1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

(Морална) Поддршка за сите што сакаат да ослабат

Дискусија во 'Диети' започната од Vampire-Girl, 26 јуни 2010.

  1. spasovskaa

    spasovskaa Активен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2012
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    13
    Таа диета ја држи сестра ми и има многу големи резултати, а јас глупача наместо да гледам од неа се правам будала јадам.Од вчера не јадев ништо само 2 праски сабајле и толку не ни планирам веќе да одам во кујна па ке видиме кој е посилен, сакам да сум на диета не незнам не сум способна да ја издржам а што ми е филмот ни јас незнам.Сепак благодарам ке има спас и за мене можеби,а голема штета е што не сум од Скопје :lol:
     
  2. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.368
    Пол:
    Женски
    Брееј, не бев ваква... Што ли ми стана?!
    Со убаво си почнав и ооп вчера што убаво си мљацкав пиво и хамбургер. Абре мераци!
    Ама телово денес протестира, стомачево ми се подуло и ко за инат желудников и психата си поигруваат со мене и бараат храна ама срцево ми вика немој мори Синтија, немој жено.

    И така јас, нај официјално пред форумов и пред мониторов, со двете раце на светата тастатура, ветувам дека од денес апла внимавање, здрава исхрана, пешачење, многу вода и вежбање. Имам три месеци да се доведам во ред!
    Сабајле пешачев низ градов, кога дојдов дома кркнав две праски, 4 чаши вода, ручав пилешко варено и салата, па уште 2 чаши вода, поминаа два часа, скокав на јаже, стомачни, вртење статичен точак еден час - во кој ме дружеа две епизоди friends и секако си се забањав. За вечера истото го имам и после тоа шетња цела вечер со убаво друштво.
    Презадоволна сум од првиов ден, утре нов ден. Со нови сили ќе се борам со калорииве и мастиве. Арна е УН диетава.
    Нек се угоде, људи мои мили. Мака си мачиме сите заедно ако ништо друго :D
     
    На anabel-a и Lux им се допаѓа ова.
  3. spasovskaa

    spasovskaa Активен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2012
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    13
    Ееее супер си ти уште да не сум мрза како тебе до сега ке имав -15 кг, ама се е до карактерот...
     
  4. smiley22

    smiley22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2012
    Пораки:
    670
    Допаѓања:
    350
    Една тајна која што сите ја знаат :D
    Тајната на диетата е УПОРНОСТА,ако не си упорна џабе е се :)
     
  5. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.368
    Пол:
    Женски
    Не е поентата да се изгладнуваш :D
    Треба само да внимаваш, толку е едноставно. Еве сега е веќе топло, јавни го точакот, добра плејлиста, слушалките на уши и вози на кејон колку ти душа сака.
    А и викаш дека не сакаш да држиш диета, па диетата не е ништо друго освен начин на исхрана.
    Затоа УН диетата е најдобра, се ти е распоредено и правилно искомбинирано. Ти немора толку строго да се придржуваш како што е таму напишано. Ништо страшно, само треба да имаш мотив и желба.. И секако да не се откажуваш во постигнувањето на поставената цел уште од првиот момент кога ќе ти стане тешко! :!:
    Ајде, ако ништо друго кога ќе те фати сафра ела тука во темава, сите си имаме иста мака
     
    На anabel-a му/ѝ се допаѓа ова.
  6. spasovskaa

    spasovskaa Активен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2012
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    13
    Од понеделник ке сум на диета па што сака нека биде ако ми се јаде нешто друго нема да го јадам ке го фрлам од прозор ама ке ослабнам не ми личи на годините сум се направила свиња :lol:
     
  7. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.854
    Пол:
    Женски
    Фати недела бе? :^) Не се сеќавам кога почнав, ама се држам, до некаде :angel:
    Битно, од едвај 20 стомачни со пауза на пола :wasntme: овие два дена издржувам до 35 наеднаш(боже мој, ја претерав :fubar: :wasntme: ) ама како ме стегаат мускулите, аууу, тоа чудо едно, се надевам дека не е само залудна „болка“, валјда ќе има ефект :?: А и си открив слатко задоволство на кое пишува дека има едвај 39 калории во едно :D а јас јадам по две, или три :tmi: Голф сладоледче од лимон или вишна што чини дури 5 денари, али квалитетно ме радува што го лижам со саати и ме освежува :D
    А пуканките како стојат со диетиве? Оти навечер сакам да си гризам, па да не сум нулта позиција, не јадам леб, али трескам пуканки со ист ефект!?
    И да си кажам, мене како ми се намалува апетитов, така ми се зголемува желбата за секс, па место орбитрек, си вртам друго :wasntme:
    [​IMG]
     
    На anuskaNESTLE му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.613
    Спасовска, веднаш да ти кажам еден најдобронамерен совет, почни уште од утре!
    Значи батали понеделник (зашто во потсвеста на умот знам што си викаш - чекај уште два дена да поткаснам од онаа торта, или во недела ќе се готви нешто вкусно, морам да го пробам и тоа).
    Смисли си план, диета, режим, начин на вежбање и почни уште од утре сабајле, не чекај ниту миг.
    Расчачкај убаво низ темите за диети, има милион совети за исхрана, за вежбање, од орбитрек, аеробик до зумба.
    Кој и да го измислил тоа - од понеделник, со аирлија нека оди работата, инаку ќе се погреши демек, се лаже. ;)


    Кате можеш навечер, испукани нормални на малку масло, но пробај да ги јадеш без сол.
    Дури и ги препорачуваат нутриционистите, те држат сита, и го подобруваат метаболизмот. :)
    Добри се за цревата и варењето, тоа со сигурност го знам.
     
    На kate21 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. spasovskaa

    spasovskaa Активен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2012
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    13
    Ке ве послушам најискрено почнувам од утре со УН диета, јас имам навика секогаш пред да одам на бањање си вежам, но за џабе е кога јадам се и сешто.
     
  10. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.230
    Допаѓања:
    258.731
    Лудо, а ете во УН е дозволено месо и сирење.
    Јас пак мислам дека одат во комбинација протеини и белковини.
    Не е во грешка воопшто, само што малку си претерала и јајце и туна. Или едното или другото.
    Дузи очигледно имаш мака со слабеењето.
    Јас на пример од секоја диета не слабеам.
    Вака како тебе со сопствени режими не симнувам ни грам.
    Ти имаш идено и кај Цеце, па знаеш дека нејзините диети ти влијаат позитивно.
    Зошто не се храниш така? Ете лето е, завршија обврските со факс, па ќе можеш и да си спремаш оброци.
     
  11. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.613
    И јас сметам дека месото може да оди во комбинација со сирење.
    Дури и рибата.
    Многу подобро ми оди протеин со белковини, отколку со јагленихидрати или скроб.
    Во Аткинс на пример имаш месо, зеленчук и ограничена количина на сирење, зденки, чак што више и мајонез е дозволено и се слабее.
    Така да - сирењето во мала количина не ви е непријател ;) , ова е вториот продукт на кој му се имате лошо намерачено покрај бананата. Срам ве било! :D

    Инаку и јас не слабеам во "сопствена режија". Знам многу совети и теорија, кои во пракса ми паѓаат на тест, барем кај мене.
    :D
    Нели си имам списоче, и сум ограничена на некакво мени, ок е.

    Инаку секогаш, апсолутно секогаш поткаснувам нешто екстра, немам увид и немам контрола колку јадам, :( ако си терам некој мој режим.
    Мислам, би сакала да речам - еве си каснувам од се по малку, и топ ми е, успевам.
    Ама не успевам. :(
    Нема што да се лажеме.
     
    На JuLleE и anabel-a им се допаѓа ова.
  12. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.979
    Јуле искрено, не сакам дома да ги теретам со посебни оброци за мене, не сме моментално баш во најдобра состојба за ја да грицкам бадемчиња, лешничиња, да готвам килограм риба за мене специјално, па овошја во големи купишта, па соини млека и слично, знаеш со нејзиното како оди. :sweat: Затоа гледам да јадам што има за ручек, без да мешам протеини и јх, а некогаш, ако има нешто дома што можам да го направам сама и да го јадам а е подиетално и поздраво, како леќа, грав и слично, го правам за сите да јадат. :) Мавам повеќе на зеленчук, дека сме фамилијарно љубители на салати, се наоѓа по некое јаболкце, праска и така. Мислам, океј ми е мене, не дека гладни седиме дома, него мислам ме сфаќате што сакам да кажам, диетите, реално, се трошок. :D

    Лани бре така јадев, и плус лани не вежбав толку редовно и толку долго време, па за матурската рибица се направив. :D Се си мислам дека е од Дианетоо, го допив во средата, значи до наредната среда имам пауза, период во кој треба да добијам менструација. Е решив додека не ми заврши менструацијата не се мерам, баш да видам дали е само вода ова на мене. :worried:

    Море налет нека е јајцето, ако од едно јајце се здебелив. :D

    Иначе затоа и гледам летово да симнам што можам, од септември со обврски многу потешко ќе оди. :worried:
     
  13. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.780
    Допаѓања:
    162.969
    Алтернатива за сирење,конзумирајте урда.На Здравје урдата е одлична,а далеку помалку е калорична. Не знам кој имаше кажано дека урдата е нездрав производ,демек маситите од млекото се само. Не е точно, тогаш што е со сирењето?! Бетер е! Урдата е богата со калциум кој го поттикнува слабеењето, не е масна и не е толку обработена,многу малку се обработува за да се подготви. Нас ни носат домашно млеко, па некогаш баба ми прави дома урда,а течноста која останува од неа,е чиста сурутка која уште е побогата со калциум,па ја става во шише и неколку дена може да се пие. Силен пробиотик е и зајакнувач на имунитет.

    И патем млечен производ со риба е лоша идеја од многу аспекти. Избегнувајте така да ја комбинирате, независно што се протеини.

    А Дузи,Диането ако има такво дејство на тебе,можеби треба да пробаш со други,прашај си го гинекологот. Барем денешниве таблети не би требало да го имаат тоа негативно дејство,а од човек до човек различно му одговараат.

    Тие што сте фирленсер диеталци,пробајте со овесна каша за доручек,три четвртини шоља. Ќе си купите обичен овес,ќе го сварите,ќе го изгмечите малку,ќе му додадете малку јогурт,суво овошје или свежо, ленено брашно и топ ви е.
    Не сум нутриционист,ама на Дузи оброциве стварно вриштат! :D Обемни се. Како онаа на Ирена диетата што правеа,битно е да не мешаме,тоа фрштат благи работи за доручек, мислат ако не мешаш добар си, а калории у пм.
     
  14. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Немој да пиеш вода веднаш после јадење, или пиј пред или уз јадењето по малце. Кога желудникот е полн водата одмага во варењето на храната бидејќи го одмива желудочниот сок кон цревата, а со тоа нема што да ја вари храната. Ако пиеш вода уз јадење тогаш помеѓу слоевите храна во желудникот се задржува водата и останува, не оди директно кон цревата носејќи го со себе она што треба да ја свари храната. Така храната ти е подолго време во желудник, потешко и подолго се обработува, а тоа значи повеќе време на располагање сите состојки од неа да се налепат на меше, газе, бутче :)
     
    На Cynthia му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.780
    Допаѓања:
    162.969
    На anabel-a му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.979
    Море налет и јадењава, еве баш внесував на калорикаунтер, за денес имам внесено 588 калории. Сосе јајцето. :D Еве да правам грешка во броењето и грамажата, ставете уште не знам, 200-300 таму. Па стварно мислам дека не е многу, мислам само ручекот ми е главен оброк. :^)

    Само ме плаши да не е некој посериозен здравствен проблем, нешто што сите ендокринолози и гинеколози го имаат прерипано... :sweat: Диането го пијам веќе со години, уште од 13 години, заедно со Глукофаж. И кај Цеце кога одев ми викаа потешко ќе ти оди, ама не се секирај, вака-така. Како да не се секирам моментално, се си мислам дека сум некоја ненормална што грам нема да може да симне. Во другите аспекти Диане супер ми помогна, мислам лицево ми е стакло, влакнетост регулирана, менструации брзи и речиси безболни.

    Стварно не знам што е работава, ама демотивирачки е до фул.
     
  17. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.522
    Денес вакво ми беше менито:

    Поручек: пола банана, 1 морков, 15тина малини, кафе со малце млекце и нерафиниран кафеав шеќер (Light muscovado од Vitalia - баш е супер вкусот)

    Ручек: Рибина чорба со брокула, магдонос и морков (mommy, I love you)

    Вечера: планирам краставица цела со балсамико

    а сегааааа... одам на вежбање! Орбитреку хир ај кам! А можеби хулахопот ќе го грабнам
    [​IMG]

    п.с. Не се држам по одредена диета зш така полесно ќе се откажам - не сакам кога сум ограничена.
     
    На anuskaNESTLE, Doozy, ilipili и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Јас западнав во очај девојки!
    Ова што ќе го пишам ич не е мотивирачко, ама може да биде.
    Абе, последниов месец место да ослабам ја покачив уште кила, покрај диети(добро со прекршоци си викам кобни да не беа прекршоциве),покрај вежбање ја ни грам немам ослабено. Еден период осцилирав, накачи двеста грама симниги, сега уште едно кило су здебелена. :tmi:
    Почнав да се демотивирам и ми се плаче, едни кратки пантолончиња што ми беа ширкои едвај ме копчат, си го сакам телото назад очајно! Се сакам старата и фит јас од пред 5 месеци очајно, сакам да бидам каква што си бев, зошто господе вака ме казнуваш, што ти згрешив? :devil: ;(
    Ми требаа пеколни година и пол да се направам каква што си бев, само јас знам низ што поминав и колку пот пролеав, колку се одрекував од храна, скоро две години уживав со моето тело ипукав од самодоверба, за пеколни пет прокелти месеци да ми се уништи животов и да покачам цели 9 килограми, крава, свиња. Не знам попрво кого да обвинам, самата себе или организмов, или двајцата сме криви, мислам дека пресудно беше благото што го пројадов за матура, штубаво си пазев, за да изедам за тоа време колку што немав јадено, дебил дебилосан. Пекол ми е, не се сакам ваква :shake: , знам што истрпев и што ме чека допрва, свесна сум што ме чека навака и низ што ќе поминам и единствена надеж ми е медобилов, вежбањево(иако и во него полека се разочарувам) и водата.Овошје, зеленчук и здрава исхрана. Од ден денешен, 16.06.2012 се колнам :swear: јавно дека в уста благо јас нема да ставам до 16.06.2013. Ако каснам нека бидам проклета, нема да заборавам на ветувањево што го дадов, и на 16.06.2013 здравје, ќе ја отворам темава, ќе го најдам постов и ќе се самоцитирам со коментар, ветувам јавно пред сите. Благото е кобно за мене, како што не јадам леб со години, така ќе биде и со него, не е тоа посилно од мене, ма колку и да ми бара организмов благо, ќе му најдам замена, блага пченка, орев, бадеми, овошје, ама дури ни житарки ни житни плочки не ставам в уста. Ни мармалад, ни плазма.
    Зошто мора да биде вака комплицирано кога можев сега да уживам на плажа, ја ќе се пота на орбитрек и ако не дојда до Август до посакуваниот изглед, ја со одмор ќе се збогува(можда и глупо)ама со целулит не се појавува на плажа(ќе жртвува ако треба едно лето, за да ми биде памет за друг пат)Што дека изгледав перфкетно кога бевме покриени со три слоја облека, кога треба да се слечеме голи мене ми иде да се покриајм со едно ќебе и така да шета(не дека толку ужасно изгледа, туку од разочараност). И сеа некој ќе си рече што треска оваа глупости, што се треска од земја, ама мене ова многу ми значи. Не можам да се помирам со фактот да бидам дебела или со вишок кг и точка.
    Едно научив, како што се качуваат, така и се симнуваат, кога можев еднаш20кг да ги ослабам, ќе можам и проклети 9 пак, што се замене, играчка(се тешам).
    Никој кој не бил во ваква ситуација не може да ме разбере, и им завидувам на сите што јадат што ќе посакаат и пак се слаби, не е злобно од моја страна, само ме мава некоја завист од причина што можеби јада три пати помалку од слаб човек и пак се дебелеа.
    Свесна сум во каква ситуација сум што е најбитно, самоконтролата ми е на највисоко ниво и од денес ќе се потсетувам на постов секогаш пред да ми се појави желба за благо. :x
    Можда делува и очајнички и безнадежно, ама имам упорност, морам да бидам силна и да извојувам победа.Има тука што ме разбираат како се чувствувам знам, некои ја делат и истата мака, а некои биле во слична ситуацијаа, па се избориле.
    Девојки :o , ми требате како поддршка, дајте некој знак.
    П.С цврсто стојам зад се што напишав.
     
    На anabel-a и Bright им се допаѓа ова.
  19. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    Јас пред две години имав ослабено 10 кила и за жал ко тебе пак си ги вратив,но си реков самата себеси дека не можи повеќе така и почнав да ги делам оброците на пола,благото го откажав и вежбав и пак ми се врати во нормала килажата ,се до пред два месеци кога се мерев и гледам пак сум качила некое килце, а причината за тоа беше што одев на работа и дома,немав никакво движење,па ајде пак назад на вежбање и специјален режим на исхрана пред да одам на одмор.Во секој случај слабеењето и доведувањето нво ред на килажата е доолг и мачен процес,а посебно да се задржи истата,затоа мој совет ти е цело време да се држиш до еден режим на исхрана од кој што нема да отскокнуваш.Пред се движи се што повеќе и вежбај ;) како што ќе ти кажат и многу девојки.Ајде среќно на сите што сакаат да ослабат.
    Во склоп на тоа моето денешно мени каде што можеби ќе има неколку замерки за ручекот но,сепак ете го:
    Доручек-една праска
    Ручек- едnо јајце варено,тикве пржено и патлиџан неколку резанки со салата и 3 чаши вода без леб :!:
    Вечера-15 до 20 малини
     
  20. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.284
    Допаѓања:
    1.894
    Lux и јас имав таков период кога мислев дека никогаш нема да ослабам,колку само ли бев депресивна,јас и таков организам имам,многу брзо се дебелам,и како мала бев полничка не дебела ама имав 5-10 вишок од секогаш.
    Cамо полека-полека не го мачи телото,јас штом ослабнав 20 килограми,а не знам дали постои полаком човек од мене,мислам дека и другите можат да го направат :^)
    Tочно пред една година исто како тебе се чуствував,разочарано,депресивно и само плачев,и тогаш испадна да одиме за Mакедонија,и ми беше срам да одам со
    89кг :o
    да ме видат моите колку сум се здебелила,и се фрлив на работа,се секавам ја окупирав темава и нон стоп лелекав,се секавам пред да одам во Mкд имав спуштено 6-7 кг,а таму уште толку ослабнав,не знам како јадев буреци,хамбургери,пици,абе се :o и се вратив со 74 килограми назад,а после тоа почнав да пазам што јадам,не велам дека јадам само салати,туна и вода само пијам,но почнав да јадам во помали количини 5 пати на ден,се уште јадам тестенини,хамбургери и други мрсни работи,но не како порано,мене чај,вода и кафе многу ми помогнаа да ослабам.
    Hе вежбам,планирам од како ке ја земам возачката,малата в градинка и чао.


    Jас многу се пронајдов во твојот пост,се до збор што си напишала :)
    Hе се грижи,ке ги спуштиш килограмите,заборавив да кажам јас во првите месеци кога почнав со фитнес и диета не спуштив многу килограми,можеби само 1-2 кг,исто и јас се разочарав,ама продолжив да јадам поздраво и да намалувам со количините :)
     
    На Lux му/ѝ се допаѓа ова.