Ајде луѓе мене најбитна ми е подршката, како секој нормален човек.. ама бидејќи иам повеќе кг за симнување, и имам пробано сто диети моите дома некако потценувачки гледаат на моево сегашно залагање иако сум 7кг ослабена... Како да им се здосади да ме тешат после секоја неуспешна диета. Ама ќе ослабам! Си ветив! Би сакала и вие да ме поддржите
Мелани ја имаш мојата поддршка, немој да се разочаруваш каков и да биде исходот, најважно е да бидеш мотивирана и упорна.
Поддршката е еден од факторите за успех. Мајка ми позитивно гледаше на секој ден од моето војување со ликот од огледалото. Едно „Браво!“, „Успеваш!“, „Ти висат алиштата.“ за некој пополничок е повеќе од мотив за нешто повеќе. Наспроти тоа, туѓото „Не ти оди.“, „Види се на што личиш...“ и слично, го убива мотивот и неретко фрла во депресија. Понатаму периодот на незадоволство е пропратен со „Навистина не успевам“ и се фрламе на гнетење, мрзоволие, недостиг на енергија и на желба за средување. Затоа, во твојов случај, предложи им да дејствуваат позитивно мотивирачки на тебе, или поарно воопшто нека не се замараат со твојата желба за подобар изглед. Од мене ја имаш поддршката. Знам колку значи.
И од мене имаат поддршка и мотивација сите кои вистински сакаат и имаат да изгубат повеќе килограми. Јас сум среќна бидејќи од утре заедно ја почнуваме УН со мајка ми, а гледам и г-динот татко начули ушиња што и како се јадело, па веројатно и он ќе не дружи за главните оброци, да не готвиме две различни јадења. Евентуално за овошниот ден ќе му туткаме пржени јајциња и по некој шамар. Кај мене по дома, од страна на мајка ми, за секоја моја нова авантура за слабеење сум наишла на поттик и поддршка. Ми било готвено, спремено, купено се' што требало да има. Ме мотивира, ме проверува, ако забегувам строго подвикнува , татко ми додуша само се смешка сеирџиски и вика - пак ли бе, ама по некоја недела кога забележува резултати, замолчува. Сега од утре двете ќе се мотивираме, за јадењето толку не е проблематично, работата е да започне да вежба женичката нешто или барем повеќе да пешачи. Полесно е нормално кога имаш друштво и поддршка, ако ти се пријаде, другата страна сигурно нема да рече - ајде, да му легнеме на фрижидерот, туку ќе рече - абе досега издржавме, уште малку аааааа-јде, мо-же-ме!!! ... со пом помс во рацете!
Кога јас успеав да намалам преку 20 кила, сигурна сум дека секој може. И тоа без подршка од дома, им забранив на моите да пазат што јадат само за мене да ми биде полесно. Тоа ми беше најпаметна одлука, моментот кога го гледав татко ми (голем фан на пица, како и јас) како спукува огромна пица, а ја седам и јадам трева ,направи да можам да одолеам на многу работи. И кога некоја другарка се давеше во чоколадо или сладолед, воопшто не бев во искушение да пробам. Можев да седнам во МС со другарки и да јадам салата или да пијам само кокакола лајт без проблем. Единствени негативни работи што произлегоа од моето патешествие до совршен изглед се што уште имам одбивност кон калорична храна и што колку и да ослабам никогаш не сум доволно слаба. И покрај тоа што од скоро 90 кила стигнав до 58, и сите ми викаат дека воопшто нетреба да слабеам, веќе трети ден ја држам диетата 8 кила за 8 дена. Колку и да ослабам (ваљда комплексите од деновите кога бев дебела) нешто ме тера уште да слабеам. Никогаш не сум задоволна со својот изглед. А брза храна, чипс или благо јадам можеби еднаш во неколку месеци, а и кога ќе јадам и да е бомбонче едно имам грижа на совест и одма се осеќам здебелено. Единстевн совет од мене е пазете да не ви удри на психа диетата, како мене што ми се деси. А подршка од мене имате, затоа што знам како е...
За 4 месеци. Ја користев УН диетата, ама од се што е во диетата пола јадев и без леб. Идев на фитнез секој ден по 3 саати и трчав поред кеј...
Прееска се мерев- 62 кг , а цело време мислев дека сум се здебелила од 55 на 58. Пред некоја година кога бев 63 изгледав доста дебело, тешко се движев, ми се триеја нозете, а сега сум стегната (до некој степен), нозете не ми се лепат горе (знаете каде де), а не пак да се тријат и изгледам малку здебелено, како што кажав мислев дека сум 58 а не 62. Да напоменам, одам на пилатес од октомври, и плус вежбам дома кога имам слободно време, и сепак ми се случи ова А јадам нормално, ама изгледа ладното нес кафе ме поеба Ме натера да се мерам тоа што облеков едни панталони кои лани ми беа таман, и не можев да ги закопчам за едно 3-4цм Од вчера кога ги пробав ја редуцирав ептен исхраната, а денес кога се мерев ја сведов само на салати. Ќе видам што ќе се случи, дали ќе има ефект и ќе ослабам, ама многу ми беше тешко, не очекував, 62 еј Барам позитивна енергија од вас .
Aу денес ние слава, море море, толку сувомеснато изедов, дали ви се верува цела година толку немам јадено. дури и се зачудив самата на себе си, и чајна јадев доста, а тоа скоро никогаш и не го јадам A тие мрсни,полни со сол, ма за тепање сум
Здраво Од денес ќе ве дружам и јас. Проста причина е што како да речам, ми дојде нож до коска. За прв пат во животот во крвта вредностите не ми се како што сакам, а и тежината влијаела на циклусот, и била причина зошто маки мачам со цисти, па затоа што немам ни најмала намера пак да пијам хормони, ќе фатам и ќе си ослабам. И овој пат ич не ми е гајле колку долго ќе ми треба, ама еднаш засекогаш ќе се вратам на тоа што бев. Ќе се придржувам на режимот од вита, со мала промена што таму има многу семки, а јас не можам толку семки да јадам, и малтекс не јадам. Па наутро ќе пијам чаша цеден сок со лажиче мелен лен, после тоа некој бадем, па една чаша чај од брусница(овоа ради камчињава во бубрег), па овошје до ручек, и за ручек ќе најдам нешто забавно. Што знам, риба(претежно пушена јадам), стек печен, спанаќ, компир печен или варен, јајца и друго... Првата недела ако не можам да издржам без леб, ќе јадам и кришка до две од тенкиот црн сечен леб. А за вечера ќе јадам пуканки, салати, ќе зобам моркови, јогурт и слично. Ќе гледам да одбегнувам работи што на крвната група не ми одговараат. И ако од тука уште некој има проблеми со бубрезите и држи режим на исхарана, нека не јаде марула. Не ја разбрав таа докторката точно, ама ми рече никако марула кога имаш камчиња, песок, камења, во бубрези. За поддршка, секако дека е најважна, а јас знам дека ја имам, мал милион пати сум почнувала диети, и како што кажа трендафилка мајка ми секакви намирници и глупости се согласила да ми купи, да ми зготви некое забегано јадење, да ми залепи слика од кога бев слаба на фрижидер, да ми вика мече бре се топиш, и татко ми исто ме поддржува на некој чуден и негов начин, малку строг, ама тој може и најсилна поддршка да ми е, а баба ми што да ви кажувам, срце си е таа, највеќе ме бутка напред. Е сега дедо сиротиот од никаква поддршка не е, секогаш кога сум на диета ајде ми вика земи малкуцкаааа од ова, па де бе дедо, нема да се здебелиш од едно залче Овој пат ќе ми биде уште потешко, затоа што тука е братучедот од аус, а за некое време ќе дојде и другиот, а веќе секој ден шетаме ваму таму, и на разни места јадеме, и тие со брат ми ќе земат да јадат тестенини пример, а сега јас салата Ама морам, и тоа е што е. А и не е што морам, туку и сакам, а и можам, кога веќе можам, зошто на плажа да ме гледаат со чудни погледи, наместо да си речат уауууу каква девојка, блазеси му на дечконо се шалам, или не, не знам Сега еве земав чајче, и една порција јагоди, а после ќе ручам спанаќ како манџа, јез да тоа не е спанаќ баба ми сешто става внатре, зелје(не знам дали вака се пишува), киселица итн, тоа е рецептот за одење во вц Јас не раскажувам многу наоколу кога сум на диета, знаат само моиве дома и човекот, ама зошто поддршка е потребна, се решив тука пак да си пишувам во темава, затоа што навистина, поискрено ќе те поддржи некој непознат(или познат) од форумов, отколку некој во животот што те знае и само ќе те следи и ќе те анализира од секоја страна...
Девојки ја имате мојата тотална поддршка. Е сега покрај празниците и јас си качив некое килце т.е. имав 57-58кг. Но мене овие кила не ми одговараат ради висината, патем 160цм сум висока. А и ми сметаат. Јас самата си се чувствувам дека ми е тешко. И ме нервира салцето кое ми виси на стомакот. Но пред неколку недели решив да се ставам на диета. Бев некаде околу 2-2ипол недели и ги симнав килограмите на 55-56. Но мојава диета беше со многу пиење вода, и минимална храна. Зеленчук јадев за доручек, леб многу малку јадев, и пиев многу јогурт (башка и ко што го сакам). Првите 2-3 дена ми беа критични, но потоа се навикнав и организамот не ми бараше многу храна. Но во последниот период следеа матурски, одење дома и неможноста да ја избегнам храната на мајка ми, ми беше дизастер за моето успешно симнување на некое килце. Па така пак се вратив на 57кг. Сега пак се ставив на диета но не сум човек кој останува рамнодушен на храна , па така сега многу тешко ми оди, но се трудам. И ко што кажа еднаш АнаКаренина, покрај храната која ја приготвува мајка ми дома многу е тешко да се ставиш на диета. Покрај диетата почнав и да вежбам некои минимални вежби за да се загреам бидејќи изгубив кондиција, и секако пазење на храната. Па ќе видиме до каде ќе оди. Сите ми велат дека немам потреба од диета, но јас знам како ми е. Чувствувам тежнина и сакам да симнам макар 3кг, да си се вратам на 55кг. И ве молам кажете како останувате резистентни да паднете на искушението?
Имаш поддршка и од мене, блазе ти ако можеш да јадеш такви тракатанци и количински да мериш што како. И јас имам качено некој кг и одамна си викам кога да ги тргнам овие перничиња, не за друго, туку како што викаш ти, летоска да речат на плажа машките, уауу види ја рибана на оној, се би дал да сум на негово место (ама биди сигурна дека тие така мислат и сега, нај добри сме, нај секси, само имаме некој кг вишок, а добро е кога има вишок, лошо е кога се нема ). Мене ми фали физичка активност, а времево е за никаде, никако да се оправи па да почнам да пешачам. Јас за чудо не приметно слабеам, кога не држам диета и немам намера, ќе ослабнам, зависи од тоа колку се движам и колку јадам овошје, зеленчук. Лани пред одмор една недела вежбав турбо на орбитрек, ама сега си го зема сестра ми
и јас сакам да ослабам јас не би можела да држам диета ама за вежбање би можела да издржам.секој ден се кандисувам да почнам ама некако тешко ми оди порано користев ZARSENA апчиња,на природна база се,не се воопшто штетни.јас тогаш доста ослабев.мене ме мрзи до аптека да одам да ги купам,а камоли да вежбам ај ке биди
Моја другарка ославе 16кг за 2 месеци јас мислам дека не е добро и одма ги врати решение само да не се јаде навечер и јас имам проблем со вишок килограми имам малку повеке од колку сто треба да имам за мојава воздраст па дадете некое решение????
Браво, ајде млади сме можеме За какви се примери сме читале по светов, дека се преполовиле со упорност, правилна исхрана и физичка активност, дури инат да те фати. teddybear марула не смееш да јадеш поради големата количина на оксалати што ги содржат. Одличен ти е планот како што прочитав, но приметив дека никаде немаш спомнато физичка активност Тоа ти е клучен фактор при слабеење. Можеби е потешко додека да се навикнеш, но многу побрзо ќе стигнеш до резултати и ќе бидеш уште помотивирана да продолжиш со правилната исхрана. Плус камења што имаш... ехее многу побрзо ќе ги исфрлаш, знам од искуство и јас мака мачам со нив Јас се нервирам што постојано си осцилирам во некоја пристојна граница. Имам малку вишок околу стомакот и спојлерите. Ама јадам како скината вреќа. Стрвна сум, се ми е убаво, тежок гурман, од се сакам да пробам, плус и друштвото ми е такво. Тешко изведувам диета пошто и дома се хранат така. Но фала богу имам брз метаболизам па затоа и сум слаба. Тоа до сега и ме кочеше да преземам нешто повеќе за 3 кила. Но сега си имам друга мотивација, на 22 години не сакам да се задоволам со тоа кога можам да се затегнам ништо да не виси. Почнав да вежбам со пилатес топка, ги правам тие бразилските вежби за нозе и задник и поредновно одам на планини. Точакот си го активирав, ем штедам на пари за превоз ем си вежбам. Ќе почнам и да трчам, до наредна година си дадов и цел да го истрчам скопскиот полумаратон...ќе видиме што чудо ќе испадне од тоа, но во секој случај убаво се осеќам кога сум мотивирана Во почетокот бев уморна, ама сега сум некако посвежа и со повеќе енергија. Кој и да е резултатот на крај, вреди!
Сеси, нескафето со млекце, 440 калории. Косата ми се дигна вчера кога прочитав. А јас кога учев, по 2-3 нескафиња, па грицкам нешто, угх. Се регистрирав на тоа страната, фала Богу го тргнав тоа дека сум трудна (Бог да чува). Инаку, на ова странава за броење калории, има да пишеш дали си ситна, средна или крупна градба. Според тоа и висината ти одредува идеална тежина. Многу лесен начин има за проверка. Со метро, си го мерите зглопчето на раката. Ситна градба - 155 мм или помалку. Средна градба - 155-165 мм Крупна градба - над 165 мм Излишно е да кажам каде се пронајдов. Прво измерив 175мм, па премерив пак сега баш, 173мм, најпрецизно. Заради ова, крупна дрн дрн градба, ми вика дека треба да имам 71кг. Fair enough. Јас кога слабеев во Вита Диет, абе помалку од 69 не сум можела да мрднам, сега сфаќам и зошто. Не бива вака голем човек како мене да биде 50 или 60 кг. Ај сите на мерење зглопчиња.
Дузи ма, се разочарав скроз сега Јас пијам по 2 нескафиња на ден со млеко, некогаш и 3 Па тоа е еднакво скоро на хамбургер во денот, а се чудам како и покрај тоа што не јадам многу, вежбам и се давам во вода и зелени чаеви, а стрелката на вагата едноставо не мрда. Кратам, нес со млеко више нема за мене Туку земав и измерив зглопчето, вика 157мм, а вака да ме видиш сум си крупничка. Колку уште треба да зимнувам, 10 кила? 15 кила? Дерман немам со ова диетиве, како некое балонче сум, еден период надувано, друг пат помалце, ама битно секогаш надувано. Најпроблематично кај мене е што одам од крајност во крајност, или јадам многу или не јадам воопшто. Не можам да направам баланс во исхраната, а се трудам веќе неколку години и безуспешно. Поддршка веќе немам од никого, сите кренаа раце од мене и само ме караат најблиските за тоа што си го правам ама свест не иде. Среќна сум барем што имам еластична кожа и немам стрии, во спротивно ќе бев зебра до сега. Инаку сега пробувам со друга метода, не се придржувам кон никаков режим на исхрана зошто ми скисна од сите рестрикции и ограничувања. Доручкувам овошје, ручам што било и не вечерам. Фино ми е, не слабеам (се надевам дека е тоа ради кафињана кои од денес ги кратам) али што е најважно не се ни дебелам. Ајде ќе ви пишам ако има некаков резултат ова кај мене и се надевам ќе успеам да си го наметнам ова како начин на исхрана, а не само периодичен хир.