Диетата на другарка ми....да ја цитирам. Абе си правам мусли,ама од оние клотот,со семки,со сушено овошје,ама без шеќер,ставам баланс, малце ленено брашно и гад ми е да ги јадам,ама ги јадам,така едно три саати,се молам,лајца по лајца и да не ми е гадно во устава, на крај си каснувам праска. И дур ги изедам,дошло време за ручек,дур се излади,минале уште 2 саати,не сум стигнала ни да огладнам,јадам тоа ручекот без леб,строго на еден тањир или по едно парче ако е на парче,вечерата е борба со лавови,мацкам салатиче,а ми се јаде тост! Смешно зарем не?! Е смешно,ама 5 кг за две недели! Еве и јас така,демек од вчера и денес. Стварно се гадни мусливе! Ама вчера банана им испасирав и се јадеа. Ама денес,еве и јас 4 саати ги јадам.
^ Oва е гозба бе Jас кај јадам малку,ама многу малку количински, после 19 ништо не ставам во уста, освен вода , а си легнувам накај 02-03 сабајле па нема - 5 кила за 2 недели... уште 10тина дена ќе терам со малку храна, после, морам да јадам повеќе
Јас не знам зошто се мачите со мусли. Јас јадам најнормален овес, со јогурт или млеко, многу е убаво. До душа еднаш му ставив и портокал, ама само еднаш и никогаш повеќе. Јогурт и портокал - . Инаку на оризов денеска му ставив натрен за да дојде како сутлијаш, ама гаден е пак.
Абре се тоа фино со диетата на другачката на Лилит, јас го сфаќам концептот баааааааааавно јадење и полнење на желудникот, некој вид оптичка варка му правиш, ем со невкусни, блуткави, безлични јадења... ама едно не ми е јасно - колку време може да се тера така? Месец, пола година, година? И колку време од денот го имаш на располагање за овие хранливи авантури, не си секој ден слободен и дома, без обврски, туку ќе има денови со работа, со излегување, со родендени, со дипломски, итн, итн... не можеш ваљда да ја земеш кашата со себе и да ја опнеш на маса... Извините молим, уште еден час и 45 минути додека ја дојадам кашава. Не оди. Јок бре, сакам да си научам да јадам помалку и да се здобијам со здрава навика за редовно вежбање. Дури и кога повеќе ќе апнеш некогаш, ако после тоа менталниот склоп ти вика - срам да ти е, сега на потење одма, ќе сум вистински среќна и задоволна со себе. И 6 л вода на ден е премногу. Бубрезите ќе настрадаат, а балансот на електролити ќе се поебе, па после низок притисок, вртоглавица, главоболка... Што е многу, многу е. Реално.
Лудо не е гозба,ич. Станата од 7 сатот, јаде гадни мусли цел ден и тоа мала е количината,руча малку и сирови краставици. Ебате салатата без масло и оцет или морков. Гозба е твоето мор,грав,ручок и тататур! А инаку да,можете и со овес,мајка ми по тој принцип ослабе. Ама за трајно слабеење, ужасни се диетиве со овошки за доручек,контра сите правила си биле. Ете ми кажаа дури тројца различни дечки кои се занимаваат со ова. Овошка може да ти биде ужина. Трендафилка,она е зафатена женска,ама не и замераваат таму. Си знаат,си мљацкала по малце,дури и и се придружиле и сите колективно јадат гадни мусли! Можете да замислите работна атмосфера у која сите се молат да јадат мусли и работат?! Јас да и смешно е! Се молам мувава да ми се удави во мусливе,зошто стварно се гадни! Да беа убави уствари до сега сто пати ќе се удавеше у нив...ни мувата не ги сака!
^ пауза бе, кога ќе се вратиш ќе дојдадеш Hе би можела јас каши да јадам, блуткави работи, A јас за инат гладувам, да го научам стомакот на малку храна зашто ако го залажувам, кога ќе ја престанам диетата, знам колку е ненаситен A за водата, пијам 2л на ден... lilit и јас салатите ги јадам без масло, манџиве без зрна само супа 2 пати на ден тоа, и ајде со здравје, навистина, јас не знам дали има 500 калории тоа што го јадам на ден ... Eте максимум 700 калории јадам дневно, ама јас се клукам со витамини, затоа сум добро инаку ќе ме пропее поп
^ Немој да гладуваш, тогаш ги трошиш мускулите, а не трошиш сало, само полошо правиш. Јади почесто (на 2-3 часа), ама во помали количини. Така ќе го смалиш желудникот и ќе му дадеш до знаење дека е заситен. Иначе треба и јас да почнам да пијам мултивитамини, ама никако да почнам.
Aбе знам дека е така, ама психолошка бариера имам спрема храната периодов, не сакам да ја јадам уште 10 дена, и после ветувам по 3 пати на ден ќе јадам
Јас имам гадно искуство со мултивитамини исто бев на диета гладував ама наместо да ослабам ја за 2 недели си додадов плус 4 кг и оттогаш не фала
Се чудам како луѓево слабеат по 5 кг за две недели, а јас одвај 3 килограми за некои си 20-тина дена. Може некој ден сум ја зголемила количината, или пак ете, јадам пилешки апки, ама пак, станувам во 8 наутро, а легнувам накај 2 по полноќ. Во текот на денот, одам на работа и сум максимално ангажирана, некогаш не седнувам, на + 40 степени. Три пати во неделата вежбам, а дневно пешачам и над еден час. Вечерата не ми е покасно од 18 часот. И на крај пак само 3 килограми, ни до 60 неможам да дојдам. Целулит имам и за извоз, а ете не јадам сол, не носам тесни панталони, се обидувам да пијам повеќе вода. Сериозно планирам, во понеделник да одам да си ја проверам тироидната. И така имам екстремно сува кожа и коса, и останати симптоми, па може и затоа се мачам како грешен глушец со диетиве, а резултатите се очајни.
Вајлд, а како го приготвуваш овесот? Гледав јас еден куп видеа, и сто луѓе ми рекоа - абе бегај таму, сточна храна. Мене не ми изгледаше толку лошо.
Ја се извињавам што пак се повторувам, ама една многу радосна вест за споделување имам. Едно кило сум ослабена, се мерев јадена, плус со менструација. Јеааааааајејејеје. Па три бе за еден месец, не сум била така лоша. Сега ми текна на ова, на Калори Каунтер сум точно еден месец до денес.
Jас јадев 1 јајце накај 17часот, и сега 5 кајсии, и тоа е тоA знам дека е многу малку, ама нити ми се јаде нити ќе ми се пријаде на ова жешко
Потполно исто и кај мене, само јас не јадам многу зачинето, туку само сооооолено. Пробав да пијам повеќе вода ама имав болки во бубрезите, така да сега пијам само кога ми се пие, а тоа е прилично ретко
Јас стварно не можам да разберам како пиете толкави количини на вода дневно, посебно Вајлд . Јас ради реда пијам само вода, колку да не е без ич. Преку сила 3-4 чаши дневно. Бешиката ми страда иначе . Дузи, ај нек се угоде, па да се дуплираат наскоро .
мојата диета:секој ден овошје,јадам на секои 3 часа,не јадам леб,и избегавам пржени работи,и јадам во мали количини а за доручек јадам нешто со јогурт.
Не се имам мерено, абер немам дали и кило изгубив досега Ама, тоа трчање, одење, тоа квалитетно потење овие неколку дена, облекувам прееска едни пантолони што си ги купив пред месец дена, кнап тогаш, одам, тие паѓаат И тоа пази, од сушална ги собрав, а нели тоа така стегнати се, нерастегнати и нестоплени Се забележува на мене море, речиси две недели сум под режим, ама минативе месеци па и се пазев да не јадам колку што ми се јаде(пошто ако го слушам апетитов, досега ќе бев не свиња, туку дива свиња) Со стомачните тапкам околу 30, ама битно не пропуштам ден да ги направам. И плус ко што спомнав, многу трчање ми дојде, едно 170 метри сум ги врвела преку 100 пати само денес без паузи, само одиш напред- назад, а камоли сите минати денови :geek: И ко ќе си дојдам дома, не ми е мака ич, напротив, се осеќам хиперактивна и си трчкарам по дома, работи, ова, работи она, па се надевам и тоа движење барем 0.001 посто делува И за крај, маме вечерва ме „награди“ со тулумби, сочни, златни, искапени, а јас изедов една(со големина ко оние на Sunday готовине) И не се пулам веќе една ко ниедна, шеќеров ми беше паднат И то!