Девојки, ве читам веќе некое време и искрено, вие мене повеќе ме демотивирате отколку што ме мотивирате. Кога одлучив дека сакам да го тргнам вишокот килограми од мене, јас не планирав дека треба да го правам сето она што вие гледам го правите. Дали да изедам една банана или не? Дали внесов 1000 или 1500 калории? Една чаша млекце за појадок. Јаготка за ручек. Вечера нема. Тоа никако не смее да се јаде, ниту тоа, ниту тоа. Јас не можам одеднаж да се откажам од се’ што сакам, како што сте направиле вие. Ниту еднаш не си забранив да јадам нешто. Мојот план беше да јадам се’, но во умерени количини. Немам орбитрек нити гледам некакви видеа во кои некои стегнати лепотици ми кажуваат кои вежби да ги правам за да симнам некое кило. Ништо од тоа. Пешачам. Многу. Секој ден. И пазам на количината храна која ја внесувам. Тоа е се’. И еве, чувствувам како се намалува ценетото меше. Луѓето околу мене ме прашуваат дали сум на диета. Влегувам во облека во која лани не сум можела да влезам. И чувството е прекрасно. Без никаква диета, без никаква и ничија помош. Ќе почнам да ве дружам на темата се’ почесто, се надевам. Дотогаш моја огромна мотивација ќе ми биде другар ми кој за три месеци симна 30 килограми и сега е прав манекен. Од пешачење. И без диети. Ве поздравувам, we can do it.
пусто срце, се измерив 3 кила и 700 грама сум ослабена. од 28ми мај ако не се лажам сум на диета .. почнав со 62, сега имам 58,3 Aма има уште работа, со оглед на тоа дека сум 162, и највеќе си се свиѓам со 52
Денес убав ден, со убави вести, а јас и Лудото одиме во пакет . Честитки Лудо, ја мавна таа 6 напред што ти расипуваше работа. Денес и јас се мерев. За 14 дена (денес ми е 15) 2 килограми (и 500 грама) минус . Иако сум далеку јас од ослободување од 6 . Ептен мотивирачки се чуствувам денес .
E толку иде Jуле, да да, стигнав на 5ката фала богу, ама сега, ќе се окозам за 6 кила, знам тврдам Oд утре јајце диета, 3 пати на ден по 2 јајца, малку сиренце, чаша јогурт и салата. Hе се секирајте, нема да ми се крене холестерол, сум преживеала на долги стази со јајцава се надевам дека овие 30 дена ќе симнам барем уште 4, не верувам дека ќе има неверојатни резултати, зашто сепак ние немаме кој знае колку вишок
Па тоа е проблемот што немаме многу, а тие се најмачни за симнување. Ама овој пат да се надевеме дека ќе успееме. Се чудам како можеш да јадеш јајца, јас само пржени. Ај со среќа со јајцата .
Jас ги јадам ровно варени, течна жолчка, многу ми се убави така, затоа можам да ги јадам плус татко ми ми купи ваков крем сир, има 134 калории на 100гр, така да 50гр на ден ништо не е Aјде ќе видиме Jуле, сега не се мерам 20дена
Девојки дали некоја од вас знае дали печурките содржат јагленохидрати и отприлика колку во 100 грама? Планирам од утре да почнам со Аткинс ,а најдов една салата што содржи печурки и баш ми е вкусна за вечера да ја јадам,ама страв ми е да не ја утнам работава со печурките
Јас денес потфрлив.... На работа јадев колбаси пилешки и чоколадо. Е па не се издржува овој притисок на работа, постојано некој носи нешто за јадење.Многу тешко да одолеам Кога сум дома,супер е се,се воздржувам...А тука не можам и не можам...
Уфф.. Денеска уште од сабајле .. ако може да се каже од 9 до 11 .. два пати правев иди ми дојди ми до школо,оддалечено 25 мин... и од денеска почнувам со диета ...па да се надеваме на резултати и дека ке издржам
Немој да мислите дека сум ве напуштила ако не пишувам.Ве читам секој ден, ама нешто слабо мотивација имам и за пишување и за слабеење Не сум се измерила и немам намера да се мерам уште неколку дена.Гледам дека стомакот ми е многу намален,онаа подуеност што ја чувствував последниве неколку месеци ја снема.На рацете веќе си ги осеќам бицепсите како се формираат, иако знам дека ќе им треба уште многу време и вежбање.За нозете не знам и никогаш и не сум знаела да одредам дали се ослабени или не.Вежбам секојдневно, а и многу пешачам.Од петокот направив и ново дополнување на режимов - нема веќе благо за мене.Првите два дена бев ок, вчера ми беше тешко зошто морав да одбијам огромна порција сладолед од јагода и ванила со медени срца, специјално направена за мене.Но, одлучно одбив и преживеав.Денес ме фати гооолема криза за благо и се залажав со една лажичка мед.Знам дека и тоа е шеќер, ама барем е здраво, за разлика од чоколадите и сладоледот.Сеуште не сум го прекршила правилото за невечерање, иако ми е стварно тешко да издржам.Морам да ги следам правилава зошто...чувството кога изгледаш добро, вреди многу повеќе од чувството кога јадеш нешто добро
Готово, полудев. Имам менструација, плус имам малку дијареја (секогаш кога имам менструација имам и ваква придружба), плус сум подуена во стомаков како не знам што, а да не спомнувам дека последниот оброк ми беше вчера на ручек, печурките мои сјајни кои веќе нејќум да ги видам. Ама готово, пукнав. Ги вадам после на Цеца режимите, се договорив со мајка ми, исто ќе јадеме. Пример, јас имам стек за јадење, тие можат да јадат стек со компири, јас само стек и салата. Само да одам по листот, зш јас вака веќе не можам да се нервирам. Секако немаат веќе идеи за јадење. И се откажувам од млекото, не дека многу го пиев во последниов месец... А за сирење МОЖНО е да си земам козјо. Ама не знам од тоа како ќе се откажам, сирењето ми е слабост. И алкохол, готово, фајронт, не пијам веќе! Сега ќе земам да појадувам две јаболка и праска, и супа си правам за ручек. Единствените добри вести се дека Орбитрекот многу ми помага, гледам резултати и гледам дека се намалувам во обем, каишите ми отидоа назад по едно дупче, спојлери се намалуваат и зачудувачки, грбот ми станува се постегнат. Е сега Цеца + Орбитрек, гррр! Па ќе правиме муабет за еден месец. п.с. Има мал проблем - треба да јадам торта во сабота , ептен нема смисла, мојата е. Планирав да купам повеќе за пиење, ама сега ќе купам минерална вода и сокче за гостите, нека страдаат и тие со водичка како мене.
Дојдов само да ви кажам дека сабајле се мерев и сум ослабена погодете дури 1 килце. Ич не е многу, ама за 19 дена од диета (со прекршоци, признавам ) и 6 дена од медобил, добро е. Се надевам дека ќе одам уште надолу, следно мерење очекувам -3. ЕДИТ: Недели не вежбам, значи завчера не вежбав, вчера вежбав, денес ради полагањето утре нема да вежбам, само 50 стомачни ќе правам.
^ дузи после твојата торта, и јас ја имам мојата Cе мислам дали тој ден да ми биде слободен, а да ти кажам и ќе си го земам бе па ми се јаде благо, ќе се почастам торта сладолед чоколадо... Eпа умрев без горенаведениве продукти денес не почнав со јајцето, јадев варен ориз и за вечера исто, а мене покасно накај 22-23 ако ми прокркорат црева пијам една шоља јогурт, па ме заситува да ви кажам, зашто јас со вечерата во 18-19 часот завршувам, а легнувам дооооста покасно
Епа јас веќе редовно идам една недела на кеј и трчам,или возам ролерки или точак.Ама исхраната и вежбите дома,катастрофа Фрижидерот ме привлекува и секогаш кога ќе дојде време за правење стомачни,грбни или разни вежби,јас нешо ќе почнам да мрчам е ме мрзи сеа,е ај за утре,еее ако прескокнам еден ден нишо нема да ми биде..е тоа цело време го праам!до пред една недела правев по 60 стомачни на ден,а сега по 20 Пуста мрза,ко пензионер сум. ЗАТОА ОД УТРЕ ЈАС ЌЕ ПОЧНАМ СЕРИОЗНО ДА СЛАБЕАМ! еве вака јавно пред сите,морав негде да напишам,значи од утре слабеам и вежбам! ќе пијам по 8 чаши вода на ден,ќе отфрлам благо и грицки и такви глупости,секој втор ден ќе идам на кеј,и секој ден ќе правам вежби за стомак,нозе,задник!Е ако телово не го направам лудница до крај на јули,еве на,ива не се викам!И доста веќе се откажувам,ќе издржам и само по 3 пати на ден ќе јадам,а коа ќе ми се пријаде ќе си пијам водичкааа!Е ТАКА! Јас го можам ова
Се мразам, се мразам, се мразам. Значи 4 дена си терам ко што треба, све диетално и тоа, ама денеска пукнав. Бев кај другарка и јадев и чипс, и сладолед, и за ручек пире (единствена светла тачка) и ќофтиња од тиква пржени и со лук во прав.Добро леб што не јадев, уште тоа ми фалеше. Е сеа, ко ќе му се заинатам, 150 стомачни има да направам, и цело кардио видео, и утре воден ден. Оно на мене.
луѓе јас некако се осеќам лошо Tмурно,никакво, не можам ни да јадам многу да ви кажам, тотално ми го снема апетитот, а плус и во пмс сум, може и затоа се осеќам грдо, ама наместо многу апетит немам ич ... Oсеќам дека стомакот ми е празен, ама не ми се јаде, некако тешко ми е, не знам од што. ќе почнам и некои шумечи таблетки да пијам, дали смее во диета? Eдит- да ви доловам како се осеќам- Mислам на вкусни јадења и ми се повраќа Hе знам што ми е ...
Голема поддршка за сите диеталки. Само напред, не се откажувајте! Не знам за вас, ама мене периодов апетитот ми залутал некаде. Едвај со сила по нешто поткаснувам. Изгледа од топлото е. А и не е битно многу од што е, нека се задржи само. Неприметно и без мака имам подослабено, вчера облеков едни фармерки што ги немав облечено одамна и се зачудив колку ми беа широки. Се немам мерено, немам вага тука ама сигурно имам ослабено 2-3 кила неделава. Полесно е бе, нек си е*е матер! Инаку денес сум на лунарна. После неколку неуспешни обиди, се надевам дека овојпат ќе ја издржам до крај. Водата не ми е проблем и така пијам по 2 литри секој ден. Сега може ќе испијам повеќе, да се залажувам ако ми се пријаде. Ве поздравувам, расположение нагоре - килограми надолу!
Сметајте ме за чукната или не знам ти што, ама јас мислам дека оваа била на липосукција или ако не тоа барем на отстранување на вишокот кожа. Ја забележав сабајлево и баш ми остави впечаток како еден од поекстремните случаи на ослабнување, особено стомакот и немаше да му се посомневам ако носеше некој тесен фустан, под мидер се се крие, ама вака не престанав да ја мислам цел ден (и да ја гледам богами). Ајде да речеме се држела девојкава до најстрог режим на исхрана и вежби, се стегнала и го стопила салото, ама како го снема сиот тој појас од вишок кожа на и околу стомакот? Тешко ми е да поверувам дека овој резултат е само нејзина заслуга, гарант некое докторче замешало прсти. Едноставно, премногу добро за да биде вистинито... ПС Истата маичка и виси на закачалка пред и по 5 месеци