Ако веруваш во период од 5 месеци, кога почнав да се дебелам в уста немав ставено хамбургер, сендвич или бурек да речиш или тост или некое друго лиснато,ѓеврек итн. Значи од тоа ништо, а пица за тој временски период си јадев, да не излажам сега точна бројка, но околу 30тина пици имам изедено,ама се тоа во УХ диета кога ја држев. И така, медобилот,водата и вежбањето ми се последна надеж.
Spoiler Лукс не се демотивирај, ова нека ти биде уште поголема мотивација да се стопиш и да ослабнеш, упорноста е најубава диета.Не се откажувај, ќе стигнеш до целта! Јас да си кажам за мене: Прво: 3ден, а немам во уста ставено леб. Вчера на гости бев и при сувомеснато, месо, леб и сл калорични благодети ништо не пробав, само едно јајце варено и салата, ко вечера ми дојде.Исто направив 3 вида на стомачни, од сите по 45 пати, и со тегови вежби правев, само што наместо тегови со туби вежбав , од по 2 и 3 кила. Единствено кикирики што к'снав така покалорично. Денеска за доручек јадев овошна салата - банана и 2 праски, а за ручек имам гравче на тавче. Предизвик за денеска ми е да не пробам од тортата што мама ќе ја прави.
Кога сме веќе кај теговите, се наоѓаат ли некаде? Еве не мора којзнае какви, мислам дека од кило-две би ми одговарале. Некој ми има спомнато во Џамбо, јас го имам претресено Џамбо и не најдов. А убаво ќе ми дојде за рачињава. На крај да полнам шишиња со камчиња, песок, вода... Има некој полнето вакви тегчиња? Мона ти со што ги полнеше тубите?
Дузи пред неколку години имам купено убави тегчиња во Орка, околу 300-400 денари беа колку што се сеќавам. Провери дали носат уште.
Лукс, и јас не јадам никако леб (мноооогу ретко), благо така и така, не вечерам, само понекогаш појадок и обавезно ручек. И што? Се дебелеам. Кога не пазев што јадам и колку јадам и кога јадам, си бев послаба. Сега ем пазам, ем ни пици ни тестенини ништо и пак се здебелив. Сеа на построга диета, морам да симнам и јас 10кг. а како ќе успеам, не знам. Немам време за физички активности, освен секој ден пешачење со малиот. Додатно разочарување ми се стриите од бременоста, но тоа е за во друга тема. Инаку, еве три дена мнооооооогу пазам што јадам, дури и ми се случи цел ден ништо да не апнам. Многу вода пијам, па се надевам на резултати. Ајде, ќе издржиме :up: :up: :up: :up:
Во Џамбо и јас барав и најдов од 600 денари тегови, што нормално ни у лудило не би ги земала. Во Орка има ептен фина понуда, два тега од по кило или кило ипол не се сеќавам точно, по 270 денари, што стварно се исплати. Јас да присоберам пари, планирам да си земам. Само од кремови против целулит, гелови за стрии, масажери и триста други работи од кои сум заситена, не доаѓа ред друго да си купам .
Ќе си наполнам јас шишиња, битно е тежина да дигаш, па не ми се даваат 600 денари за тегови. А Орка нема овде, не знам кога ќе ме носи патот пак накај Скопје, ќе ѕирнам што како има. Иначе за стриите, јас одамна се откажав од борбата со нив. Со што не се мачкав, еден ден се изнервирав и се баталив. Баш пред некое време со Циа си правев муабет за оваа тема, додека се црвени, можда има надеж... Моите се бели, широки, дури и на колениците имам. Само на бутчињата и на нозите немам, а најтрагично е кај рацете, грбот. Тоа е. Чекајте сега прво да се стегнам па ќе се мислам за стриите и целулитот да го средувам.
Дузе, со вода ги полнев, ама денеска СТРАХОТНО ме болат рацеве, не можам ни да ги кренам од што ме болат. А ако можеш, стај ги шишињата (или што ќе користиш) да се замрзнат, така повеќе тежат.
Да бе, и после како ќе ги држи кога ќе вежба? Плус со вода никогаш нема да биде ептен полно шишето, секогаш ќе има меурче кое ќе “шета“ додека ги движите теговите. Затоа Дузи, трк во двор, ставај песок и фаќај се за работа
Шишенцата со песок, со песок само полнење, во право е Сеси. Немојте со вода. Јас си имам тегчиња, 2 пара, дојдоа заедно со орбитрекот од Бидифит, се наоѓаат навистина, си ги вежбам 2-3 пати неделно рачињата со една фина пристојна тетка на youtube. http://www.youtube.com/watch?v=-7n66uPHBhY Tammy има и вежби за газето, нозете и многу се добри, земете некој пример, почнете со малку, па зголемувајте. А за овој изум немам збор, другар од Америка ми го донесе и ... што да се каже, рекламата кажува се. http://www.youtube.com/watch?v=xXHUdvvHTkw Па кој има желба да го испроба, бујрум, јас сум дома и имам кафе.
Ја се длабоко извињавам, планов и мене ми пропадна, ама песокта во дворот што тргнав да ја полнам, била мочана од нашите домашни миленици, мачките и кучките, па ме спречија да ја фаќам и користам. Деновиве се очекува да ми донесат свежа набавка од Тополка, Бабуна или други предели каде што нема да има ништо друго во песокот освен... песок. Едит, заборавив, ми рекоа дома сите што ставате песок, да пазите од каде, зш секаде има животни... а можело да се фати некоја болест многу лесно.
Абе ти е галје, нема да лежиш на песокот, ќе го ставаш во шише Spoiler А стави си ракавици или ќеси на рацете кога ќе го полниш и готово. Нема ниедно место или предмет кој не е контаминиран од бактерии, тоа биди сигурна. Оди и полни ги, оди Spoiler Ама те напнав за шишињата
А и мене ме заразивте со ова шишињава.Кога видов одма станав ги наполнав со песок,и од погоре дадената вежба ги извежбав сите по 10 пати..Уф ме болат рацеве сега Иначе шишињата се од по 1.5 кг од оние од Пелистерка
За сите мрчатори на Нејзиното Височество Бананата Еве ви статија http://www.preventus.mk/index.php?optio ... &Itemid=66 Во следна прилика ќе најдам нешто и за сирењето .
В ред дека е здраво да се јаде, ама па никаде не прочитав дека е добра за во диета и сум во дилема дали да јадам. Едит: ќе изедам една, од една ништо не ми бидува.
БАНАНА - јас имам држено диета дадена од нутриционист - и беше ефикасна навистина. Во таа диета смеев да јадам само една банана рано наутро - “ за да работи мозокот поквалитетно“ - така ми кажуваше тетката нутриционист! Значи една банана е доволна во текот на денот, на гладен стомак наутро - а не 2-3 банани ) или после ручен како десерт или пред спиење. Исклучиво на сабајле, верувајте навистина е добро !
Сесилија, диши жено, ќе наполнам со песок... Абре јас дома со бактериотепач живеам, затоа е проблемов. Се потруди жената, ќе ми донела песок. Ептен апла, и мачето и кучето за тоа го користат, и другите мачки од улица рипаат тука, па може и да се смириса тоа. Иначе досега јас ќе си вежбав, среќна и задоволна. Нек се угоде, ќе ми најдат песок.
Jас си мцнав 2 полнети пиперки, и мнооогу вода, од сокот им ставив ко супа за вечера 1 пиперка Hе се многу големи пиперкиве Oд утре немам идеа ни што ни како ...
Читав статија дека е добра и за диета. Бев на работа и не можев да ја постирам. Ти продолжи да се мислеш дали да јадеш банана, јас јадам, во овошен ден по 3, и пак слабеам .