Слабеење до лето Охх па лудо јас ако не јадам сушено овошје нема да издржам без чоколадо... И ме заситува налет другото..потоа ич не ми се јаде...
Слабеење до лето [/quote]Охх па лудо јас ако не јадам сушено овошје нема да издржам без чоколадо... И ме заситува налет другото..потоа ич не ми се јаде...[/quote] Јади чоколадо за готвење, помалку калорично е и поздраво
Слабеење до лето 100 грама чоколадо за готвење има околу 500 калории за жал благото дебелее Aма ако не се претера, нема гајле викче ти јади си благо, ама насабајле, препорачано е до 13 часот да се внесува шеќери, бидејќи ќе се потрошат до вечер дури ни овошјето не се препорачува како вечера, ама това а од се по малце, и гајле немаш
Слабеење до лето калориите и здебелуванјето немаат врска,зс калориите се енергетска вредност а тоа што нас не дебели е fat( масти) на пр една банана има околу 150 калории да речеме а исто толку калории има и чаша кока кола и сеа од што се дебелее ?нормално дека од кока колата така да мн мразам некој кога ќе каже несмее повеке од 3 овосја на ден или за вечера несмее овошје абе глупости!!имам одено на нутриционист и ми имаат кажано дека повеќе се слабее со мн овошје и зеленшук отколку со гладување затоа што со самото внесување на овошје и салати се прочистува организмот.а најубаво е да се слабее со нормално јадење и мн кардио вежби затоа што така се слабее салото а не мускулната маса
Слабеење до лето Jаглеџидратите највеќе дебелеат, дури и повеќе од мастите,без разлика што имаат мастите повеќе калории затоа постои Aткинсовата диета, со протеини и масти па пак се слабее, ај да видиме нека почне некоја да држи диета само со јаглехидрати па дали ќе ослабе или пак ќе се здебели и да, не смее да се гладува, т.е да се внесува помалку од 1000 калории на ден, бидеќи мозокот го стопира топењето на масти, и преминува во гладување и да не е препорачано да се јаде овошје за вечера.може содржи прости шеќери ама не се препорачува да се вечера, ипак овошјето е јаглехидрат
Слабеење до лето Па јас колку што знам битно е да не се мешаат јаглехидрати и протеини..Тоа е комбинација смрти за дебелеење..и секако не е добро да се јаде касно навечер...што е општо познато... Знаете како викаат...Доручекот изеди го сам...ручекот подели го со пријателите,а вечерата дај му ја на непријателите
Слабеење до лето Лудо од каде ги купуваш јагодите сушени?? Инаку да сушеното овошје е калорично ама па е здраво и е со шеќери коишто се поздрави од шеќерите на пример во едно парче торта. Само ако јадете сушен ананас ќе си отидете на пазар и ќе си купите ананас оној што е на кругчиња сушен и има жолто-портокалова темна боја. Тој е без дополнителен шеќер и нутриционисти најмногу го препорачуваат како и сувите сливи
Слабеење до лето во тинекс големиот ги купив,ама на виталија се, така да и во нивните продавници ги има...100денари се,малце скапи ама диетални и без шеќер, а тој ананас каде точно на пазар го има, и по која цена е? бидејќи нема шеќер е диетале, зашто овие од виталија се фулл со шеќер
Слабеење до лето без никаква особена диета за нецели 4 месеци ослабеф 8 кг и сум презадоволна, поздрава храна, почесто јадење и по помалку... а иначе пред 2 години за недела дена ги симнаф 15 кг али не јадеф ништо, пијав само вода колку да не дехидрирам, а последиците ги претпоставувате валда :/
Слабеење до лето Јас не ставам многу килограми во зимото затоа немам потреба за екстремни диети за на лето,качувам само кило/две а и тоа не се осеќа ептен само сега во мај и јуни вежбам за да се затегнам за на плажа,малку комплекс си имам со стомакот кој никој не ми го забележува освен јас,па така сега почнувам повторно да вежбам со vibra tone,кој се користи за сите предели од телото а и многу брзо покажува ефекти(барем кај мене) потоа динамично со орбитрек,а кога доаѓа време за на плажа избегнувам да пијам газирани пијалоци(за да ја намалам подуаноста),не практикувам да јадам премногу солени работи и во крајност го избегнувам месето.
(Морална)Поддршка за оние кои сакаат да ослабат Еве, во чест на лудото одма и ја исполнувам желбата. Па ајде, кој е на диета, која диета ја држи, што јаде, кога јаде, што вежба .. и како му иде. Да си се тешиме де. ЈАс три дена скокам низ дома според зумбата врзана со фолија, сабајле јадам овошје и нес или капучино, ручам ручекот од мама со кришка леб, а вечерам туна, таратур, сирење, пуканки или нешто слично. И најважно, добро се осеќам
(Морална)Поддршка за оние кои сакаат да ослабат Eве јас тука веднаш коментар Jас сум на диета, денес ми е 9ти ден Oдлично се осеќам, Spoiler фала на прашање Jадам печен зеленчук, јогурт (лајт со 42 калории не тој со 62), по некој цитрон, ама ретко, мнооогу салата со малце сирење (без зејтин нити сол), спанаќ печен, таратор со 1 варено јајце и краставици, и на тоа ми се сведува исхраната! сега за сега добро е, овој режим ќе го терам уште 1 месец, па шта буде нека буде
(Морална)Поддршка за оние кои сакаат да ослабат Шта да буде, шланг со овој режим. Јас мислам комшииве мои малку како потресени се од моево скокање, се туку се плашат некој земјотрес да не ги фати А види, тоа тедемече зумба вежбала
(Морална)Поддршка за оние кои сакаат да ослабат Ај лајк биг батс енд ај кенот лај. Море ни газови ни меови, ништо не сакам. Ајде, чекајте го судниот ден кога ќе можеме да јадеме колку сакаме а нема да се поправаме. Јеа, дрим он, лејдис, дрим он. Поздрав и поддршка со сликава.
(Морална)Поддршка за оние кои сакаат да ослабат Јееееее, дебељуцки на едно место, да се обединиме за подобра Македонија (може да си основаме клупче - Буцко клуб). Јас, гревното дете, сТрам ми е да кажам колку покажува вагата, ќе ви кажам по еден месец, со слика - пред и потоа. Инаку, по сугестија на Теди-мече секое утро пијам по 2 цедени лимони со 1 лажица ленено семе. Пијам чаша соино млеко (од ова во прав на Виталиа) и малку овошје до 12 часот. Ручам што има за ручек, без леб , со салата. Кога ми се пријадува јадам супа, екстра салата и пуканки без сол. И така, ова ми е трет ден, се тркала некако. Па предложете некое мени слободно, или нешто друго за ужинка, споделете некој совет и најважно - да се тешиме и поддржуваме кон целта - за послаба и повитка младина на Македонија!
(Морална)Поддршка за оние кои сакаат да ослабат Си треба си треба вакво темиче Јас оти си станувам така малку покасно накај 11 најкасно си пијам 0,5 l вода (бидејќи кога станам сум луда по вода ) дирекно си преминувам на ручек си јадам нормално што има но без леб (леб никако ) било што ете денес си правев ориз,по ручек вода,турско-кафе (без шеќер) + вода..... И така до 18 часот меѓувреме си крцнам нешто овошје доколку ме фати кризичка или пак пуканки (само со вегета) и така а пред легнување си ги слушам цревцата како ми плачат и молат а да ги утешам им давам едно до две бомбончиња или салата некоја Вода околу 1 литар или литар и половина обавезно во текот на денот Немам некоја посебна диетичка,си го слушам само организамот,не прејадувам,јадам умерено а бидејки сум повеќе дома а помалку во движење си чистам си скокам по дома а денес баш ја симнав зумбава и до после опааа играње низ дома Можеме можеме ние да си ослабнеме или да си ја одржуваме линијата силни сме! :up: