Жени дајте некој сајт нешто шо и да е за броење калории, да проверам некои јадења што ми го матат есапот! Јас инаку добро се држам, денеска јадев пинџур, сабајле овошје, и сега еве кафенце и вода. Вечера само некоја праска и вода. Многу потешко ми е од првиот пат пред некој месец коа почнав кај нутриционист, ама што се мора, се мора. Синоќа трчав на кеј, денес останува орбитрек, покасно секако, стомачни, чучеви и некоја вежба за газот кој да се пофалам ми е во најдобра форма, ослабнат, мускулче, цврст, напрчен И да прашам тиквичките смееме или не? Ногу ги сакам...
Јас не да се решив да ослабам што да ви кажувам и да се пофалам ја почнав и третата флаша вода од 1.5 литри па ќе видиме колку ќе испијам
Јас сум на некоја си моја диета од минатата недела... насабајле јадам овошје(кајсии или праски или јаболче) и некогаш една витанова, ручек што има дома со салата и тоа е се народе, нема вечера, после 5 ипол ништо не ставам, пијам зелен чај на сабајле и навечер(мене не ми е грозен сакам горчлив и кисел вкус во суштина).. Пијам по литар ипол вода и пешачам по 40тина минути... Од другава недела ќе се ставам две недели на седумдневната од фемина... Ми требаа 5 кила минус, иако минатава недела 3 дена не се придржував баш, бев на викенд во Охрид и колку се може, касни едно касни друго, но резултатите.... 1 кило минус... Мн се изненадив, сега чекам неделава уште едно минус(овој пат без прекршоци), чекам недела да се измерам И после другите 2 недели со седумдневната уште три и јас сум нов човек, спремна за на плажа.... Стискајте палци мојот план да успее, на 8ми јули одам на одмор, треба да изгледам хот Со лесно на сите
за една недела околу едно килце отиде, ама како што си почнав вчера, а и денеска со јадењето брзо ќе си ги вратам Од утре пак се ставам на режим: доручек: пченица и понекогаш нешто блашко ручек: нешто лесно вечера: јогурт баланс+ или сирење, важно протеини Нема повеќе изговори ќе си се средам и фино ќе си се договорам со времето трчење обавезно и неколку стомачни и до средината на јули тенка да се направам во тоа стомачето
anuska еве ти за броење калории http://www.bidifit.com.mk/index.asp?tn= ... 72&c=10572 http://www.bidifit.com.mk/index.asp?tn= ... 78&c=10572 http://www.bidifit.com.mk/index.asp?tn= ... 77&c=10572 http://www.bidifit.com.mk/index.asp?tn= ... 76&c=10572 http://www.bidifit.com.mk/index.asp?tn= ... 74&c=10572 Се надевам ти помогнав
Иначе, чисто информативно, јесте дека сликиве се восхитувачки и секоја чест за луѓево, ама немојте многу многу да си викате уау едно друго... 90% се Американци, кои лапаат хамбургери и пијат по 2 литра кока-кола на ден, си порачуваат торти, а порциите во Америка, машала машала. Ги гледам на Калори Каунтер, успеваат да ослабат ако го ограничат внесот на 2 илјади калории. Пази молим те, јас со толку можам да се направам свињетина на куб, а тие слабеат, и тоа солидно слабеат! Да јадат наши јадења, ќе видите дека ќе бидат со нормална, просечна тежина. Ова онака ви го кажувам, да не си мислите дека вие сте чудаци ако не сте ослабеле како нив. Не дека ми сметаат сликите, сакам да гледам такви трансформации.
Успешно помина денешниов ден со протеинско празнење, ми останува уште еден кардио тренинг утре од сабајле. Ми се јаде, ми се плаче, ама јок - касно е. Да си бегам на спиење дур не почнала и на глас да се смее гранолана од Виталија што стои на шанк. Ми фрла погледи од прееска, ама не бива цел ден ради една таква да си го упропастам. Иначе денеска преку 6-7 литри вода испив сигурно, како камила сум станала.
Внимавај на своите бубрези, ова е ПРЕГОЛЕМ внес на вода, претпоставувајќи дека си девојче со просечна висина и тежина. Плус вежбаш, се потиш, губиш соли, а само со вода не надоместуваш електролити... Или барем додавај електролити во водата што ја пиеш, има во аптека да се купат. Ако пиеш секој ден толкава количина вода ризикуваш твојот организам да стигне до состојба на хипонатремија.
Просечна висина имам, ама за тежината... Плус и ми се пие, само на тренинзи 4 литра испив. Инаку сол не јадам, водата не се врзува, па нема баш што да изгубам.
Ја па имам читано дека колку повеќе вода пиеш толку подобро за организамот, плус водата е со 0 калории а секој човек дневно треба да внесува минимум 2 литри вода и плус 200 милилитри за секој плус килограм па пресметајте си . Јас дневно пијам по 4.5 литри од кои 1.5 литри пијам на празен желудник
Мислев на соли како натриум и калиум, или исто тако звани електролити.. Тие ти се есенцијални за организмот, без разлика дали јадеш сол или не, а уште полошо што не внесуваш ич, а внесуваш премногу течност која после нормално ја исфрлаш со потење или преку мочката, а со тоа и сите електролити во организмот. Бубрезите уствари имаат улога да ја регулираат таа количина на електролити кои го регулираат осмотскиот притисок во цело тело, т.е. колку течност ќе имаш во клетките... ај да кажеме некако така. А инаку тоа просечна висина и тежина мислев сигурно не си ГОЛЕМА девојка од 2 метра па со самото тоа да имаш и многу поголемо тело. Според моето скромно знаење на 25 килограми доаѓа еден литар вода, а ти сигурно немаш 150 кг за да пиеш 6 литра вода.. Како и да е, тврдам дека секој си го познава својот организам најубаво, еве јас имам 53 килограми па пијам преку сила литар ТЕЧНОСТ значи не конкретно вода , што исто не е ич во ред, но така сум научена и си терам некако. Исто не заборавај дека внесуваш плус течност и преку храна. Додека се осеќаш добро терај си, ама ако осетиш главоболки, мачнини, повраќање, проливи тогаш обавезно намали веднаш со толкав внес на вода. Или ете барем ставај си електролити во водата верувај дека ти требаат особено чим спортуваш. Али сепак морам пак да кажам според мене 6 литра вода е стварно многу, многу.
Знам на какви соли мислеше, а тоа со солта го спомнав поради тоа што имам читано дека не може да дојде до компликации како висок притисок, бидејќи не се прави заддршка на течности. Не е дека јас секој ден локам по толку многу вода, додека за мачините и главоболките ги немам, а проливот нема шанса да дојде, зошто не сум имала пролив од којзнае од кога, мака имам со столицата.
Јас завршив со мојот оброк си направив салата од 1 краставица 3 домати 1 пиперка 1 кромитка сега малце одмарам па продолжувам да пијам вода
Јас па чудно... воопшто не ми се пие вода. Дали три мали чаши (тоа не е ни литро) ќе се напијам во текот на денот онака од жед. Ако пијам повеќе пијам со сила, не ми се пие, туку за да внесам повеќе вода. А пак викаат колку посолено јадеш толку повеќе вода ти се пие. Јас јадам екстра солено и зачинето, а вода јок!
И јас веќе си терам трет ден диета! Мора уште најмалку 4-5 килца да ослабам ама не се ништо за мене во споредба со претходните 10. Spoiler да да си вратив 2 но ете сега до почеток на август мора да ја намалам тежината. Ајде заедно со вас лесно ќе ми оди ! Инаку до сега добро се држам, вода пијам многу, наутро овошје, на ручек што ми зготвиле домашниве без леб и гледам да не е пржено, навечер речиси ништо ама ако ми се припие нескафе си се напивам неможам убаво ми е, се разбира сега не секој ден многу ке ми дојди.
Ист случај сум и јас и сега со зор се налевам ама па затоа што многу слабо пијам вода цел живот имам мака со столицата
леле луге, 6-7 литри вода на ден... што е многу, многу е, јас мислам ако испијам 3 литри еден ден (со сила) наредниот ден нама да сакам да ја погледнам чешмата незнам зошто не можам да пијам вода, едноставно не ми бара организмот, започнав да пијам по 1 чашанаутро, околу 300 мл, на гладен стомах со 1 лажица јаболков оцет, сега летото паузирам со оцетот па цедам половина лимон, и ми ја одржува тежината, и го намалува апетитот наутро, а во текот на денот си варам по 1 л зелен чај, со 2-3 кесички, е го пијам во текот на денот, така да со се кафе, храна ми се собираат околу 2-3 литри максимум, но не чиста вода, така да алал да им е на тие што пијат вода по 4 кг на ден и повеќе, јас мислам дека нема од вц да излезам и да, мора да се ограничиме од некои работи за да слабееме, благото и лебот да се сведат на минимум, резултати ке се забележат во брзо време. Јас мислев дека без леб неможе да се замисли оброк, ама не било така, се е навика... ајде лето доага, бидете храбри
чинија грав без зрна, грди ми беа, тоа јадев,ко сок, салата ме мрзеше да си направам, после ќе јадам 2 варени јајца со салата, и за вечера таратор, со јогурт и краставица
Е, ми се плаче!Две недели вежбање, цела недела без благо, нозете ме болат од многу пешачење и чучњеви, а не сум ни едно грамче ослабена.Знам, вагата не е единствениот индикатор за тоа дали и колку слабеам, ама сакам да има резултати и во вид на бројка...Многу барам