Да се испооофалаамм..конечно симнав 8-10кг незнам колку се точно но според панталоните а скоро сите ми се за неколку броја широки значи толку ке е. а и бутчињата ми ги снема целулитот го исчистив значи со добра волја бива се и голем напор е сега сакам уште 5кг барем да симнан макар не би било лошо уште 8 али крајната цел ми е до 17 јуни паа ќе ве известувам..
Помош! Вака, било која диета да ја почнеш од "ригорозните" од кои се слабее за брзо време, верувај ми дека одма ке си ги вратиш килограмите назад, мислам дека 56 кг и не се баш многу,пошто викаш тренираш одбојка претпоставувам дека си повисока од 165цм па макар и пониска да си, не би ти препорачала да држиш диети, сеуште си млада, сигурно не сакаш одкако ке заврши матурата ем да си ги вратиш килограмите ем да ти се појават еден куп стрии, кои никогаш нема да ти исчезнат. Разбирам дека сега за полуматура сакаш да изгледаш убаво, но пред се здравјето. Ако мислиш дека имаш вишок салце на стомакот, тогаш би ти препорачала да си правиш секој ден стомачни, ако веке правиш, прави 10 повеке, и можеш малце да намалиш количински во јадењето и да не вечераш и мислам дека ке имаш прекрасни резултати и дека ке блескаш на полуматурската вечер! еве ти и еден линк, за стомачни вежби на Cindy Crawford, јас ги вежбам, супер се и се вежбаат сите групи на стомачни http://www.youtube.com/watch?v=N7vh8JvxnEk
7ми ден... листовите и стомачните ме болат, ама тоа е знак дека телото ми се менува Има уште работа и уште многу салата јадење! Со цимерката се охрабруваме и радуваме кога успеваме да истраеме некоја вежба до крај, па и плус да го повториме сетот 2-3 пати! Еве едно мотивационо сличе
Вечер сум на матурска, ќе грешам. А и јадев три чикен нагетс за ручек, знаете од тие малечките, и помфрит, и салата... Не е многу, вежбав плус, само ова помфритов ептен калоричен. Ми остануваат уште 200 калории за денес од 1,500, леле, па тоа е пола чаша винце. Што се нервирам вака, па не можам само со вино да се налевам таму, ќе почнам да им играм, мора и мезе малко. Убавко ми беше претходниве денови, ниеднаш не надминав 1,500, се околу 1,100-200 се вртев. Плус вежбав.
A јас јадев фиш фингерс, ги ставив на салфетка, ги исцицав од зејтин, само тоа Mалце каснав 5 парченца, тие колицки се за зуб да ти се закачат. вечер чаша јогурт и тоа е Hе ми се јаде многу, поради периодот. Aман пак имам 62 килца, леле ај да кажеш да кркам да праам нешто да јадам секој ден ко стока Hе можам и не можам да мрднам значи A башка што сум летала у обалци дека сум 165, коа сум кепец од 162
Најлесен начин да стопите 10 килограми Сте испробале многу диети и програми за губење на тежината, но ништо од тоа не ги дало очекуваните резултати, или пак почетните резултати многу брзо исчезнале. Можно е да се изгубите 10 килограми масно ткиво за само 30 денови оптимизирајќи било кој од овие три фактори: вежбање, диета или лекови кои би биле дополнителна исхрана. Десетте килограми за повеќето луѓе претставуваат намалување за најмалку два конфекциски броја. Тимотеј Ферис, автор на книгата „The 4-Hour Workweek“, тврди дека она што вам ви треба е диета со бавни јаглехидрати. За оваа диета, самиот авторот тврди дека тоа е единствената диета, која всушност спаѓа во групата на екстремно циклична категогенска диета (CKD), што е во состојба да овозможи видлив проток на крв во мускулите. За тоа потребно е да се следат пет едноставни правила. Правило број 1: Да се избегнуваат „белите“ јаглехидрати Избегнувајте било какви „бели “агленихидрати како на пример: сите видови на леб, ориз (вклучувајќи го и кафеавиот ориз), пченица, компир, тестенини, тортиљи и пржена храна. Правило број 2: Јадење исти оброци одново и одново Успешна диета е онаа во која ист вид на храна се јаде одново и одново, без разлика дали таа е за стекнување на мускули или пак за губење на масно ткиво. Според книгата на Ферис без оглед на тоа дали се работи за диета која ќе ви озовможи оформување на мускулите или пак губење на масти. Според книгата „ The 4-Hour Workweek“ намирниците се делат на три групи, а со нивна комбинација треба да се креира секојдневно мени. Протеини: белките измешани со едно до две јајца, пилешки гради или батаци, говедско, риба или свинско месо. Мешунки: леќа, црн грав, црвен грав и соја. Зеленчук: спанаќ, мешан зеленчук (вклучувајќи брокула, карфиол, кисела зелка, аспарагус, грашок, боранија. Наведената храна можете да ја јадете колку што сакате, но важно е да биде едноставна. Изберете три или четири оброци и повторувајте ги. Честите оброци, исто така, имаат позитивен ефект врз вашиот метаболизам, и покрај тврдењата за спротивното. Растојанието помеѓу оброците треба да биде околу четири часа. Правило број 3: Немојте да пиете калории Пијте многу вода и колку сакате чај без шеќер, кафе со максимално две лажички слатка павлака или некој друг пијалок без калории. Немојте да пиете млеко, вклучувајќи го и млекото од соја, вообичаените безалкохолни пијалаци или овошните сокови. Диеталните безалкохолни пијалаци ограничете ги максимум на половина литар дневно, а може да испиете до две чаши црно вино, но не повеќе на ден. Правило број 4: Немојте да јадете овошје Иако звучи чудно, авторот на книгата вели дека луѓето не треба да јадат овошје шест дена во неделата, а сосема сигурно не треба да јадат овошје секој ден од годината. Ова е вака бидејќи овошјето има шеќери и фруктоза. Правило 5: Секоја недела земете по еден слободен ден Како што авторот препорачува, сабота е идеален ден за да си дозволите да јадете што сакате. Парадоксално, драматичното зголемување на калории само еднаш неделно го зголемува губењето на масното ткиво и осигурува вашиот метаболизам да не пати поради изразеното ограничување на калориите. За време на тој ден нема ограничување ниту забрани за вашето уживање. http://www.idividi.com.mk/stil/woman/772837/index.html
^ Баш го читнав ова пред 1 сат и шо е во право, во право е! Колку просто и едноставно, без гладување, здраво нахранети, а сепак поблиску до целта да бидеме повитки
Значи морам да се пофалам. Редовно си ја примам терапијата, порано забушавав (испуштав ден, заборавав ), броев калории од четвртокот и денеска - 2 кг помалку!!!!!!! Танананаааааааааааааааа!!!
И јас да си се пофалам 2 недели внимавање на храната и правење стомачни ми се исплатија и денес ме собраја моите најомиленки фармерки
Многу ми е мило кога ве читам вака со добри резултати! Не се откажувајте девојки. Мене темава многу ми помогна при мојов процес на слабеење, особено во почетокот кога ги почнував диетите. Ми бевте еден вид на испирација и мотив. Ем постовите, ем сликите! Јас веќе симнав некои 23 килограми, а целта ми се уште максимум 11,12 кила. Ама ќе биде и тоа. До пред некои три месеци, не ни помислував дека ќе постигнам вакви резултати! Значи само упорност треба, а покрај тоа желбата и издржливоста треба да ни бидат на ниво!
Анабела, секоја чест Може имаш пишано веќе, ама ако не ти е тешко да споделиш уште еднаш колку си висока и со колку кг почна да слабееш... и како се мотивираше цело време....
Jас сабајле јадев јагодки ручек чинија грашак вечер јагоди и јогурт- милк шејк ќе си правам без шеќерче утре спанаќ и јогурт и за ручек и за вечера
Утрово не можев да одолеам на ресаните А и пусти ПМС ме добудалва, апетит имам ко на гладна мечка имам чуство дека се околу мене можам да изедам А и тие ресаните многу калорични бре, ама јебе** му мајке Мини један дан само да порасте
Сега гледам, дубоко се извињавам. Инаку странава е caloriecounter, ама имате МИЛИОН вакви страни. Кој има Ајфон или Андроид, има и апликација да си преземете, за да не трчате како мене, по гости да апдејтувате дека сте се напиле чаша вода или сте каснале нешто. Значи може и на крај на ден да внесете се наеднаш, само јас ќе заборавам ако правам така. Секако сум дома и сум слободна, па решив во добри цели да го искористам слободното време. Чисто информативно, јас изгледа имам проблем со апчињава, треба троа да протарашкам по доктори и слично. Или е од тоа, или ми е од водата. Земав флаширана да пијам, затоа што многу ми се гади и повраќа деновиве. Не сум трудна бај д уеј.
Воопшто па не ми текна да побарам апликација на ајподот Тенкју, тоа ми е многу подобра варијанта. А какви апчиња пиеш ? Јас имам уште 2 од Слим Лајн, и некако слабо резултати, ма да колешките вчера ми рекоа дека сум била ослабната и тоа многу. (баш сакам да се измерам, ама немам вага а не ми се оди до Битпазар ) Едит: Има ли по нашиве аптеки ваги ? На екскурзија кога бевме се мерев, а кај нас не сум приметила дали има
АА не не, не се за слабеење, пијам од здравствени причини. Имам пишувано и претходно, си имам проблемчичи малку со хормони, менструации, шеќери, па морам да ги пијам. Имало некоја нова генерација од лековиве, Глукофаж се иначе, ќе земам такви. Наводно тие не правеле иритација на желудник, па се надевам подобро ќе ми биде. А за вага, имам видено во некои аптеки дека нудат бесплатно мерење тежина и притисок во некои денови, па види, распрашај се. На крај краева, оди кај матичната, нека те измери.
Во апликацијата што ја имам јас (MyNetDiary) во делот за вежби има да напишам потрошена енергија во калории. Е сега, мене не ми е јасно од каде да знам колку калории сум потрошила со вежбите. Муабетов ми е, доколку некој од вас ја има оваа апликација или па има нешто со кое се пресметуваат калориите да ме извести
Дузи, откако ми кажа за нескафето веќе неколку дена му се немам приближено , ама нема шанси да има толку калории кога во 100мл млеко има околу 65, а цела чаша не е со млеко, плус јас ставав и 4 коцки мраз, ама ставав доста шлаг и плус чоколаден прелив, подобро беше од тоа во кафичите Утре планирам да се мерам, ама осеќам дека сум подослабена, од проста причина што јадам како партизан, за да преживеам, по 2 пати во денот, ама оскудно ептен, повеќе салата, леб никако и некои некалорични работи или овошје. Вие како сте? Зарем не осеќате дека после третиот ден ваква оскудна исхрана едноставно ви се гади од гледање храна и јадете онака механички? Тајната е во подолгото жвакање, и бавното јадење, ако јадете брзо немате контрола кога да кажете стоп.