A јас па ни 5 минути не можам,ние џабе го купивме,никој не вежба на него Mене многу ми е тешко на него,јас и онака мразам да вежбам на справи
Ова ми е трет ден како строго си се придржувам на здрава исхрана, 2-3л. вода и последно кркање(и тоа овошје) во шест поручек. ^Лукс, те барам во секоја тема за фитнес и диети затоашто си ми неворојатна инспирација. После секој твој пост или закачена слика си велам дека можам да издржам и можам да го доведам телово во ред. Ај ноу ај кен, јес ај ду!
Не знам точно девојкава како успеала за 1 месец да го направи ова тело, претпоставувам со многу строг режим на исхрана и секојдневни напорни вежби. Можеби е тешко, но не е и недостижно. За мене ова е одлично тонирано и убаво тело... Браво
Мило ми е што сум инспирација, морам и самата на себе да бидам, кога еднаш сум можела да ослабам и да ја одржувам тежината зошто да не можам пак, само сега разликата е во тоа што сум многу очајна и разочарана. Артемишн кога може таа можеме и ние. После во поладното ќе вежбам .
во овошниот ден, секако подобро е јогурт да јадеш, и супа, отколку месо и тестенини, но уште подобро е и ако успееш без јогурт... зошто во него има масти и протеини, замени го сок од овошје, барем сега го има во изобилие,или со доматен сос, оној што го правиме за во зима, или направи си во соковник од свежи домати
Јас на мојов ОрбитТрек ич не глеам ни колку калории ни ништо.Само знам дека дневно околу 30 мин. на него си трчам,а колку калории ова она,не се замарам со тоа.
Волшебна знам јас се тоа како оди, ама со 1 час на Орбитрек, ѕрцките ми испаднаа и среќа беше што и на ова остана јадењево. А Лукс, те видов на сликата што ја стави од Матура, зошто си толку разочарана? Па мене ми изгледаш сосема нормално. Не можеш да очекуваш во период на овие години, 17, 18, да изгледаш исто како што си изгледала на 15 и 16. Телото ти расте, се менуваш, нормално е да накачиш некое кило. Ти битно стегни се, ама немој толку да се мислиш како којзнае што да си.
Зошто од тогаш до сега имам качено уште 3 кила. И можеш да замислиш кај мене колку се познаваат благодарение на мојава скромна висина 160 едвај. Е затоа, и добро е со олку кила не изгледам толку огромно, ама ми се познава дека имам качено и ја мразам сликава во огледало морам да се вратам во форма за еден месец до два па што сака нека биде ова ми е ветување прво на самата себе.
Освен утката вчера(мама направи пржолки, а јас сум манијак за тесто ) добро се држам насабајле си варам пола литар чај, со една вреќичка зелен и две нане, вака ми е убав и не се трујам само со зелен и ми е дневна доза, еве го до мене шишето ладно од фризава Е едино не вежбам доволно Мислам пешачам доста, за мене е чудно да ме видите на точак или мотор, или боже сачувај со кола да ме возат , по цел ден сум пешката и џгурам де ваму де таму, али сепак треба и малце фитнес, ама ај, не вежбам И треба да достигнам два литри вода, зашто освен половинава чај, пијам малце вода. Ќе почнам да заокружувам и јас ко Џоксиов И знајте шо ми текна, летово се живо и диво ќе биде шланг, пошто цела Фемина е на диета, а всушност Фемина ја сочинува Македонија, нели претставници Ајт со здравје сеа, одам да каснам нешто Spoiler се зафркавам бе, не ми се јаде, се подув од чај и една супа прееска Мм, и ова:
Јас денес сум пак на овошен ден, со тоа што јадев шопска со малку сирење. Јадев кајсии и една бистра супа. Кај мене ништо не се познава, ништо немам симнато, а нема ни да симнам ако не почнам со некаква физичка активност. Ама ми се здосади зумбата, немам нажалост орбитрек, кога требаше тоа да ми се купи, јас избрав нешто друго... Планирам да почнам со пешачење и возење точак, па ќе видам како ќе се одвиваат работите.
Абе штом дојде лето,јас мора да имам проблем со варењето и дуењето!!! Мора!!! За доручек две праски, по три часа ручек, туна,салата и тенко парче леб,вечера половина од туната со малку салата,исто така по три часа од ручекот,после вежбање,2 и пол литри вода. Че го правам Лима ако треба!!!
Што се однесува до оваа девојка која сте ја постирале, не сфаќам што воопшто и требале вежби (освен можеби малку стомачни за мешето). 141 lbs = 64 килограми и баш фино изгледа, без којзнае колку сало, без спојлер, дури и во профил, добар задник, фини ноџенца. Што и требало да се прави страшилник, мене ми е одвратна по трансформацијава, посебно во стомакот. А цицките и се невидливи патем. Мислам дека ретко кој од мажите (освен билдеришта) се палат на вакво женско тело. Сите сакаат заоблени, во смисла мекани линии на женско тело, не диференцирани. Мене вакво тело не ми е поим за женска лепота, ако тоа е поентата на темава, не сум за тука очигледно.
Тренди темава е за инспирација и сликата е доказ дека се се може да се постигне. А идеално женско тело кај секого е различно, да таа е добра и пред трансформацијата ама после неа според мене е совршена. Јас моментално изгледа нешто подебело од неа од пред трансформацијата, а изгледав како таа пред трансформацијата, а сакам да дојдам како неа после трансформација ако ме разбра. Значи битно да ослабиме и да дојдеме до тело какво што посакуваме и нормално тука сме да си даваме поддршка и мотив, а ако сакаш да ослабиш секако дека местото ти е во темава.
^И јас сакав да кажам дека девојката на сликата изгледа баш ок пред трансформацијата.Јас изгледам слично како неа, со тоа што имам спојлерчиња и повеќе целулит од неа, а и некое кило повеќе.Мислам дека изгледа ок и јас изгледам ок, ама сепак би сакала да ги намалам бутовите, стомакот и рацете.Но, не би сакала да изгледам како неа после трансформацијата
Hиту пак мене ми се свиѓа такво тело, со толку мускули, не знам воопшто не ме привлекуваат такви тела- без струкче, искрено дури и на првата слика и е подобро Mожела малце да се затегне, а не волку A тој дечкото без нога таму, алал да му е. и на таа девојката лукс што ја постави, екстремно што е ослабена браво!
Изгледа само јас имам проблем са собом. Мене па ми се допаѓа затегната и тоа многу. Пофино ми изгледаат такви жени него ли кардашијанки,ако збориме за некој узор за тело. А ние вака обичните, ок би биле и кога би биле ко девојкава на првата слика. (а какви сме бе,дечко со коцкици е нешто уау, а за жени,па и не мора! Јас па не сакам мускулести дечки,сакам нормални,очигледно носам панталони у врска,менувам улоги! ) Јас знам дека тој дел за мене е недостижна ствар,ко што си знам дека на секои три недели морам да сум на диета,од познати причини де,така што....
Во прва година на факултет, на почетокот, кога се измерив на вага се шокирав. Имав +4 кила во однос на тоа колку имав на матурата. И јас ја имам истата висина 160 цм. Искрено вака многу не ме приметуваа другите, али јас си приметував по фармерките, не можев да ги закопчам. Не се трудев нешто многу да ги симнам искрено, еден период стигнав и до 57 кила. Тек ова зимо тие +5 кила ги снема. Не јадев баш многу, ама битното беше што прекинав да јадам многу брза храна. И еве уште си ја имам таа килажа, 52-3 кила, а ништо не правам, само не јадам после 8 и не јадам хамбургери и пици. И на крај поентата ми е ова, и покрај тоа што ја имам истата килажа како пред две години, телото не ми е исто. Колковите ми се пошироки, нозете позаоблени, едноставно телото си се менува и не можеш да очекуваш да изгледа исто па дури и со иста или помала килажа.