(Морална) Поддршка за сите што сакаат да ослабат

Дискусија во 'Диети' започната од Vampire-Girl, 26 јуни 2010.

  1. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.981

    Можеш супа со брокулата и морковот да си направиш. Карфиол не сум варела, не знам, мислам дека може да се вари дека е сличен со брокулата, ама како би се извело тоа, не знам. :?: Гугл види што вика, карфиол е cauliflower, барај рецепти, за брокула знаеш. :D

    Јас имам јадено прво барена, па печена брокула со рендан кашкавал одозгора, ова кога не бев на диета и се поправив после салам, така да не ти препорачувам со кашкавал да ги китиш. :?:

    А ротквици претпоставувам дека ги планираш за во салатичка, марулче, или цвекло. Немој и тие да ги бапнеш таму да чрчорат. :rofl:
     
    На teddybear му/ѝ се допаѓа ова.
  2. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.270
    Допаѓања:
    57.129
    Пол:
    Женски
    Теди свари ги брокулата и морковите со малку компирчиња (еден голем на парчиња е доволно) и парченца кромид, и коцка зеленчукава супа (таа додај ја при крај кога ќе е речиси сварен зеленчукот). Кога убаво ќе се свари се’ стави во блендер (не мора целата вода, само зеленчукот со малку вода да се изблендира). Врати ја смесата назад во преостанатата вода од супата, вари уште малку на оган и ќе имаш преубава крем супа. :) Најубаво е да се служи со топче павлака внатре, но ако нејќеш додатни калории не мора. Нароси црн бибер во секоја чинија.
     
    На JuLleE и teddybear им се допаѓа ова.
  3. L-enna

    L-enna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2010
    Пораки:
    1.107
    Допаѓања:
    1.793
    И јас ви се приклучувам. :wasntme:

    Од средина на февруари па до почеток на мај, со повремено вежбање и јадење се и сешто, ослабев 3 кила. Ама, во последниве неколку недели со учењево немав желба ни сила да вежбам, јадев повеќе леб и благо и пак сум на 55, се вратија тие 3 кила! :devil:

    Вчера почнав со вежби, а од денеска и со поконтролирана исхрана. Не можам да го исфрлам лебот од исхранава зашто сум манијак по тестенини, па затоа се трудам што помалце да го внесувам. За благите .. кхм .. се трудам да ги заменам со овошје. Тешко оди, ама .. морам.
    Не сакам да ослабам многу, 3-4 килца би биле доволни. Сакам да го изгубам вишокот меѓу нозете, тоа најтешко ми оди. Спојлериве ќе се намалат, појасот ми врши одлична работа тука.

    И така .. јас само да ви го кажев ова дојдов, дека сега почнувам и не се откажувам.
    Колку ќе ослабам - толку.
    Поважно ми е што се трудам. :)

    Продолжете вие со напорите, на крај ќе се исплатат сите. :geek:
     
    На zhap4e и Libera им се допаѓа ова.
  4. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.283
    Допаѓања:
    259.203
    Не знам како ќе бидам сфатена, ама девојко имаш 55 кг и бараш подршка за слабеење на 2-3 кг :o .
    Реално тоа се кг кои и ги варираш. И тие не се проблем.
    Проблем се 10 кг.
    Во ред, почитувам дека секој има право да прави што сака, ама не можам да го сфатам ова.
    Тоа ти е исто кога седиш со некоја девојка, ја гледаш згодна, слаба, може се поправила килограм-две, ама не се ни приметува, а ти имаше 10 вишок и ти вели лелее колку сум се поправила, од утре на диета.
    И во тој момент незнаеш дали девојкава е ќорава или ти се потсмева.
     
  5. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Диета со кајсии - 3 килограми за три дена

    Најпрво ќе кажеме дека кајсиите ја стимулираат активната работа на нашиот имунитет, кој помага на телото ефикасно да се справи со патогените вируси и бактерии. Освен тоа содржат растителни влакна кои ја регулираат дигестијата и го стимулираат метаболизмот.

    Диетата со кајсии ви ја обезбедува оптималната дневна доза витамин А, кој е задолжен за здравјето и добриот изглед на кожата, косата и ноктите. Кајсиите се исто така богати со калиум, па затоа и се препорачуваат за луѓе кои страдаат од анемија.

    Диетата со кајсии истовремено е и тридневна детоксикација, а нутриционистите советуваат тоа да го правиме неколку пати во годината. Еве како треба да изгледа тоа:

    Бидејќи пред се намената на оваа диета е темелно чистење на организмот од натрупаните токсини во текот на зимските месеци, менито се сведува само на овошје, чај и зеленчук. Потребно е да изедете од 8-10 кајсии дневно, и да испиете 2 литри зелен чај кој се приготвува наутро, ќе додадете сок од 2-3 лимони во него и неколку лажички мед. Чајот се пие во текот на денот. Кога ќе почуваствувате глад можете да си направите свежа сезонска салата со соја сос и една мала лажичка маслиново или друго растително масло.

    Превземено од popara.mk
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  6. L-enna

    L-enna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2010
    Пораки:
    1.107
    Допаѓања:
    1.793
    Џули, како прво јас не сакам ни да омаловажувам ни да исмејувам никој. :!:
    Секој си има различен проблем со тежината. Зависно метаболизмот и волјата, некој кој има 5-6 кила за симнување ќе ги симне за 4 месеци, а за истото време некој друг ќе симне повеќе.

    Јас за тие 3 месеци ги симнав тие 3 кила, иако можев и за пократко време. А еве Теди (извини што те земам за пример), за 1 недела ослабнала 2 килограми. Тоа е навистина достојно за почит. Тие мои 3 килограми можат да ми станат поголем проблем ако не се трудам да ги намалам и одолговлекувам, отколку на некој друг кој со здрава исхрана и вежби може да симне дупло повеќе и да биде многу позадоволен од себеси отколку јас со себе.

    Не ми беше поентата на постот да се фалам дека можеби имам помалку кила за симнување од некој друг, туку ете да добијам поддршка за да ослабам. Тоа е поради фактот што немам силна волја.
    Да ја имав досега многу проблеми (и големи и мали) ќе ми беа решени и ќе немаше потреба да го пишувам првичниот пост.
    :hai:
     
    На Hayley и Giovanna им се допаѓа ова.
  7. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    2.039
    Допаѓања:
    10.444
    Извинете ама што има врска тоа кој колку кила сака да ослабе?

    Темава барем јас ја разбирам како мотивациска за сите што сакаат да стигнат до зацртаната цел кога се килограмите во прашање.
    И јас сум со 3-4 вишок, ама порано ги немав, а исто јадам. Факт е дека метаболизмот ми се успорува и дека нема да можам цел живот така да си терам. Зошто да се доведам до +10 килограми за да ми светне сијаличката дека треба да ставам ред?

    Искрено мислам дека повеќе подршка треба за тие неколку килограми. Тешко ми оди да се држам на режими баш пошто изгледам ок, па си се залажувам дека изгледот може да ми истрпи уште една лесковачка. Ама килограмите пополека си се таложат и додека да се свестиш фармерките ти пукаат.

    Темава е најмалку за потсмевање, сите сме тука за совет, подршка и со иста цел.
     
    На Hayley, Bright, Nevermore и 4 други им се допаѓа ова.
  8. JoxyTheFreak

    JoxyTheFreak Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    5.566
    Жени кај сте бе? : :D
    Првата ден успешно ја догурав и си ставив кругче на календарот. И се осеќам моќно.
    Вчера такоѓе испешачив 6 километри и вечерав црешки.

    За денеска јадев јаболко и 4 кајсии малечки а ручав половина чинија манџа ориз и мелено месо и помал сад салата од домати и краставички.
    Пиам вода ко смок.
    Такоѓе испешачив 3 километри и мавнав една кикбокс сесија на вреќата. Нова е. :wasntme:
    Планирам да вечерам чаша млеко и ако соберам сила уште малку да ја погњавам вреќата. :D
    То би било то. :)





    И едно прашање.
    Да не го тупам малце што пишам овде секоја ден?
     
  9. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370

    :lol: Нема проблем што ме земаш за пример, ама теди симнала две кила за една недела затоа што има повеќе за симнување, до твојата двојка додади уште една двојка, и пак уште ќе има за симнување кај мене :D

    Факт е дека колку имаш повеќе кг, полесно се симнуваат, секогаш поголем проблем се вишокот 5 килограми да се симнат него ли 20 килограми. :)

    И не се рчкајте за џабе, ајде секој со своја мука. Јас па имам другарка преслаба е, а цел живот е на диета, и што да и правам ... еднаш и реков, абе ти да не се исмејуваш со мене, ама не, тоа си е до човекот, секој си е различен и секој со свои чувства и историја.

    И Јокси, не вечерај овошје, воопшто не чини, овошје се јаде наутро, односно се додека не ручаш, а после тоа не :) и не го тупиш :)

    Јас денес ориз јадев, со краставица и сирење и парче црн леб, а сабајле јадев цреши. И такој.
    Утре чорба ќе си правам, денес држ не дај беше со баба ми и ај ориз одлучивме :D
     
    На L-enna му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Јокси него тупиш, уживај. :)
    Него денес направив кикс и ми е ужасно мака, ама решив, пошто нема ефект од само јадење житарки повторно од утре и се враќам на УХ ама сега тотално ќе се придржувам, без ниена грешка.
    Си направив список со датуми и денови(и освен што забележувам на календар) ќе пишувам и во списокот се што сум изела и испила во текот на денот. Така и сега ги пишав работите што ги јадев денеска за да се потсетам колку работи сум изела и каков прекршок сум направила(иако не е многу страшно не смеев ова да си го дозволам). Колку и да ми се јадеше благо не смеев да јадам чајни колачиња(а пред тоа долго време немав јадено благо). Ама се стори.
    Од утре и ја ќе ве дружам повеќе во темава и потребни сте ми за мотивација.
    Верувале или не во рок од 6месеци качив 8 кила и ми иде сега да се убијам ама тоа е, хормони се во прашње, има да ги ослабам тие 10 (десет се запнав па што сака нека биде), и ќе дојдам до 48 па мајка Јана нека е, ќе си бидам старата јас и по цена да треба на вода да живеам. :P
    P.S нека ми ја расчисти некој дилемава медот дали дебелее и колку калории има во една лажица?
     
  11. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Колку што знам, медот нема многу калории, и воопшто не е штетен ако го јадеш во нормални количини, туку е здрав. Дури и во вита кога ми дадоа малтекс јас не можев да го поднесам и и кажав дека сменив со мед и таа ми рече ако слободно.

    И Лукс, немој да се нервираш, што се неколку чајни колачиња? ништоооо, џоа бисквитче. :lol:

    Јас кога ќе земам кекс од виталија не го сметам за грешка, не па едно чајно колаче. Полека полека ќе ги симнеш сите килограми, ниту си ги качила за една недела, ниту пак можеш да ги симнеш за една недела.
    :)
     
    На Lux му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.613
    Лукс, една мала лажичка мед содржи 64 калории, а една мала лажичка бел рафиниран шеќер 46 калории.
    Иако медот навидум содржи повеќе калории, сепак потребна ти е помала количина од него да ја добиеш посакуваната блажина, отколку од обичниот шеќер.
    Плус е природен, добар за варењето на храната, содржи анти оксиданси и едноставно е здрав.
    Мед е секогаш подобар избор отколку бел шеќер според мене (секако не во огромни количини, ама кој би фркнал половина тегла мед реално?) :D

    Инаку само овошје или само житарки не те држат сит 6-8 часа.
    Нека ми извинат сите, ама не оди. Мене лично ми се пријадува после 3 часа само од две овошјенца и потоа чувствувам како желудникот ми врти на празно и се мачи. :(
    Тие што имате можност да појадувате житарки или корнфлекс, мавнете си во појадокот и јаболко, портокал или банана.
    И не знам од кога бананата стана толку застрашувачко овошје искрено, имала пар калории повеќе од другите овошја?
    Ама затоа дава најмногу енергија.

    А сите благословени кои имате добри соковници, земете си - портокал, јаболко и два моркови. Исцедете ги, една мала лажичка мед и шибајте.
    Е тоа е веќе добар старт на еден ден.
    :)
     
    На Lux, nela.oh, ludoto19 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.469
    Tрендафиљ, мала лажичка мед има 22 калории, а големата 64 :D
     
  14. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.613
    One tablespoon of honey has 64 calories, and one tablespoon of sugar has 46 calories.
    :?:
    Јас колку што знам tablespoon е голема лажица, а teaspoon - мала?
    Или грешка сум?

    Да, сега видов, горе сум погрешила.
    Така е, една голема лажица, не мала.
    :D
     
  15. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Права ко фишек.

    There are 64 calories in 1 tablespoon of Honey. - http://www.fatsecret.com/calories-nutrition/usda/honey

    One teaspoon of table sugar contains 16 calories, while one teaspoon of honey has 22 calories. - http://goaskalice.columbia.edu/honey-vs ... -healthier
     
  16. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.283
    Допаѓања:
    259.203
    Абе... реков дека не знам како ќе бидам сфатена.
    Едните се тие кои исмеваат, другите се ќорави (во позитивна смисла).
    Значи девојки вие немате вишок кој бара диети и разни тркатанции. Вас ви треба само дисциплина, самоконтрола, а за тоа не ти треба подршка, за тоа ти треба волја.
    Мубетов ми беше дека на вас не ви треба диета и бегајте од темата. Не се измачувајте со диети.
    А жена ко жена никогаш нема да биде задоволна, но кога ќе стави 10 + и кога навистина ќе има проблеми со тежината е тогаш ќе сфати дека 55 (оваа како пример) било идеална тежина.
    Коментарот сфатете го како добронамерен.
    Јас на времето да не бев толку тврдоглава можеби денес ќе ги немав оние маки со слабеење, а и здравствените последици од истото. И јас велев некому 10 му се проблем ама мене 3 ми се. Подоцна видов дека не било така.
     
    На L-enna му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Го тупиш со тие 6. И тие 3 после нив.
    Утре 15. Брзо одење.
    Толку за денес.
    И затвори тоа пештерата.

    Поооооо Ките Коџоман не ми е рамна за тренерство. Опа-иха! :wasntme:
     
    На JoxyTheFreak му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    850
    Феминки сте слушнале за храна со негативни калории? Всушност тоа е храна што кога ја јадеме трошиме повеќе калории отколку што таа содржи калории во себе, па затоа и се нарекуваат негативни калории.
    Го знаев јас ова одамна, но само за зелката дека го има овој ефект. Сега најдов листа на овошја и зеленчуци што спаѓаат во оваа група, но за да го имаат овој ефект, треба да се јадат сурови и не во комбинација со друга храна.

    Па бујрум, се надевам ќе ви е од помош :) Не ги преведив, повеќето од овие сигурно сите ги знаете, а некои од нив ни јас не знам што се :?:

    Negative Calorie Vegetables

    Asparagus
    Beet Root
    Broccoli
    Cabbage
    Carrot
    Cauliflower
    Celery
    Chicory
    Hot Chili
    Cucumber
    Garden cress
    Garlic
    Green Beans
    Lettuce
    Onion
    Radish
    Spinach
    Turnip
    Zucchini

    Negative Calorie Fruits
    Apple
    Blueberries
    Cantaloupe
    Cranberry
    Grapefruit
    Honeydew
    Lemon/Lime
    Mango
    Orange
    Papaya
    Peach
    Pineapple
    Raspberry
    Strawberry
    Tomato
    Tangerine
    Turnip
    Watermelon
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.981
    Еве Мајгрл, да припомогнам јас со преводот, сега ќе им писнам само на овие јадење. :devil:

    Ама ме нервираат на пазар, ептен се во филм влезени, црешите во петокот беа 150 денари, и тоа не зборувам за Скопје. За 150 денари ќе си купам 10кг кромпири и ќе ги варам секој ден, или една вреќа зелки, и ќе вегетирам. Ептен се занесуваат, јаготчињата низ нос ми испаднаа. Нисам бре милијардер. :devil:

    Иначе, зеленчуци со негативни калории - аспарагус, цвекло, брокули, зелка, моркови, карфиол, целер, цикорија (не знам кој јаде вакво нешто, ова е нешто како репка или трава јас како што знам), луто пиперче(чили), краставица, марула, лук, грашок, кромид, спанаќ, тиквички, ротквици, репка... а ова Garden cress е тревичка, нешто зачин, само не знам кој воопшто јаде, барем кај нас, немам чуено. :?:

    Овошја со негативни калории се јаболкото, боровинките, ова канталупе е некој вид на диња, брусница, грејпфрут, ханидју е повторно диња некоја, лимон и зелен лимон, манго, портокал, папаја, праска, ананас, малина, јагода, домат, мандарина, лубеница и ова турнип/тарнип, мислам дека е таа една слатка репка, дома баба ми со шеќер ја јаде. :?:

    Денеска сум за никаде, имавме пица за ручек, и изедов две парчиња отприлика 10 на 10, ама но ме густа. И немам мрднато од последното мерење, уште сум иста тежина. Се налевам со зелен чај, ама дека цело време пред компјутер вежбам германски, па плус и стомакот ме боли некогаш... и само двапати вежбав претходнава недела. :x
     
  20. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.613
    И ние имавме вегетаријанска пица, богами си ме зачудила со ова 10 на 10, станав да видам на метрото, па тие парченца на заб ли ги стави мори Дузи?
    :D
    Малечки море, нашите троа поголемки, иако тенко беше тестото.

    Немој премногу зелен чај, колку е добар, толку е и лош.
    А и мава на главоболка опасно, во огромни количини.
    А мене ми препорачаа ако веќе се решам да пијам сериозно зелен чај, сериозно да и' пристапам и на подготовката :D , да си купам онаков квалитетен на мерење од продавниците за здрава храна или билната аптека, и да го попарувам со вода затоплена на... :^) па не знам колку степени ми кажаа, ми се виде троа напорно и комплицирано.
    Ама од тој од ќесичка нема да видиш многу фајде. Тоа ми е целата поента де. :!:

    11ти ден од УН, а утре сме на овошен ден.
    Мамицава, овие овошните денови одма доаѓаат бре.
    :D