Спојлери за две недели тешко дека ќе симнеш.Ако сакаш да влезеш во некое фустанче полесно е да купиш хулахопки што затегнуваат.Ги имаш во сите продавници за хулахопки и чорапи, малку поскапи се, ама ќе стегнат и нема да се гледа ни стомаче, ни спојлерче, ништо...
Конечно и јас да се пријавам во темава Додека бев бремена ве читав и внимавав што јадев и едвај чекав да ви се придружам. Јас го започнав слабеењево сама ама ќе ми треба и поддршка. Вака стојат работите-од породување до сега (7месеци) минус 20кг, сега сум послаба од кога останав бремена но проблемот е што ми требаат барем уште толку надолу. Имам два проблеми, едниот е што поради здраствени проблеми неможам ништо да вежбам освен пешачење а вториот е дека сеуште дојам па ми е страв да се ставам на диета од овие што ги знам и што ги има на форумов а да не влијаам на квалитетот на млекто и исхраната на бебето. До сега внимавав на количината на внесена храна, броев калории итн но во последниве 2 месеца не сум ослабела воопшто цело време ми е константна тежината, затоа од денес поголемо внимавање. За некој ден одам и на одмор па се надевам тоа дополнително ќе ми даде мотив за внимавање, плус смеам да пливам па таа физичка актовност се надевам ќе ми помогне. Поздрав девојки и се читаме наскоро!
Од денес и јас ви се придружувам. Не ја бива вака работава од 56 кг. дојдов до 65 Сум ги сменила наопаку цифрите. Планирам од сабајле да јадам овошје , колку што можам повеќе, се до ручек кога што ќе јадам некое вариво, ама со минимално сол и на маслиново готвено. Леќа,грав,грашок, чат пат по некое мевце и така. Ќе вечерам салата. Е, сега најголем проблем ќе ми биде да се откажам од сирењето. Го јадам нон стоп и со се. Ама тоа постепено ќе го смалувам. Секој 4 ден ќе ми биде ден само за овошје и зеленчук. Место шеќер малтекс, а за да не ми опадне железото ќе јадам коприви со малтексот и семки од лен,сончоглед и тиква. (Ова уште се лажам сама дека ќе го јадам ама ај) И по неколку оревчиња дневно. Тоа место чипс. Се надевам на ефикасно и без јо-јо ефект слабеење. За вежбање сум малку потромава и мрзлива, ама ќе пробам по 10 мин. на орбитрек некако кој знае дали ќе успеам повеќе со ова (не)јадењево.
По долги маки и тешко соочување со реалноста, и јас се пријавувам овде. Од денес крај со јадењето. Многу нагоре отидов... Што згодна си бев 40 дена по пораѓај... А сега... уф... Ајде ќе се мотивираме Со лесно да ни е Tуку само да напоменам, заборавив преска, ако сакате брзо слабеење со тоа што малку ќе внесувате храна, пијте цеден лимон во 1,5л вода. Така што,првиот ден еден лимон, вториот два, третиот три, се така до 7.Па потоа намалувате. На мм братучетка ослабе над 35кг само со пиење цеден лимон (во рок од 3 месеци). Кога таа можеше, зошто јас да не можам ?
Ајмо, 10 склека за добро утро! Иначе Божица, кога стави слика во Модни критики сакав да ти кажам дека си бааги ослабена од последната слика, ама полагав и скроз изумив. Гледате ли, С-Т-Р-Е-С!!!!!! :geek: Ако си загрижена за млекото, можеби е најдобро ако си во можност финансиски и ако имаш време да лигавиш јаболчиња насабајле со лимонче , да побараш помош од нутриционист. Кој било, Тања, Цеце, тие бремени жени водат со ризична бременост, не па жени што дојат. Вака-Вака, сестро, тоа од учењето од матура ти се , ама ќе се стегнеш. А Блонд, ако ти е утеха, послаба си од мене, барем од тоа што го видов во Модни критики. И луѓе, ништо не правите ако го цепкате времето на Орбитрек, баш вчера се замислив околу ова. Фанете наеднаш, Лудо, ова и за тебе се однесува. Пробај првата недела 10 минути, 10 минути, изврти ги наеднаш и готово. Зш ако го цепкаш, ти е исто како 3 пати да се симнеш до продавница и да се качиш, немаш некое големо влијание. Ама 30 наеднаш да ги извртиш, па да се препотиш убаво, салам, ќе видиш одма како менува. п.с. Рачето ми е смалено 2цм.
2 часа најмалку пауза после јадење до моментот за вежбање (во право е Артемишн). Единствено може едно кафенце половина час претходно, дава невидено многу енергија за вртење. Ајде Лудо, со среќа. Пополека - подалеку. А како за почеток, не се мачи со отпорот, стави го на најмалку, важно е да вртиш, па полека зголемувај. Ние сме 22 ден на УН диетата по дома, јас симнав засега 3, жената 5, многу сме задоволни. Ќе прославиме месечнина наскоро и ќе се почастиме по еден Руменко сладолед. Божем ќе ја држевме само месец, па ајде ако не два, ама како што тргнало, сакаме да пробаме да ја издржиме докрај, 90 полни денови. Па ќе видиме, здравје. Се надевам дека ќе успееме да ја намалиме количината на храната која ја внесуваме. Не дека јадеме премногу, ама сепак за побрзо слабеење нема да штети ако јадеме помалку.
Мислам дека еднаш одговорив на оваа тема ама пак да потсетам не е на одмет, во врска со вежбањето, трчањето и слични активности, добро е да знаете дека првите 12 минути телото се подготвува на некој начин да троши калории, потоа започнува, затоа издржете барем 15 за да има било каков ефект вежбањето, инаку нема да има никаков ефект. И да, ова правило не ми е измислено, врз база на истражувања од мојата цимерка која магистираше на оваа тема. Значи издржете ги првите 12 минути, па уште 3 да ви се фати нешто и коа ќе ви се заарни нека бидат и 30, но без 12 да не бидете. Инаку јас сеуште не сум се измерила иако влегов во третиот месец од новот режим, се надевам до Август, читај одмор, ќе стигнам до фамозните 65, дечко ми ми вети дека ако стигнам ќе ми го плати одморот . Деновиве се опуштив малку со ПМСот проклет, но добра сум, сеа ќе се фрлам на овошје и се ќе се доведе во ред. Вие не знаете кое оленување е кога ќе купиш прслуче број 80Б, кога ќе го облечеш фустанот од матура, кога ќе отидеш две три дупчиња понатака на каишот....ооооо....милина. Денес со колешката на работа си густираме овошна салата во огромна чинија . Го сакам летово бе, и сите летни задоволства од родот овошја
Блонд полека со лимуните штетни се, многу се 7 во литар и пол вода јас пиев така пред три години и после тоа си имав проблеми со желудникот, си го расипав, нешто ја надразнив желудечната киселина, желудочен сок штознам и сето тоа беше проследено со болки во желудник и повраќање и си завршив на болница со лекови. А луѓе одењето во веце секој ден по голема нужда е показател на забразан метаболизам?-Ако е така мене метаболизмот ми е забрзан и сум многу хепи ако е така. После во ладот ќе вртам 60минути на орбитрек и планирам едно 5-10мин колку ќе издржам да трчам во место па ќе видиме што ќе испадне. И да, од денес почнав медобилот да го пијам.
Jас пак свтев 10минути, не можам повеќе, жива вода се правам и си ставив батерија, 80 калории, епа не е малце, тоа ти е една чаша јогурт денес гравче за ручек, за вечера 2 варени јајца салата и јогурт ќе гледам вечерата да ми биде протеин лесна па за саат време пак 10 минутки ќе свртам, на секој саат по 10 мин се наоѓаат Cега за сега не можам 30-40минути од еднаш сепак, немам кондиција за толку, во иднина може ќе биде подобро го напнав дечко ми со диети, нека види и тој малце како е
^ Лудо, а ти да го намалиш малку отпорот или поспоро да вртиш? Јас за 10 минути трошам околу 60 калории, ти имаш 20 плус што значи дека многу поинтензивно возиш и заради тоа пребрзо се уморуваш.
Лелее, браво, алал да и е! Да не можеш да поверуваш дека е таа истата. Епа зошто да не си речиш кога може таа зошто да не и ја?
За инат на глупата вага, направив 15 мин. на статичниот точак, БЕЗ паузи!Прв пат издржав подолго од 5 мин. на него и иста сум како што рече Лудото, жива вода...Мислам дека река тече од мене Да направам мала пауза, па продолжуваме со други вежби.Феминки, запамтете-само упорноста ќе ве однесе до целта!
^Лукс кога зборуваш на кичевски те замислувам како една моја колешка, многу интересно зборувате. Иначе, денес појадов две јаболкца со водичка. Сега си сварив леќа, со се внатре, како густа чорба ја направив, прсти да излижеш. Си направив патлиџанче и чувче салата, и се почастив со едно парче сирење. Не знам зошто стојам исто со кг, треба да ми дојде и валјда се подув од Диането, ама се сеќавам во обем дека сум смалена. Утре малку ќе треба да ескивирам од вежбањето, морам да одам за Скопје и не знам колку ќе имам сила... А ем планирав овошен ден утре да правам. Налет, со јаболкца на вруќиниве не се оди. После утре, имам роденденска недела, мојот, на другарките, матурски, дочеци, вакви такви... Ко преживи - причаче. Мото ми е ова во диетава.
Ајде ајде веселооооооооо! Јас сум со вас од секогашшш, ама посериозно од пред некој ден Еве ме сега, пауза од орбитрек, вртење веќе 20 минути, планирам уште толку, само малку да одморам и успат да си прашам дали овие шумачите таблети на Суправит се калорични? Јас ногу ги пијам, секој ден по две три, ако ја оплескав, кажувајте! Туку, да ви кажам си купив некој си нов јогурт, шланк, на здравје радово е мислам, розов, мајка одма ми се јави, Ане вакаи вака, оди до Тинексот и земи си, ногу е убав! Јао мамо, фала! ЈАс лично сакам да си се стегнам тип топ, слабеам не викам не, си држам здрав режим на исхрана, не сум на некоја си стрикна диета, и си имам доста активности, трчам на кеј, правам вежби(стомачни, чучеви, за газот и нозете), вртам орбитрек коа не трчам, како сега еве, ама и јадам ногу сладолед! Малку по малку се надевам дека ќе се стегнам, ризичното е кај нозете ама кога тогаш има да попуште и да се скамене! Стомакот, рацете и газето, топ ми се, од пред некој месец почнав со цитроните да ги пијам, само со вода, насабајле и навечер по еден, не вечерам никако освен салати или овошје, и ручек ми е нормално, со маслиново само готвам, салата обавезно со ручекот, овошје насабајле обавезно или па некогаш мусли јадам со млекото на Моја кравица, оноа без лактоза. Искрено, ако нешто многу, многууу очајно се сака, како што јас многу, најмногу сакам телото да си го донесам до совршенство се може! Се има и време и сила и снага и упорност и се! Ич не ми е лесно секој ден да правам чучеви, или па да трчам или орбитрек да возам, е ужасно страшно некогаш ме мрзе, ама па кога ќе ми текне, на некои госпоѓици, фаца лом тело гром абе правам уач ми!
пак сврев 10 минути, без ни една капка пот до сега вода утоп, сега без капка пот, ама правев и стомачни, па сега имам грчеви во стомакот, да не ми се напнаа мускулите? и оноа чучење правев, и вежби за нозе, денес се изнавежбав, не можам да верувам- јас да вежбам ко будалче уште 37 дена до крштевката. за 2 недели ќе се мерам, ајде ќе се решам конечно, колку да знам на што сум, да пишам тука резултати. а што е до мене не би се мерела ич