Искрено не знам што да правам, едни имаат лошо искуство а други сосема напротив баш се задоволни од диетава. Дека оброците се минимални мислам дека нема да имам проблем бидејќи никогаш не конзумирам обилни оброци но имам таков метаболизам што се што ќе каснам се лепи на мене буквално се, и да да си признаам страсен обожавател сум на благо неможам да замислам ден без него па затоа ја одбрав диетава, и најверојатно ќе ја почнам од понеделник со господ на помош па ако не можам ќе се откажам и ќе се префрлам на ун диетата но морам да ги скинам овие вишок килограми Сепак фала за советот и со среќа со диетата
Не држев никоја од овие диети туку сама решив да се земам во свои раце и да почнам да јадам по малку. Не јадев смоки и сите тие работи , благо не, сокови не, леб многу ретко. За доручек јадев овошје или некои соленки, за ручек тоа што имав дома но без (леб ретко скоро ич) и навечер јадев салати или таратор. Тоа е тоа
готово бре..ПОЧНУВАМ ЗНАЧИ! диета фитнес све..ќе вежбам и ќе се препотувам..но се тоа со музика затоа што иначе ништо од тоа...еден ден ...ќе ми речат ...си ослабела многу
Вие што започнувате со диета или било каква физичка активност, ја имате сета моја (морална) поддршка! Не се откажувајте, во почетокот е секогаш тешко. После одредено време ,,маките'' ќе ви се исплатат, верувајте! Мора да се види кад-тад резултатот.
Женски ја имате мојата подршка, јас цело време пробував диети нема диета шо ја немам пробано и немаше никаков ефект но кога подобро размислив се наслонав на физичката активност и има резултати. 1. за поручек секогаш јадам овошје 2. за ручек јадам тоа што имаат дома зготвено во мали количини, а кога сум научилиште за време на ручек јадам бејкролс или марети. 3. вечерам салати, овошје... од мојата исхрана ги исфрлив лебот и благото,сите меса, мрсни и високо калорични јадења. последниве две недели вежбам, правам стомачни, трчам, вежбам со вајбра тон по најмалце 2 сати на ден е на мене, носам појас за потење... ослабена сум 6кг, што е зачудувачки факт бидејки никогаш не сум ослабела толку со диети и со гладување. Во последно ме фати инает за да ослабам и да им докажам на сите дека можам, можете и вие... Не се откажувајте ако првата недела нема резултати, НЕЛИ УПОРНОСТА СЕ ИСПЛАЌА!
Добро, те молам појасни ми на кој начин смоките би можеле да бидат диетални? Еве на пример едно паковање стоби флипс од малите има минимум 250 калории. Аман бе луѓе....
зoштo бре се вo мај пoчнувам сo диети,фитнес,чаеви итн....ме фаќа паника штo се вадат куси пантoлoчиња а штo убавo oд јануари да си гo фатев редoт...аххх
Никогаш немам држено диета но едно сум сигурна без храна неможам јадам премногу а сум слаба ептен, мојата рецепта е: Доручек - само што ке станам од спиење пијам вода додека не ми се надуе стомакот (така ме тера ) и псосле нормално пјадувам многу малку, па и колку мозе д ами собере (а за диета е доволно оброкот да го јадете на двапати со разлика од 2 часа) попатно ке мрцнам нешто онака од стрв ручек .. фин колку што можам мада не се прејадувам никогаш доволно е да осетам дека не сум гладна, обично ми е храната посолена па по ручекот повторно пијам и до 500 мл вода, па псоле сок, па несто благичко ама малку меѓу знам да грицнам пуканки, овошје, да си направам салатка и повторно вода или сокови (обично си цедам во соковник) вечерата исто така кога јадам ама по малку на 2-3 саат доволно да сум сита а не гладна и повторно вода и се тоа малку зацинето со нервоза, поршетка, ролери и здеблеување никогаш ЕДНИНО ПРАВИЛО Е ДА ЈАДЕТЕ НА ДВА ЧАСА ПО МАЛКУ, НИКОГАШ ДА НЕ ЈАДЕТЕ ЦЕЛ ОБРОК ДЕЛЕТЕ ГО НА ДВАПАТИ И НЕ СЕ ПРЕЈАДУВАЈТЕ, ПИЈТЕ КОЛКУ ШТО МОЖЕТЕ ВОДА ОД САБАЈЛЕ ПОСЛЕ ОБРОК И ЗАКУСКА И ЕФЕКТИТЕ СЕ НЕМИНОВНИ А И КЕ СИ СТЕКНЕТЕ НАВИКА И КЕ СИ ГО НАВИКНЕТЕ ОРГАНИЗМОТ ... со срека
Освен шо цела соба си ја излепив со мотивирачки пораки, да ве мотивирам и вас Keep calm and become skinny bitches!
Значи понедисциплиниран човек од мене за се во животов-не постои! Никако да почнам со нешто и да го истерам до крај или во случајов да вежбам континуирано Луѓе како да го сменам овој глупав табиет? Никако да се вратам на редовно вежбање и внимавање на исхраната. Незнам што човек ќе бев (Глупача)
Среќна сум многу пошто 4 дена се придржувам на малце потежок режим пијам по 1.5 литро вода со лимони цел ден,внесувам зеленчук,овошје,јогурт,варено месо само тоа тоа,па ќе видам до кога ќе издржам,засега се осекам супер,немам некои потешкотии.Држете ми среќа
си купив вага кујнска, немав и супер си мерам јадења денес јадев за ручек 100гр риба, 50гр зелени маслинки и една краставица 150гр за вечера исто Oвие денови дур бев кај мојов, не пазев на исхрана, ама фала богу иста сум во килажа, не се поправив сега пак на диета
денес- грав и салата за ручек и вечера утре- спанаќ печен со јогурт задутре- јајца варени и салата шопска четврток- краби пржени на маслинов зејтин и јогурт петок- полнети тиквички со ориз морков домат и соја трошки после не знам што, снмав идеи, баш со Jуле( ) се жалевме на 21 јули сум на крштевка со дечко ми фала богу ја одложија,, фустан си купив пресекси е, само мора да ослабам и така жени
Леле Лудо па ќе нема веќе идеи нормално кога сите диети ги испробавме . Јас на Иренна ја почнав, слушнав дека луѓе од неа до 20 кг губеле за 3 месеци. Туку јас се силев дека до некни ќе ослабам 4 кг, ама денес се мерев и дури еден килограм сум поправена . Е свиња ли сум па
Читам по диететскиве теми, и искрено се чудам. Си се чудам себе си или ви се чудам вас. Имаме ли проблем со вишок килограми или пак хир за определена бројка килограми? Да ви кажам дека од 76 килограмите ги спуштив на 66 можеби е само податок (за вас), но искрено да ми кажете вие дека од 50 сте ги симнале килограмите на 48, е само податок за мене. И тоа не во контекст дека не ме интересира, туку алудирам на фактот дека има некој со вистински проблем врзан со тежината и изгледот, за кој бројката од минус 2 е сосема симболична. Некогаш дури и борбата со тој еден ваш вишок килограм ми изгледа како исмевање со нашите многу. Како и да е, без ригорозна физичка активност, едвај 3 пати неделно по помалку од 1 час аеробик комбиниран со орбитрекување и исхрана според Ајрини која веќе ми прејде во рутина, симнав 10 и потрошив азно неброено за обновување на гардеробата. Алелуја!
Браво за упорноста и постигнатата цел, мило ми е што не си се откажала. Ама гореподвлеченото ме забоде во очи, си помислив колку само невкусен коментар. Дали некој си мачи мака со кг без разлика на бројката, било да се 20, 10 или 2, тоа за него е проблем и мака. Бројката е небитна, впрочем субјективно е за секого колку кг ги смета за вишок, некој е несреќен со тие 10 а некој дури (да дури) и со тие ситни 2кг кои ти ги сметаш смешни. Темиве со диети, слабеење и сл не се за некој да си лечи комплекси, а камоли за исмејување на некој кој има многу повеќе вишок. Жално што си сфатила така.
Мерлинка убаво си пиша, ама знаеш некој и со 66 изгледа прекрасно и недебело, а некој и со 60 изгледа дебело. Туку браво за тебе, 10 кг не се малце. Јас во моментот имам 65 и сакам да ослабнам 10 кг само заради ЗДРАВСТВЕНИ ПРИЧНИ. Да не беше тоа проблемот, мене немаше ни да ме видите на темата. И Мерлинке, колку време ја држеше диетата? Јас ја почнав денес, одам и на аеробик, па се надевам дека и кај мене ќе ги има истите резултати.
Нела, вишокот на килограми се сериозен проблем, овојпат бројката; многу често се пречка за одржување на здравјето, а често се извор и на здравствени проблеми сами по себе. Да е проблем само зацврстување на моето речиси по желба оформено тело, и не би било проблем, па ни причина да изнаоѓам диети прикладни за мене. Тука ќе работам на мотивација за вежбање, а не на целосен пресврт во исхрана и активности. Реално дека на некого и тие 2 му се проблем, но споредени со многу изгледаат иронично. Тоа беше поентата. Јуле, не можам да определам посебна временска рамка. Забележав лани летото дека ми одговара ваков начин на исхрана, па после зимското гоење повторно се фрлив на истиот, со тоа што оброците не се многу обилни, бидејќи тежнеам да се полнам со многу вода во текот на целиот ден. Со лесно кон посакуваниот резултат.