Ако зборуваме за истите, само им додавам јогурт или млеко и така ги јадам, топ ми се мене. Инаку околу водава, имаше еден тип во теретана што за еден ден до 17:00 испил 13 литри, 13 еј! Ми доаѓаше да му се прснам од смеење во фаца, стварно не знам кај ги пикнал.
Е гости гости.само си го зезнав режимот на исхрана .Од 5 кила помалце сабајле ке бидам 1 плус ...нажалост.Си го наполнив стомакот со се и сешто па и узо си пивнав.За срамота.Ама утре само на вода ке бидам за казна.Кој ме тераше да претерам а убаво си терав 10 дена.Ама ке си продолжам пак јас сатра песна доручек овошје,ручек салата со нешто месо малце или сиренце -вечера јок.Па на стаза едно 5 километри брзо одење па ке видам дали процесот на слабеење го прекинав или ке продолжам да симнувам барем по 0.100 грама дневно.
Не е финтата кога ќе го заебеме режимот утредента да се казниме со гладување и дуење на стомакот со течности. Не е тоа реалното и здравото решение. На сите ни е јасно дека не треба да има зезнување, без разлика дали си на свадба, на гости или па на дипломска. Значи секаде на секое место има соодветна храна за нас, салата, риба, дури па и малку макарони со некој сос, вино бело со кисела вода, или па црвено чисто. Салати има еден милион за бирање додека седеме во ресторан со друштво. И тоа богати и вкусни, ете решение, зошто не се почастеме со богата салата, отколку со мевце, или пици или сувомесно. Секогаш, секаде ќе има искушение до смрт, секој ден, а уште потешко ни е на нас гурманите, кои уживаме во храната, значи буквално уживаме, тоа ни е едно од најголемите задоволства во животот, како сексот, на пример, и како ми е мене еве денеска, кога дечко ми на маса ми го извади куленот, што го сакам повише од него мешан кашкавал и почна да си праве тост? Абе не ги памтам клетвите.. Мора, мора да останеме цврсти и прибрани, мора! Не е еднаш да заебеш, еднаш заебеш и отидоа неколку дена на здрав режим. Заеби, ама заеби во добрите води, заеби со богата салата и вино, а не пиво или некојси жесток пијалок, не дај Боже. Денес, кога го видов тоа куленчето на маса, одма истрчав во соба, и почнав да ги гледам мотивирачките слики со реченици на нив, и од како он фино лепо си се најади, заминав јас и си почнав со рибичката и кромид, тоа му беше казната!
Тренирам живце со Cake Boss. Јас гладна, цревата празни, а пред мене, не торти, туку тортишта . И немам маки, освен што ќе почнам да халуцинирам и праските торти ќе ми се гледат .
Јас не можам да држам диета, бидејќи почнав пак да играм кошарка и не би можела во ден каде што трчам 3 часа да издржам само на овошје. Одбегнувам мрсна и калорична храна, јадам само лесна, она летна што би се рекло и мислам дека ќе е доволно. Вчера играв 3 часа, кога си дојдов дома се ме болеше, дефинитивно ја немам истата кондиција како порано ама ќе си ја вратам. Давајте поддршка, оти вишоков не можам веќе да го гледам. Море ќе го тргнам, па мајка Јана
Решив прво да не грешам денес, појадував овошје, јаболки, праски и кајсии, ама многу ми е гајле искрено. Вежбав 45 минути на Орбитрек (не можам со жешковоо, пукнувам, во очите ми капе пот ). Откако довежбав бев прегладнета, имаше една кифла со јаболка внатре, и фала на прашање, фино лепо, си ја лапнав. Кад је бал нек је маскенбал. Вечер ќе мезам, нема којзнае што за јадење, има мевце, салатки разни, зелче, шопска, една е само со макарончиња и со павлака, ама пак ќе речам - видов дека ова со јадењево овошје и немешањето на јх и протеини има некој резултат, ќе си продолжам со тоа темпо. Дома малку хаос, никако да ги најдам на Цеца ливчињава, ај нека поминат гужвите и се фрлам во потрага. За пиење, се токмам винце и бунар, ама ради вруќиниве, можно е да пивуцкам и само водичка. Калориите од роденден не се бројат, не замерувајте.
денес јадев варен компир со младо кромидче,црн пипер и оцет вечер оние печени тиквички со јогурт и јајца .
Да ве известам дека од 10 дена пиење медобил сум симнала уште едно кило, значи за 10 дена минус 2 кг.
Е што убаво си се изнатрчав, за мерак а па како си се избањав после лелеее .... Девојки давајте предлог за вечер што да пијам, минатите викенди си пиев алкохол ама денес не сакам да ја зезнам па се мислам што да пијам, дали некое сокче или пак ледено чајче ..? Хелп!?
^Леден чај никако не смееш ако сакаш да ослабеш.А сок може ама само ако е свежо цеден, не од тетрапак, и не газирано...
без кашкавал, и наместо павлака со јогурт, препреубаво јадење, лесно се прави, диеталки како за нас. периодов само на ова ќе се хранам и ќе си уживам поубава и полесна диета здравје
Вчера се качувам на вага и гледам 1 кило помалку. Како бре помалку? Од цел ден лежење и јадење зар се ослабнува? Како и да е не е на одмет. Од денес повторно се враќам на стариот режим. Доста беа два дена јадење.
За поубав и затегнат гз http://www.youtube.com/watch?feature=player_detailpage&v=PQYYM6t8Qfk http://www.youtube.com/watch?feature=player_detailpage&v=Kq1HnakX5C8
SexyLady леле како ме изнасмеа со сликава бидејќи обично кога ќе речам само да намалам со храната заради горенаведените желби, завршувам гладна со јадење околу мене како последната слика со задоволената фаца. Иначе мене не ми треба којзнае колку слабеење, доволно ми е некое кило да симнам и да го затегнам стомакот со вежбање. Јас се зафатив за оваа седумдневна диета. Денес ми е петти ден, и додека чекам да се приготви месото сркам краставица со оцет и вода. Сега ќе ви ги кажам прекршоците. Првиот овошен ден ми е слабост бидејќи многу ми е тешко само овошје да јадам цел ден. И вечерта не можев да додржам и јадев пица Кај вториот зеленчуков ден, прекршок ми беше што вечерта каснав малце овошје. А кај третиот ден каде што е мешано овошје и зеленчук, вечерта каснав едно мало лиснато тријаголниче со баланс јогурт Вчера кога јадев банани и млеко, прекршок ми беше што каснав 2 мали Мерси чоколатца Имајќи ги во предвид сите овие прекршоци, се на се ослабев кило ипол за 4 дена. Па и задоволна сум сега за сега. Ке пишам колку вкупно ќе ослабам кога ќе ја завршам.
И јас и се мислам на оваа седумдневната сакам уште некои 2-3 кг да ослабнам оваа недела, па после ќе ми останат уште 2-3 и таман ќе бидам. Пиши резултати да ме мотивираш малку
денес јадев полнети пиперки, 2 после уште една, за овие 2 дена си направив турли тава со 4 домати 2 тиквици, 1 модар патлиџан, и 100гр мелено месо колку за вкус. Hаредниве денови планирам и да си полнам пиперки со урда, со компири рендани, ете тоа е мојата диета, претежно готвена зеленчукова храна полесно и поубаво здравје, па колку ослабам-ослабам
некој мислам дека бараше тегчиња за вежбање, има во веро центарот, во маркетот доле, цена 170 денари едно и тешки 1 кг
Во ред, ќе ви кажам резултати А и да, планирам еден ден од тие трите со месо да скратам бидејќи премногу месо е тоа за мене. Седмиот ден наместо месо ќе јадам овошје и зеленчук. А инаку во многу незгодно време ја почнав. Во ПМС сум, и затоа сите овие прекршоци ги правам
Додека прочита човек се што пропуштил ќе изгуби некој грам Јас сега си дојдов, и гес уат, одма на вагата и се ставив бре, до сега, да не ве лажам може има месец, 4 килограми имам симнато. Не се жалам, не, полека полека ќе оди понатаму. Јас искрена да си бидам, не се откажав ниту од тестенини, ниту од благо, ниту од леб. Просто затоа што во секоја диета го правев тоа, и ќе симнев многууу килограми за два месеци, и што после, не може човек цел живот така да живее, а почнам нормална исхрана одма се враќаат дупло килограми. Вака наутро си дозволувам кришка леб, или две од оној сецканиот(едит, црн леб де да напоменам), правам некоја комбинација со истото, си ручам се што има за ручек(без леб ), и вечерам секогаш различно, некогаш салата, некогаш јаткасти плодови, некогаш ништо, зависи што ке ми се пријадува. Овошје кога ќе ми се посака си јадам, знам дека не треба, ама овој пат ги рушам сите закони Не се стремев да ослабам за летово да бидам топ, така периодот кога почнав со намалено јадење се погоди пред летото да почне ама мене секако не ми е толку битно што побрзо да ослабам туку да ослабам некогаш, абе јас и вака сум си тооооооп него здравјетооо е проблемот мамееее му негово. Инаку и мене ми рекоа тироида да проверам, сум имала симптоми дрн дрн сум си играла, каааааај ми ги виде симптомите ти бе? упте ти се молам, сигурна беше жената дека имам проблемииииии и имам и крај, абе ко да сака да ги имаш, а не ко совет да ти дава ... свашта. Можеби и треба да се проверам, кој да знае, ај уште таа ми фали сега, не могу не могу...