Сабајле удрив едно трчање. Човече сум се препотила како свинче. После тоа се истуширав, мераци. Сега ќе јадам нешто полесно, на ум ми е да си купам овошно јогуртче, ама ќе видам нешто друго во маркетот, исклучиво во областа за здрава храна, овошје и зеленчук. Целта ми е да го тргнам стомачево (читај: стомачиштево ) од мене, а сакам и нозете, т.е. бутовите да ги ослабнам. Целулитот секако е главна мета! Планирам да не држам некоја си строга диета туку само исхраната да ми се сведе на овошје, зеленчук, мусли; за ручек ќе јадам повеќе риба, нема пржени меса и такви работи. И да - акцентот го ставам на физичка активност и пиење вода. МНОГУ МНОГУ ВОДА!
Толку беше од мојот мрзлив црногорски живот овие 2-3 недели (не дека лошо ми беше) На исхрана внимавав колку толку, се премерив во петокот и истата килажа ја држам, среќа што не рипнала погоре, ама целта ми е да достигнам уште 5кг помалку. Се мислев да почнам од 1ви, ама не ми се губи цела недела, почнувам од денес, ИНТЕНЗИВНО! Во однос на храната не планирам да си скратувам или ограничувам, ќе продолжам со исто темпо само со помалку тестенини и леб. Ќе внесувам повеќе јогурт и сирење, а помалку кашкавал. Доручек стандард, само овошје, зелен чај и кафе без шекер и млеко, ручек што било и вечера чаша јогурт. Ќе си земам деновиве и ново пакување Л-карнитин зошто гледам сум ги исклукала старите. --------------------------------------------------------------------------------------------------- 25 Јуни = 70кг V 31 Јули = 65кг Мислам дека ми е доволно, познавајќи си го организмот ова ми е и те како остварлива цел, па ајде помалце да дробам на форумов и повеќе да се насочам кон остварување на целта. Ако лани успеав да симнам цели 15кг, од 80 на 65 од кои дел вратив зимоска, можам и сега да го симнам остатокот.
Ја утрово станав у 6 за да трчам се истрчав убаво на кеј и се налокав вода и сега одмарам па ќе ручам салата
Јас неделава вежбав, пиев по 4 литра на ден вода љокав значи,пазев и вчера ми викаат (што не ме виделе од пролеттва)дека сум се здебелила.Супер, голема мотивација
За 1 недела не очекувај кој знае какви резултати. Ако реално си се здебелила последниве месеци, не може да имаш резултати за толку краток период. На страна коментарите од другите, продолжи така и ќе видиш што ќе речат наредно видување
-3 килограми. Туку девојки, ме фаќа страв, што ако ослабам и (како што веќе прочитав неколкупати во темата) повторно нагло ги качам килограмите? Верувам дека и мотивација и се’ ќе ми отиде во неповрат. Всушност, како доаѓа до тоа ако внимаваш на исхраната?
Артемишн, ти така згодна женска имаш 70кг моментално? Искрено не би слабеела на твое место, можда би вежбала повеќе да се стегнам. Чисто информативно, мене ми изгледаш топ на сликите, јас сум моментално усмерена на 70-75, зависи до кај ќе стасам. Изгледа и ти си од тие крупните моми, така да не се оптоварувај многу многу. Јас со 69кг изгледав болно, многу виснав, телото на ништо не ми личеше. Имав и две ребренца под пирамидестите цициња. Времево се подизлади, без мака си извртев повторно 60 минути. Можда затоа што за викендов малку се опуштив со јадење, односно малку повеќе, па имав енергија. Денеска планирам овошен, ама може планот да се расипе и да каснам малку мевце со скара. Се мислам околу овошниве, после три дена пролив имам од нив, и кога ќе видиш, од два овошни, јас цела недела од ВЦ не испаѓам, грчеви, едно друго... отворена опција оставам. Битно не се прегладнувам, оти после и од супа дремам ин д тојлет. Пеперутче, затоа полека ќе слабееш. Колку пополека, толку повеќе се навикнува организмот. А зависи колку имаш за слабеење, не е исто со 20кг плус и 5кг.
Да Дузи, и јас сум од покрупните моми со 180см и 70кг моментално Имам долга историја на ups & downs со килограмиве, долгогодишни војни, порази и победи, и ќе се согласам со тебе дека повеќе ми треба затегнување и многу вежбање што всушност и мене ми е приоритет повеќе отколку само да ослабнам и да бидам млитава ко пифтија. Инаку и јас кога имав 69кг (кај мене симнати на вештачки начин со апчиња) изгледав болно, виснато и меко на допир, а лани со 65 симнати природно, со диети и вежбање, далеку подобро. Тоа ми дава мотивација да се напнам сега да вежбам за да се потсредам малце, а килограмите сами од себе ќе се симнат. Во секој случај поважно ми е здрав изглед отколку бројка на вагата. Нешто што ми падна во очи во твојот пост е дека немаш доволно енергија за вежбање за време на овошните денови. Истото и мене ми се случува за време на секоја диета, само што кај мене не е пропратено со изливи на емоции во вц-шољата Мислам дека е подобро да си м'цнеш и вежбаш повеќе отколку ограничување пропратено со недостиг на енергија.
денес до сега овошје, за ручек грашок, вечерата може ке ја прескокнам... штета е на овие овошја да се јаде друго за појадок ем се прочистува организмот, попладне можеке вртам пола саат хулахоп, оти ми е многу жешко да трчам, а и има резултат, го намалува стомахот, оние прничиња инаку сега за сега добро се држам, 3 месеца не сум ослабната, но не сум ни поправена, без диета, со оглед на тоа што пред 3 месеци ја држав УН и ослабнав 7 кг...значи немам јо-јо ефект, со малку помалку храна да симнам уште кио -2 и топ ке сум од лани неможат да ме препознаат
Е, еве сум и јас после неколку дена пауза, и во пишување и во вежбање.Минатава недела се разочарав од тоа колку се малтретирам со вежбањето и ограничувањата во исхраната, а притоа нема промени на вагата.Очигледно е дека правам нешто погрешно, зошто невозможно е после две недели вежбање и средување на исхраната, да нема баш никаков резултат.Ме фати инат и последниве три дена не вежбам, само си внимавам на исхраната.Се мерам сабајле и оп, едно кило помалку Значи,требаше да престанам да вежбам, за да почнам да слабеам Глупости, знам!Како и да е, сакав да кажам дека после неколку дена невежбање, искрено ми фалат стомачните, склековите и чучњевите.Нормално дека не ми фали потењето и болката во мускулите, ама ми фали чувството после правењето на вежбите.Тоа е она чувство кога знаеш дека си направил нешто за да ја смениш состојбата што те нервира... Од утре вака ќе продолжам-ќе си пазам на храната, нема да вечерам (уште не сум го прекршила правилото, а поминаа 16 дена откако го почнав ), ќе пијам многу вода и кога ќе осетам дека ми се вежба, ќе вежбам.Нема да се мачам со многу вежбање, како претходно, ама нешто малку сигурно нема да ми штети. И шлагот за крај...11 ден ми е без благо и не сум го прекршила ни тоа правило, иако мислев дека сум зависна од чоколадо, и иако имаше премногу искушенија деновиве
Пред два дена се мерев, имам скинато 2 кг , за 9 дена задоволна сум, со оглед на тоа дека знам да претерам некој ден и плус си лижнувам сладолед од време на време
Од пред 5 минути завршив со вежбање, луѓе се тресам цела од што се уморив, нозеве не ги осеќам, така ме болат горниве мускули што не можам да ги свиткам нозеве, ахх вака оддамна не сум се чувствувала, боли ли боли, со тегови вежбав, некаде едно добри 25 минути сигурно. Ме чека пешачење за пола сат едно 5 км. Само на две јаболка и една свежа краставица сум цел ден зошто ми е овошниот ден и воопшто не чувствувам глад. Овие вежби ќе ги правам секој втор ден, значи ќе правам еден ден едни други, еден ден овие со тегови болно исцрпувачкиве! Уште се тресам, мускиливе ги осеќам затегнато и уште сум задишана, а и се испотив доволно. Со оваа програма што си ја направив морам ако не во килажа во обем да намалам за една недела. Уххх, се уморив.
знам дека се што можеш со оваа програма да направиш е сериозно да се разболиш или недај боже срцето да го оптовариш до степен на појава на шум или до доведеш до запалување на срцевиот мускул па да се чудиш што те нашло и поради што сето тоа т.е зошто???.. веднаш престани со оваа работа..со тегови се вежба во мини серии-најповеќе 3 со мах 8 повторувања, со мах.тежина на товар од 1/3 од теж.на сопственото тело..
Да се заблагодарам вака јавно на Дузи Дузевска, по нејзиниот рецепт в'тев денеска гледајќи FRIENDS, да напоменам дека јас од оваа серија на времето имам изгледано некои си 4-5 епизоди, па сега ми се сите нови, фреш интересни. Прво изв'тев 2, значи некои 45 минути... па многу жешко ми падна... но затоа сега уште една и бидна еден час и нешто екстра минутки ситно на омилената моја закачалка (уште си е он закачалче, убаво на мама, откако ќе му се наскокам и навежбам, пак го враќам во ќоше и си местам алишта и крпи на него. Срцка меден). Значи навистина си го засакав орбитрекот. Недај боже да поминат 3 дена без него, мислам дека ќе се збудалам, што од грижа на совест... што од грижа на совест. Континуирано в'тење на орби веќе 4и пол месеци (3-5 пати неделно)... feels nice.
Оф како што ве читам секој ден, се думам ли се думам, а и јас на мојов орбитрејк да почнам да му се качувам неколку пати неделно? Па гланц нов е гревниот хмм...
една неделааааа ИЗДРЖАВ!!! многу сум среќна!!! ДЕВОЈКИИИИ само со упорност и без откажување сите ќе ги постигнеме саканите резултати!!! Јас цело време си викам ајдее ќе бидеш згодна на плажа ВЕЖБАЈ!!!
ИИИИИИИИ Трендафилке, како ма си ги немала Френдс изгледано?? Ако не си ги гледала барем 3 пати, не се важат како гледани. Јас ги гледав прво на ХРТ, па на А1, па еднаш на компјутер, и сега уште еднаш на компјутер. Најголем фан! Само со Френдс издржувам на Орбитрек 1 час, се друго е гола вода. Кажи, кажи, три епизодички, како се силиш? Додека си трепнал, поминала првата, после втората си викаш, ајде после 30та минута е полесно, и на крај пред третата - ај не се прави педер, врти уште 20 минути. Детс д спирит. Гледај ако можеш сите наеднаш да ги извртиш, ќе се препотиш и после се ќе ти биде рамно.
^ Хау ју дуин? Да се надоврзам у стилот на Трендафилка... Баш сме си шема сите со орбитрекот. За неколку месеци кога ќе влеземе у форма ќе раскажуваме низ Скопје- В`тевме, в`тевме тоа олбитлекот Инаку денес 5 серии од по 50 скока на јаже. Не сакам да се форсирам, сакам полека но сигурно да стекнувам кондиција за скокањево а не да ме пресечат мускулите па да неможам да одам а не па да вежбам. Сабајле кркав овошје, за ручек јајце со домати и вечерта кркнав две кајсии од дрвото на комшијата муа-ха-ха