Jадев 2 мали праски, и 200гр цреши (35 црешки се 200гр, колку да знаете) вежбав на Oрбитрејк, чичи стани, 20 стомачни и тоа после уште една серија, и вечерата риба скуша 80 гр со салата утре не знам што ќе се јаде. A за зејтин, за пржено јас си јадам па кога јадам краби морам да ги пропржам малце, плус на маслинов зејтин, не дека е подиетален ама е поздрав E ајде сега, нема леб, нема благо, нема зејтин, ви се молам, јас нема да се пријавувам на фешн тв
Лудо си, ме натера да ги пребројам семките во чинија од црешите сабајле, јас сум изела 38, тууу, за малку. А за зејтинот и јас си напишав, не гледам колку и како. И така не јадеме нешто којзнае колку мрсно, јадењата не ни пливаат во зејтин. Ама да јадам салата без зејтин, оцет и сол, барем малку, тоа нема да го правам. И што фајде сега да се стегнам и да јадам без грам зејтинче и сол, и ќе го симнам вишокот за рекордно време, а после шо прајме? Цел живот така ќе го терам, испоснички? Режимот е да те натера да го смениш начинот на исхрана, во поглед количински и начин на комбинирање, а не да се лишиш од основни продукти. Буквално.
па тоа викам и јас, до вчера сме јаделе лесковачка, чоколади, торти, сега за бананите и зејтинот ќе му ја мислиме Jас во салата не ставам, зашто повеќе ја сакам свежа, ама си користам на други места зејтин, ете краби пржам, во гравчето нели се става зејтин за запршка.. инаку да, 200гр црешки се 200гр чрешки=150 калории 2 средни праски= 80 калории
Јас недела уназад терам вака,ама ручекот што јадат дома и јас си јадам ама на пола порцијата ја делам и по едно парче црн леб односно само грахам јадам друг не сакам. И вежбам секој ден по еден час и се поткам ама ако има афект како што гледам А,за бананата од една страна се препорачува за диети,а од друга не бидејќи има калории кои што се многу јаки а и малце влијае на килажата. Јас јадев секој ден по една,некогаш и по две па ми влијаеше малце,но не мора да значи дека кај секого е така.А сол и масло воопшто не ставам во салатите
Ај здраво добар дан. Од денеска и јас ви се придружувам во клубот, редно време беше и јас да ослабам и да се стегнам. Е сега значи вака, на некој режим мој сум, одсабајле за доручек палачинка јадев ама мала, за ручек од дома што имаше манџа - ориз и компири со салата без леб и вежбав некои си вежби што ги најдов на нет, ама многу тешки целото видео трае 22 минути јас 10 одвај ги направив и тоа почнаа нозе и раце да ми се тресат, ете толку беа тешки. И стомачни 100 направив, сега уште вечер тоа зумбата да си фатам кардио парти што е, и толку ми е за денес. Па од утре со Господ напред со нови сили и во нови победи.
Девојки да ви кажам дека многу сте ми интересни за читање.. абе ми идат да ве изгушкам сите! http://www.myfitnesspal.com е супер страна, денес се зачленав, ми ја препорача пријател кој е на диета (за сериозно)
Пченицата калорична ли е? Имам слушнато дека помага во регулирањето на тврдата столица? Точно или неточно?
Пченицата многу помага за тврда столица е сега за калорична мислам дека не е многу зависи сега колку ќе изедеш Јас еве се чудам дали да вежбам или не некако денес не сум расположена а и плус помалку ме болат стомачните и нозето вежањето од претходните денови изгледа вецер ке си направам по 10 од сите можни видови на стомачни со ги има на фемина ама некако не ми се врте на орбитрек а и плус бев втора смена на работа па некако се чувствувам отепана од жешково ајде здравје утре ке ја зголемам дозата на вртење на орбитрек
Леле каква пица сум јадела јаооооооооо мајко опрости! Денес паднав под искушение, и не ми е жал бре, пивце и пица, плус фудбал, еден ден па и јас душичката да си а наранам како човек! Инаку еве ме сега, одмарање и филмче, па после ќе согорувам калории со секс! Оу да, две тру партии ќе ме вратат во игра(или секако не, ама ај), денес денот ми е слободен но ме интереса нада! Ве поздравувам вас, и да ви кажам дека и мене како на Брајт сите сте ми срцки и баш ми е мило шо се дружиме и бодриме. Поздрав и одам јас во акција
Се потрудив денес да го издржам овошниот ден, ама не успеав. Станав во 6, заминав за Ск, цел ден пешачев, 10 км можеби. А јадев само 3 банани, овошна салата и 50 грама бадеми и лешници. Утрово каснав и лажица мед, морам, заради железото. Не бев гладна, ама имав вртоглавици и главоболка. Немав сила да се движам. Топлото време ме исцрпи скроз, а имам лошо искуство кога на топло време да не јадам. И си купив мало парче пица, сосема мало. Ме врати во живот, буквално. Знам, ја прекршив диетата, ама денес и многу истрошив, а не би да се правам Супермен и со бананки и портокал да шетам на горештините. Од утре, продолжувам.
Абе девојки, секаде читам дека пред јадење се пие вода за да се намали апетит. Јас веќе 3 дена по ред пијам вода пред јадење и ништо, дури ми се зголемува апетитот . Некоја од вас го применува ова?
денес ме мрзеше да си готвам нешто, а татко ми имаше стекови направено, си ставив 100гр стек со огромна салата, и не можев да го дојадам сетков грд, малце каснав само и салатата си ја мавнав цела вечер ќе јадам јајца со јогурт салата сиренце, ќе се мезам утре полнети пиперки ќе правам, сега не се баш диетални, ама па ми сака газот и за ручек и за вечера тоа
Ме фаќаат живци, јесте дека првите две недели се ашкав повеќе и се зaфркавав наоколу, па не знам ваков леб, наков леб, па едно па друго... Ама еве до четврток четири недели како пазам на исхрана, од кои последниве 10 дена отприлика построго се држам, и грам бе, грам немам симнато. Само обемот на раците ми е намален, а на стомаков ми рипнува за 4цм плус/минус, во зависност од тоа дали имам јадено, отидено во вц и слично, па не го сметам за релевантен извор. 4цм бе, како џинче мало сум. Ама па грамче да не отидам надоле?? Еве моментално треба да ми дојде, јас знам дека потешко се слабее со Диането, задржува вода и слично, ама па ни ГРАМЧЕ да не симнам? Поарно да земам да си јадам, да си лапкам, секако исто останувам. Како и да е, појадок две јаболкца и праска, сега ручав туна, варено јајце и салата со патлиџан, чувче, кромитче и малку сирење. Во последно време имам голема потреба за сирење, не знам зошто, ми се чини дека комотно можам цело парче да си изедам. Вечер ќе јадам од супата од вчера со брокула, и тоа...
Jас мислам дека поради ова не слабееш... туна, сирење јајца Pибата не се меша со млечни производи, јајца и сиренце ок, ама не си требала и туна на сето тоа Tреба да припазиш на комбинациите
Па одам на таа логика дека се е протеини, и рибата и сирењето и јајцето. Гледам, пример, ако јадам макарони да ги јадам само со солца и оригано, а да не им ставам сирење или кечап. Да не јадам месо со кромпири, т.е. јадам така и јадам тоа што јадев кога бев кај Цеца. И лани вака јадев, мислам оноа, пазев на комбинации и се беше океј. Е Цеца навалува да се исфрли скроз сирењето, ама не можам па без сирење, не ми оди. Се се, ама па, ај ако не на краставици и сол да живеам, не леб, ајде океј, не благо, ајде океј, ама не ги давам млечните производи, па што сака нека биде. А што е најстрашно, ај да речеш само со јадење чекам да ослабам, не е. Ем вежбам, ем се движам, не ми се даваат пари за такси и секаде пешки си одам и се враќам... Вчера колку пропешачив, па и плус жешко како што беше, па и овошен ден се заинатив и го истерав... 2-3 саата на Орбитрек не ме навасуваа.
да Aма рибата е месо, а месото не се меша со сиренце, јас така знам, и не ги мешам леле аман, знам дека го забрануваат сирењето . па има посни сирења, сигурно нема биено сирење во диета да се јаде. Oд 30-40 грама никој не се здебелил. Jас не знам зашто толку го исфрла сирењето, а овошјето го префорсира, ама озбилно префорсирано и е во диета, мене не ми се свиѓаат нејзините диети
И како да ослабнам и кога не сум гладна јас јадам незнам што ми е што да направам за да ослабнам да се тргнам од тоа глупаво јадење. Сега па колку толку знам да се контролирам но веќе доцна е имам 70 кг, како да ослабнам???
Никогаш не е доцна ... - за ништо, а особено не за намалување на килажа од 70 кила Ќе си имаш поголема самоконтрола, нема да дозволиш едно јадење да командува со тебе. Ќе си го дадеш тоа до знаење и готово. Или ако толку не можеш да се контролираш, стави си се на некоја не толку ригорозна диета, еве препорака од мене Ун-диетата, мислам дека веќе станувам досадна со неа - како на форумов така и надвор од него, на секој што се жали од килажа му ја препорачувам а некогаш и на тие другите што не се жалат. Или пак одбери го наједноставниот начин.(за кого-како, за мене не).Јади овошје летово наместо нешто друго што би предизвикало зголемување на килажата, трчај на кеј покрај Вардар, ако имаш можности оди на некои активности - вежбај. Меѓудругото пливај, и не се замарај. Пиј вода колку што можеш повеќе и не бутај леб. Намали чоколади и слатки, намали маснотии и пржена храна, а почни да јадеш многу зеленчук, месо(нормално не пржено) или риба на скара, пиј јогурт.. Јади житарици за појадок. Шта друго речи а не заплакати?