Редно време беше и јас да ви се придружам Нема да држам диета, ама ќе јадам поздрава храна и ќе избегнувам маснотии. И секојдневно ќе вежбам Ај со среќа нека ми е, и на сите вас кои сте упорни
Добровечер Денес појадував банана, две јаболкца исечкани во мусли и троа млекце. Е сега работата е што се мислев дали да јадам мусли, бев со план само со овошје да буткам, меѓутоа, требаше да одам да се сликам по пасош баш во најжешкото.... и си реков, не се мајтапи, касни нешто повеќе. Не знаев дали ќе чекам многу или не, дали е климатизирано таму или не, на крај краева, не можев да мкнам јаболкца со мене. За ручек, пилешка плескавица со некое парченце ситно кашкавалче просеана низ неа и гооооолема шопска со чувче, кромитче и слични артикли. За вечера, јадев голема чинија супа, и се напив една мала чаша пиво со 10тина кикиритчиња во знак на фудбалско расположение. Ми нудеа торта, ПАК, ама јас решително - НЕИН! Меѓу оброциве, грицкав непечен сончоглед, кајсии, 2-3 јаболкца, онака, кежуал јадења. А вчера беше многу весело кога ме мавна една криза вечерта кај 10, 11, и земав еден патлиџан голем, го јадев како јаболко од што бев гладна. После пак ми се пријаде и си земав чушка со малку сиренце.
Од денес и јас се придружувам. Од кога видов дека после претходното лето многу сум се смалила во обем, и тоа само со ролерки,ова лето ќе трчам, и се надевам на крај на летово ќе има резлутати. П.с. shame of me, ама неможам без чоколадо дневно. Ветувам дека ќе биде само 1 ред. Ќе се стремам кон помалце П.п.с. Денес доручкував млеко со бисквити, а ручав павлака со печени лиснати.Како за почеток. И од благо, само какао пиев денес
4 дена вежбање, 4 дена невечерање, 4 дена без грицки, кока-коли, мрсно...И застанувам јас сабајлево на вага, и ај погодете што се случи? Не сум мрднала ни 200 грама од тие 67 кг, туку сум качила уште едно кило Знам што правам погрешно-јадам благо.Е ок тоа, ама другиве работи ич не вредат?Порано со малку невечерање сум симнувала и по две кила неделно, а сега плус вежбањево, и пак нема резултати.Знам и што ќе ми кажете-рано е, што очекуваш, преку ноќ не си се здебелила, значи нема ни преку ноќ да ослабеш...Ама, барем некое едно мотивациско изгубено килограмче, колку да ме држи надеж дека ова мачење ќе има некакви резултати...
ке имаш разултати, ова што го правиш продолжи го, плус не јади благо, и ете те минус 5-6 кг или започни ја УН диетата, ем ке јадеш благо, на 3 дена ем ке слабееш, јас се држам сега за сега немам качено кг, кон тоа и се стремам трчам по 1 час дневно,пешачам, не јадам леб, или сосема малку јадам, не вечерам, пијам зелен чај... да се затегнам уште малку и доста е, поентата ми е да ја одржувам оваа килажа 53 сум со висина од 162 и во план,ако даде господ да забременам, Со што помалку кг, толку подобро, барем така читав
Само што завршив со моите 60 минути он д Орбитрек . Појадував три јаболка и мала, полускапана банана, си ги исецкав во овошна салата и им ставив малку лупен непечен сончоглед. Додека вежбав, првите 40 минути мака немав, ама после морав да запрам, пиев вода, и изедов едно јаболкце. Епа не ја бива, оваа снага не е од ма-ру-ли! Напоредно со вежбањево, нели,да не губам време, си сварив макарони, јадев една чинија макарони со солца, оригано и малку кечапче. Осеќам, некако осеќам, дека до вечер пак ќе ми се пријаде, долга е нивата , така да планирам да си сварам супа со салатичка. И тако то, спамирам наоколу со диетиве, на калори каунтер, овде... ме мотивира де.
ова е голем проблем, се очекуваат резултати за 4 дена... ало што се четири дена? тие наталожени масти не се качени за 4 дена нема ни да се симнат за 4 дена ако сакаш двапати до водно качи се. си имам кажано и во други теми дека уште од јануари се придржувам до поздрав начин на исхрана со овошје, зеленчук, газирани НИКАКО, брза храна од тогаш само 2пати, благото редуцирано имам 16 годни што значи моето салце се топи побрзо од некој на 30 год. и до сега сум 4 ипол кила ослабена! само не се откажувај ама не очекувај дека за барем уште 2 недели ќе имаш некој посебен резултат. поздравче
Cега се качив на Oрбитрејк издржав цели 10 минути Mногу бре,ми се слоши Oд утре секој ден го користам стартни минутки 15, секој ден ќе додавам по минутка-две има време дур ја стигнам дузи
ce напнав јас уште десет минутки свртев значи денес 20мин, со пауза. од утре ќе вртам 2х15 мин едно од сабајле едно навечер
^Пази да не се лацнеш. Се зафркавам, така се почнува, од малце. Пушти си филмче некое, серија, и врти до бескрај. Еве и Лукс нека ти биде мотивација.
Гледај пред вежбање да не јадеш едно 2 саати најмалку, можно е заради тоа да ти се слошило. Јас знам си јадев така барем саат пред вежбање и се чудев зошто не можам да издржам повеќе од 10 минути и ми се лошеше многу, ама со полупразен желудник оди многу полесно.
Mоево беше сакразам, зашто ептен сум се изнавежбала дури 10 минути сега вртев уште 10 мин, значи 3х10, 30мин, ко за прв ден абре супер е. јадев денес накај 13 часот ориз, во 17 часот пак ориз, и пред малце 2 варени јајца од утре, веќе нема играње играчки, ептен строго ќе се фрлам, зашто од тогаш, не се осеќам веќе ослабена деновиве, а може сум и во пмс.
^ Епа смешки бев и јас еден период кога си лапкав пред вежбање Повеќе време ми требаше да се пресоблечам и подготвам за вртење отколку самиот процес Али ко за прв ден ти си ТОП, 3 х 10 минути не е за потценување, а и не си јадела многу. Јас овие 2 недели се опуштив максимално и во рок од 1 недела изедов дури 4 чикенбургера Не е ПМС кај мене, на нервна база е, и се отрув со цигари ама за среќа не се осеќам здебелено, баш напротив. Со вагата сега за сега сме скарани се додека не се вратам на прав/здрав пат.
Hи јас не се мерам, ме демотивира, најубаво ми е вака, знам дека почнав со 62, има време, за некоја недела ќе се мерам Hемам живци секој ден да се мерам, ќе се разочарам Aјде сега малце построго, а јас сум приметила темава 1 месец пред одмор е окупирана, вака преку година, слабо слабо
Јас мислам дека се зафркава Дипблу, а ако не се зафркава ќе го килнеме сите оттука. Си имам јас со Лудово муабет правено баш на таа тема, зошто преку годината се запуштаме... јас лично ради обврски, кога сум во Скопје, на факс, вамте-тамте, главата не знам кај ми е, и последно на памет ми паѓа да го минам денот со 5 јаболкца, јогурт и супа. Јадам што стигнам, прв семестар беше океј, ама испитната сесија ме дотолчи. Тоа е тоа, јас диетирам само кога сум опуштена, под притисок, нема теоретски шанси. Емоционален јадач бе. Како и викаше тој од Пријатели на Моника - remember, food is not love. Е и со мене така работава. Сепак мислам дека е потрагично ако се запуштиш во духот, ти опадне оптимизмот.... ако се гледаш со саати и се проучуваш секој ден во огледало и си викаш дебело, свињо, краво и слични комплименти , неголи ако си го запуштиш телото. Мислам дека ние овде на темава сме многу повеќе од килограми сало.
A зашто сте толку против сиренцето? си јадам сиренце 30 гр си мерам на дигитална вага добро сега не јадам секој ден, ама чат пат јадам, и тоа татко ми ми купува свежо, од канта, и не е солено нешто, плус и во вода стои Hа здравје Pадово им се најкалорични преку 350 ако не се лажам Aма па и нај убави се . и тоа жени, или пак да си ја замислам диетата без идеал шипка јогурт, дал диеталниот дал тој со 61 калорија, ма нема шанса Hајвеќе ми е криво што имаме тон овошје, а така скапува, абре не знам ко фобија да имам од овошје, а највеќе сакам овошни торти, и овошни сладоледи, е ајде нзд E дузи, дузи, наши аргатски маки.
Охх бе девојки на свадба сум за две недели ама тие пусти спојлери ме спречуваат да си облечам фустанче дајте некое чаре како да ги стопам, животот ми го попречуваат