(Морална)Поддршка за оние кои сакаат да ослабат Ајде и јас да оставам мој траг тука Веќе 34 ден сум на Аткинсовата диета Ослабена сум 7кг( кој вика дека со Аткинс се слабее брзо и лесно- може тикви да јаде). Обемски мислам дека е веќе и видливо намалено. Секој ден пешачам насабајле околу 5:30 ч додека кучево да си заврши работа, ама тоа е добар круг низ населба. Навечер откако ќе ги завршам обврските низ дома или вртам на орбитрекот или мужот под рака и пешадија(10км). Јадам само месо, јајца, салати, сега воведувам сирење, некое овошје. Секој ден пијам лимони (3 лимони цедени во 1,5 л вода нормално без шеќер). Планирам уште 16 дена да бидам на Аткинс па после ќе внимавам сама што и како јадам. Нема да мешам протеини со јаглехидрати и остало
(Морална)Поддршка за оние кои сакаат да ослабат Трендафилке, а јас се нешто ми фали, ми фали, заборавив на ленот и млекото. Од утре ги воведувам во исхраната. Јас морам и да ви кажам едно злосторство напраив Spoiler кркнав еден магнум ама од сабајле, другарка ми донесе частеше. После се силев едно шише вода испив пЉус, многу е добро бадеми да јадете колку една шака ако ве фати голема криза.
(Морална)Поддршка за оние кои сакаат да ослабат Чујте и почујте! Лето иде како си ми ти? Сви на море, ја на диети? Станувам, пијам зелен чај со женшен и роза , правам антицелулитна масажа, правам 2 вида стомачни, секоја серија по 15. После тоа пијам шумлив мултивитамин. Пред појадокот пијам една чаша слим&фит на виталија, па јадам нешто во облик на стоби флипс-фемили пек, овошје во поголеми количини, мусли со ленено семе и млеко или нешто слично, мало а заситувачко! По секој оброк паузирам некое време од течности, да не му ја отежнувам работата на желудникот. После тоа пијам чај од магдонос. Па пак зелен чај, па слим&фит, па за ручек нешто зеленчуково, дали супа од зеленчук или обарен со многу зачини зависи од расположението. После некое време од ручекот чај од магдонос. Па чај од маточина. Си трчкарам по 2 пати во денот по скали. Па пак 2 вида стомачни, секоја серија по 15 (толкави се можностите засега за дебелово дете). Пред легнување антицелулитна масажа со антицелулитен гел. И утре од сабајле пак. Генерално, не сум на некоја не знам каква диета, само помалце јадам и после 20:00 се трудам ништо да не јадам, што со оглед на сесијава е невозможно. Во меѓувреме пијам многу вода, не го минимизирам лебот (од никогаш не сум јадела леб, можеби 2 парчиња неделно), не бројам калории и не застанувам на вага, да не се разочара дебелото дете па да падне во депресија. Не си скратувам на благо да не ми падне шеќерот па да ви направам некоја беља и да ви недостигам. Не, не, туго, не! Јас ќе возам точак за накај Европа. Само да се создадат услови! Со точак кон нови победи.
(Морална)Поддршка за оние кои сакаат да ослабат Заборавив да прашам дали млекото во прав , нели соиново се пие само до 12 часот или може и навечер? Јас го пијам до 12, заедно со овошјето, навечер не. Или погрешно сум разбрала?
(Морална)Поддршка за оние кои сакаат да ослабат е Tеди за секое злосторство има и казна 3 дена само таратор се шалам! ајде вечер на кеј ќе трчам со друшката ми од фемина, кога ќе и кажам за темава, и таа ќе се распише! и нејзе на диета сум ја ставила, како тоа само се тешиме, кога и да се видиме, диети диети диети, јајца, калории, јогурт ни е муабетов
(Морална)Поддршка за оние кои сакаат да ослабат абе јас се си мислам дека не е диетално, не сум сигурна зашто не пијам, ама знам дека сојата не е баш диетална види од страна колку калории има за да си знаеш! A мислам дека нема врска дење-ноќе(до 20часот)
(Морална)Поддршка за оние кои сакаат да ослабат Па јас мислам дека до 12, после тоа не. Најубаво рано наутро. Не знам зашто така, ама кога бев на режим така ми беше препишано да го пијам Лудо, соиното мелко дава енергија да не припаднеш, кога одев во вита не смеев да пропуштам ден без соино млеко и лен во лимон од сабајле
(Морална)Поддршка за оние кои сакаат да ослабат соино? не е од соја тоа?? појма немам не сум пиела нешто такво до сега.... грдо е??
(Морална)Поддршка за оние кои сакаат да ослабат teddybear какво злосторство бе ова твоето не е ништо во споредба со моево од синоќе... Овие моиве дома баш кога сум на диета им текнува да јадат политанки...па кркнав и јас некоја не ми е криво што ги апнав така и така ми паѓа шекерот туку криво ми е и големо злосторство е што ги изедов во 21:00 вечерта па и јас како тебе се наѓолив со вода и цела вечер маратон до вц...лошооо лошооо ете ова моево е злосторство но затоа денес по казна нема благо за мене
(Морална)Поддршка за оние кои сакаат да ослабат Па не знам бе Лудо, ваљда е од соја(соино нели е ), јас дури му ставав и една лажица какао, за да ми биде убаво и вкусно е навистина. Ако си љубител на чоколадно млеко уживанција е. Јас го купував во прав затоа што е поефтино и поисплатливо каде каде. А има и тетрапак ама апла е скапо. Ваљда е нешто како енергичен шејк. 70тина денари е кутијата со прав.
(Морална)Поддршка за оние кои сакаат да ослабат Јас само да дадам советчиња троа, што знам дека помагаат. Кој сака нека зима, бујрум Не сум у тие што држат диети, но сум во тие кои треба да внимаваат да не јадат премногу пошто ојде дупето до Пакистан Значи научив да го почнувам денот со млака вода со цеден лимон (го убрзува метаболизмот и убаво е за прочистување на организмот). Евентуално си го правам оној чајот - антицелулит кој ме тера на почесто мочкање. Е сега кафето со млеко не го рипам...што да правам, ама нема потреба. Сакам убав, здрав доручек, со што најмногу житарици и јогурт. Значи се трудам да јадам обилно но здраво а сепак да не бутам јајца, виршли и други нездрави работи. За вечера салата во 5. Со многу јаболков оцет. Среќа што обожавам зеленчук па некогаш и за ручек поминувам со најобична салата. После 6 не јадам. И што е најбитно! Научив дека стомачето може да се тренира. Колку повеќе го мачите толку помалку ќе бара во наредните денови. Ова мама ме научи и беше во право. Еднаш кога се здебелив односно поправив 4 килца ми рече, тренирај го желудникот, не го растегај, и во наредните денови ќе те слуша. И стварно е така. Се мачиш еден ден ама веќе наредниот толку многу не ти се јаде, затоа што си го одвикнала желудникот. И добро е да се пие јогурт, за да не му дојде многу на стомакот па ептен да се расипе Ете така, и пропратно пешачење, трчање, зумба, мноооогу денсање во диско, и многу секс. Менувајте пози, по могуќност вие одозгора свртени со лице или со грб кон него, уште поубаво. И рипајте! немој да ви текнало да се трупнете у мисионерска, тепам! Се гледаме летово на некоја плажа, сите згодни, неопходни и секси бре секси!
(Морална)Поддршка за оние кои сакаат да ослабат Драги феминки, а зошто толку малку од вас спомнаа некаква физичка активност? Па сега на вакви жештини нели му е полесно на организмот да топи калории, да слабее. Испешачете по 5-6 км најмалце 3 пати неделно на Кеј, со друштво тоа нема да го почувствувате. Одете на викенд на Водно, на почеток нека биде до средно Водно само, па повеќе некој друг пат. Добрата физичка активност овозможува детокс на телото, се исфрлаат наталожени материи што треба дасе исфрлат, плус чувството следниот ден е преубаво, кога знаеш дека си се испразнил така. Наместо да се врткате по дома или околу храна низ град, покрај сендвичари, слаткарници, фрижидери за сладолед, излезете во природа....еве неколку сугестии
(Морална)Поддршка за оние кои сакаат да ослабат И јас ви се приклучувам тука, ми остана некој вишок кг од бременоста... бидејќи дојам, не можам да правам многу рестрикции во исхраната, ама благо и леб се трудам целосно да ги исфрлам. За лебот ми е полесно, ама за благото... па туркаме некако. Пијам многу, многу течности - вода, чај за доилки без шеќер и полномасно млеко и јогурт, јадам многу супи од зеленчук. Пијам и сокови, ама поретко, купечките се полни со шеќер, па си цедам дома (малку сум ограничена, не смеам портокали, јагоди и слични овошја да јадам), ама цедевитата ми се наоѓа понекогаш. Газирано не сум се напила повеќе од три месеци и искрено, не ми недостига. Салатите се задолжителни секој ден, домашно приготвени варива обавезно, со помалку сол и свежи зачини. Грав, боранија, зелка и марула не смеам поради малиот. И секако, не вечерам, само пијам нешто до легнување, обично млеко или јогурт. За вежбање уште малку ќе почекам поради царскиот рез, ама кај и да е, ќе почнам со лесни вежби. Секако со малиот на раце се движам низ дома (а велев нема да го учам на раце ), ама тоа само за бицепсите и трицепсите ми врши работа. За другото морам сама да се потрудам
(Морална)Поддршка за оние кои сакаат да ослабат Ви мириса ли на изгорено? Па даааааа, тоа се само моите изгорени калории.
(Морална)Поддршка за оние кои сакаат да ослабат Рековме де, рековме Елементал Да, точно е, без физичка активност, јас лично не сакам да слабеам. Сакам да се одржувам стегната а само со диета мислам дека само ќе ти висне телото и толку. Секако дека е сто пати поголем ефектот со физичка активност, вежбање, возење точак...абе да тргнеме од тоа колку едноставни и секојдневни работи можат да се прават а сепак да се слабее. Место да одите со автобус некаде, одете пешки. Јас си пуштам музиче и чекорам во ритам без прекин. Ако фатам црвена на семафор го кршам семафорот, што би рекол Цацко Се шалам, бирам друга патека да не морам да стојам на место и да цупкам ко луд Американец.
(Морална)Поддршка за оние кои сакаат да ослабат Еј имам некои две кила вишок, за Велигден си ги ставив, па планирам да одам да извадам умник, и така влечам цела година Спомна Пирамидава тренинг на стомакот - по можност нека ви се воспали умникот, па по некое време да го извадите Лани пред да го извадам беше 2 недели воспалено цело околно место, откако го извадив бев потечена некои пет дена, па во сон си го искасав образот и беше потечено се’, не можев да ја затворам вилицата... се’ на се’ - еден месец на пудинг, супа и пире. Помина што помина, јас после не можев да јадам. Не знам како се вратив во нормала, ослабев, уште малку ќе испарев. Почнав секој ден малку по малку, ама тешко беше да прифатам храна после таков режим. Е така, одете си на забар ќе ве средат убаво И во последно време многу некако ми е мила Виталија, кога ќе ми се пријаде благо си купувам житна штангличка, подобро се чувствувам. Не дека ќе ослабам нешто поради тоа, ама грижата на совест не е толкава
(Морална)Поддршка за оние кои сакаат да ослабат Hи требаше ваква тема,размислував каде да се излуфтирам Bака сега јас од март вежбам+зумба,првиот месец не ослабнав ниту 1 кг после купив книга за здрава исхрана,и почнав да јадам според неа,додуша ручекот и вечерата имаше доста работи кои ми беа одбивни и за ручек јадам туна сендвич салата овошен јогурт зеленчук усвари ова и за ручек,вечера го јадам,домашна храна обавезно,никако купена,и совет јадете колку да се прекрие гладот,знаете ли јас што правев јадев и кога не бев гладна,не бев гладна и уште јадев Cега и да ми се јаде повеке,ке си турам сокче во јадењето за да ми е одбивно,сјај или веднаш го фрлам,супер се чуствувам,минатиов месец изгубив 2 кг,не се многу,но чуствувам дека губам повеке сега малку претерав со салатата со пилешко се чуствувам преполна и кога ке легнувајте гледајте стомакот да ви е празен
(Морална)Поддршка за оние кои сакаат да ослабат Волфче, како бе така, ем здрава исхрана ем вежбаш а само 2 килограми месечно ??? Ќе ме фрлиш во депресија
(Морална)Поддршка за оние кои сакаат да ослабат A волфче ти да си одиш кај нутриционист, може повеќе ќе ти помогне, зашто реално 2 кила месечно е многу малку на нејадење и физичка активност
(Морална)Поддршка за оние кои сакаат да ослабат Tеди јас март и април месец како свиња јадев,и вежбав и затоа не ослабнав. инструкторкава секој месец ме мери,а јас ја започнав исхраната околку 2-3 недели(мај) пред да ме мери,и ми кажа дека е нормално,ама јас дома по цел ден сум,не се движам воопшто,освен на вежбање што одам 40 минути,а се чуствувам сум ослабена,вчера се мерев на мојана вага(ако е точна) и ми покажа дека 4 кг сум симнала,и кога бев да купам фустан,еден број помал купив Hе знам лудо ама имам многу чуден организам,едвај чекам да дојде 14 да ме мери инструкторкава