^Ти богами добро си ја изнаализрала сликава Можно е и со тоа да се израмнила, ама како и да е резултатот е предобар, затоа можда не е и за верување, ама ако ова го постигнала на природен начин со некој здрав начин на исхрана и вежби за пример е, свака и част.
Hе верувам, овие слабеат каде-каде повеќе, природно, и не им виснува кожата, барем не на 90 посто од учесниците
^ Имаат сите вишок кожа, не мора да им виснува, ама ко што гледаш се со прикриени стомаци зошто таму најмногу се забележува. Мислам дека колку и да ослабнеш и вежбаш, ако имало премногу вишок никогаш нема да изгледа толку мазно. Крај краева ако само вежбала девојкава ќе имала некоја залутана плочка, а не вака рамна како тепсија.
Лелеее колку ослабела таа во розевата блузаааа, секоја и чест ејј, е штом таа може пркеу 30 кг да симне, ние кукаме за два пати помалку, ама пак ќе кажам и 3 да се вишок исто сметаат и исто е разочарувањето кај мене и со три повеќе и со десет иако многу е поубаво кога побрзо ги слабееш него што ги качуваш(пошто брзо ги качив, очекува и побрзо да ги ослаба)
Се согласувам со Artemission. По ослабнувањето гарант имала кожа што и виси, не симнала малку килограми па да си е ок. Имам гледано една девојка што има канал на јутјуб, бајаги полничка даваше апдејти од диетата и ги следеше промените. Ама е доволно храбра и доблесна, не им мачка очи на луѓето туку имаше направено видеа и од липосукцијата, дури ги имаше прикажано и лузните и процесот на опоравување. Сама си кажа дека е свесна дека со нејзините килограми мора да се стави под нож, едноставно што и да прави не е возможно поинаку. Дури и да ослабне, пак нема да изгледа убаво додека некој хирург не ја потсреди.
Aбе можно и да правела нешто, ама под папокот тоа нели и се стрии? Cакам да кажам дека има каде каде поекстрмно ослабени од оваа, природно со диети, без кожи,ама тоа зависи и до кожата мислам, а сега девојкава ако си го барала полесниот начин, 'алал да и е на упорноста', за 2 месеца пак ќе и се вратат Eдит- луѓе ги гледам бигест лузер, сите 13 шоуа ги имам гледано, по боксерки се мерат мажите, од прва до 18 недела- HA ниту еден не му висеше кожа ни од кога ослабна. Cамо на една девојка да ја прогулам, да ја најдам ќе ви ја покажам, е нејзе ептен и висеше
И плус за 5 месеци ваков стомак...па зар е можно. Некако јас сум скептик дека некој за толку време може така да се стегне, освен ако не вежба 24 часа.
E на оваа и висат кожи ама луѓе, вие не знаете коооолку дебела била, пред шоуво сама ослабнала 50 кила, и пак беше многу дебела Kажа оваа дека ќе иде на доктор да и ја сечат кожата
Денес морам да вртам орбитрек. 2 дена поминаа, едниот ми беше регуларна пауза, а вчера добив, ама не можам да оставам да поминат 3 дена. Немам други физички активности деновиве, дури утре ќе одиме до парк и назад пешки. Значи времево и ситуацијата тотално ме дотепаа, џабе држење диета ако не го потиш газот. На орбитрек, на труд!
оф лелеле и со тоа чудо се бориме лудо те разбирам јас со него трет ден ама соборувам рекорди (сопствени ) денес 17 километри на статичен точак вчера 16,5
Е незнам за оваа дали ослабела со вежбање и диети или липосукција е во прашање ама во секој случај е бомба . Иначе јас си вежбам и на прв ден кога имам добиено . http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... dwSR9RhkM0
Мене последниве 3-4 менструации ми се ужасно болни, кетоналче си пијам редовно. Оваа не ја ни сетив, не знам дали е од вежбањето, ама вчера ми дојде, а јас вчера комотно еден час си извртев и тоа го планирам и за утре. Ама ако ве боли, посебно знам Лудото дека има болни менструации, не се напнувајте, да не нема кој да ве симне од Орбитрек после.
Вчера два саата на кеј со ролерки.Не знам што ми стана, само одлучив дека ми се вози и интересно ми е.Времето ми помина многу брзо и додека да станам свесна колку сум возела, видов дека сум поминала 2 саата Денес мора да фатиме малце стомачни и склекови, не иде веќе вака, цело време на нозете се фокусирам, а треба малце и нагоре да се слабее.Иначе, шестти ден без благо ми е и ок сум.Ми се намали желбата, а и кога имам потреба, само малку мед.Ама, на сметка на тоа што не јадам, сонувам.Ноќеска јадев некоја чоколадна лепота-чоколадни кекси во чоколаден прелив со сладолед од ванила.Абе, да цркнеш од мака Знам дека се ова на крај ќе вреди многу и дека морам да ги преживеам кризните моменти за да успеам...
За безболни менструации најважно е слабеењето, поготово ние жените, сите болештини си ги влечеме од килограмите да ни биде јасно, па така и болните менструации, јас сум била одсекогаш со болни менструации, на почеток со кетоналче после со кафетин менструал, откако ослабев 10 килца последната ментруација не ја осетив, буквално, нит болка, нит тегоба, ништо. Е сега, кога и тоа не помага, односно проблемот е поголем, внимавајте со вежбите тие денови, нека бидат регуларни пред добивање а потоа намалете отпор или исклучете некои вежби, додека одев во теретана често пати кога ќе и кажев на девојката која работеше таму дека имам добиено не ми дозволување да правам некои вежби, како стомачни, грбни, статичен точак, вежби за задник и слично, вежбав на степер и на орбитрек, некои вежби за нозе и раце и толку. Подоцна и гинекологот матичен, кој патем менструалната болка не ја признава за болка, ми рече дека има логика тоа, бидејќи матката која контрахира додека ја исфрла крвта особено е осетлива во тој период, и често пати при поголем напор знае дополнително да се засилат контракциите, а со тоа и болките, затоа нечесто добивањето и самиот процес се споредува со породувањето, се работи за сличен процес низ кој поминува телото.
5ти ден на режимов мој и баш ми е супер! Секој ден си пишувам на http://www.myfitnesspal.com, како дневник ми е! И плус имам осет уште колку можам да јадам. Всушност, како броење на калории ми идат. Според пресметките и целта што сакам да ја постигнам, дневно треба да примам 1290 калории (јас дури и помалце примам). Ако вежбам, автоматски според вежбаното ми додаваат уште некои 200 калории (нели она правилоно дека ако се вежба треба и повеќе да се јаде). И така, ем најадена ем стомакот воопшто не ми е надуван и се осеќам повитко
Вчера на работа имавме вежби, цели 2 часа вежбав (стомачните ме убија) Денес планирам 1 час дома малку зумба со малиот (интересно му е кога ме гледа) и зависи колку време ќе имам вечер за стомачни. Се мислам дали денес или утре да се мерам Инаку се познава дека сум ослабена, каишот за едно дупче ми е подместен значи колку-толку имам нешто намалено.
Jадев банана и салата има компир манџа за ручек, ќе јадам, ама многу малце компири ќе ставам, повеќе на течност да биде, ко супа со салата- и за ручек и за вечера ова ќе јадам Jајце диета не знам кога ќе почне Cе спремам психички изгледа
Јас само што мочнав од среќа. Ја копчам кошулата што ја носев за полуматура која ми беше малечка па затоа носев маичка под неа и guess what? Ми стои совршено! Ја пробав и другата наа година што ја купив и таа ми стои супер! -5 килца and counting. Значи фактички 10 кила од 1ви наваки! A најчудното е што нешто се обесхрабрив и цела недела јадам како вол. Ова ме погоди како гром од ведро небо на некој начин. На мене малце се познава ама ако изгледот лажи облеката не лаже. Ај наздравје и со среќа на сите!
битно вагата до тебе е Hе се двоите изгледа... Cкриј ја таму, демотивира максимално. Jас си лапнав уште една банана, се сторија 2 и доста се, ама ми се јадеше, шеќерот на ниско ниво е