Со УН диетата намалив 8 кила за месец ипол,скоро два. Е сега сакам уште толку да намалам и конечно да си се вратам на старата килажа од пред 3 години Почнав денес да си вежбам на степерот,и диета конкретна некоја не сакам веќе. Преку глава ми е од нив,веќе сите можни ги имам испробано и нека се гонат упм Ќе си јадам се,но ќе си намалам количина на оние калорични работи и колку можам помалце да ги јадам..и повеќе овошје и зеленучк нели. Таман доаѓа сезоната на убавите овошки мх мх И се надевам на резултати до јули, таман пред одмор малце да си ја средам сакулава Секој ден по пола саат вежбање од денес па ќе видам до кога х) И така..ај со среќа на сите
Девојки, денес слушнав за некоја ефикасна диета секој ден пиес 1л вода и првиот ден еден цеден лимон вториот ден 1л вода и 2 цедени лимони...и така до 7 лимони да стигнес, и после се вракаш назад.. Знаачи секој ден по 1л вода плус зголемувас по еден лимон, додека стигнес до 7, потоа, пак 1 л вода и 6 лимона, 5 .. 4 ..... се до 1... значи 2 недели,после една недела пауза... била ефикасна..дали сте ја испробале??
јас ја праев оваа диета со лимоните ја прочитав пред една година во еден весник после пораѓајот за ќерката ослабев 10 килограми за еден месец ефикасна е многу )
една моја другарка ја пиеше лимонадата , и даде резултати добра е симна некои 3-4 кг. за две недели . А иначе можеш да пробаш и со чај од магдонос.
луѓе јас денес јадев спанаќ и јогурт, Aу многу ме протера Spoiler на пролив, баба ми вика протерувал спанаќот . се исцедив, утре појма немам што ќе јадам,некоја манџа сигурно, цревата ми кркорат и то. ќе идам на пазар да се вооружам тиквици, ако се ефтини модрите патлиџани и тоа, ќе си кувам турли тава
Држам сеа една тридневна(реков ништо не губам ако ја пробам) со јаболка, Се јадат само јаболка(рендани, со јогурт и со лимон и свежи) за доручек, ручек и вечера, за ужина се пие чај од шипка. Се губеле 2 и пол килограми за три дена, па да видиме, до сабота треба да ја држам па тогаш ќе се мерам да видиме резултати и ќе ви кажам што сум направила.
Браво Теди мече, биди упорна до крај. Ја денес една недела цела со цел синџир на календар од 7 дена, и продолжувам натака. Ги пречкртував деновите кога вежбав и се придржував до одредени правила во хранењето иако и пред една недела вежбав, во сабота ќе се мерам.
А Баш по тој редослед е како сто сум ја разбрала?? немав време бас детално да ја испрасам девојката сто ја држела. Вода обична или минерална ??? и тоа ко да ми потспомнаа а за јадењето мислам треба да се води сметка, да се намали, ама не по некој редослед или пак по програма.
100 грама помфрит - 319 калории. Чао засекогаш помфриту! Зелче, 300 грама - 69. Мислам дека одлучив на што ќе живеам деновиве. Вива ла зелка. И пијте, пијте, пијте повеќе вода, насабајле кога ќе се измочкате, прајслес е чувството, па и одма ако се мерите... Мотивација до небо.
зелката дури да се сомеле, повеќе калории ќе потрошиш, отколку што со внела. и плус се слабее од нејзе Tака да дузи, дотркалај зелки по дома
Ќе откупувам на големо, ќе ги шутирам до дома и во тенџериња ќе варам тоа кочаните, ништо да не се фрла. Ти пак ли спанаќ јадеше? Ќе ти порасне во меот уште малку.
Jас мнооооогу сакам спанаќ жено, можам секој ден да јадам спанаќ со јогурт. Aма ме протера бајааѓи, денес јадев макарони, а утре и јас ќе се вооружам со зеленчик. и не се мерам, цел месец нема да се мерам. тек крајот на јуни, инаку ќе изгубам мотив
3 дена по ред имам напади на глад и испојадов се дома. Знам, испитна сесеија е и нервозна сум, ама не можев да се воздржам. Едвај чекам да си одам дома да си јадам нормални и здрави јадења. Вежбите си ги спуштив, ќе си вежбам, плус дома имам орбитрек, имат да го јавам! А вас меѓувремено ќе ве читам за повторно и повторно да се мотивирам.
Сега сфатив дека јас јадам 3 дена без престан само од досада. Од утре не јадам ко коњ па макар било и последното нешто што ќе направам. Само чекам да дојде понеделник да ја купам вреќата! П.С. Теди,Анабелче,Тренди и сите останати. Браво! Ме мотивирате да почнам да рмбам како коњ. Кeep up the amazing work!