(Морална) Поддршка за сите што сакаат да ослабат

Дискусија во 'Диети' започната од Vampire-Girl, 26 јуни 2010.

  1. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.469
    Jас си направив мусака од тиквици, со домати ориз и морков :) Mагдонос немав, сојата трошки не можев да си ја најдам |( .
    за ручек јадев еден печен компир, мал,бидејќи не сум по компириве :D
    Aма од денес турли-тавите стапуваат на сила, мислам дека ќе се префрлам на турли тава диета :D
    па една Mакедонка со турли тави ослабела 70 и нешто кила бре :!:
     
  2. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.613
    Ја мислев се зезаш, кога оно...
    http://star.vest.com.mk/default.asp?id= ... ka=%40ivot
    :o
    Браво, секоја чест.
    :)
     
    На anabel-a му/ѝ се допаѓа ова.
  3. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.854
    Пол:
    Женски
    :hai:
    Ајт сега упуцајте ми една чврга, зашто на темава се враќам по трилионити пат, а се шетам низ килограмиве ко мрава низ трева :|
    Е па не бива, ужасно сум лута на себеси зошто ќе стигнам до некоја си замисла, и кога ќе се олабавам, за недела дена се враќам рикверц, и еве ме, истата јас, со мојот вишок. Не се многу килограми(всушност и нема што да се многу или не се, доволно е што се гледаат од авион на мене, ма колку и да ме убедуваат дека на мојава висина стојат), не, ама на мене се познаваат ко да се 56+, сакам (по)рамен стомак и не сакам рачки над фармерки :|
    Ми треба цврста мотивација, и здраво држење на едно лепче дневно. А не ко вол настегај се манџа со пола леб, не црн да бил, а бе и зелен да е :@
    Така да, ве дружам, и ќе се држам до вас. :$ :tmi:
     
    На Doozy, teddybear, Trendafilka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.981
    ^Ама сега пу пу машала си е женичкава. :)

    Баш сакав да видам дали ќе ја задржи тежината, ама јок. Мислам дека може не 70, ама добри 30-40 си има вратено пак назад. :( Добро, како и да е, битно да сме живи и здрави. А и симпатична е овака буцкаста, на некои луѓе дефинитивно им стои. :D :P

    Кога одев во Вита Диет, имаше еден Никола, повозрасен човек кој имаше околу 50тина кила ослабено. Човекот беше 2 метра висок и прилично крупен и тогаш, само не знам што се случи после со него.

    Ами Трендафилке чек и јас сега ќе одам да премерам :?: , од кутура тука негде беа, во мало чиниче јадев, па и павлака плус... :tmi: Ние со подебелко тесто правиме, и едно такво како еден слајс го рачунав. Ама ајт, се изнервирав, и јас ќе почнам турлитави, ако не се стегнам до септември, после па ич, пиши крст на диетите. :(

    А зелен чај пијам зш си ја испив флашираната вода и немам од каде да си купам, па како замена за вода го голтам. :D Во едно тенџерче ставив 3 такви и пола лимонтус оти немав лимон. Една колешка ме кара секој ден, дека зелениот чај наводно бил канцероген ако стоел така предвреме направен, и требало да се прави баш ти како што викаш, со одредена температура, 70 степени, па одма да се пиело... абе ја во едно тенџере кога ќе скувам, па не можам на секое да правам. Седам пред компјутер по саати и ако станам губам концентрација после. |(
     
  5. anaj1d

    anaj1d Активен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2012
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    6

    Koja dieta ja drzese za 2 meseci 20 kg? :)
     
  6. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.469
    Jајца и виршли варени, со салата од патлиџани и краставици, јадев риба чат пат, салати многу, спанаќ јогурт кисело млеко
    значи таа беше диетата претежно јајца
    не можам веќе со нејзе зашто кога ќе видам варено јајце со варена виршла коса ми се крева, ми се презасити организамот од нејзе и веќе не можам да ја држам :)
     
  7. mihaela.barbi

    mihaela.barbi Нов член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2012
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    140
    Tи воопшто не си за оваа тема, ако имас само 56 и +- некое кило. Прекумерна тежина е ако имас над 80и си поприлично заоблена, што би рекла една стара поговорка: "Подобро е да ја прескокнеш отколку да ја заобиколиш" Незнам зошто но во денешно време има се повеке луѓе со прекумерна тежина а уште повеќе деца, што секако воопшто не е убаво ако телото се деформира уште од мали години.
    Еден совет до родителите не им гнетете се и сешто на децата немојте да мислите дека ако е буцко, е во исто време и здраво, и немојте да го опсиувате со чоколади и разно, разни слатки работи а уште помалку се што ке побара да му дадете.
    Незнам дали дебелината е болест, и несакам да ѓи навредам луѓето, што го имаат тој проблем но ако е болест, тогаш мора да има и лек, а ако е алчност и немарнот на лѓето тогаш зошто би ѓи сожалувале. И еден совет до сите оние ои што сакаат да ослабнат, бидете упорни и немојте да помислите дека ако сте малку гладни дека сетот, ке пропадне. Убаво е човек и да биде гладен и да се внесува доволно вода, за да може организмот да се детоксицира. И најбитното движењето, но не само да се шетата нога, пред нога туку тоа треба да биде малку побрзо да го забрзате пулсот и да почне да се топат калориите. И без она ма се сум пробала и неможам да ослабнам, нема неможам подобро кажете несакам. На крајот на краиштата направете го тоа за вас а не за некој друг за да можете да застанете пред огледало, и да не се трауматизирате секој пат кога ќе се погледнете на што личите и ако сами на себе сте си одвратни тогаш што мислите какви сте во очите на другите.
     
  8. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.283
    Допаѓања:
    259.203
    Дузи дојди кај мене на цреши, 90 денари се ^_^ .
    А и прските не се ефтини. Јагодите исто.
    Само бананите се ефтини.

    Зелен чај се пие најмногу три пати на ден и тоа се прави со вода која не треба да зоврие. Значи пред да почне да врие водата, ја тргате, го ставате чајот и чекате 10 минути. Потоа се пие. И никако не одстен, значи пресен. И купете си на Виталиа, не е во ќесички. Тој во ќесичките не е добар.
    Пијте го, ама правете пауза од еден месец, оти може и да го препиете, па може и да ви штети. Значи умерено со зелениот чај.

    Кате21 овде сите ти се повратници :lol: .
    Та ти сме си :D .
    Ќе ослабнеме, па пак ќе се угоиме, и се така :D . Јас веќе сум си досадна сама на себе со тоа диетите |( .
    Туку леле денес кога се соблеков, леле тоа нозете, целулитот, леле, машала да не се урочам ама угоенка сум си. Бре бре, ко свинче за колење.

    Денес се подготвувам за слабеење, а мојата подготовка вклучува крофни и сладолед. Од утре мислиш на вода ќе сум па да си апнам денес јас све, уште некое кило да ставам :fubar: .
     
    На kate21 и Lux им се допаѓа ова.
  9. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.015
    Пол:
    Женски
    Мислам дека ова е решението:
    [​IMG]
     
    На Ariel и Rock.Girl им се допаѓа ова.
  10. JoxyTheFreak

    JoxyTheFreak Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    5.566
    Мама еднаш си свари зечен чај.И јас помал па да пробам.
    Леле луѓе,мислам вкусните пупки на јазикот ми изумреа. ОДВРАТНО!!! :puke:


    Инаку за вчера едно големо иксиште.
    Откако го напишав постот отидов да го испратам братучед ми во Америка.
    И одев по принципот "Не оде некој у Америка секој ден."
    Буквално се изнајадив како свиња. :tmi:
    Aма ОК не очајувам лајф гоуз он.
    За денеска си ставам кругче,без киксови. :D
     
  11. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.469
    http://www.youtube.com/watch?v=YsHmUAmS5HU

    Eве што има да им каже на сите што ја викаат дебела онаа пред некој ден што ја имаше на фемина, со солариумот
    девојкава си нема ич комплекси :D
     
  12. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.854
    Пол:
    Женски
    Ау не, немам 56, ако имав 56 па, ќе бев костур на моиве 1.80кусур, муабетот ми беше што на моиве килограми јас вишокот го осеќам ко да имам +56 :D (така беше лупната бројката де :D )
    Е, да се објаснам, да не бидам грешно сфатена повторно :) Висока сум, ако сум слаба личам на страчка, си бев таман пред едно две-три години кога имав таман заоблени нозе, тенка половина и нормален( не стомак од соништата со 6 керамички) стомак кој барем ми беше рамен.Арно ама, нафрлив гарант едно 6-7 килограми, и тие ми се наталожија баш на стомакот и на половината, и тука изгледам доста полно :@ Тргни-застани е кај мене работата, таман ќе симнам две три, веќе ќе се зарамнам и ќе заличам на она што го сакам, ќе се опуштам и повторно ќе ми висне делот кој најмногу го мразам. :@ Сега веќе почнав и да се нервира, и реков, се лутам на себеси што не сум истрајна и цврста. Затоа, МОРАМ, САКАМ, МОЖАМ! Веќе и денес се посветив на пиењето вода, и изедов едвај едно лепче од оние малечкине со сусам, мислам обично тоа би ми било и два залаци, ама денес си го тргнав во соба со ќофте, и избегнував да седам во дневна и кујна за да не гледам јадење цел ден. И плус, најголем проблем ми се соковите, зошто ги обожавам, ги пијам, газирани, негазирани, мене ми се како добар ден, а не чинат...затоа ќе си варам чај од шумско овошје, ќе го ладам, и ќе замислувам дека е сок :D . Некако треба да се почне. И не пооди-постој, туку навистина да се стегнам и да не се плашам после дека сеуште сум дебело прасе. Патем, како за мотивација, секогаш ми се едни фармерки, од сегашниве два броја помали,во нив да влезам, многу или малце, тие се... :tmi: :$
     
  13. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.283
    Допаѓања:
    259.203
    Таман се подготвив психички и јадачки за утре да почнам со диета, дечко ми се јави и ми кажа дека има бајадерки од Краш, а јас сум луда по бајадери.
    На се ќе кажам не, ама на нив не можам, а и плус и скапички се, не се купуваат секој ден :D .
    И сеа, шо?
    Од кај излегоа овие бајадери ]:) .
     
  14. JoxyTheFreak

    JoxyTheFreak Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    5.566
    Аааа да,заборавив да додадам а касно е за редактирање.
    Сакам со вас да споделам како ефикасно се мотивирав минатото лето кога ослабнав 15.
    Кога ќе почнам да запаѓам во криза само ќе ми текне колку бедно се осеќав пред да почнам.
    А се осеќав како огромна топка. Прасе што само јаде и кења.
    Ќе се сетев дека несакам пак да се вратам на тоа и ќе баталев и благо и се.

    Незнам колку ќе ви успее и дали ќе делува ама на мене делуваше тогаш. :)
     
  15. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.283
    Допаѓања:
    259.203
    Леле Џокси, прасе е комплимент. Свиња е прав збор.
    Така се чуствувам :devil: .
    Ама, бајадера бре :( .
    И јаде ми се, апетит да ми видеш.
    Ко трудна жена сум.
     
  16. JoxyTheFreak

    JoxyTheFreak Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    5.566
    БАЈАДЕРА НЕМА ДА ТИ ПОМОГНЕ НА ЗАКИНТОС ДА СЕ ФРЦКАШ СО КУПАЧИ БРЕ!!! :devil:
    :rofl: :rofl:
    Шала,касни од окце. :*
     
  17. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.469
    Jуле ако сакаш јади, ама од утре на диета :!: .
    инаку мене ме стегнаа малце грчеви од мусаква, сигурно зашто претерав малце повеќе со црниот пипер
    и утре само мусака од тиквици ќе јадам,може и овошје зашто имам цреши, јаболки, банани... :)
     
  18. SmilerGirl

    SmilerGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2011
    Пораки:
    401
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    И јас ви се придружувам на клубот :D
    Почнав со здрава исхрана и вежби во март (малце забушавав :$ ) и симнав 2 кила.И од тогаш...
    Абе немам мотивација, не ми се станува.Дури и да имам мотивација,ја имам во 12 навечер :D
    Од денес нема забушавање!
    Ќе го снема салцево па шо сака нека биде :!:
    Иначе да ви се пофалам: тукушто одбив да јадам сладолед (а јас обожавам сладолед така да ова е успех за мене :D ) :)
     
  19. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.260
    Допаѓања:
    67.817
    Пол:
    Женски
    Jaс не можам да се сопрам од јадење. Не знам колку време уназад викам од утре сум на диета, намалувам со јадење. Одамна вака сум снемала волја. Ни едни фармерки веќе не ме собираат, не ни сакам да се качам на вага, 60ката ми е помината.
    Денес ко божем реков нели, готово почнувам. И јадев само компирчиња печени. Арно ама, после изедов топло-ладно што има зилион калории, и на крај уште јадев сендвич. Не знам ни од кај ми е желбата за толку јадење и да напоменам дека не сум трудна, ама богами ко да јадам за двајца.
    Не сум зумбала не знам од кога, викам ај прееска, човече, 5 минути почнав ко грчеви во стомак да осеќам. Лето дојде, место да се оправам јас уште толку се распуштив, страшно сум разочарана од себе.
    Ако подолжам вака знам што ќе ми се деси. Сум била таму.
    Така да, еве пак си викам по стоти пат, од утре почнувам со ун.
     
    На kate21 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Денес не згрешив освен сладолед што јадев плус, ама овошен.

    Туку како наседнав прееска. Праев чорба некоја што праев и не ја јадев, и ај месо печев, па после викам абе ај какво месо додека го чекам ќе земам роквица ќе јадам мајка ми ми купила.
    И таа со баба ми лисиците седнале во кујна се врткаат околу мене, и и викам мамо ова мора ли да се лупи, ми вика како сакаш ама ти пошто јадеш со лушпи не го лупи, и ај викам ок.
    И кога го ставив во уста повеќе од пола и џвакам, а овие двете зјапнале во мене, си викам што им е бре, кога тоа изгор лутоооооооооооо :D И скокам јас низ кујна како удрена некоја а тие се мочаат од смеење. Безобразие. Човек ќе си рече оваа глупава, а ете мозокот ми се исклучи, гладна бев па :( :D

    Оф Кате како себе да се читам. Би живеела од сок што е до мене, од тоа ми е најтешко да се откажам ;( ама се лажам некако со чајче и со цедевита, што ќе правиш това е това. :)
    :*
     
    На kate21 му/ѝ се допаѓа ова.