Bо една голема банана има 105 калории, што не е воопшто многу, ако земеме едно средно големо јаболко има 95 калории Jас понајадена се осеќам кога јадам една банана, отколку цреши праски итн и бананата ми е највкусна од овошјето,(Oва моментално што го имаме на лагер) 150 грама лубеница има 46 калории
Дечки, дечко ми за пола година ослабнал 30 кг. со сончоглед и кикиритки. Како бе, му викам, нели кикиритките се калорични. Ако се добро подготвени - не! Плус ви предлагам коктелче од лимони и мед за побрз метаболизам. Ви посакувам се најдобро во борбата против килограмите
Да ти кажам се помислив дали да јадам, ама дека мали 2 си изедов и ме заситијаа. Ама повеќе од две не се осудувам да каснам колку и да би била гладна. Поздрав.
Епа може со крпчиња, или да почека да се попуштат, а башка и кога ќе се стопи мразот додека да извежба си има вода ладна при рука. И со песок е убава идеја, затоа што повеќе тежи и од мраз и од вода, ама тука кај мене зрно песок нема да најдеш. А иначе денеска имам внесено само 660 калории , а не се осеќам ни омалаксано, ни преморено, единствено тоа што уште ми се јаде уште.
Брзо прашање за диеталките - каде наоѓате од тие печурките што ги ставаат во пиците, значи не од тие што пливкаат во вода, туку тие нормалните, сувите?? Некој ми спомна во Кам имало?
Едно прашање од мене а за ове спољериве грди што рипаат над фармерки има спас или послабо? На живци ми одат бре, смалиш стомакот и решиш нешто потесно да облечиш и оп од страна ти рипнале па ми иди да земам нош и да ги исецкам ко сланинче од оние помрсните со бело што се цели Ајде женски кажвајте некој лек ако воопшто постои.
Ако навистина сте пробале со се да ослабнете, а упорно не бива, ви препорачувам нутриционист, според крвна слика и други испитувања, ќе ви кажат кој е натрапникот во вашиот организам, што е тоа, која е таа состојка која најмногу му штети на вашиот организам. Искрено, тоа би било најдобро, пошто јас цел живот сум била диети, и на крај тоа нешто што го имало и во најстрогата диета мене не ми одговарало па ете, конечно открив што е тоа, и цел живот ми е забрането, али сега пошто 4 месеци по малку си допуштам да јадам од тоа, одма качив 5 кила пак и затоа пак сум на режим и вежбам како луда. Потете се, а.к.а вежбајте , таму лежи рецептот за здраво и добро тело.
Абе, пак јас со печуркиве. Се потерав до Кам, си ги најдов. Е сега, имаат рок на траење до сабота, а во кутијава има прилично многу. Чини ли да ги цепкам или морам сите наеднаш да ги изедам? Ако морам, ќе правам печурка-деј, шта чеш. И друга работа, имаат како земја на нив, како се мијат точно, или се бришат? Да не се отрујам или нешто слично, таман исчистив година и се наканив да вртам на Орбитрек, па не би за џабе трудот да ми биде.
Се мијат со ладна вода убаво, ама нека не те залажува дека се многу демек и ооогромно, кога ќе ги ставиш во тавче буквално ќе се стопат на третина. Ние дома обично го делиме на 2 пати за јадење. Ама внимавај - не ги миј сите одеднаш, само онолку колку што ти требаат за јадење. Остатокот во фрижидер, до следното јадење (и миење).
денес пак краби ќе си кувам, 2 паќетчиња 500гр 92 калории имаат на 100гр, ама не те држат најаден многу многу. почнав да се осеќам ослабната пак Mалце по малце се топам дузи во 100гр печурки има 20 калории, така да јади додека не ти пукне стомакот
Извртев на орбитрек 60 минути се испотив што се испотив и сега се осеќам како којзнае што да сум постигнала, ама признајте колку е убаво чувството кога ќе слезеш од справа задоволен. :geek: Голтам вода, поручав и ми останува медобил за ручек и вечера, ах ќе се медобилосам ја(е само ако нема никаков ефект од чудово ќе ја тужам цела компанија) А прочитав дека некоја ослабела 10кг за 45 дена, да ослабам толку сите ве частам,дури и преслаба ќе бидам тогаш, само нека се забрза работава порфавоооооор.
Еве денес 5ти ден диета, не осекам дека сум ослабена ни грамче. А,некам ни да се мерам зошто ќе се разочарам. Денес сум цел ден на овошје и зеленчук. И морам да избегнам одење кај баба и дедо зошто ми се уништувачи број еден на диети. Иначе,терам некако со диетава, оди по планот, на сабајле овошје, ручек нешто лесно ,вечера салата. Кога осеќам глад пијам вода. И тоа мислам ми е најдобра придобивка од диетата,зошто порано ептен малку пиев,а сега забележувам дека кожата ми е посвежа. Уште ништо не правам со вежбањето,тоа си ветив од идниот месец,да ми поминат полагањата околу матурата.
Па зависи вака кога ќе станам, јас одма штом станам ми се јаде. Денеска на пример накај 12 и нешто станав, во 1 доручкував, ручек пред пола саат ми беше, а вечера (ако вечерам) ми е пред 8. Иначе денеска малце повеќе си допуштив. За доручек јадев 2 јајца варени, 2 кругчиња (тенки) салами исто варени, и еден патлиџан во вид на салца (сама си го праев ).После едно парче торта изедов (што да правам ми сака душичкава), ама не е нешто многу мрсна, колач со вишни и со праски. За ручек само пола павлака изедов и така.