Сабајле веднаш штом ќе станам пијам цеден сок, од било што, лимон цитрон или протокал и го пијам со мало лажиче мелено ленено семе. После тоа јадам едно лажиче мед за да не осетам криза за благо. По саат време од прилика почнувам со овошје, и тоа многу, ама не го мешам овошјето, ако јадам цреши, цреши јадам цело време, или јагоди или било што. Претежно на саат и пол јадам така по едно канче овошје(оние канчиња гратис со туна што ги даваа ) Кога ќе завршам со овошјето после саат и пол јадам некои 10тина бадеми и по три суви смокви или сливи, или брусница сува ако јадам земам 15 такви. После тоа наредниот саат време се гњавам со чај од брусница во огромна чаша, дупли чај со половина лимон. И после тоа ручам негде кај 4-5 саат, неделава пример јадев спанаќ со кисело млеко два пати, макарони, пушена риба, малку мазниче од баба, гравче тавче... и со ручекот јадам салата, зелка или краставица. После тоа, си пијам нескафе од оние малине 6 денари, пола жешка вода, пола млеко и си го пијам до вечерта по малку. И вечерта јадам моркови како будалетинка, краставици јадам, шопска јадам, евентуално пуканки ако апла ми се јаде и така. И се мачам вода да пијам многу, иако тешко ми оди. А да, и кога и да ме стегне криза, и два саат навечер да е, јадам супа. На мене искрено ми е премногу страв, од срце ви велам, дека нема да успеам и ќе прекинам, уствари јас ќе успеам да ослабам како и секогаш, тешкото е да се одржам на тоа, мака ми е од симни па качи, симни па качи килограми, и само се надевам дека ќе издржам и дека сум ете веќе созреана и дека нема да се откажам пред се заради здравјето. Фала Богу, земавме макс тв пред некоја недела па си следам д бигест лузер на тоа, топ е и ептен ми помага. И читам книги за здрава храна, најдов еден куп рецепти за здрави вкусни салати, па и убаво приготвени ручеци, гледам се и сешто на телевизијава за јадење и здрава исхрана и така. Нутриционист веќе можам да станам Не се јас многу устручавам, на пример макароните си ги јадам со сирење, супата си ја јадам со школки, или ако ја правам коцка обавезно и фиде и некоја шпагетка и мевце и ставам, салатите си ги правам најнормално со зејтин обичен киселина и сол, во шопската исто си ставам сирење... Грешката неделава ми беше парче торта на роденден, ама простено ми е, ем беше од мајка му, а ем резултатите сепак се добри
Мислам дека со отфрланје на газирани сокови благце и леб се слабее најдобро и да никогаз не месајте месо со мле4ни произвоиди или риба со мле4ен производ колку мозете повеке вода пијте го про4истува организмот
Од денес почнав. Повеќе овошје и зеленчук,повеќе вода Тедибеар-ов принцип со календар и физичка активност. Појадив 5-6 кајсии со пола литро вода и сеа јадам Bakerolls па ме интересира дали се добра храна за диета?
Не се добра храна за диета ,калорични се ако е двопек. Подобро земи си обичен двопек или со сусам тој е повкусен(оној како кришки што е) и изеди си 1,2 парчиња со парче сиренце на пример.
^^ Па имаат мислам околу 400 калории , така што не се баш толку диетални, според мене. Туку јас сум зачудена колку калории имаат бисквитите- 5 бисквити се 90 калории и плус 65 од млекото тоа е веќе 155 калории, а нема воопшто да те заситат, подобро ќе изедам една витанова од кајсија која има 75 калории Јас се мерев после една недела мој режим на исхрана и ослабена сум 2кг Едит, не јадете многу двопек, предизвикува тврда столица
Еден бејкролс има некаде околу 500 калории. Јас искрено кога би била на твое место не би ги конзумирала. Многумина се залажуваат дека смеат да се употребуваат во диетите, затоа што биле ,,печени лепчиња'' при што гадно само се залажуваат. Исто како и смоките, чипсовите, така и бејкролсот не се добри за јадење. А особено не при диета.
За ужинки многу е убаво пченка варена.Воопшто нема калории,а заситува,исто така печена или варена тиква.Не е калорична а заситува. Корнфлекс со јогурт(со минимална масленост) исто е добра опција,житарките што ги спомна Сеси исто многу заситуваат а не се калорични. Избегнувајте секаков вид на грицки во диета СИТЕ се многу калорични.
Сега е идеално да се слабее- значи си правите шопска со 2 домати и една краставица, може малку кромидче за шмек и малку реднано сирење и има да се прејадете. Не мора да ја правите без масло, нема до толку да цепидлачиме што би рекле србите, значи една лажичка маслиново би била доволно. И да, и јас така си појадував, во едно мало филџанче ставав варена пченка, малку шеќер, цимет и ептен малку млеко и имав енергија цел ден, а вториот оброк го јадев дури после 7 саати, некогаш и 8. Исто така сега е сезона на тиквички, одете во темата- еве јас го видов рецептот за кофтиња од нив (срам да ми е, до сега не го знаев) ги пржам, ама потоа ги ставам на хартија за во кујна да ја впие мрснотијата и такво едно-две во комбинација со шопска салата и ептен сум најадена. Исто јадев варени макарони, без масло, само сварени со една лажичка доматно пире кое претходно го растворив со вода и му ставив малку чубрица. Порано се давев во макарони, а сега си ставив ептен малку, ама јадев многу бавно и ме заситија. Истото го правам и со ручекот, ако е манџа- си ставам една црпалка, евентуално две (ама мала ни е црпалката) и ставам внатре две- три залчиња леб, оти така само манџа нема да ме засити и јадам бавно, и се осеќам најадено. Инаку каде што нема потреба од леб, не го ни јадам. Ако имате машинче за пуканки правете ги во него, нема потреба од масло и така не се калорични. Можете да јадете и овошје, еве сега црешите се застапени, па можете да замените еден оброк со нив. Јас исто така си варам чај во тенџере- мерам пример 6 шолји и ставам како ми дојде пр. 2 камилица, 2 коприва, 2 кесички кантарион и го заблажувам со 2 лажици мед и чекам да се излади и го претурам во шише и си го чувам во фрижидер и си добивам така здрав и вкусен леден чај, за разлика од тој што се продава, а е вештачки и полн со шеќери. Друго како што спомна Дузи- направете си зелка салата, ама заправете ја со раце, така е повкусна, измесете ја- народски кажано, и додајте малку лукче, рендан морков, црн пипер- превкусна е, а и многу здрава. Можете да си направите и макало, исто здраво и вкусно. Или ако сте љубители на месо да издинстате дали телешко или свинско и едно парче да насечете на коцки и да го ставите во салатата со домати. Така ем нема да изедете многу месо, ем сепак нема да сте само да домати- тоа парче ќе ве засити доволно. Здрава и вкусна е и салатата од компир, која многу убаво одговара со риба. И така - зборот ми беше дека сега има еден куп јадења што се лесни и здрави и од кои можете да ослабите, плус се стоплува, повеќе се шета и не се мисли на храна, за разлика од зимата.
Ола, комо естас чикас? Кога ќе ве фркне криза за благо, купете си го Руменко или Лубенко на Фриком, 10 ден. и неверојатни 47 калории. Е сега - овошен и водлест е, не дупло чоко-карамелизиран , ама ќе си лижете битно. 1 килограм јагоди е - 320 калории. Кој разбира, разбира, кој не - килограм и пол до две јагоди е еднакво на една Милка чоколада (зависи каква ќе одберете). Само чекам да им падне цена, да стигнат до кај 50тина денари за килограм, нема нешто поубаво и поздраво. И пешачете. Изнајмете точак за 10 денари. Качете се до средно Водно, направете и 10 паузи, ама пробајте да се искачите. Вртете орбитрек. Мене ми се смееја кога им кажав дека започнав со скромни 8 минути дневно, ама сега, после 3 месеци не им е смешно кога им кажувам дека успеавам да извртам 40 минути. Се' е до навика. Јас работам на случајот он енд оф од минатиот септември. Блиску сум до идеалната моја тежина, кога ќе бидне, добивате кадро - пред и потоа. Дури и во истата облека ќе се акнам за фотката, да е поверодостојно.
И плус Трендафилке- колку повеќе вежбаш толку постегнато делуваш, па и малку вишок телото не делува дебело, туку само малку пораширено. Јас како што кажав и претходно, со килажата што ја имав сега порано делував ептен дебело, а сега не, тие 7кг што беа вишок изгледаат како да се 3, така што мој совет е да вежбате *Ова вежбаш е општо, не во второ лице за тебе. И еве ви вежби кои јас си ги правам по дома, а се доста ефикасни, и дај некој нека ми каже колку се топките за пилатес во Џамбо, прашав во темата за општи прашања, ама ме изигнорираа Ова и сите related од fitness blender , правете по едно секој ден и нема да имате проблем, ќе изгледате затегнато и со вишок килограми http://www.youtube.com/watch?v=_7fHGwLS8Y0
Незнам дали ова треба да го ставам овде ама јас сепак ќе го ставам. Значи женава ме уби! За 10 минути се губат 100 калории. После тоа едвај на нозе стоеш и испотен си ко од туширање да си излегол. Планирам 10 минути секој ден да ја вежбам недела,две и после да продолжам на 20 минути. http://www.youtube.com/watch?v=E63OUoRuCSU Само се надевам дека нема лесно да се откажам што се случи последните 5-6 пати оваа година. Се тешам што нема да имам обврски после 10ти па ќе се сконцентрирам само на ова. И доста е за денеска ве убив со прашања и глупости. Се читаме за недела дена освен ако ептен ми недостигате па да ви пишам пак.
Предлог за појадок, за оние кои се на работа. Овошје не бива, неможеш до 16 часот да си само на овошје. Некој предлог што ќе најадува, а притоа ќе е здрав и диетален, но имајте во предвид дека треба да е купечко. Маки мачам со појадокот, па ниедна диета не ми успева. УН е добра и најмногу се слабее, ама наутро неможам само со овошје. Јокси не се оптеретувај со калории, туку вежбај. Не сметај. Мене, мојата инструкторка по аеробик ме искара за тоа. Ми вели, вежбај, не сметај. Ако вежбаш, ќе има резултати. Не се оптеретувај која вежба колку калории троши.
Да се надополнам со Сесилија, женски и Јокси , не заборавајте на леќа, гравче, грашок! Посебно сега свеж грашок има, не се многу калорични овие, а држат ситост. Со марулче, зелче, мераци. Чекам да поевтинат краставиците и да мавнам турбо на краставици. Ако сте љубители на варена зелка, манџичка, мене ми е едно од омилените јадења, нема ИЧ калории внатре, се е вода... Си ставам и печурчиња наместо месо, за мераци. Гранула барс на виталиа се 120 калории, 10 денари... Сега имам нови омилени, алмонд енд хани. И преждеравајте се со вода, јас прееска одвај изедов една чинија грав со едно рибанче диетален леб и купишта салата марула. Си купив диетално лепче, оваа странава го оценува лебот со оценка А, значи потребен му е на организмот, и тоа многу. Инаку ептен ми се лоши од апчињава и насабајле гледам да појадам нешто повеќе... Пример, си сечам едно рибанче од диеталниот леб, не знам дали е овој само овде, како округло лепче и исечено на рибанчиња... И си го сечам на две, си ставам внатре краставица, патлиџан, што било и тоа појадувам, со сиренце. Околу 200 калории максимум иде. Иначе Бејк ролсот не се толку трагични, јас ги појадував лани цело време и слабеев. Реално, не можете цело време на јаготчиња и варени моркови да живеете, колку построго се држите, толку порано ќе ви пукне филмот.
sesilija пилатес топките во џамбо се 299 денари. Искрено скептична бев на почетокот, ама се покажаа како ептен издржливи. Ја имам одамна и уште си врши работа како првиот ден Обрни внимание и на тоа кое квадратче е штиклирано за големина, ама во принцип сите ќе ти завршат работа. Можно е да не ги начекаш од прва пошто брзо се продаваат, ама често носат нови тури. Инаку мојов режим засега добро го терам. И многу ми е мило што и домашниве малку се вразумија. Сите сме со 3-4 килца вишок, ама проблемот не е во тоа, туку премногу нездраво се храниме. Па последниве недела-две компирите наместо пржени се јадат печени или варени, се прави поголема количина салата, супите и манџите се позастапени, а пржениците се сведени на минимум. Јас си терам малку построго, намалив на леб, мусли со јогурт јадам секој ден, кога ми се пријадува навечер јадам зеленчук или парче сирење. Се обидувам да јадам повеќе салата и супа и најбитното, да јадам поспоро. Влијае и те како на количината што ќе ја изедеш. И нормално вежбам, а со тоа и повеќе ми се пие вода што е супер. Инаку без физичка активност пијам едвај литро вода во денот
Вака кај што ве читам, ми доага и јас да ја почнам Ун диетата, имам 5-6 кг вишок, само не знам како ке ги издржам водните и овошните денови,инаку јас од кога ослабнав јадам 5 пати на ден, избегнувам тестенини, јадам многу салати, суво овошје. Ако сакате ке споделам некои рецепти за здрава исхрана, мислам јас што јадев додека слабеев, ако ве интересира Трендфилка ти колку кг ослабна од Ун диетава?
пробај со диетата на ирена, според мене идеална е за они кои работат и рано стануваат. или поделиси го доручекот, накај 9 касни овошје после накај 12 јади житарици, некое геврече, секако дека немоеже секој ден едно исто, што и да е ке го одјадеш, пиј вода доста заситува и носи си од дома цедени сокови или зелен чај, јас го ладам, бидејки сега е топло, цедам лимон во него и ставам лажичка мед ми излегува едно мало шишенце, си ставам и мраз и многу ми е убав, ептен освежува
Се мерев денеска и сум 59, Spoiler од фамозните 63 Не е крајната цел, ама барем тргна некако, се виде 5че прво
Оф помагајте Земав боркула, карфиол, ротквици, моркови .... како да ги зготвам некако како чорба или печени на некој начин со нешто а да бидат вкусни??? ако е тоа можно