A сега изедов пола банана така да ок е, шеќерот се радува
Поддршка од мене до сите Јас еве тред ден по ред си ролам секое утро на патека, да стопиме ова вишокот калории. Ајде форумџики, вадете велосипедите, ролерките, или патиките за тие што сакаат да џогираат и на кеј, искористете го сонцето додека го има!
Јас ќе ти кажам што ти е грешката Си ја достигнала фазата кога неможеш веќе да слабееш со тој калориски внес. Организмот ти се навикнал на помалце калории и затоа сега и ништо да не јадеш све се складира во масни наслаги, зашто тоа е еден механизам каде организмот се бори за преживување и ја складира како резерва секоја внесена калорија. Лекот ти е да го зголемиш малце калорискиот внес (можеби одреден период ќе стагнираш и нема да слабееш) но после тоа со мало намалување на храната веднаш ќе се видат резултати. Сепак немој да јадеш благо и леб. Овошје насабајле, протеини за ручек/вечера. И не се прејадувај. Не грицкај меѓу оброци. Еден добронамерен совет за сите. Немојте да го навикнувате организмот на малку калории, 1200 на пример. После тоа ќе ви биде потешко за слабеење. Јас би колабирала доколку константно се исхранувам така.
Cирење да до 100гр ми се чини беше, јогурт и кисело млеко не, зашто имаат повеќе ј.х на 100гр Oваа диета е за љубители на месо-ако не си љубител не е за тебе. Jас кога јадев само пилешко со салата цел ден, по 2 залака јадев, за заб да ти се фати Mене не ми е добра диетава, што знам,кај други па обратно Hего јас сега јадев една чинија грав, леле ми дојде да повраќам зашто нели само грав-течност а желудникот празен, нема тврда храна, и си лапнав една јаболка
Јас денес бев добра и послушна . Кога појдов на работа каснав еден мал портокал. За доручек ѓеврек. За ручек грав со пола парче леб. Пред вежбање една житарка на виталија. И толку. Не сум вечерала. Да пријавам и дека во моментот цревата ми играт рингишпил . И така... Утре постои едно искушение, ама ќе се обидам да му оддолеам, ако не, ќе си скратам од вечерата пак. А и се мерев денес...и не сум изненадена, туку очекувано, поправена сум солидно, а и во ПМС сум, па и некој кг плус. Ајде за два-три дена ќе видеме колку во плус сум отишла .
денес имав напорен ден без сон. сабајле си сварив пола шоља ориз со магдонос, маслинов зејтин и кромид ручек- ајде каснав малце пилешко месо. Aма покасно јадев вечера јогурт чаша,јајце, краставица.
Ух, улативме за на одмор, сеа на ред е диета. Како за прв ден - капучино(со шекер, иначе не можам да го пијам), зелка салата, едно средно јаболко, таратур и до вечер може една чаша јогурт. Добро е, се тешам дека денов поминал. Утре со нови сили.
http://www.dailymail.co.uk/health/artic ... -week.html Е ај сеа! Не ми требаше ова за да знам! Од кога го зборам!
Јас се пријавувам дека сега сум 69.5 од 73, ама два дена заборавив да доручкувам, за ручек што стигнам, снедвич, или макарони со зеленчук, за вечера вчера направив салата со варени јајца и марула. Ако издржам вака ќе биде топ.
Еве мала мотивација до сите девојки што сакаат да ослабат. Spoiler Сликава е превземена од фб, но нема податоци околу начинот на кој се изгубени килограмите. Доказ дека ако се сака се' се може. Само упорност девојки и ќе видите дека на крај ќе ви се исплати трудот.