1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

(Морална) Поддршка за сите што сакаат да ослабат

Дискусија во 'Диети' започната од Vampire-Girl, 26 јуни 2010.

  1. yeayea

    yeayea Активен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2012
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    0
    lugje potpolno ne se soglasuvam do toa da se konzumiraat apcinja za da se oslabne. Jas imam problem so prekumernata tezina .OD denes sum na dieta i mojata iskrena ke ide bazirana na ovosje i zelencuk i zitarici Predizvikot mi e da oslabnam 25 kg..........OD DENES pocnuvam seriozno i so vezbiiii....
     
  2. volsebna

    volsebna Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2012
    Пораки:
    1.162
    Допаѓања:
    806
    Пол:
    Женски
    Ако имаш 25 кг за слабеење започни ја УН диетата, за 3 месеци ке ослабнеш околу 15 кг, може и повеќе
     
  3. The.Complicated

    The.Complicated Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    235
    Пол:
    Женски
    Колку калории има една мала сарма?
     
  4. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.979
    Не би требало сармата да биде многу калорична, зелката има речиси нула калории, е сега оризот и мевцето внатре... Не знам, еве 50 да речеме. :^)


    [​IMG]


    Малку да се насмееме. :rofl:
     
    На Bright, nela.oh, anabel-a и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Arianna

    Arianna Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2012
    Пораки:
    280
    Допаѓања:
    145
    ме немаше малце подолго на форумов, но ете конечно се вратив :) е сега заради што се вратив, и мене ми треба морална поддршка за слабеење од вас :lol: секој дел од телото си го поднесувам, ама „перничињата“ веќе НЕ :( :lol:
     
  6. midnight.flower

    midnight.flower Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    541
    Допаѓања:
    1.051
    Се согласувам со volsebna, започни ја УН диетата.
     
  7. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.468
    AAAA денес си мцнав море, и баклава, и колач, и проја, интегрални грицки, тапан сум :D
    Aма нече мочи од сутра, не не, ќе си несам јајца 3 недели :D
     
  8. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.522
    hahahah ме изнасмеа Дузи со мемево :rofl:


    туку.... јас дојдов да си се пофалам и со неверување ви кажувам дека :кхммм: последно се мерев на 3ти јуни и тежев цели 57.2 кг. Денес се мерев во аптека (на вагата дома не и верувам многу многу) и покажа 54.5 кг. (!!!!!!!!!) јухуууу! Башка шо сите на плажа ме испофалија за то колку сум била ослабена - се радувам бидејќи не се само бројки, туку и визуелно е очигледно. Олку кг не сум имала од 8мо одд! (ме собраа кратки пантолони од полуматурата :lol: )

    The key is броење калории на myfitnesspal.com, активност (движење на секаков начин)...

    Сакам да стигнам до 52 кг. Не е толку невозможно! ;)
     
    На kate21, caroline.costa, Lux и 7 други им се допаѓа ова.
  9. Ann.94

    Ann.94 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.818
    За таа седумдневната да ви кажам, стигнав до шестиот ден и ја прекинав. Кај можам јас толку месо да изедам. Епа вака, шестиот ден се разбудив истоштена и едвај застанав на нозе, а и се тресев од што немав енергија. Се качувам на вагата, и кога да видам 300 грама повеќе од претходниот ден :o Ми пукна филм, баталив и диета и се, си каснав црно лепче со домат и сиренце, да ми дојде душа. По нездрава диета јас не сум држела, а и на самата диета си пишува дека не е здрава и дека истоштува.

    УН диетата ми беше стварно супер, ја држев пред нова година, и за еден месец ослабев 4 кила, што за мене е предобро - достигнав 50,5 кила, што ми беше поставено како цел. Ама брзо потоа ги вратив, некако гајле ми беше си реков зима е, кој ме гледа, ќе јадам :rofl:

    Моментално имам 53, и ова тројчево ми е цел да го претворам во 0. Всушност најбитно ми е да вежбам, да се затегнам. Вечерва цел саат вежбав, пола и повеќе вежби од фитнес секцијава на фемина може ги пројдов :D Утре сабајле на орбитрек, па пак еден час ќе издвојам за вежбиве. И така секој ден.

    И да, убав ми е миксов за вежбање. Summer-ски :wasntme:
    http://www.youtube.com/watch?v=rqvcjWFHFRQ
     
  10. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.421
    Морам да го споделам ова со сите
    http://off.net.mk/video/zabava/da-be

    Се умрев од смеење.

    Дополнително да си се пофалам, 2 кила минус за од понеделникот. Не држев никаква диета, ама стварно пазев на исхрана. Пауза измеѓу оброци, се трудев да не мешам јаглехидрати и протеини и тоа е тоа. А плус и си дозволував по некој сладолед ама во нормални количини, наместо оброк/ Јес, јес, јес.
     
    На Buttterfly, anabel-a, Doozy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Domino

    Domino Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    1.038
    Долго време ја меркам темава и се спремам да пишам. Те утре, те задутре, те другата година... Не. Ќе ви ја напишам мојата приказна денес зошто добив инспирација по јакиот тренинг. :)

    Како мало бев буце, дебелко девојче. Мене тоа не ми сметаше толку, не ми сметаа толку ни коментарите на другите ама татко што ти вика секој пат кога ќе те види дека си дебела, дека не ти личи, дека треба да држиш диета е па да, тоа боли. И така ми беше внесено на 8-9 години во глава дека морам да држам диети. Долго време одложував. И потоа еден ден застанав, знаев дека ако засекогаш одложувам НИКАДЕ нема да стигнам. Не сум човек кој еден месец ке симнува 1 кило. Затоа, а 11-12 години (овој дел не ме земајте за пример :!: ) за една недела симнав 8.5 кила. Не, не е здраво. Ама не ми беше гајле што на ден се онесвестував по 3 пати туку сакав надворешниот свет да прифати дека сум убава. А за жал ни самата не бев прифатила. Беше многу тежок период тоа за мене, пробував со насилно повраќање, по цели недели бев на вода, на некои апчиња за грло без шеќер (многу болеше грло) и мастики. Да, ослабнав. Знам дека тој начин е голема грешка. Да е до мене, би го забранила тоа за било кој, зошто сум го прошла и знам како е навистина. Ама коа сум јас во прашање... Не сум сигурна дали се каам за мене. Сепак било се што било. Ај што ослабнав, морав да се стабилизирам и да се вратам на нормална исхрана. Затоа почнав и со вежбање. Одбојка, кошарка, тенис... Се снаоѓав.

    И еве ме денес. Навиката да вежбам многу ми остана. Кик-бокс, јога, сама си правам дома компилации од вежби бар по еден час и си ги вежбам секој ден, скоро секој ден трчам наутро 14 километри (релација Александар Палас - МЗТ сала). Штом сум можела на -10 да издржам да трчам на кеј можете и вие да се размрдате бар половина час на ден. Генетиката не е оправдување, ни топлото време. Оправдување за мрза не барајте. Тешко е, да. Имам и заплакано од напор, ама си мислам go hard or go home. Нека плачам, ама да се откажам нема. Ако пишува направете ја вежбата 10 пати, вие направете ја 20. Пуштете си добра музика пр. Eminem со Lose yourself, Till I Collapse и удрете. Нека ви стане издувна цефка, се ослободувате од стрес, се опуштате. И не е толку тешко колку што замислувате. Навистина не е. Болката во мускулите ќе помине ама сликата во огледалото останува.

    Што се однесува до јадењето, имам лично многу мал апетит плус вегететеријанец сум. Поентата не е да гладувате ни да се прејадувате. Само задоволете го гладот. Јас имам исфрлено од исхраната пржена храна, скоро да не јадам нездрава и брза храна, ги исфрлив одамна газираните сокови, благо од време на време. Многу овошје, зеленчук, вода... Да не ги вртам истите муабети, ги знаете тие работи. Ама ако ви се пријаде пица јадете. Смачкајте фамилијарна со уживање, нема ништо лошо. Ако ви се ајде сладолед, ОК лето сме и нема ништо лошо. Само со усул, не секој ден. Важна е границата.

    И јас ви држам среќа да успеете да ја достигнете посакуваната цифра. Знам како е, знам колку боли. Го поминав потешкиот пат. Ама бидете истрајни и резултатите ќе се покажат брзо.

    И да, не се гризете кога некој ќе ви рече: Јадам брза храна, газирани сокови, пржено, многу благо и пак сум слаб. НЕ! Само здраво тело е убаво тело. Ако и после достигнувањето на цифрата што сте ја сакале здравата исхрана и вежбањето ви станат навика и секојдневие тогаш навистина сте ја добиле битката со килограмите а и самите ќе бидете многу, многу посреќни. :*

    ПС: Ако сакате можам да ставам видеа од вежби што ги правам по дома. :)
     
    На SmilerGirl, icegirl, Libera и 8 други им се допаѓа ова.
  12. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.172
    Пол:
    Женски
    Јас ја држев седумдневната диета, исто.
    Ама од прошлиот понеделник, до неделата.
    Дури во петокот го симнав првото килце. После во саботата уште едно. Во неделата сум качила едно. И после кога станав во понеделникот сум качила уште пола.
    И ја прекинав.
    Ааа, она со мене мајтап ќе игра..
    Инаку ниту еднаш не сум ја прекршила. И покрај тоа што бев и на скара, и на роденден, не ставив злак во уста. Не бев многу гладна.
    Ама тие денови со месото ми беа смрт, дека и така не сум обожавател на месо. Во петокот јадев печено пилешко месо. :puke: А во саботата и неделата риба на скара само, тоа по малце се издржуваше.
    Денот со млекото и бананите ми беше омилен. Тогаш бев прејадена.
    Јас не се чувствував воопшто исцрпено. А дали бара спиење, незнам. Јас и така и така сум си спанка.
    Ама стомакот, не можам да го смирам од понеделникот, па натака. Незнам дали тоа значи дека ми се забрзал метаболизмот, ама не можам да мрднам од дома. А нешто каснам, одма ме тера во веце, не е фер.
    И не би ја држела пак, нема шанси. Сега најдов нови осум диети, па ќе видам за која ќе се одлучам до понеделник. :)
     
  13. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Луѓенца и јас да си се пофалам ^_^ .
    Почнав со диетата на ирена на 15јуни. Тогаш се премерив и бев 57 и нешто. Реков дека нема да се мерам подолго но не ми издража душичката кога ја видов вагата. Се качив и гледам 55кг :rock: .
    До денес тоа се точно две недели, но јас сум пресреќна за тие 2 симнати килограми. Со оглед на тоа што имав испади. Па кај можам да издржам гледајќи ја храната а да не ја вкусам, и тоа ми е единствена најголема мана.
    Сега ќе се трудам да не ги качам назад килограмите и морам да стигнам барем до 52/53кг бидејќи така се чувствувам најудобно.

    Имате од мене голема поддршка!
    We can do it!
     
    На Trendafilka, kate21 и Lux им се допаѓа ова.
  14. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Извртев на орбитрек 1 час денеска, после ќе правам едни мои вежби сама што ги измислувам т.е тие си постојат, ама во рок од 20 минути правам што ќе ми текне на памет, се надева дека ќе се испота убаво.
    Ќе се мера на 1 јули па ќе ви соопшта резултати. 8)
    П.С Домино браво и за тебе, 14км алал да ти е ! Стави видеа од вежбите ако не те мрзи. :)
     
    На Domino му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Цела недела стагнирам со симната килажа. Од 27 кила никако подоле не иде, ептен се нервирам. :doh: Малку попуштив периодот. Не јадам тоа што не треба, ама од тоа што треба количински знам да изедам малце повеќе. Ако треба 100 грама јаглехидрати, јас си јадам по 150. :(
    Уште од денеска се оправувам. Ќе одам уште еден тренинг да правам после. Нема лабаво веќе, ветувам!

    Инаку во обем сум симнала 13cm. :) Сакам да ви спремам една фотка со before, па during, ама нема да ми ја прикачи, фајлот е преголем. :D


    Дузи ако ти е ова од Вита диет клуб (не знам дали е уште вака) немој, од лично искуство ти кажувам! Кога завршив со режимов во 3то одделение стигнав до 49кг, ама затоа веќе во 5то имав 67. После него почнав нагло да се дебелеам. :(
     
  16. DeepBlue

    DeepBlue Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    1.098
    еве само што се вратив од теретана и мора ова да го споделам со вас...
    еден дечко што е на диета за за 8 месеци ослабел 15кг е тоа е правилна диета значи по 2-3кг месечно да се слабее а и овој муабет од мн други сум го слушнал.
    така да немојте да се палите со некои си диети што ветуваат слабеење 10-20кг за еден месец или за една недела.
    НЕ!!!
    тоа ич не е здраво и само повеќе ке се поебете уствари со самото гладување си го успорувате уште повеќе метаболизмот па за брзо време ке си ја вратите килажата па и ке ја накачите плус.
    значи со ваквите гладувачки диети само водата ке ја снема од телото додека салото ке остане :!:

    лето дојде и сега баш сите запнавте со слабеење :^)
    ок е почнете да слабеете али тоа нека биде како што треба и наредната година немојте во мај :!: почнете едно 6 месеци пред одмор, ма кога ке размислам континуирано тоа треба да се прави се додека не ја постигнете целта која сакате која потоа исто мора да се одржава

    таа е вистината МОДЕРАТОРИ АДМИНИ па ако сакате уште 100 мислења овакви избришете
    али наместо ова почнете да ги бришете они мислења каде се пишани лошите диети што се опасни по здравјето
    чао пријатно!
     
  17. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.979

    Знам се како оди со овој режим, го имам држено порано. :D Знам, знам, јас имам одено 20 надоле, 30 нагоре, па пак 20 надоле... Сега еве уште ситно бројам. Сакам да се стегнам и затоа. Всушност, од таму ми се и ливчињата, по истите од порано одам пак. Поентата е што само ова ми е мене ефикасно и ми помага во слабеењето. Тоа е тоа, си имам и други проблемчичи, имам пишувано во темава порано и не би пак да спамирам, значи мене само ова ме спасува. :)

    А за нагло дебелеење, ако пазиш, како што јас пазев додека не дојде испитна сесија, нема да качиш ни грам. Дури и подослабев. Под пазење подразбиам што не јадев леб и благо, а другото нормално го јадев. Е кога дојде испитна сесија.... отиде кајчето по Вардар.

    Како и да е, ова за Дип блу наменето, јас сега држам диета затоа што сега сум слободна. Е лесно е кога немам други обавези и единствена преокупација ми е дали да појадувам јаболко или портокал, ама кога имаш за учење или треба да трчаш цел ден по автобуси, на крај памет не ми е диета. ;)

    п.с. Вајлд ај баш стави слика да видиме. :)
     
  18. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699

    Слабеењето е процес кој трае од 9 до 12 месеци, а тоа колку кила месечно ќе паѓаш зависи од телесната тежина. Јас првата недела симнав 7 кила, ама не беа сало, туку беа вода сврзана која ако почнев да јадам сол ќе ја вратев за 7 саати. Некој ако имал 200 кила, а за 8 месеци симнал 15 дали тоа би го рачунал како успех? - Не. Нема ни да се познава. Никој не рече дека се лоши диети, напротив, тоа е правилен начин на исхрана. Доколку типов немал никакви хормонски пореметувања, а со редовно вежбање за 8 месеци успеал да симне само 15кг ниту најмалце не држел никаков режим. Со самото тоа што предходно гнетел и се излежавал (најверојатно), а потоа почнал да вежба организмот не навикнат на ваква промена почнал да симнува. Додека можно е и да вежбал со тегови (што е многу лошо да правиш доколку имаш 20 кила вишак, зошто ти се мускулите мешани со сало), па килажата да му стагнирала. Значи ставал мускулна маса, вадел сало, со што дошле до само 15, ако е така - тогаш е топ.

    Инаку Дузи, ќе се сликам деновиве и ќе постирам слики, да видите промена. :D
     
    На ludoto19, Artemission, Trendafilka и 2 други им се допаѓа ова.
  19. smiley22

    smiley22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2012
    Пораки:
    670
    Допаѓања:
    350
    Ги вратив тие кила што ги накачив и не биле 5,туку 3.Малку сум претерала во врска со тоа колку кила сум накачила,ама сега сум во форма. :D 8)
     
  20. Ann.94

    Ann.94 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.818
    И денес 40 минутно напорно вежбање скоро без прекини. Ми тргна деновиве, дај боже вака и да продолжи. И не ми се толку битни килата колку што ми е битно да го зацврстам телово и тоа новопеченото целулитче да го снема :)