Јас после неколкумесечна стагнација, ќе се потрудам да го искористам летото и моменталното стрвење на салати и цитрони, што и не е баш честа појава кај мене, за да ги стопам овие 5-6 што ми задаваат главоболки кога купувам облека. Лошото е што ми претстои доста динамичен период, а во такви периоди јадам се што ќе ми дојде при рака, ама ќе се потрудам да се организирам, и да не изгладнувам, па да посегнам по што ми дојде прво. Имам уште некои 5-6 за симнување, и летово мора да паднат. Ако не ми успее сега, знам дека ќе биде јули / август. Само со движењето никако не ми оди, треба и за тоа да се организирам некако. Некако не ми се удобни ниту едни чевли за да одам до работа и назад пешки (по половина час во еден правец, значи вкупно еден час), а никако да се натерам да тргнам од дома со патики, а на работа да ги заменам за чевли.
Пред 4 години кога останав бремена имав 65 кг. Првите 4 месеци од бременоста бев -5кг (поради постојаното повраќање). На пораѓај отидов со 82 кг. Кога се вратив од болница бев 72 кг. До пред половина година јас варирав пд 70-75 кг, никако подолу да дојдам. Во февруари оваа година почнав со режимот на Ирена и некако дојдов до 68кг. Последните месец ден бев на УН. Сега сум 63 кг. Можам да кажам дека сум задоволна со својата тежина, но и понатаму ќе внимавам според УН, да дојдам до кај 60 кг.
Конечно сум дома! Орбитрекот уште од утре ќе го јавнам, на мама ќе и наредам листа домашни јадења (од сите ваши горенаведени предлози), уште повеќе ќе се дружам со дечко ми ( ) ииии... ќе ви се јавам да ви кажам - успеав! Ajде девојки, не е нешто невозможно, за да се исполни оваа желба се‘ зависи од нас (и од луѓето наоколу= нека бидат фини и нека не ни делат бајадери, пици итн... )
Од последното мерење, за 2 дена сум ослабела само 200 грама. Мотивирачки ми се зошто е во минус, и со двеста сум задоволна да ви кажам, мора со неколку да тргне ама надолу се надевам. И така, 30мин орбитрек вртев, два вида стомачни правев 2 пати по 20. И после ќе правам уште 50. И така, идемо даље.
Јас еве ветувам од другиот понеделник стартувам со здрава храна и вежбање,таман ќе завршиме со школово а в недела сум на веридба така да понеделнички како за почеток стартувам! Неможи вака повеќе ко мечка се направив
Епа јас да си се пофалам дека 2 килца си симнав Утре недела правам од кога почнав со режимов и вежбањето и супер ми оди . Само утре мислам дека ќе паузирам од вежбање поради тоа што немам да имам време. Ќе бидам од сабајле излезена до вечер.Па добро ..сепак и на тој начин што ќе пешачам ваму таму нешто ќе изгубам Иначе,сум си на овој режим : Наутро - доручкуваш како крал. Ручаш како просечен човек. Вечераш како питач. И ептен фукнционира,ама ако се придржуваш кон тоа фала богу. Јас после 8 не јадам ништо,освен ако се напијам мала часа сок едино. А иначе локам вода многу и секој ден вежбам по пола саат. Со среќа и на сите што тек почнуваат и сите останати
гудморнинг Jас си сварив палента, со сирење(фетина некое 196калории на 100гр) од прилика 50 грама турив, и мала лажичка маслинов зејтин за ручек и вечера риба печена и салата
јас незабележливо овие 2 недели сум симнала уште 2кг , можеби поради течностите што ги внесувам во големи количини,нонстоп пијам вода со исцеден лимон во неа,а со храна исто како и секогаш што си внесувам ,на утро 2 кришки црн леб со јогурт или павлака ,ручек тоа што ке има дома се разбира не мрснотии ,а вечера или ке вечерам или не или пак некое овошје,само ми жал што немам време за на орбитрек да вежбам ,
Од сите диети што сум ги држела до сега(од оние кратките) до сега најмногу резултати сум имала од онаа диета без физичка активност и тоа ја држев пред две години. Од утре(6.05) до 24.05 ќе ја држам, значи 20 дена. Утре на мени имам макарони со сирење или јогурт + физичка активност, се мислам дали да трчам или да извежба Зумба Кардио и Скалпт енд Тоун. И тоа.. ќе ве дружам до 24-ти редовно на темава.
Девојки се мислам дали од 10-ти јуни да ја почна УН диетата. Што викате? Сакам да ја држам до 1-ви септември некаде. Само ми е страв брзо да не ги вратам килограмите потоа.
Ун диетата не е лоша диета, напротив се слабее и тоа здраво и бавно. Јас ја држев 2 месеци и ослабев 6 кила затоа што имам многу бавен метаболизам . После диетата мораш да си водис добар режим на исхрана оти се ќе ти се врати за една недела. Јас отидов на екскурзија и тие 6 кила за 6 дена си ги вратив денес се мерев пак на старо 70 кг ... ми иде да се утепам
Ич не се думај, слободно држи ја. Имаш и тема поврзана со неа, па убаво разлистај си ја имаш и предлози за рецепти во неа. Ти гледај да ги симнеш прво килата, па после ќе се грижиш да ги задржиш. Ако се придржуваш како што треба по редоследот и после завршувањето јади на утро овошје и нема потреба од страв. Среќно.
Репорт да дадам, денес вежбав 50 минути турбо на Орбитрек, планирам задутре да стигнам до 1 час. Искрено да ви кажам, поарно од вежбање со музика од Антена 5, нема. Ќе терав уште, дека ме фана сафта од учењето и така станав, ама си викам ај доста е, оди бањај се и седнувај да учиш. Се правам и јас за 10 минути, пф, ајде налет. Јадев пченкарни снегулки со млеко за појадок, после за ручек имам туна, салата и едно ѓеврече (лиги ми потекоа сабајле по ѓевречиња , ама најслатки ми се тие скопските од уличните продавачи, овие се суви многу ), а вечер ако ми се пријаде, шопска мислев да си направам или зелче пак. Уште немам мрднато доле после тие 2кг, мислам дека тоа водата истече од мене и толку, сега се е сало и мора да се потрудам. Сега ќе видиме, јас би да вежбам секој ден, но после вежбање МОРАМ и косата да ја мијам зш потта ми се цеди и гадно ми е само да се истуширам... А секој ден коса до половина да мијам, сушам, фенирам и пеглам, е не можам, со извинење. Затоа, преку еден ден, сосема солидно, по 45 до 1 час на Орбитрек, а зумба и други реквизитни вежби, бонус тоа.
јас ќе почнам диета и неможам пркршувам незнам што да правам девојки мн се нервирам зашто, не си се придржувам (( ( помошшш, незнам која диета да ја почнам... а мн сакам да ослабам 10 кг.. морам да иам 10кг минусс
Едноставно, штом ќе згрешиш не се откажувај, продолжи пак по старо, знам колку е тешко, ама со тек на време ќе видиш дека се помалку и помалку ќе грешиш.
држи ја Ун диетата, лесна е, ке ги намалиш килограмите, а и да згрешиш некогаш продолжуваш понатаму, резултат има кај сите
Jас да ви кажам, овие 4 дена мусака од тиквички ќе јадам, со ориз кафеав, мнооогу домати сомелени моркови, малце томатен сос, магдонос, абре прсти да излижеш и да ослабена сум, јас ретко си викам за себе дека сум ослабена, секогаш сум критички настроена, ама се приметува, и баба ми ми кажа. Kолку килца не знам, и нема да знам уште 3 недели, зашто си реков нема мерење, ама сепак резултатите веќе се видливи
Скоро една недела,вагата ми се смеши со 3 килца минус! Mоже е малце голема бројка за толку малку време ама ќе се помочам од среќа. Имам 25 килца вишок така да може и нема да се знаат на мене ама пак не се демотивирам. Ако можат сите зошто па да не можам јас? Исхраната ја сведив само на овошје,зеленчук и калциум за навечер. И мислев дека ќе биде тешко ама си уживам бре. Салатки,црешки,кајсии,јаготки... Paradise. Мерак ми е да носам сако. И ако продолжам вака ќе си купам.
^Немаш 25 кила вишок, ама ајде, и јас така зборам дека имам 15 кила вишок е не се толку... Јас од денес почнувам, ми заврши сесија-депресија, па ќе можам да се фокусирам. Незнам колку кила би можела да слизнам до 15ти, ама би сакале барем 1-2 колку да се рече дека ми тргнало. Некој предлог да не има за нешто брзо симнување на кила, диета некоја, вежби? Нема да ми биде краткотрајно овој пат, ветувам дека ќе се контролирам, мерам редовно, вежбам, трчам на кеј, цело лето, па и донатака, ветувам Ај сеа искусни дајде ми некој ваш предлог, било каков